Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/49/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Втор апсурд

    Доколку овие битија кои се врвно правилни, крајно восхитувачки и урамнотежени, потполни и единствени, совршено осмислени и умерени, не би биле припишани на Поседувателот на апсолутната моќ и на апсолутната мудрост, туку би биле припишани на природата, би се наметнала обврска на природата во секоја педа земја да подготви работилници и печатници во толкав број колку што ги има во цела Европа, за да може таа педа земја да биде почва за растење на прекрасно и префинето цвеќе и плодови.