Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/61/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Па кога би се раскинала таа врска и дотичното суштество би било отпуштено од служба, тоа би морало на свој грб да ја понесе силата на сите дела кои би ги постигнало и да се оптовари со сите неопходни работи и опрема. На тој начин не би било во состојба да успее во делата, освен да оствари онолку колку што е сразмерно со потребната количина на опрема и муниција што ја носи на своите плеќи. Па ако од него би се побарало да изврши дела кои претходно ги извршувал со леснотија и едноставност, би се покажал немоќен, освен кога во своите мускули би можел да носи сила на цела војска, а на својот грб да ја натовари сета воена индустрија и машинерија на државата.

    Дури и тој што би ја измислил оваа небулоза и вакво празноверие, би се покудил и посрамил од тој што го изрекол.