Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/69/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Втор пример:

    Човек изолиран од светот на цивилизацијата и граѓанството, влегува среде еден импресивен воен логор, та го восхитуваат разновидните вежби, што во совршен склад, со извесност, крајна дисциплина и послушност ги прават војниците на тој логор. Тој ги запазува нивните координирани движења, на знак на еден војник, та сите како еден, од нив, складно тргнуваат во одделенија, чети и баталјони, сите застануваат со негово застанување, и сите заедно и единствено пукаат на негова наредба. Тој се запрепастил, а неговиот прост мозок не бил во состојба да сфати дека наредбодавството на великиот војсководец командува по налог на државниот систем, и наредбите на владтелот, туку помислил дека еден конец ги поврзува сите тие војници едни со други. Потоа, во мислите се обидел да ја сфати чудесноста на тој замислен конец, та неговата запрепастеност уште повеќе се зголемила!