Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/74/mk
Па, еј, ти кој ги обожаваш причинските фактори!
Еј, јаднику, ти кој си заведен од природата!
Бидејќи природата на секое создание е создадена еднакво како и самото создание, затоа што таа настанала по потекло, не е, значи, беспочетна, и на неа се укажуваат знаци на творба и умешност, та и тоа дека и причината на постоењето на тоа појавно создание, исто така е создадена и настаната и бидејќи постоењето на секое создание зависи од голема количина на средства, орудија и машини... тогаш, невозможно е за негирање постоењето на Моќниот, Чија Моќ е апсолутна да ја создаде таа природа, всушност и да ја измисли таа причина, и неопходно е Тој Апсолутно Моќен да биде апсолутно независен, та да не дозволува учество на немоќни посредни средства во создавањето на некоја работа и во доминацијата на Своето господарење над неа. Никако!
Напротив! Тој, славен е, целосно ја создава причината и последицата заедно, поставува меѓу нив појавна и формална врска на причиност, потоа ги поставува по извесен ред и поредок, поставувајќи на тој начин фактори на причиност и природата како завеса на раката своја на Возвишена моќ, заклон на Својата Величина и грандиозност, за Неговото достоинство и гордост да останат неприкосновени и цврсти во својата возвишеност, а дотичната причиност - место за упатување на приговори на привидните недостатоци кои се причинуваат како неправилности во созданијата.