Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/89/mk
Одговорот е:
Мудриот Создадетел, Кој знае сè, славен е Тој, ја создал оваа вселена како некое стебло, а свесните суштества ги направил нејзини совршени плодови. Човекот го облагородил на тој начин и во смисла дека тој е најсодржаен плод меѓу свесните суштества, а благодарноста и побожноста ја направил најдобар плод со која вродува човечкиот живот. Дури тие две - благодарноста и побожноста се резултат на Неговото создавање, целисходност на неговата природа и плод на неговиот живот.
Дали е, тогаш, можно со разумот да се прифати дека Овој Апсолутен Владетел и Самостоен Заповедник, Едниот и Единиот, творецот на целата вселена, може да го предаде човекот и највредниот плод на неговиот живот - благодарноста и ибадетот([1]) - во рацете на некој друг, откако целата вселена ја создал поради спознание на Неговата Божја положба, и поради укажување љубов кон Неговото Господарење.
Значи, дали е можно Тој да направи и дозволи крајниот производ на создавањето и плодот на вселената да биде за- луден и напразен?! Аллах да нè сочува, никако! Аллах е чист од тоа што Му го припишуваат!
Освен тоа, дали е можно Тој, Славен е, да ја поништи мудроста и господарењето со тоа што би им дозволил и одобрил на Своите созданија од некои причини да ги направат целисходност на ибадетот? Дали Тој тоа воопшто би го дозволил?
Како тогаш Тој и покрај тоа што со Своите дела во вселената веќе Се прогласил и претставил и Се направил сакан, како би го одбил умилкувањето на Своето највредно и најсовршено создание, та неговата богобојазност, благодарност и пофалба би ги препуштил на други созданија, и на тој начин би дозволил на Своите созданија да Го заборават, и со тоа да ги поништи возвишените крајни исходи во вселената, а тоа се спознавањето и ибадетот!?
Сега, што велиш на ова што го слушна, пријателу?
- ↑ Ибадет (ар.) – обожавање, робување, богоуго- дни дела (заб. на прев.).