Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/94/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Одговор:

    Човеку, навистина, Аллах, Славен е Тој, воопшто нема потреба за твојот ибадет! Тој, Славен е, воопшто нема потреба за ништо, туку тебе ти треба ибадетот!

    Ти си во суштина болен, а ибадетот е лековит помаз за раните на твојот дух и за раните на твоето битие. Оваа изјава сме ја докажале во бројни Посланија.

    Сега, гледај, ако болниот се обрати на добронамерен лекар кој го сожалува и упорно го наговара да го испие благотворниот лек, специјално направен за неговата болест, значи ако овој наспроти неговото упорно инсистирање, му се обрати со прашањето: Каква потреба имаш ти што толку жестоко и упорно навалуваш на мене?, ја сваќаш ли мерата на неговата глупост без логика?