Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/108/mk
Еј, ти болен човеку, кој се откажуваш од благодарноста и почнуваш да се жалиш! За да можеш да се жалиш, мора да постои причина. Тебе не ти е скратено ништо, а сепак се жалиш. Можеби има толку многу благодарности што требало да ги направиш, а ти не си им се оддолжил. Но, ако со неоддолжување Му се жалиш на Возвишениот Праведник, тоа е како да го бараш бесправно своето право. Не можеш да се жалиш гледајќи ги оние чие здравје е на повисоко ниво од твоето. Сигурно е дека си должен да бидеш благодарен гледајќи ги оние беспомошни болни лица, кои во поглед на здравјето се на пониско ниво од твоето. Ако раката ти е скршена, погледни ги оние чии раце се отсечени. Ако немаш едно око, погледни ги оние што се слепи и ги немаат и двете очи. Заблагодари Му се на Аллах.