Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/143/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Како преку вистински кажувања, така и со многубројни примери од порано, потврдено е дека негувањето на старците, покрај заработување на многу севапи, добивање на нивниот благослов, а особено ако тоа се таткото или мајката, да се задоволат нивните срца и верно да им се служи, претставува причина за среќа на овој свет и среќа за во ахирет. Уште со многу примери е потврдено дека среќно чедо, што е послушно кон своите родители, истото ќе го дочека и од своите деца. Исто така, и несреќно чедо што ќе покаже непослушност кон своите родители и кон нив се однесува со непочитување, покрај тоа што во ахиретот ќе поднесува тешки маки, и на овој свет ќе го стигне казна и ќе доживее многу несреќи.