Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/80/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Исто така, меѓу моите пријатели беа и две млади момчиња, Аллах да ги прости. Едниот од нив беше Сабри од селото Илама, а другиот Везирзаде Мустафа од Исламкој. Со задоволство ги набљудував овие двајца млади луѓе, кои иако беа неписмени, од сите мои ученици беа меѓу најистакнатите во искреноста и во верските служби. Не им ја разбирав филозофијата. По нивната смрт, дознав дека и двајцата боледувале од сериозна болест. Таа болест им била водич која ги упатила на прав пат, оти имаа голем Божји страв и се наоѓаа во состојба на вршење на највредните должности и остварување на придобивките за Задгробниот свет, за разлика од другите несовесни млади кои се откажале од задолжителните верски обреди и должности. Дај Боже, овие двегодишни маки од болеста да им бидат причина за милиони години вечна среќа. Сега сфаќам дека молитвите мои што понекогаш ги кажував за нивното здравје, во однос на овој свет се претвориле во клетви. Дај Боже моите молитви за нивното здравје да бидат услишени во Задгробниот свет.