Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/87/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Да, доколку ослепи еден верник и отиде во гроб во таа состојба, во согласност со неговиот степен, тој може да го гледа светот на Светлината (Нурот) многу повеќе во однос на другите што се отидени во гроб. Како што и ние на овој свет гледаме многу работи што слепите верници не можат да ги видат, така и тие во своите гробови, ако отидат со верба, во согласност со нивниот степен многу повеќе ќе видат од останатите што се во гроб. Исто како што се гледа со телескоп кој ги доближува и најголемите далечини, како на платно во кино ќе ги видат и Рајските градини во согласност со нивниот степен, и вчудовидено ќе ги набљудуваат.