Translations:Yirmi Sekizinci Mektup/156/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Преполн со чудотворна красноречивост, во многу ајети (стихови) Светиот Куран ја поттик-нува и ја буди благодарноста. Еве некои од нив:

    اَفَلَا يَش۟كُرُونَ ۝ اَفَلَا يَش۟كُرُونَ ۝ وَسَنَج۟زِى الشَّاكِرٖينَ ۝ لَئِن۟ شَكَر۟تُم۟ لَاَزٖيدَنَّكُم۟ ۝ بَلِ اللّٰهَ فَاع۟بُد۟ وَ كُن۟ مِنَ الشَّاكِرٖينَ

    Од горните ајети од Куранот станува јасно дека најважното дело што го бара Семожниот Творец од Своите слуги е благодарноста. Тој јасно и недвосмислено ги повикува да бидат благодарни и оддава огромно значење на тоа откривајќи дека оној што не постапува така, се смета за лага, ги отфрлува и не ги почитува Божјите дарови. Во сурата Рахман (Семилостивиот) триесет и еден пат ја упатува следнава закана:

    فَبِاَىِّ اٰلَٓاءِ رَبِّكُمَا تُكَذِّبَانِ

    Тука се предупредува со објаснување што раѓа ужас и страв дека ако не се изрази благодарност и се воздржува од неа, тоа значи дека не се верува во Божјата великодушност, дека се отфрлува и се одрекува.