Dördüncü Söz/mk: Revizyonlar arasındaki fark

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    ("Владетелот е нашиот Господар, нашиот Создател. Едниот од оние двајца слуги што патуваат е верник, кој со радост се клања, а другиот е непромислен и ги претставува луѓето што не се клањаат. Дваесет и четирите златни лири се дваесет и четири часа од се..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    ("Впрочем, намазот е голем спокој за душата, срцето и умот, и притоа не претставува никаков товар ни за телото. Згора на тоа, со добра намера, сите дозволени земни дела на оној што се клања, ќе бидат толкувани како богослужение. На овој начин, целиот жив..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
     
    (Aynı kullanıcının aradaki bir diğer değişikliği gösterilmiyor)
    23. satır: 23. satır:
    Владетелот е нашиот Господар, нашиот  Создател. Едниот од оние двајца слуги што  патуваат е верник, кој со радост се клања, а  другиот е непромислен и ги претставува луѓето  што не се клањаат. Дваесет и четирите златни  лири се дваесет и четири часа од секојдневниот  живот. Исклучителниот чифлик го претставува  Рајот. А, патничкиот терминал е гробот. Она  патување е човековиот животен пат кон гробот,  воскреснувањето и вечноста. Луѓето овој долг  пат го поминуваат на различен начин, секој  според своите дела и богобојазливост. Еден дел  од тие богобојазливи луѓе, овој пат од илјада  години, како молња го поминуваат за еден ден.  А друг дел, пак, патот од педесет илјади години  го поминуваат за еден ден, како во бајка.  Светиот Куран укажува на оваа вистина во два  ајета. Возниот билет е намазот. Еден час е  сосема доволно за клањање на секојдневните  пет намази, вклучувајќи го и обредното миење (абдест).

    <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr">
    Можеш ли да замислиш колкава неправда ѝ  се прави на сопствената душа, на колкава загуба  се изложува и во колкава спротивност е таа со  логиката на човекот, кој дваесет и три часа од  денот ги троши на овој краток земски живот, а  оној еден час што му преостанува, не го троши  за тој долг и вечен живот? Ако се смета за  разумно, човек да даде половина од својот имот  на лотарија во која учествуваат илјада луѓе, иако можноста да се освои е еден од илјада, што  да кажеме за човекот кој одделил само еден дел  од дваесет и четирите делови од својот имот  чија добивка е потврдена и каде што можноста  за добивка е деведесет и девет отсто? Таквата  постапка не се ли смета за спротивна на здравиот  разум и отстапувачка од мудроста? Зар не го  сфаќа тоа секој што се мисли за умен?
    Acaba yirmi üç saatini şu kısacık hayat-ı dünyeviyeye sarf eden ve o uzun hayat-ı ebediyeye bir tek saatini sarf etmeyen; ne kadar zarar eder, ne kadar nefsine zulmeder, ne kadar hilaf-ı akıl hareket eder. Zira bin adamın iştirak ettiği bir piyango kumarına yarı malını vermek, akıl kabul ederse halbuki kazanç ihtimali binde birdir. Sonra yirmi dörtten bir malını, yüzde doksan dokuz ihtimal ile kazancı musaddak bir hazine-i ebediyeye vermemek; ne kadar hilaf-ı akıl ve hikmet hareket ettiğini, ne kadar akıldan uzak düştüğünü, kendini âkıl zanneden adam anlamaz mı?
    </div>

    <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr">
    Впрочем, намазот е голем спокој за душата,  срцето и умот, и притоа не претставува никаков  товар ни за телото. Згора на тоа, со добра намера, сите дозволени земни дела на оној што се клања, ќе бидат толкувани како богослужение. На овој  начин, целиот животен капитал од овој свет ќе  може да го префрли во Задгробниот и својот  минлив живот да го направи вечен.
    Halbuki namazda ruhun ve kalbin ve aklın büyük bir rahatı vardır. Hem cisme de o kadar ağır bir iş değildir. Hem namaz kılanın diğer mübah dünyevî amelleri, güzel bir niyet ile ibadet hükmünü alır. Bu surette bütün sermaye-i ömrünü, âhirete mal edebilir. Fâni ömrünü, bir cihette ibka eder.
    </div>

    08.35, 15 Kasım 2024 itibarı ile sayfanın şu anki hâli

    بِسْمِ اللّٰهِ الرَّحْمٰنِ الرَّحِيمِ

    اَلصَّلَاةُ عِمَادُ الدّٖينِ

    Ако сакаш да ги разбереш значењето и вредноста на намазот, и колку малку труд е потребно за да се изврши, и дека оној што не се клања и не ја исполнува должноста кон намазот, е безумен и губитник; и ако сакаш да го дознаеш тоа со полна категоричност, како што два и два се четири, размисли за оваа кратка илустративна приказна и увери се.

    Еден ден, еден голем владетел на двајца свои слуги им дал по дваесет и четири златни лири и ги испратил во еден голем и преубав чифлик, кој бил оддалечен на два месеца пат. Им наредил: „Со овие пари платете ги патните трошоци и билетот, и снабдете се со некои работи што ќе ви бидат потребни таму. На оддалеченост од еден ден пат оттука, има еден патнички терминал на кој се наоѓаат секаков вид превозни средства – и автомобил, и брод, и воз, и авион. Се патува според соодветната цена.“

    Откако ги примиле поуките, двајцата слуги тргнале на пат. Едниот од нив бил среќник; до патничкиот терминал потрошил многу малку пари. Меѓутоа, со тие малку потрошени пари направил толку добра зделка, која му се допаднала на неговиот владетел, што капиталот му се зголемил за илјада пати.

    Вториот слуга, поради својот баксузлак и малоумност, до терминалот потрошил дваесет и три златни лири, кои ги прокоцкал на секакви глупости. Му останал само една златна лира. Пријателот му рекол: „Човеку, со последната лира што ти остана, купи си барем возен билет за да не останеш гладен и да не одиш пеш по овој долг пат. Нашиот господар е милостив, па можеби ќе ти се смилува и ќе ти прости, и ќе ти дозволи да се качиш во авион. За еден ден ќе стигнеме до нашето престојувалиште. Во спротивно, ќе бидеш принуден два месеца да пешачиш сам и гладен низ пустината.“

    Ако овој човек се инаети и ја потроши дури и последната златна лира за минливо и миговно задоволство наместо да си купи билет, кој за него е клуч за богатство, не означува ли тоа дека тој е несреќен губитник, штетник и безумен будала? Нели му е тоа јасно дури и на најглупавиот човек?

    О, ти човеку, кој не се клањаш; o, ти нефсу мој, кој не му се радуваш на намазот!