64.622
düzenleme
("Бидејќи трајната убавина не се задоволува да ја разгледуваат смртни и исчезнувачки вљубени. Разгледувачот кој чувствува дека ќе исчезне и се самоосудил на неповрат во животот, штом си ја претстави смртта, тој ќе мрази наместо да љуби, ќе презира наме..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("Штом една од најважните лекции, кои Светиот Куран ни ги дава, е верата во задгробието; оваа лекција е толку стабилна и одржлива, и во оваа вера се содржи толку сјајни вистини што, ако е можно во еден човек да се соберат сто илјади старости, оваа светлина,..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
(Aynı kullanıcının aradaki diğer 137 değişikliği gösterilmiyor) | |||
367. satır: | 367. satır: | ||
Бидејќи трајната убавина не се задоволува да ја разгледуваат смртни и исчезнувачки вљубени. Разгледувачот кој чувствува дека ќе исчезне и се самоосудил на неповрат во животот, штом си ја претстави смртта, тој ќе мрази наместо да љуби, ќе презира наместо да се восхитува, ќе занемарува наместо да почитува. Затоа што, како што е непријателски поставен кон непознатото, егоистот е непријателски поставен и кон недостапното за него. Тој демне непријателство и омраза и ја одрекува убавината, која треба да биде прифатена со соодветен однос за неа – неограничена љубов, врвен копнеж и бескраен восхит. Оттука ја разбираме тајната на тоа зошто неверникот е непријател на Пречистиот и Севишниот Аллах. | Бидејќи трајната убавина не се задоволува да ја разгледуваат смртни и исчезнувачки вљубени. Разгледувачот кој чувствува дека ќе исчезне и се самоосудил на неповрат во животот, штом си ја претстави смртта, тој ќе мрази наместо да љуби, ќе презира наместо да се восхитува, ќе занемарува наместо да почитува. Затоа што, како што е непријателски поставен кон непознатото, егоистот е непријателски поставен и кон недостапното за него. Тој демне непријателство и омраза и ја одрекува убавината, која треба да биде прифатена со соодветен однос за неа – неограничена љубов, врвен копнеж и бескраен восхит. Оттука ја разбираме тајната на тоа зошто неверникот е непријател на Пречистиот и Севишниот Аллах. | ||
Сведоци сме на тоа како секоја индивидуа патува и се крие во оваа гостилница – земниот дом, без да се наслади од придобивките на великодушноста, освен незначително малку, само колку да му се отвори апетит, и без да го види блесокот на убавината и совршенството, освен колку да ја разгледа за краток миг. Откако оваа великодушност во неограниченото дарување, оваа личотија во ненадминливата убавина и ова беспрекорно совршенство бараат благодарните да бидат вечни и маѓепсаните вљубени да останат бесмртни, тогаш патувањето е упатено кон вечни паркови и трајни глетки. | |||
< | <nowiki></nowiki> | ||
</ | |||
Накратко, како што овој свет со своите созданија дава категоричен и непобитен аргумент за постоењето на својот највеликодушен Творец, така и светите атрибути и Најубавите имиња на Него, Пречистиот, аргументираат и откриваат, па дури и без сомнеж го наложуваат постоењето на задгробниот дом. | |||
=== ПЕТТА ВИСТИНА === | |||
=== | |||
'''Вратата на Сочувството и Богослужението од Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари)''' | |||
'' | |||
'''изјава на имињата Одговарачот (Муџиб) и Милостивиот (Рахим)''' | |||
< | Можно ли е Господ, носител на сеопфатното милосрдие и бескрајно сочувство, Којшто ја забележува и најскриената потребност на најситното создание, му укажува непроценлива поддршка со безгранична жалост и неисцрпно милосрдие, го слуша и најтивкиот шепот на најскришното суштество и му помага, и одговара на секој повик – и изречен, и молчешкум... Можно ли е овој одговорен, милосрден Господ да не ја задоволи најзначајната потребност на најголемиот од Своите раби(<ref>Да, неговото владеење трае илјада триста и педесет години, неговата заедница брои повеќе од триста и педесет милиони души за целото тоа време и таа секој ден одново и одново му дава клетва, ја засведочува неговата врховна положба, по сопствена желба и доброволно му се потчинува целосно на неговите заповеди. Тој во својата благословена облека облекол половина земја и една петтина од човештвото, им го придал својот духовен облик, неговата благородна суштина е омилена за нивните срца, која ги воспитува и ги пречистува нивните души. Нема сомнеж дека најголемиот раб на Господарот на световите, на Сеславниот, оној благороден раб чијашто мисија и чиешто послание се поздравени од разновидните созданија и секое од нив понело плод од плодовите на неговите чуда... Нема сомнеж дека тој е најомиленото создание на Великиот Творец, а човештвото моли за вечност со сите свои достапни способности и ја испитува императивната потреба да се спаси од паѓањето долу по скалите, кај најпаднатите меѓу понизните, и да се издигне до највисоките степени нагоре, кај најврховните меѓу извишените. Тоа е најголемата потреба. Нема сомнеж дека оној што ја претставува на Задоволувачот на потребите и ја издигнува до Него, е Неговиот најголем раб.</ref>) и на Своето најомилено созда- ние, и да не му помогне во тоа за кое Го моли? | ||
</ | |||
Да, на пример, одгледувањето на малите и слаби животни со добрина, нивното исхранување со очигледна леснотија, ни покажува дека Владетелот на овие созданија ги управува преку Господарство (Рубубија), коешто се карактеризира со безгранично милосрдие. Логично ли е тоа Господарство, кое се одликува со совршена жалост и сочувство, да не одговори на најубавиот повик, испратен од најдоброто создание? | |||
Да го повторам разјаснувањето на оваа вистина, како што го осветлив во Деветнаесетто Слово. | |||
Еј, пријателе, којшто ме слушаш заедно со мојата душа, во тамошната раскажана приказна споменав дека има собир на еден остров, каде што благороден гласник произнесува реч. Расказот ја посочува следната вистина. Дојди да се ослободиме од оковите на времето, да се вратиме со мислите кон епохата на пророштвото, да се упатиме имагинарно кон Арапскиот полуостров за да се усреќиме со посетување на Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари), додека си ги исполнува своите задолженија со верно богослужение. Види како раѓа блаженство поради посланието и упатството што ги донел! Тој со својата молитва и богослужение е мотивот за создавање на блаженството и создавањето на Рајот. | |||
Види кон што повикува овој благороден Пророк! Тој повикува кон вечна среќа во огромна и сеопфатна молитва, во сè поапсорбирачко и извишено богослужение, и небаре целиот Арапски полуостров, па дури и целата земја отслужува молитва заедно со него и смирено праќаат повик кон Аллах заедно со неговиот прекрасен повик! Така е, затоа што неговото служење ја опфаќа целата негова заедница од неговите следбеници, а истовремено, преку таинството на соодветството во основоположниците, во себеси ја вклучува тајната на богослужението на сите пророци, мир над нив. | |||
Тој стои на чело на врховната молитва, на секоја молитва, и праќа смирен повик – колку нежен повик во такво големо создание, небаре просветените од светлината на верата – Од Адам, мир нему, до денес и дури до Денот на воскресението, го следат и изрекуваат амин по неговата молитва.(<ref>Да, од времето на Мухаммедовата проникливост сите молитви отслужени од целата заедница, секоја реченица на „Аллах да го благослови и со мир да го дари!“ е само постојано „амин!“ по неговиот повик и универзално соучесништво со него. Секоја одделна желба да биде тој благословен и со мир дарен има вредност на „амин“! Секое изговарање на оваа формула од секој член на заедницата за време на молитва и по повикот (икама) за неа според шафиитската доктрина е само универзално „амин!“ кон повик за вечна среќа, испратен од Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари). Во својата молитва тој го изразува копнежот за бесмртната среќа. Имено, тоа го сакаат луѓето и упатуваат повик за него со сите сили, со јазикот на својата природа. Ова е причина сите просветени со светлината на верата да изговорат „амин!“ по Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари). Зар е можно овој повик да не биде прифатен и да не му се одговори?</ref>) | |||
</ | |||
Види како тој го повикува Аллах за универзална потребност, како што е потребноста од вечност и бесмртност! Во овој повик не учествуваат заедно со него само жителите на земјата, туку истовремено и жителите на небесата, и дури и сите созданија. Тие, соодветно на нивниот јазик, изговараат: „О... да, Господе наш... одговори на неговиот повик! И ние го сакаме тоа.“ И пак види како тој проси за среќа и вечност со целата своја нежност и тага, со целата своја љубов и битие, со целиот свој копнеж и настојчивост, со целата своја смиреност и надеж, ја натажува целата вселена, ја расплакува и ја прави сочувствителна кон повикот! | |||
И пак види и расуди! Тој испраќа повик молејќи за среќа со голема намера, со висока цел. Моли за него за да може човекот и сите созданија да бидат спасени од паѓањето во бездната на најдолните меѓу најниско паднатите – од апсолутното исчезнување, од изгубувањето и пустошот, и да бидат издигнати до најстремежливите височини – до врвовите, до вечноста, до обврзувањето со задолженија и прифаќањето на одговорностите, за да бидат достојни за нив и да се издигнат до степенот на бесмртни Божји писанија. | |||
< | Види го како бара поддршка расплакан повикувајќи за помош, смирено моли од длабочините на своето срце со настојчива богоугодност! И небаре упатува да го чујат сите созданија, дури и небесата и Божјиот престол, да треперат од љубов и копнеж по неговиот повик, да повторуваат: „Амин... О, Аллах, амин!“(<ref>Да, при никакви околности не е можно штом ја управува вселената со целосно знаење, остроумност и мудрост, и тоа е видливо, Господарот на светот да не е информиран за делата на оној од Своите созданија, којшто има висока положба. Во никаков случај не е можно истиот тој сезнаен Господ да не обраќа внимание на повикот испратен кон Него од избраник меѓу неговите раби, штом е запознат со сите негови дела и молитви. Исто така, во ниту еден случај не е можно овој семожен и милосрден Господар да не одговори на повиците откако гледа дека оној што ги изговара е верен и има потреба од Него. Да, преку светлината на Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари), светот се променил и преку него се изјаснила вистината за човекот и вселената, како и нивното постоење. Преку таа светлина се открил и се пројавил фактот дека созданијата во вселената се вечни Божји писанија, коишто дозволуваат да бидат читани Најубавите имиња дека тие се служители под заповед и скапоцени созданија – носители на достојна смисла и значење за вечноста. Да не беше оваа светлина, вселената би била скриена во мракот на илузиите, осудена на апсолутно исчезнување и потонување во небитието, ништожна, бесмислена, бесполезна, создадена напразно, рожба на случајноста. Поради оваа тајна, секое нешто на земјата и на небото од правта до соѕвездието Плејада се осветлува од светлината на Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари), и ја открива својата врска со него, како што и луѓето изговараат „амин“ по неговиот повик. Не е неверојатно дека духот и мозокот на Мухаммедовото богослужение се имено во повикот, и дури сите движења и функции на вселената не се нешто друго, туку вид повик. Растежот и измените на семето не се нешто друго, туку вид повик од него кон неговиот Создател, со молба да го претвори во високо дрво.</ref>) | ||
</ | |||
И види дека тој проси блаженство и трајност довека и моли за нив семожен, сечуен, великодушен и сезнаен, севидлив, милосрден, Којшто ја гледа и слуша најскриената потребност на најслабото создание, го штити со Своето милосрдие и му одговара дури и ако повикот е молчешкум. | |||
Да, Тој му одговара со остроумност и милосрдие и му помага со мудрост, коешто отфрлува секаков сомнеж дека оваа извонредна нега не доаѓа од некој друг, туку само од сечуен, севидлив, и дека тоа прецизно управување не произлегува од друг, туку само од великодушен, милосрден. | |||
Да, Оној Којшто ги раководи сите синови на Адам на оваа земја, насочувајќи се кон Најголемиот трон, дигнал раце упатувајќи повик што ја штити вистината за Мухаммедовото богослужение, а тоа е синтезата на богослужението од човештвото... Да видиме што сака. Што сака честа на човештвото, гордоста на вселената, уникатноста на сите времиња и меѓу сите созданија. Да го сослушаме. Тој моли за вечна среќа за себеси и за својата заедница, моли за бесмртноста во Домот на вечноста, моли за Рајот и неговото блаженство. Да, моли и проси за нив заедно со Божјите имиња кои ја покажуваат својата убавина во созданијата огледала. Како што гледаш, ги моли Најубавите имиња за застапништво. | |||
< | Што мислиш, ако немаше безброј причини и аргументи што го изискуваат постоењето на Рајот, една молитва од овој знаен Пророк (Аллах да го благослови и со мир да го дари), нели би била доволна причина за создавањето на Рајот, штом тоа е толку лесно за семожноста на нашиот Творец, колку што е лесно да се обнови животот на земјата преку деновите на пролетта?(<ref>Да, по земјината површина, којашто личи на мала страничка во споредба со опширниот задгробен свет, се создадени безброј ремек-дела од прецизно и оригинално творчество. Обрасци на Зближувањето (хашр) и Воскресението (кијамет) се покажани исто така и во триста илјади созданија, носители на балансираност и ред, кои се испишани на оваа единствена страничка во неповторлив подарок. Нема сомнеж дека нивното создавање е потешко отколку изградбата на Рајот, којшто се одликува со раскош и возвишеност во просторниот свет на вечноста. Затоа правилно е да кажеме дека создавањето на пролетните градини со цвеќињата и мирисливите растенија се нешто што буди одушевување и изумува повеќе отколку создавањето на Рајот и во однос на неговата возвишеност и врховност спрема пролетта.</ref>) | ||
</ | Да, како ќе биде тешко создавањето на Рајот за Оној Кој ја претворил земјината површина напролет во пример за Зближувањето (хашр)? | ||
Како што посланието на Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари), станало причина за создавањето на овој свет на испитувања и се претворило во разјаснение и откривање на тајната на исказот: | |||
لَوْلَاكَ لَوْلَاكَ لَمَا خَلَقْتُ الْاَفْلَاكَ | |||
Неговото богослужение исто така станало причина за создавањето на вечниот блажен дом. | |||
Што мислиш, можно ли е зачудувачката за умот уредност на светот-ремек-дело, виртуозното мајсторство и убавината на целосното Господарство (Рубубија) во рамките на сеопфатното милосрдие да прифатат ужасна безобразност, противречно угнетување и хаос што се шири, штом не одговорат на повикот на Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари). Зар ќе се игнорира и нема да се реализира најважното и најнасушното од сите желби, откако ќе се обрати исклучително внимание и на најелементарната и ситна желба, и се слуша и најслабиот и најтивкиот глас, и се задоволува потребата на секој што има потреба од тоа! Не, и никако не! Илјада пати не! Слична убавина отфрлува секаква изобличеност и никогаш нема да грознее!(<ref>Да, според општото мислење невозможно е вистините да се претворат во својата спротивност. Уште поневозможно е претворањето на спротивностите една во друга. Во рамките на невозможноста вистините да се претворат во својата спротивност се содржи една вистина која категорично не ја допушта својата обратна варијанта. Тоа е претворањето на нешто во својата апсолутна спротивност, под услов да ја задржи својата суштина. Ако на пример се запази апсолутната убавина како таква, таа не би можела да се претвори во вистинска грдост. Допуштањето дека јасната и наполно очевидна „убавина на Господарството (Џемал-и Рубубијет)“ може да се претвори во својата спротивност, а истовремено со тоа да си ја зачува и суштината, е најневозможното и најневеројатното расудување.</ref>) | |||
Следствено, преку своето богослужение, Пратеникот (Аллах да го благослови и со мир да го дари), ја отвора вратата на задгробието, како што преку своето послание ја отвора вратата на земниот свет... | |||
عَلَيْهِ صَلَوَاتُ الرَّحْمٰنِ مِلْءَ الدُّنْيَا وَدَارِ الْجِنَانِ | عَلَيْهِ صَلَوَاتُ الرَّحْمٰنِ مِلْءَ الدُّنْيَا وَدَارِ الْجِنَانِ | ||
اَللّٰهُمَّ صَلِّ وَسَلِّمْ عَلٰى عَبْدِكَ وَرَسُولِكَ ذٰلِكَ الْحَبِيبِ الَّذِي هُوَ سَيِّدُ الْكَوْنَيْنِ وَفَخْرُ الْعَالَمَيْنِ وَحَيَاةُ الدّٰارَيْنِ | اَللّٰهُمَّ صَلِّ وَسَلِّمْ عَلٰى عَبْدِكَ وَرَسُولِكَ ذٰلِكَ الْحَبِيبِ الَّذِي هُوَ سَيِّدُ الْكَوْنَيْنِ وَفَخْرُ الْعَالَمَيْنِ وَحَيَاةُ الدّٰارَيْنِ | ||
وَوَسِيلَةُ السَّعَادَتَيْنِ وَذُو الْجَنَاحَيْنِ وَرَسُولُ الثَّقَلَيْنِ وَعَلٰى آلِهِ وَصَحْبِهِ اَجْمَعِينَ | وَوَسِيلَةُ السَّعَادَتَيْنِ وَذُو الْجَنَاحَيْنِ وَرَسُولُ الثَّقَلَيْنِ وَعَلٰى آلِهِ وَصَحْبِهِ اَجْمَعِينَ | ||
وَعَلٰى اِخْوٰانِهِ مِنَ النَّبِيِّينَ وَالْمُرْسَلِينَ آمِينَ | وَعَلٰى اِخْوٰانِهِ مِنَ النَّبِيِّينَ وَالْمُرْسَلِينَ آمِينَ | ||
=== ШЕСТА ВИСТИНА === | |||
=== ''' | |||
'' | '''Вратата на Величието и Вечноста – изјава на имињата Сеславниот (Џелил) и Вечниот (Баки)''' | ||
Можно ли е велик владетел, којшто ги управува и ги потчинува созданијата, почнувајќи од сонцето и стигнувајќи до дрвјата, атомите и уште поситните честички, и небаре тие се мобилизирани војници, да допушти пропуст и да не го шири своето владеење над смртни бедници кои поминуваат минлив живот во земската гостилница, и да не создаде за нив високо средиште и центар на големо и вечно Господарство (Рубубија)? | |||
Да, сè што набљудуваме во оваа вселена – грандиозните и колосални процеси како смената на сезоните, големите активности како управување на небесните тела, неверојатното впрегнување во работата како што е претворањето на земјата во лулка и на сонцето во светилник, опширните трансформации како што се оживувањето и украсувањето на земјата по нејзиното пресушување и умирање... Сето тоа красноречиво ни открива: Зад превезот постои грандиозно и големо Господарство (Рубубија), коешто управува и доминира со својата моќна власт. Слично Господово царство бара присуство на поданици што ѝ доликуваат, и на пројавувања што ѝ соодветствуваат. | |||
Истовремено гледаш дека Божјите поданици и раби, коишто се одликуваат со најдобрите и најсевкупните црти, се собираат за кратко и поминуваат извесно време во земската гостилница која секојдневно се полни и празни, а и поданиците остануваат таму само колку да си ги исполнат задачите во тоа поле на искушенија. И тоа се менува секој час. Поданиците застануваат на неколку минути за да ги видат по витрините на овој пазар – светот, изложените обрасци на скапоцените дарови на Творецот, Носителот на величието, со очи на купувачи ги разгледуваат стоките, ремек-делата на Сеславниот во оваа огромна изложба. После тие се губат, како што и самата изложба се обновува и менува секоја минута. Кој отпатува, не се враќа. И новодојдениот ќе си отиде. | |||
Оваа состојба јасно и категорично открива: Надвор од смртната гостилница, зад полето што се менува, по обновливата изложба постојат вечни дворци кои одговараат на бесмртното владеење, неуништливи домови со градини, складишта полни со чисти и возвишени извори на земните обрасци. Значи, напорот и трудот тука се само за постигнување на она што се наоѓа таму. Служењето тука е само за да се добие визата за таму. Секој во зависност од своите способности и положен труд би можел да постигне обилна среќа, ако пред тоа не ја изгуби. | |||
Да, апсурдно е вакво вечно владеење да се ограничи во рамките на смртните и жални созданија. | |||
Погледни ја сега оваа вистина низ телескопот на еден пример. Замисли си дека одиш по некој пат и гледаш раскошен ан, кој голем цар го подготвил за своите гости. Тој потрошил огромни суми за неговото украсување и декорирање, но посетителите сосема малку се восхитуваат на убавините и го вкусуваат најнезначајниот дел од блаженствата затоа што остануваат за кратко и поради оваа причина го напуштаат анот без да си ја угасат жедта и гладот. Но тие ги запечатуваат сликите на нештата во анот со своите расположливи фотоапарати. Така постапуваат и служителите, и работниците на сопственикот коишто точно и веродостојно ги снимаат и ги запишуваат движењата и неактивноста на гостите. И ете гледаш дека царот секојдневно ги уништува скапоцените украси и ги обновува со други за новите гости. Зар по сето ова во тебе останало некаков сомнеж дека оној што го изградил анот среде пат, поседува големи високи вечни дворци и располага со постојани обилни богатства, и дека се одликува со трајна и неисцрпна великодушност, и дека неговата пројавена великодушност во анот има за цел да го отвори апетитот на неговите гости кон добрата со кои располага, и да ги оживи во нив и раздвижи желбите за подароците што им ги подготвил. | |||
Ако расудиш со помошта на овој пример преку реалноста на земјата ан и се задлабочиш во нив со целосна свест, ќе ги разбереш следниве девет состојби. | |||
'''Прва состојба:''' Ќе разбереш дека оваа земја, слична на ан, не води самостојно постоење и е апсурдно да ја прифати својата форма и образ независно од сè, сама и заради себеси. Таа не е нешто друго освен гостилница која се полни и празни, и е со мудрост создаден дома каде што престојуваат и отпатуваат караваните од Божјите созданија. | |||
'''Втора состојба:''' Ќе разбереш дека жителите на овој ан се гости патници и дека нивниот великодушен Господ ги повикува кон Домот на мирот. | |||
< | '''Трета состојба:''' Ќе разбереш дека украсите на овој свет не се само за задоволство и наслада, затоа што ако ти дадат да вкусиш блаженство за еден час, при разделбата со него ќе те натераат да чувствуваш болка долги часови. Ти дозволуваат да вкусиш отворајќи ти го апетитот без да те заситат, затоа што се краткотрајни или твојот живот е краток и недоволен да се задоволиш. Следствено, скапоцениот и минлив украс служи само за поука(<ref>Да, и покрај тоа што секое нешто е прецизно изработено, елегантно извајано и убаво конструирано, уникатно и скапоцено, сепак животот му е краткотраен. Неговото постоење трае само незначително време. Следствено, нештата тука се само обрасци на други нешта. Штом се набљудува нешто слично на насочување на погледите кон вистините, тогаш не е чудно да се каже дека украсите на земниот живот претставуваат само обрасци на рајските блаженства подготвени од Милосрдниот Господар со Неговата великодушност и доброта за Неговите обични раби. Имено, може да се каже, се вели и тоа е реалната вистина.</ref>) за да се оддава благодарност и да се поттикнува кон осознавање на нејзините вечни извори, како и за други возвишени цели. | ||
</ | |||
< | '''Четврта состојба:''' Ќе разбереш дека земните украси(<ref>Да, постоењето на секое нешто е потчинето на определени намери, неговиот живот ги има своите цели и резултати. Тие не се ограничуваат како што тврдат борците на заблудата, во цели насочени кон земниот живот или ограничени во постоечкиот свет, а тука дури се крадат претпоставки за бесмисленост и бесцелност. Три се целите на постоењето и животот на секое нешто.<br> | ||
Првата е највозвишената и е насочена кон Создателот, сеславен е Тој и севишен. Односно, тоа е претставување на секое нешто со неговата цела сложеност и уникатност пред погледот на вечниот Сведок, небаре на воена парада. За овој поглед е доволно соодветното нешто да поживее, макар и само за миг, или барем да има подготвеност за реализирање на своите потенцијални сили, слично на намера, без дури да се појави на бел свет. Пример за тоа се преубавите творби што исчезнуваат брзо, и семињата што не успеваат да се развијат и да дадат плодови. Тие известуваат за споменатата цел, и целосно ја изразуваат. Кај нив воопшто не може да се говори ниту за бесцелност, ниту за бесполезност. Следствено, првата цел на секое нешто е преку својот живот и своето постоење да ја објави и открие чудотворната моќ на својот Создател и плодовите на Неговото творчество пред грижливиот поглед на Владетелот, Носителот на величието.<br> | |||
</ | Втората од целите на постоењето и на животот е насочувањето кон свесни созданија. Односно, тие небаре се Господово послание што ги прогласуваат вистините, префинета поема исполнета со мекост и нежност, мудро слово. Семожниот и Севеликиот Создател ги покажува пред погледот на ангелите, џиновите, животните и луѓето и ги повикува да ги разгледуваат. Односно, секое нешто е предмет на разгледување, размисла и поука за секое живо суштество што го набљудува.<br> | ||
Третата цел е насочување кон самото нешто, како на пример проверка на задоволство и наслада, поминување на животот во стабилност и изобилие, и други делумни стремежи. На пример, резултатот од трудот на морнарот што служи на голем султански брод, ползата за него и неговата плата е еднаква на еден процент од целосниот приход, додека останатите деведесет и девет проценти му припаѓаат на сопственикот на бродот. И така, сличен е соодносот меѓу целта, насочена кон самото нешто и неговиот земски живот, и оваа, насочена кон неговиот сеславен Создател – еден спрема деведесет и девет.<br> | |||
Во ова избројување на целите се крие тајната на комбинирањето меѓу мудроста и великодушноста, односно меѓу апсолутната штедливост и апсолутната великодушност, коишто од прв поглед, чиниш, се некомпатибилни спротивности. Овој факт може да се објасни на следниот начин. Ако целта се разгледува во нејзината издвоеност и единичност, тогаш доминираат великодушноста и дарежливоста и се изјавува името Великодушниот (Џевад). Плодовите и семињата според оваа единична опиплива цел се безбројни и бескрајни. Односно, станува збор за апсолутна дарежливост и неограничена великодушност. Но, ако целите се разгледуваат во нивната комплексност, тогаш мудроста е квалитетот што се открива и доминира. Се изјавува името Семудриот (Хаким). Мудростите и зацртаните цели се плод од едно исто дрво кое има многу плодови и тие можат да бидат поделени на споменатите три дела. Овие општи цели укажуваат на бескрајна мудрост и апсолутна штедливост. Така апсолутната мудрост се комбинира со апсолутната штедливост и тие изгледаат како да се спротивности. На пример, една од целите на армијата е зачувувањето на сигурноста и редот. Ако погледнеме на неа низ оваа призма, ќе видиме дека има прекумерен број војнички единици. Ако ја погледнеме имајќи ги предвид нејзините други цели, како што се чуварите на границата, борбата со непријателот итн., ќе установиме дека бројот е речиси во потребните рамки. Тоа е точен баланс, измерен со вагата на мудроста, бидејќи мудроста на владеењето се комбинира со неговото величие. Така во оваа ситуација можеме да кажеме дека армијата не ги надминува потребните рамки. | |||
</ref>) потсетуваат на обрасци и копии на блаженствата, струпани за верниците во Рајот при Божјото милосрдие. | |||
'''Петта состојба:''' Ќе разбереш дека овие смртни дела не се наменети да се губат постепено и не се создадени за да бидат разгледувани извесно време и после да си отидат без трага, туку се насобрани тука и си го зазедоа потребното место за краток период за да си ги придобијат формите, да си ги откријат значењата и да им бидат запишани резултатите, како и за да истакнат бесмртни и трајни слики за жителите на Вечноста, и за да бидат крстосница на други цели во Светот на вечноста. | |||
Од следниот пример станува јасно како овие работи не се создадени за да исчезнат, туку за да постојат вечно, како нивното надворешно исчезнување е само ослободување за нив, по завршувањето на нивните задачи и како нешто умира, од една страна, а постои во многу насоки. | |||
Види го цветот, едно од Словата на Божјата моќ, како нè гледа со насмевка за кратко време, потоа се крие зад превезот на исчезнувањето. Тоа личи на збор изговорен од нас, којшто внесува во слухот илјадници свои сличности и нејзината смисла останува онолку пати, колку што се умовите што ја слушнале, а потоа си оди по завршувањето на својата мисија – соопштување на смислата. И цветот патува откако си го запечатува видливиот образ во меморијата на секој што го созреал и штом си ја вгнезди внатрешната природа во своето семенце. И небаре секоја меморија и секое семе се фотогра- фски плочи предназначени да ја чуваат убави- ната, образот и гиздавата облека на цветот, и на тој начин да го овековечат неговото постоење. | |||
Ако создание, којшто зазема едно од најниските скалила на животот, е третирано на сличен начин за да опстане, што му останува на човекот – највисоката форма на живот, којшто поседува вечен дух. Зар тој нема да биде поврзан со бесмртноста и вечноста? Ако образот на расцветано и плодоносно растение и законот за неговото формирање, делумно сличен со духот, се вечни и се чуваат во неговите семиња во совршен ред во рамките на множество измени, не станува ли јасно колку е вечен човечкиот дух и до кој степен е поврзан со вечноста? Па, тој е закон заповеден одозгора, има светла чувстви- телност, поседува возвишена суштина, носител е на живот, надарен е со комплексни и сеопфатни квалитети, а е облечен во забележливо присуство. | |||
'''Шеста состојба:''' И ќе разбереш дека човек не е оставен без узди и не е пуштен да талка без волја, туку сите негови дела се запишуваат, се снимаат и се регистрираат за отпосле да му биде побарана сметка. | |||
''' | |||
'''Седма состојба:''' И ќе разбереш дека смртта и исчезнувањето коишто ги поразуваат убавите созданија од пролетта и летото, не се конечна смрт и уништување засекогаш, туку тоа е само прекратување на функциите и ослободување од нив по нивното исполнување и завршување,(<ref>Да, би требало плодовите, цветовите и лисјата, носени од гранките и врвовите на дрвјата – ризница од благосостојба, којшто Божјото милосрдие им дарило, да исчезнат откако ќе ги исполнат своите функции и откако ќе остарат. Тоа е потребно за да не се затвори вратата пред влезот на она што доаѓа по нив, да не се претворат во одвратена преграда пред обилното милосрдие и нивните посестрими да ги извршуваат своите задачи со пречки. Згора на сè, самите тие свенуваат и овенуваат со истекување на нивната младост. И така пролетта заличува на плодоносното дрво што открива како ќе изгледа Воскресението. И човековиот живот во секоја епоха е исто такво плодоносно дрво што е носител на мудрост и поука. И земјата, во целина, е дрво на неповторлива моќ и земскиот живот е преубаво дрво што си ги испраќа плодовите на пазар во задгробниот живот.</ref>) како и расчистување на теренот и ослободување место за доаѓањето на новите созданија во пролетта што доаѓа, а истовремено и подготовка на условите и доведување во подготвеност за доаѓањето на новите подвластени доселеници. | |||
''' | |||
</ | |||
Тоа е Господово предупредување за оние одухотворени созданија, чијашто небрежност ги тера да си ги заборават обврските и чиешто опијанување ги спречува да бидат благодарни. | |||
'''Осма состојба:''' И ќе разбереш дека бесмртниот Создател на овој минлив свет владее и друг свет – траен и вечен. Тој на Своите слуги им пренесува копнеж по него и ги води натаму. | |||
''' | |||
'''Деветта состојба:''' И ќе разбереш дека во овој просторен свет Семилостивиот, Милосрдниот – славно е Неговото величие, ќе им укаже почит на Своите верни слуги со нешто невидено и нечуено, нешто што на ниту еден човек не му паднало на памет. Веруваме во тоа... | |||
''' | |||
=== СЕДМА ВИСТИНА === | |||
'''Вратата на Чувањето и Одржувањето – изјава на имињата Пазителот (Хафиз) и Надзорникот (Ракиб)''' | |||
Можно ли е пазител и надзорник, којшто одржува ред и редослед на сè што е на небото и на земјата, на сушата и во морето, и влажно и суво, и не остава ни мало ни големо без да го пресмета, можно ли е Тој да не ги одржува и да не ги набљудува делата на човекот – носител на возвишена природа, кој зазема положба на Божји намесник на земјата, натоварен со мисијата на Врховната Одговорност (Аманат Ќубра)? Можно ли е да не се чуваат делата што го засегаат Божјото Господарство (Рубубија), да не се категоризираат преку преиспитување, да не се измерат со вагата на справедливоста, да не се зададе награда или казна што му доликува на соодветниот извршител? Не, никако...! Аллах е превисоко над сето тоа! | |||
Да, Управителот на вселената ги складира сите нешта во рамките на строг ред и баланс, а тоа се пројавувања на знаење и мудрост, како и на волја и моќ. Гледаме дека ниедно создание не било создадено и не се создава поинаку освен со исклучителна организираност и одмереност. Исто така, забележуваме дека не само неговите одделни трансформации во текот на неговиот живот, туку и целата севкупност од неговите видоизменувања му се потчинуваат на стабилен и прецизен ред. | |||
Потоа, ни прави впечаток дека Пазителот, Носителот на величието, ги зачувува образите на секое нешто чијшто живот истекува со завршувањето на неговите функции и тогаш отпатува од видливиот свет – ги задржува во свеста на живите, што премногу личи на Чуваната плоча (Левх-и Махфуз)(<ref>Погледни во фуснотата на Седми аспект.</ref>), и нешто слично на идеални огледала. Тој запишува синтетизирана приказна на секое создание во неговите семиња или ја гравира во неговите плодови, така што му го продолжува животот и го чува во надворешни и внатрешни огледала. Меморијата на човекот, плодот на дрвото, никулецот, семето, зрното на цветот – сето тоа открива колку е голема сеопфатноста на зачувувањето. | |||
Зар не гледаш дека секој одделен цвет и плод во големата и опширна пролет се зачувува, и како сите свитоци што ги содржат неговите специфични активности, се чуваат во ред со сите закони на неговата изградба и модели на формите, зачувани во ограничен број зрнца? Настапува нова пролет и свитоците се размножуваат во согласност со нивната прецизна и соодветна пресметка. Се раѓа сезона на превирања и изобилство, што се одликува со исклучителен ред и мудрост. Зар тоа не открива колку е силно влијанието на Божјото Складирање и Надзор и колку е моќна нивната сеопфатност? | |||
Откако зачувувањето достигнува таков степен на совршенство и универзалност во однос на ситни, привремени и вообичаени работи, логично ли е да не бидат зачувани човековите дела кои даваат значајни плодови во невидливиот свет, во задгробниот живот, во светот на духовите и пред апсолутното Божјо господарство? Можно ли е овие дела да бидат поништени и да не се запишат? Не, никако! Аллах е превисоко над сето тоа! | |||
Да, од изјавата на таков јасен начин на овој Божји атрибут – Надзорништвото, сфаќаме дека Владетелот на сите созданија посветува исклучително внимание за регистрирањето и запомнувањето на секое нешто, за контролирањето на сè што произлегува во Неговото царство. Тој одвојува максимално внимание на вршењето на Своето владеење и покажува восхитувачка заинтересираност за одржувањето на Своето господарство, така што снима или наредува да се сними и најмалата случка и најситната активност, зачувувајќи во многубројни документи сè што се случува во Неговото владеење. | |||
Оваа маргинална обемна и прецизна меморија сугерира дека без сомнение архивите ќе бидат отворени за да се побара баланс за делата, и особено за стореното од човекот – тоа почесно и ценето создание, чијашто природа е надарена со високи квалитети. Би требало неговите дела, кои се важни, и неговите постапки, кои се значајни, да бидат измерени со чувствителна вага, и да бидат подложени на прецизен баланс. Свитоците со неговите дела неизбежно ќе бидат извадени. | |||
Што мислиш, логично ли е да се прифати дека овој човек ќе биде изоставен штом е почестен со Божјото намесништво, натоварен со Врховната Одговорност (ал-Аманат ал-Ќубра), и е издигнат до рамништето на раководител и сведок за сите созданија преку неговата интервенција во богослужбените дела на поголемиот дел од нив и неговите богопохвали преку прогласувањето на единството меѓу разновидноста од созданија и засведочувањето на сеопфатното Господарство. Можно ли е овој човек да биде оставен да оди во гроб, за да спие во спокој, без да го разбудат, за да го прашаат за неговите мали и големи дела, без да го поведат кон Собирот, за да се произнесе за него и да не му се суди во Врховниот суд? Не, никако! Аллах е превисоко над сето тоа! | |||
И како е можно овој човек да исчезне во ништото, и како е можно тој да се скрие во земјата и да се измолкне од Раката на Семоќниот, Носителот на големината, за чијашто колосална моќ сведочат сите појави – чуда што ја откриваат Неговата сила во минатото и што укажуваат што може да се случи во идните времиња(<ref>Да, минатото кое се простира од сегашниот момент до почетокот на созданието, е исполнето со случки и настани. Секој бел ден е ред, секоја година – страница, секоја епоха – книга напишана со Моливот на Предодредувањето, на која раката на моќта ги нацртала своите чудотворни ајети со исклучителна мудрост и организираност. И иднината, кое се простира од сегашниот момент до Денот на Воскресението, Рајот и Вечноста, е во рамките на можните настани. Односно, како што минатото вклучува настани што се случиле реално, така и иднината нуди ситуации што можат да се претворат во реалност. Ако се направи паралела меѓу веригите на овие две времиња, нема сомнеж дека Оној Кој го создал вчерашниот ден со неговите созданија, е способен да го создаде и утрешниот со неговите идни созданија. Исто така, нема сомнеж дека созданијата и невообичаените феномени на одминатото време, кое е изложба на неверојатните и чудни дела, се чудотворства на Семоќниот – Носителот на величието, и тие категорично сведочат дека Пречистиот и Севишниот е способен да ја создаде целата иднина и сè што е можно во него, и да ги изложи сите Свои неверојатни чуда.<br> | |||
Да, Оној Кој може да создаде едно јаболко, би требало да ја поседува истата способност и за сите јаболка на светот, би требало дури и да ја создаде големата пролет. Оној Кој не може да ја создаде пролетта, не е способен да создаде и јаболко, затоа што тоа се создава на истиот начин. И обратно, Оној Кој има моќ да создаде јаболко – Тој може да ја создаде и пролетта. Јаболкото е мал примерок на дрвото и на градината, па дури и на целата вселена. Од гледна точка на мајсторството и вештината, тоа е неверојатно ремек-дело, затоа што неговите семиња ја содржат животната приказна на неговото дрво. Оној Кој ја создал на ваков неповторлив начин, за Него апсолутно нема невозможни нешта. И така, Оној Кој го создал денешниот ден, е способен да го создаде и Денот на Воскресението. Оној Кој ја создал пролетта, е способен да го создаде и Собирот (хашр). Нема сомнеж дека Оној Кој ги манифестирал световите од минатото и ги закачил на лентата на времето со исклучителна мудрост и ред, е способен да манифестира и други светови и да ги закачи на лентата на иднината. Тој сигурно ќе ги прикаже. Во Словата, особено во Дваесет и второ Слово, категорично докажавме дена оној кој не создал сè, не е способен да создаде ништо, и дека оној кој создал само едно нешто, е способен да создаде сè поединечно. Потоа, ако создавањето на нештата се сведе на еден единствен почеток, тогаш сите нешта би биле лесни за создавање како на едно нешто. И обратно, ако сè се објасни со безброј причини и разновидности, создавањето на едно нешто ќе биде толку сложено, колку и создавањето на сите нешта – до степен на невозможност и апсурдност.</ref>) зимата и пролетта слични со Воскресението и Собирот. | |||
</ | |||
Штом на човекот не му е побарана заслужената сметка во земниот живот, би требало некој ден тој да се јави пред Врховен Суд и да отиде кај најголемата среќа. | |||
=== ОСМА ВИСТИНА === | |||
'''Вратата на Ветувањето и Заканата – изјава на имињата Прекрасниот (Џемил) и Сеславниот (Џелил)''' | |||
< | Можно ли е Создателот на овие созданија – Апсолутниот Сезнаен и Апсолутниот Семоќник, да не ги исполни ветувањето и заканата, последователно повторувани на сите пророци, мир над нив, и засведочени едногласно од сите праведни луѓе и светци, и така да пројави слабост и незнаење? Превисоко е Севишниот Аллах над сето тоа! Сите ветувања и закани упатени од Него не само што не се воопшто тешки за исполнување при Неговата моќ, туку се и лесни и незначителни, како на пример, да се обноват безбројните созданија од претходната во идната пролет, истите(<ref>Како што се корените на дрвјата и тревата</ref>) или сличните(<ref>Какоштоселисјатаиовошјето</ref>) на нив. | ||
</ | |||
Исполнувањето на ветувањето е задолжително – и за нас, и за секое нешто е задолжително, како и за Неговата господарска власт, за разлика од неодржувањето на дадениот збор, тоа противречи на силата на Неговата моќ и е во спротивност со сеопфатноста на Неговото знаење, доколку слично дејство не произлегува од друго, освен од незнаење и слабост. | |||
Човеку што одрекуваш, знаеш ли колку е глупав извршениот од тебе огромен грев со твоето неверие и отфрлување?! Ти веруваш во својата лажна имагинација, на мечтателниот ум, на измамената си душа, а го сметаш за лажливец Оној Кој воопшто не е принуден ниту да си го наруши ветувањето, ниту да го преврти, а и тоа никако не доликува на Неговата големина и моќ. Сите нешта и сите набљудувања сведочат за неговата праведност и вистинитост. Следствено, ти извршуваш огромен и безграничен престап, иако си бескрајно ситен и неизбежно заслужуваш голема вечна казна. За огромното значење на престапот извршен од неверникот сведочи споменатото во еден хадис, дека некои жители на Пеколот имаат катник колку големината на една планина. Ти личиш на оној патник што си ги затвора очите пред сончевата светлина и ги следи фантазиите на својот разум, а после сака да го осветли ужасниот си пат со сјајот на имагинарната молња, постоечка само во неговото сознание и слаба како блесокот на светулката. | |||
Штом сè што е ветено од Пречистиот Аллах, Чиишто праведни слова се Неговите созданија и Чиишто вистински знаци се настаните во светот, ќе биде исполнето докрај. Тој ќе оформи Врховен Суд и ќе дари големо блаженство. | |||
=== ДЕВЕТТА ВИСТИНА === | |||
=== | |||
'''Вратата на раѓањето на Животот и Смртта''' | |||
'''изјава на имињата Вечноживиот (Хаји) и Сеприсутниот (Кајјум), Оживувачот (Мухиј) и Усмртувачот (Мумит)''' | |||
Можно ли е Оној Кој ја манифестира Својата моќ преку оживувањето на огромната земја по нејзиното умирање и исушување, и испраќа повеќе од триста илјади созданија, а испраќањето на секој еден од нив е чудо како создавањето на човекот; Оној Кој ја манифестира сеопфатноста на Своето знаење преку разграничувањето на секоја одделна форма при слично сместување и испреплетување; Оној Кој ги насочува погледите на сите Свои слуги кон вечното блаженство со ветувањето Си да ги воскресне, споменато во сите Негови небесни заповеди; Оној Кој ја манифестира големината на Своето господарство терајќи ги созданијата на соработка, ги управува според Својата заповед и волја, принудувајќи ги одделните индивидуи заемно да си потпомагаат; Оној Кој му придал на човекот максимална значајност, одредувајќи му да биде најкомплексниот плод на дрвото на созданието, префинетиот, најсофистицираниот, најнежниот, најмногу што одговара на повикот, и му го потчинил секое нешто, и го прифатил за собеседник; Можно ли е овој Семожен, Милосрден, овој Сезнаен, Семудар, Кој му придал на човекот слично значење, да не издаде заповед за Судниот ден, да не воскресе и да не ги избере Своите слуги или да е неспособен за тоа, да не има сила да ги создаде вратите на Врховниот Суд и да не ги создаде Рајот и Пеколот? Пречист е Аллах од овие особини! Не, никако! Аллах е превисоко над сето тоа! | |||
Да, Господарот Кој се распоредува во овој свет, сеславна е Неговата големина, раѓа на оваа минлива тесна земја бројни примероци, примери и знаци што потсетуваат на Најголемиот собир (хашр), и го прави тоа во секоја епоха, секоја година, секој ден. Еве еден пример: | |||
За време на пролетта, Тој воскреснува и собира повеќе од триста илјади вида мали и големи растенија и животни, ги оживува корените на дрвјата и на тревата, некои животни ги враќа во нивниот поранешен изглед, а други – слични на нив. Иако материјалните разлики меѓу бескрајно малите семиња се многу незначајни, секое од нив е воскреснато и оживеано на сосема индивидуален и специфичен начин, за шест дена или шест седмици, со безгранична леснотија и изобилство, во совршен ред и со прецизна точност, независно од тесното меѓусебно поврзување на видовите. Дали такво нешто ќе биде комплицирано за Создателот на такви дела или е немоќен да ги создаде земјата и небесата за шест дена, или нема да може да ги собере луѓето со единствен повик? Пречист е Аллах од овие особини! | |||
Што мислиш, ако писател чудотворец напише на еден свиток триста илјади книги во рамките на еден час, обновувајќи ги нивните бледи и нечитливи букви без да допушти каква и да било грешка, забуна или недостаток, притоа со одредена естетика, и ако ти кажеа дека овој писател за една минута во својата меморија ќе ја напише својата авторска книга, која ти си ја испуштил во водата, ќе го отфрлаше ли тоа тврдење со зборовите: „Не е можно, не верувам!“ | |||
Или, ако владетел чудотворец само со еден знак воздигнува планини и ги руши, ги променува градовите целосно, го претвора морето во суша за да ја покаже својата моќ и да направи тоа да биде знак за луѓето... Додека ги гледаш овие негови дела, некои карпи се тркалаат во долината и го затвораат патот за неговите гости. Тогаш ти кажуваат дека тој сигурно ќе ја тргне карпата оттаму и ќе ја скрши на парчиња колку и да е голема, затоа што невозможно е да си ги остави гостите на пат. | |||
Каква лудост би било да одговориш: „Не, не е можно тој да го направи тоа!“ Или, пак, ако некој полковник е способен повторно да ја собере својата армија, која ја формирал сам за еден ден, и ти кажат дека со една експлозија ќе ги свика сите подраздели и дека ќе се обединат под неговото знаме сите што се раштркани и ослободени од служба, а твојот одговор е: „Не, не верувам...“ Ваквите изрази зборуваат за налудничаво поведение. И навистина, каква лудост! | |||
Ако си ги разбрал горните три примера, размисли за Создателот, Пречист и Севишен е Тој, Којшто пред нашите погледи пишува на прекрасен и совршен начин и со моливот на моќта и предодреденоста создава по земјината површина, давајќи им живот на повеќе од триста илјади видови, заменувајќи ја белата страница на зимата со разлистеното зеленило на пролетта и летото. Тој ги пишува меѓусебно поврзани и без да ги меша, тоа го прави истовремено, но без да ги става во неволја и без да ги збунува, иако се разликуваат еден од друг во структура и форма. | |||
Тој никогаш не допушта грешки. | |||
Како е можно Пазителот, Семудриот, Којшто ја вградил програмата и моделот на душата на огромното дрво во бескрајно мало зрнце и така го зачувал, да биде прашан како ќе ги зачува душите на мртвите? | |||
И како е можно Семожниот, Носителот на величието, Којшто ја тера Земјата да се врти со крајна брзина, да биде прашан како ќе ја отстрани од патот кон Задгробниот свет и како ќе ја сруши? | |||
И како е можно Носителот на величието и великодушноста, Којшто ги создал атомите од ништото и ги организирал со заповедта كُنْ فَيَكُونُ , и тие се потчиниле отелотворувајќи се во телата на живите суштества, и од нив формирал впечатливи војници, како е можно Тој да биде прашан како ќе ги собере само со еден знак овие меѓусебно познати основни атоми и овие основни елементи обединети под знамето и дисциплината на баталјонот на телото? | |||
Ете, со сопствените очи гледаш многубројни обрасци, примери и знаци на воскресението, слични на оние со пролетното будење. Создателот, ги произведува одново во секоја сезона и во секоја ера, па дури и смената на денот и ноќта и појавата и исчезнувањето на тешките облаци се такви слични обрасци на воскресението. | |||
На пример, ако се замислиш себеси пред илјада години и направиш паралела меѓу двете крила на времето – минатото и иднината, ќе видиш толку многу обрасци и варијанти на Воскресението, колку што се епохите и деновите. | |||
Ако стигнеш дотаму да го отфрлиш телесното воскресение замислувајќи си дека тоа е многу неразумно, откако си станал сведок на огромен број примери и обрасци за него, истовремено ќе дознаеш колку е глупав оној што го одрекува. | |||
Размисли за она што се кажува за оваа вистина во Најголемиот поредок: | |||
فَانْظُرْ اِلٰٓى آثَارِ رَحْمَتِ اللّٰهِ كَيْفَ يُحْيِي الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا اِنَّ ذٰلِكَ لَمُحْيِي الْمَوْتٰى وَهُوَ عَلٰى كُلِّ شَىْءٍ قَد۪يرٌ | فَانْظُرْ اِلٰٓى آثَارِ رَحْمَتِ اللّٰهِ كَيْفَ يُحْيِي الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا اِنَّ ذٰلِكَ لَمُحْيِي الْمَوْتٰى وَهُوَ عَلٰى كُلِّ شَىْءٍ قَد۪يرٌ | ||
'''Резиме:''' Не само што ништо не го спречува случувањето на Воскресението, туку и секое нешто го изискува и бара тоа да се случи. | |||
''' | |||
</ | Да, Оној Кој дава живот на огромната земја, изложба на чуда, и ја умртвува, небаре е ситно животинче, и Кој ја претворил во лулка за опуштање и прекрасен брод за луѓето и животните, и одредил сонцето да биде светилник и огниште за оваа гостилница, и движечките планети и блескавите ѕвезди ги направил да бидат авиони за ангелите... Господарство кое е дотолку вечно и големо, и управување кое е дотолку сеопфатно и впечатливо, не би се помириле и ограничиле на делата на овој минлив, исчезнувачки, краткотраен, смртен, ништожен, залуден земски живот. | ||
Значи, би требало да постои друг траен, вечен за век и векова, голем, колосален, одржлив дом, кој одговара на Сеславниот, и Тој ќе нè води кон напорен труд во името на овие царства и живеалишта, ќе нè повика и ќе нè носи. За тоа сведочат сите луѓе со светол дух, со блескаво срце и сјаен ум, кои продираат од надворешното кон вистината и кои биле удостоени со честа да се доближат до Сеславниот. Тие нè известуваат едногласно дека Бог подготвил награда и заслужена казна и дека дал категорично ветување и упатил невидена закана. | |||
Не е можно неодржувањето на зборот да одговара на Неговото свето величие, затоа што тоа е нискост и омаловажување. А, неисполнувањето на заканата произлегува од прошка или слабост. Всушност, невербата е апсолутен грев,(<ref>Да, невербата е занемарување и потценување на сите созданија, затоа што се сомнева дека се бесмислени и бесполезни. Тоа е фалсификат во однос на Најубавите имиња на Аллах, затоа што го отфрлува нивното пројавување во огледалото на створенијата. Тоа, исто така, е и неодобрување на сите созданија затоа што им го отфрлува сведоштвото дека Аллах е еден. Невербата ги урива човечките сили и природни склоности до таков степен, што на луѓето им ја одзема способноста да го прифатат доброто и вредното. Следствено, тоа е исклучително големо угнетување, затоа што ги нарушува правата на сите творби и на сите Најубави имиња. Заштитата на овие права и неможноста на душата на неверникот да го прифати доброто, наложуваат тој да биде лишен од прошка. Оваа идеја се соопштува од ајетов во Куранот: اِنَّ الشِّرْكَ لَظُلْمٌ عَظِيمٌ</ref>) кој не заслужува извинение и прошка. Што се однесува до Апсолутниот Семоќен, Тој е универзален, пречист од секаква слабост. | |||
Оние што ни донеле вести и сведоштва, се наполно едногласни по ова прашање, независно од разликата на нивните патишта, методи и склоности. Од гледна точка на својата многубројност, тие го достигнале степенот на постојаната последователност. Од гледна точка на квалитетот, тие ја достигнале силата на едногласноста. Од гледна точка на своето ниво, тие се ѕвездите и водачите на човештвото, најскапоцените луѓе, радост за очите на верските заедници. Од гледна точка на своето значење, тие се специјалисти и утврдени авторитети по ова прашање. Познато е дека заклучокот дури на двајца специјалисти во одредена наука или занает е за претпочитање пред она на илјадници неспецијалисти, а при соопштувања и известија, зборовите на двајцата што утврдуваат се за претпочитање пред оние на илјадниците одрекувачи и негирачи. Така е, на пример, при тврдењето дека видена е младата месечина, кое означува почеток на месец Рамазан – тогаш двајца сведоци потврдувачи се за претпочитање пред илјадници негирачи чиишто зборови немаат никаква вредност. | |||
'''Резиме:''' Заклучокот е дека нема поправедна вест на светот, посигурно тврдење, поочигледна и појасна вистина. | |||
Следствено, без сомнеж, земскиот живот е нива, воскресението – жетва, а Рајот и Пеколот – складишта. | |||
=== ДЕСЕТТА ВИСТИНА === | |||
'''Вратата на мудроста, грижата, милосрдието и справедливоста''' | |||
'''изјава на имињата Семудриот (Хаким), Највеликодушниот (Керим), Справед- ливиот (Адил) и Милосрдниот (Рахим)''' | |||
Можно ли е Владетелот на царството, Носителот на величието, Кој изјавил толку многу белези на светла мудрост, толку траги од очигледна грижа, толку плодови на победничка справедливост, толку сведоштва за сеопфатно милосрдие во смртната гостилница на земниот живот, во копнежливото поле за испит, во променливата изложба на земјата... Можно ли е Тој да не создаде во светот на Своето владеење и на Своето царство вечни живеалишта со бесмртни жители, трајни места со преживувачки творби, и залудно да се потрошат сите видливи вистини на оваа мудрост, на оваа грижа, на оваа справедливост, на ова милосрдие? | |||
И логично ли е Семудар, Носител на величието, Кој го избрал човекот меѓу сите созданија и целосно го претворил во Свој собеседник, во огледало што ги соединува Неговите Најубави имиња, во создание способно да ги оцени обилните извори од милосрдието во Неговите складишта, што ги вкусува, што се запознава со нив, и онакво на коешто Сеславниот му дал знаење за Својата голема суштина преку сите Свои Најубави имиња, и го засакал човекот, и Тој му наложил да Го сака... Логично ли е по сето ова, овој Семудар, Сеславен и Севишен е Тој, да не го испрати бедниот човек во Своето вечно царство, да не го усреќи во овој Блажен дом, откако го викнал во него? | |||
Или логично ли е Тој да го натовари секое создание, па дури и зрнцето, со многубројни функции тешки како дрвото, да вложи во него толку мудрост колку што му се цветовите, да го награди со придобивки колку што му се плодовите, и на крајот да ја одреди целта на сето тоа да биде само незначителен дел насочен кон земниот живот, односно да ја осуди целта на битието да биде оставено единствено во земниот живот, кој нема вредност дури и на синапово зрно, и да не ги претвори овие функции, мудрости и придобивки во семиња за смислен свет, и во нивоата на другата страна на реалноста да ги даде плодовите на нивните вистински, правилни цели? | |||
Или логично ли е сите овие чудесни празници и големи прослави да исчезнат и да си отидат напразно – бесполезни, без цел, без смисла, без мудрост? | |||
Потоа, дали е логично сите тие да не бидат насочени кон смислениот и задгробен живот, за да ги откријат своите првични цели и да ги дадат плодовите достојни за нив? | |||
Да, можно ли е сето тоа да се изјавува во спротивставеност со вистината, во спротивставеност со карактеристиките на Неговата светост и со Неговите Најубави имиња – Семудриот, Највеликодушниот, Справедливиот, Милостивиот? Не, и никако не! | |||
Или можно ли е Сеславниот да ги побие вистините на целата вселена што укажуваат на Неговите свети карактеристики – мудрост, справедливост, великодушност, милосрдие, и да го отфрли сведоштвото на сите созданија, да го поништи она на кое укажуваат сите творби? Превисоко е Аллах над сето тоа! | |||
И прифатливо ли е за разумот Тој да му даде на човекот оскудна земна награда, мала како влакното, иако му доделил на самиот него и на неговите сетила многубројни задачи и функции, како влакната на неговата глава? Можно ли е Тој да постапи на таков бесмислен и апсурден начин спротивно на Својата вистинска Справедливост и вистинска Мудрост? Пречист е Тој и превисоко е над тоа за кое зборуваат! | |||
Или можно ли е, Сеславниот откривајќи ја Својата апсолутна мудрост, да го поврзе секое живо суштество, дури и секој орган, како јазикот на пример, и дури секое создание, со толку многу мудрости и придобивки колку што се плодовите на секое дрво, а потоа да не му ја подари на човекот вечноста и бесмртноста, да не го удостои со трајното блаженство – со најголемата мудрост, најважната придобивка, најпотребниот резултат, да ја изостави трајноста, средбата со Него и вечната среќа, која мудроста ја претвора во мудрост, блаженството во блаженство, милосрдието во милосрдие, и дури повеќе – коешто е почетен извор и источник на сите мудрости, придобивки, блаженства и милосрдија. Можно ли е Тој да ги изостави, да ги поништи, да ги разбие длабоко во бездната на апсолутната празнотија, да се постави Сам Себеси – Аллах е превисоко над сето тоа! – во позиција на оној кој гради голем дворец извајувајќи на секој камен гравури и декорации, на секој агол – илјадници украси и убавини, во секоја соба – илјадници драгоцени уреди и неопходна опрема, а после да не изгради покрив за заштита на објектот, да се откаже од него и да го остави да се сруши и да се уништи? Бог да чува! Добрата произлегуваат од апсолутното добро, убавината од апсолутната убавина, и следствено, од Апсолутниот Семудар не би можело да произлезе чиста бесмисленост! | |||
Да, секој кој се потпира на историјата и ментално оди во насока на минатото, ќе види толку многу, колку што се и годините, мртви живеалишта, изложби, области, светови слични на земното живеалиште, во областа на тестирањето, на изложбата на нештата во денешната ера. И покрај забележителната разлика меѓу нив по форма и вид, тие си личат во својата организација, по неповторливиот начин на создавање и по изјавувањето на моќта и мудроста на Создателот. | |||
Потоа, во променливите живеалишта, во областите што исчезнуваат, во смртните изложби патникот, доколку не ја изгубил својата визија, низ историјата ќе го забележи светлиот и брилијантен ред на мудроста, очигледните и јавните знаци на грижата, победничките и преовладувачки белези на справедливоста, сестраните плодови на милосрдието. Тоа ќе го натера категорично да се убеди дека не е можно да има посовршена од оваа впечатлива мудрост и не е можно да има поизвонредна од оваа грижа со видливи траги, и не е можно да има поголема од оваа справедливост со јасни црти, и не е можно да има посеопфатно од ова милосрдие со допирливи плодови. | |||
Ако се допушти апсурдот, а имено, дека засекогаш изворниот и вечен Владетел, Кој ги управува сите нешта и постојано ги менува гостите и гостилниците, не поседува во Своето вековечно царство ниту непроменливи живеалишта, ниту возвишени и извишени места, ниту отпорни агли, ниту трајни домови, ниту бесмртни поданици, ниту блажени раби – тогаш би требало да се отфрлат четирите вистини: мудроста, справедливоста, грижата и милосрдието, а тие се моќни и сеопфатни елементи, како светлината, воздухот, водата и земјата, и би требало да се одрече присуството на овие вистини толку видливо, колку што се видливи и споменатите елементи. | |||
< | Така е, затоа што знаеме дека земјата и нејзината содржина не се доволни за да се изјават четирите вистини, и ако не постои друго место достојно за нив, би следувало одрекување на мудроста вложена во сè што е пред нашите очи – а тоа е налудничаво, исто како да се одрече сонцето и неговата светлина која го исполнува денот, и би следувало отфрлување на грижата, постојано набљудувана и во нас самите, и во повеќето работи, отфрлување на справедливоста, јавна и со видливи знаци(<ref>Да, справедливоста се дели на два дела: позитивна и негативна. Позитивната се изразува во обезбедувањето на соодветните права на секој правоимач. Овој дел од справедливоста е целосен и сеопфатен за сè на земјата и е јавен до степен на очигледност. Како што докажавме во „Трета Вистина“, секое нешто со посебна и прецизна мерка, според определени точни услови и критериуми, добива сè што изискува и сè што е потребно за неговото постоење и продолжување на неговиот живот, за сè што го моли Создателот, Носителот на величието, со јазикот на своите вродени способности, на природните потреби и на принудата. Со други зборови, овој дел од справедливоста е видлив, како што се видливи и постоењето и животот.<br> | ||
Што се однесува до негативниот дел, тоа е превоспитување на неправедните, односно владеење на правото преку откривање на одмаздата и казната за нив. Иако оваа негативна страна на справедливоста не се открива јасно во овој свет, сепак се изразуваат нејзините признаци и белези што укажуваат на споменатата вистина. Како пример, можеме да ги посочиме камшикот на казната и шлаканиците на превоспитувањето, што ги снашле народите на Ад и Семуд, па дури и непокорните народи во нашата епоха. Тоа ја разоткрива категоричната хипотеза за доминирањето и господарувањето на врвната справедливост.</ref>) отфрлување и на милосрдието, набљудувано насекаде. Исто така, би следувало Претприемачот на сите овие мудри мерки, Извршителот на сите овие великодушни дела и Носителот на сите овие милосрдни дарови (Не, никако, и повторно никако за сè што е изречено) едноставно да биде сметан за лекомислен и забавен, за вероломен угнетувач, но Аллах е превисоко над сето тоа! Таквото допуштање не е ништо друго освен превртување на вистините во нивната спротивност, коешто е краен апсурд, па дури и глупавите софисти кои го одрекуваат сопственото постоење, не стигнале дотаму да си замислат со толкава леснотија таква невозможна состојба. | |||
</ | |||
'''Резиме:''' Не постои однос или пропорција меѓу опширните собири на животот забележани во земските дела и брзите разделби на смртта, огромните здружувања и моменталните расејувања, впечатливи прослави и прекрасни изјави од една страна, и во минливата реалност меѓу познатите незначителни резултати, патетични и привремени цели и краткотрајно живеење, од друга страна. Комбинацијата на едното и другото со некаква врска и откривањето на пропорција меѓу нив е неприемливо за разумот и не одговара на претставите за мудроста, затоа што е слично на комбинација на многу мало камче и огромни како планини колосални знаења и поуки и големи цели, и на сврзување ситна цел, ништожна, привремена и второстепена како камче, со моќна планина. | |||
Значи, отсуството на таква врска меѓу творбите и нивната состојба, од една страна, и нивните цели поврзани со земскиот живот, од друга страна, категорично сведочат и јасно аргументираат дека овие созданија се свртени кон значенскиот свет. Тие таму ги даваат своите преубави и соодветни плодови. Нивните очи се фокусираат во Најубавите имиња и целите им се сосредоточени во насока на оној свет. И покрај тоа што семињата им се скриени под земјата на земскиот живот, класјето им се покажува во Светот на идеалот. Според своите способности, човекот сее и е посеан овде, а жетвата следува таму, во задгробниот живот. | |||
Да, ако ги погледнеш лицата на творбите, фокусирани кон Најубавите имиња и кон Задгробниот свет, ќе видиш: | |||
Секое семенце, а тоа е чудо на Божјата моќ, содржи толку големи цели, колку и целото дрво. | |||
Секој цвет, а тоа е слово на мудроста(<ref>Ако ме прашаат зошто во повеќето мои примери ги вклучувам цветот, семето и плодот, одговорот е дека тие се најневеројатните и најубавите ремек-дела и чуда на Божјата моќ. Откако заблудените луѓе, природните науки и материјалната филозофија се покажале неспособни да го прочитаат напишаното прецизно писание со моливот на предодреденоста и на моќта, тие се изгубиле по патот, се удавиле во тоа писание и паднале во смрзнатото мочуриште на природата.</ref>) содржи толку огромно значење, колку што се и цветовите на дрвото. | |||
Секој плод, а тој е чудо на творчеството и поема на милосрдието, содржи толку мудрости, колку што има и самото дрво. А, како егзистенција за нас, плодот е само една од илјадниците мудрости, откако ќе ги исполни своите задачи и го предаде своето значење, умира и се погребува во нашите стомаци. | |||
Додека овие минливи работи продолжуваат да ги даваат своите плодови на друго место, да ги оставаат таму своите трајни образи, да ги изразуваат вечните значења, да го споменуваат и слават Создателот со своите вечно постојани похвали, тогаш и човекот следствено се претвора во вистински човек, додека размислува и ги гледа овие лица фокусирани кон вечноста, и во тоа наоѓа пат од минливото кон трајното. | |||
Следствено е поставена друга цел пред овие творби кои се здружуваат и расејуваат во вирот на животот и смртта. Не е грев да се прават споредби: состојбата им личи на условите на изведбата, кога се трошат огромни средства за подготовка на кратки средби и разделби, само за да се фатат слики и тие да обединат во вечен филм, за да бидат постојано проектирани од екранот. | |||
И така, една од целите на животот – и личниот, и општествениот – преку краткиот престој на овој свет е да се направат слики и тие да се комбинираат: да се запишат и овековечат резултатите од делата, за да се даде отчет пред најголемиот собир, тие да бидат покажани на најколосалната проекција, а истовремено, да се подготват сите способности и дарби за најголемата среќа. Оваа вистина е изразена во пророчкиот хадис: „Земниот живот е нива за задгробниот.“ | |||
Штом земниот живот постои реално и во него јасно се видливи трагите на мудроста, грижата, милосрдието и справедливоста, и Задгробниот свет неизбежно постои толку категорично реално и стабилно колку и земниот. Како што крајот на животот и гробот го очекуваат човекот, така го чекаат и очекуваат и Рајот и Пеколот. | |||
=== ЕДИНАЕСЕТТА ВИСТИНА === | |||
'''Вратата на човештвото – изјава на името Вистината (Хак)''' | |||
Можно ли е Сеславниот, Тој – Вистината, Вистински Обожуваниот, да го создаде човекот за да биде најблагородниот раб пред Неговото апсолутно Господарство, најважниот по значење пред Неговото сеопшто господарство над световите, најразбирливиот и најсфатливиот пред Неговите заповеди, со таков извонреден изглед, што станал огледало кое ги комбинира Неговите Најубави имиња во себе, да го покаже Најголемото име и да го открие најголемиот степен на секој од нив... и за да биде најубавото од чудата на Божјата моќ, најбогатите органи и критериуми за проучување и учење на богатствата што се чуваат во складовите на Божјото милосрдие... Созданието со најсилна потреба и неопходност за Неговите безбројни благодати, најболно прифатливото – смртта, најкопнежливото за вечноста, најсиромашното, најбеспомошното, и покрај тоа што гледано од аспект на земниот живот е најстрадалното, од гледна точка на своите природни ресурси е создание со највозвишен облик... Можно ли е тогаш Вистински Обожуваниот да го создаде човекот со ваква природа, а потоа да не го воскресне за она од Домот на вечноста, за кое тој е подготвен и за кое копнее? Да ја откаже човечката вистина и да дејствува во целосна спротивност со Сопствениот закон! | |||
И логично ли е Справедливиот Управител и Апсолутниот Милосрден, Кој на човекот му подарил висока природна способност која му дозволува да носи Најголема одговорност – онаа која небесата, земјата и планините откажале да ја носат... Со други зборови, го создал за да ги запознае, преку своите делумни критериуми и слаби вештини, универзалните и сеопфатни квалитети на својот Создател, Неговите комплексни дела и универзални пројавувања... Оној Кој го создал со облик на најнежното, најбеспомошното и најслабото создание, но му ги потчинил сите растенија и животни и дури го издигнал како таков да ги раководи и организира нивните разновидни богопохвали и богослуженија и да се меша со нив... Оној Кој одредил тој да биде образец, во мали размери, на Божјите дејствија во вселената и да биде портпарол што го најавува со зборови и дела пред сите созданија Неговото пресвето господарување, и дури го удостоил со поистакната положба во споредба со ангелите, издигајќи го до титулата Божји намесник... Можно ли е Сеславниот да го удостои човекот со сите овие функции, а после да не ги реализира неговите цели и да не му ги даде резултатите и плодовите од неговите дела, а имено – вечното блаженство? Да го фрли на дното како најжалосен, најклет, најкукавички и најбеден, и да го претвори во најнесреќното од Своите созданија? Да го претвори човечкиот разум, благословениот блескав дар од Неговата пречиста мудрост и средство за запознавање на блаженството, во механизам за тортура и малтретирање, што е противречно со Неговата апсолутна мудрост и е одрекување на Неговото апсолутно милосрдие? Не, никако! Аллах е превисоко над сето тоа! | |||
'''Резиме:''' Во приказната за офицерот видовме дека неговата лична карта и воена книшка содржат информација за неговиот чин, за должноста, платата, делата и опремата, и стана јасно дека тој не работи за привремениот земски терен, туку за гостопримството и великодушноста на вечното и трајно царство, кон кое ќе отпатува. Слична е судбината на сите луѓе. Истражувачите и пронаоѓачите се едногласни дека нежниот трепет во личната карта на човековото срце, сетилата во бележникот на човековиот разум, органите и додатоците вложени во неговата природа, сите тие заедно се насочени кон вечната среќа, па дури и повеќе – подарени му се на човекот единствено во името на таа вечна среќа. | |||
'' | |||
На пример, ако на човековата имагинација, кое е едно од средствата на разумот и негов илустратор, ѝ биде кажано: „Ќе ти се даде власт на земскиот живот и неговото уредување, заедно со неговата долговечност над еден милион години, но твојот живот неизбежно ќе заврши со пропаст во небитието“, ќе го видиш како стенка и жали (ако не вмешаат прсти заблудата на идеите и страста на душата). Следствено, најголемата смртност – земскиот живот и неговата содржина, не може да го засити и најмалиот човечки инструмент – имагинацијата. | |||
Од ова јасно се гледа дека човекот кој поседува ваква природна способност и кој има имагинација што се простира до вечноста, и има мисли што го опфаќаат универзумот, и желби што се простираат во разновидното вечно блаженство – овој човек е создаден единствено заради бесмртноста и неизбежно ќе отпатува кон него. Следствено, овој земски свет е само привремена гостилница и чекалница за задгробието. | |||
=== ДВАНАЕСЕТТА ВИСТИНА === | |||
'''Врата на Посланието и Откровението''' | |||
'''изјава на „Во името на Семилостивиот, Милосрдниот Аллах“ (Бисмиллахи р-рахмани р-рахим)''' | |||
Можно ли е оној чие слово го поддржале сите праведни светци, поткрепени од своите откритија и чуда, и неговата вистинитост која ја засведочиле сите научници и избраници врз основа на нивните истражувања и анализи... Тоа е Благородниот Пратеник (Аллах да го благослови и со мир да го дари), кој со подарената сила го отворил патот кон задгробието и вратата на рајот, и е удостоен со илјадници негови непогрешливи чуда и со илјадници ајети на непроменливиот Свет Куран, волшебно красноречив во четириесет аспекти. Можно ли е лажни укази, попатетични од крилјата на мувата, да бидат пречка за патот кон задгробието и вратата на Рајот, отворени од овој Благороден Пратеник (Аллах да го благослови и со мир да го дари). | |||
<nowiki>*</nowiki> * * | <nowiki>*</nowiki> * * | ||
Од претходните вистини разбравме дека темата за Воскресението е толку стабилна и моќна вистина, што не е можно да ја разниша никаква сила, дури и да е способна да ја сруши и уништи целата Земјина површина. Тоа е така затоа што Сеславниот и Севишниот Аллах ја утврдува оваа вистина според значењето на сите Свои Најубави имиња и големи атрибути, а Неговиот свет Пратеник (Аллах да го благослови и со мир да го дари), ја потврдува со сите свои чуда и аргументи. И Светиот Куран ја потврдува со сите свои ајети и вистини, и вселената ја засведочува со сите свои креативни ајети и семудри дела. | |||
Можно ли е сите овие созданија (со исклучок на неверниците) да бидат едногласно согласни со Вечнопостоечкиот, Пречист е Тој и Севишен, во однос на вистината за Воскресението, а после да се појави слабо и несреќно сатанско сомневање што ќе ја уништи и сруши оваа висока и непоколеблива вистина? Не, никако! Аллах е превисоко над сето тоа! | |||
Не мисли си дека аргументите за Воскресението се ограничуваат во дванаесетте вистини, кои ние ги истражувавме! На нив нè учи и Светиот Куран, кој исто така укажува на илјадници аспекти и дава силни знаци дека нашиот Творец ќе нè пренесе од Домот на минливоста во Домот на вечноста. | |||
Потоа, никако не мисли дека аргументите за Воскресението се ограничуваат во содржината на истражуваните од нас Најубави имиња – Семудриот (Хаким), Највеликодушниот (Керим), Милосрдниот (Рахим), Справедливиот (Адил) и Пазителот (Хафиз)! Потоа, сите Најубави имиња, кои се појавуваат во владеењето на вселената, го изискуваат и налагаат фактот за постоењето на Задгробниот свет. | |||
Потоа, не мисли дека вселенските ајети што укажуваат на Воскресението, се само оние што ние ги споменавме! Напротив, во повеќето созданија има перспективи и аспекти, што таквите завеси се шират надесно и налево, и како што некој аспект укажува на Сеславниот и Севишниот Творец и сведочи за Неговото постоење, така и друг укажува на Воскресението и дава знак за него. | |||
На пример, совршеното мајсторство вложено во создавањето на човекот со најубавиот можен облик, укажува како на Пречистиот Творец, така и на Воскресението – преку комплексните способности и сили што се содржат во луѓето и што исчезнуваат за краток временски период. Дури ако се погледне на еден аспект од две различни страни, тој така или инаку ќе укажува истовремено и на Создателот, и на Воскресението. | |||
Друг пример: Ако во повеќето работи се забележи суштината на мудриот ред, грижливото украсување, справедливата оценка и милосрдната нежност, ќе стане јасно дека тие произлегуваат од моќната рака на мудар, великодушен, справедлив и милосрден Создател. И ако се забележи величието, силата и радоста на овие големи атрибути и покрај краткиот и оскуден живот на созданијата во земниот свет, преку нив ќе стане јасно присуството на задгробната реалност. | |||
Со други зборови, секое нешто изрекува на свој специфичен јазик и ги упатува другите да изрекуваат: | |||
آمَنْتُ بِاللّٰهِ وبِاليَوْمِ الْآخِرِ | |||
=== ЗАКЛУЧОК === | |||
Претходните дванаесет вистини се потврдуваат заемно, се дополнуваат една со друга, се поддржуваат и се поткрепуваат и крајниот резултат се појаснува врз основа на сите нив како едно цело. Тогаш, кој измамнички предлог може да навлезе во овие дванаесет ѕидови од железо или дијамант, за да ја растресе верата во Воскресението, опкружена со здрава крепосна тврдина? | |||
Ајетов од Куранот | |||
مَا خَلْقُكُمْ وَلَا بَعْثُكُمْ اِلَّا كَنَفْسٍ وَاحِدَةٍ | مَا خَلْقُكُمْ وَلَا بَعْثُكُمْ اِلَّا كَنَفْسٍ وَاحِدَةٍ | ||
известува дека создавањето на целото човештво и неговото воскреснување е толку лесно и обично за Божјата моќ, колку што е и создавањето на еден човек. Да, така е. И бидејќи оваа вистина беше детално разјаснета во мојата студија насловена како Воскресението, кое е дел од посланието Точка од светлината на спознанието за Аллах, тука ќе ја обопштиме само нејзината суштина споменувајќи ги примерите. Кој сака повеќе детали, би можел да обрне внимание на посланието. | |||
На пример: وَلِلّٰهِ الْمَثَلُ الْاَعْلٰ Не се спори дали е дозволено да се даваат примери. Според '''„тајната на просветлувањето“''', како што сонцето со целосна леснотија ја испраќа својата светлина до некој атом, дури тоа да е доброволно, така и со истата леснотија ја испраќа и до безбројните прозрачни објекти. | |||
Според '''„тајната на прозрачноста“''', зеницата на некој прозрачен атом го прифаќа образот на сонцето и тоа е еднакво на истиот ефект на голема морска површина. | |||
Според '''„тајната на доследноста“''', вис- тинскиот брод се движи на истиот начин како што детето ја движи својата играчка слична на брод. | |||
Според '''„тајната на потчинувањето“''', командантот кој го задвижува единствениот војник со командата „Ајде, марш!“, тој ја води целата армија со истите зборови. | |||
Според '''„тајната на рамнотежата“''', ако претпоставиме дека во вселената има исклучително чувствителна вага која реагира на тежината на мал орев, а истовремено е способна да издржи две сонца на своето тежиште, за издигнувањето на едниот тас нагоре и за спуштањето на другиот надолу, ќе бидат потребни едни исти напори како за оревите, така и за сонцата. | |||
Штом меѓу обичните созданија и можните креации, несовршени и смртни, најголемото нешто продолжува да му штети на најмалото, и безброј работи да се манифестираат како една единствена работа поради принципите на '''просветлувањето, прозрачноста, доследноста, потчинувањето и рамнотежата''', би требало пред Апсолутниот Семоќен малото и големото да се еднакви, и воскреснувањето само со еден проглас на еден човек да биде како оној на сите луѓе. Овој заклучок произлегува од тајните на светлите богоизјави на Неговата исклучително совршена, апсолутна, автономна, суштинска моќ на просветлувањето и прозрачноста како елементи на внатрешното лице на работите, доследноста на мудроста и на судбината, потчинувањето на работите пред Неговите креативни повелби, рамнотежата на можните креации, кој овозможува еднаквост на битието и небитието. | |||
Потоа, степените на сила и слабост при дадено нешто зависат од мешањето во него од неговата спротивност. На пример, степените на топлината се резултат на мешањето на студот, нивоата на убавината се раѓаат од мешањето на грдотијата, степените на светлината се плод на навлегувањето на мракот во неа. Но, ако дадено нешто е суштинско и автономно, а не случајно и коинцидентно, тогаш не е можно неговата спротивност да се меша со него, во спротивно неопходно е да се комбинираат двата столба, што е невозможно. Со други зборови, она што е суштинско, автономно и првично, не дозволува достапност на степени. Додека моќта на Апсолутниот Семоќен продолжува да биде суштинска, а не случајна и коинцидентна, како што се можните креации, и апсолутно совршена, дотогаш ќе биде невозможно да ја порази неговата спротивност – слабоста. | |||
Односно, за Носителот на величието создавањето на пролетта е лесно како создавањето на еден цвет, и воскреснувањето на сите луѓе за Него е толку лесно, колку и создавањето на една индивидуа. И обратно, ако нештата се објаснуваат со материјални причини, тогаш создавањето на еден цвет би било толку тешко, колку и создавањето на пролетта. | |||
Сите претходни примери и објаснувања, уште од самиот почеток, сликите и вистините на Воскресението се извадени само од просветленоста на Светиот Куран, и не се ништо друго туку подготовка на душата за предавање, и на срцето – за воспримање. Решавачкиот збор му припаѓа на Светиот Куран. И словото е неговото слово, и речта е неговата реч. Да го чуеме: | |||
فَلِلّٰهِ الْحُجَّةُ الْبَالِغَةُ | فَلِلّٰهِ الْحُجَّةُ الْبَالِغَةُ | ||
فَانْظُرْ اِلٰٓى آثَارِ رَحْمَتِ اللّٰهِ كَيْفَ يُحْيِي الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا اِنَّ ذٰلِكَ لَمُحْيِي الْمَوْتٰى وَهُوَ عَلٰى كُلِّ شَىْءٍ قَد۪يرٌ ❀ قَالَ مَنْ يُحْيِي الْعِظَامَ وَهِىَ رَم۪يمٌ ❀ قُلْ يُحْي۪يهَا الَّذ۪ٓي اَنْشَاَهَٓا اَوَّلَ مَرَّةٍ وَهُوَ بِكُلِّ خَلْقٍ عَل۪يمٌ ❀ يَٓا اَيُّهَا النَّاسُ اتَّقُوا رَبَّـكُمْ اِنَّ زَلْزَلَةَ السَّاعَةِ شَىْءٌ عَظ۪يمٌ ❀ يَوْمَ تَرَوْنَهَا تَذْهَلُ كُلُّ مُرْضِعَةٍ عَمَّٓا اَرْضَعَتْ وَتَضَعُ كُلُّ ذَاتِ حَمْلٍ حَمْلَهَا وَتَرَى النَّاسَ سُكَارٰى وَمَا هُمْ بِسُكَارٰى وَلٰكِنَّ عَذَابَ اللّٰهِ شَد۪يدٌ ❀ اَللّٰهُ لَٓااِلٰهَ اِلَّاهُوَ لَيَجْمَعَنَّكُمْ اِلٰى يَوْمِ الْقِيٰمَةِ لَا رَيْبَ ف۪يهِ وَمَنْ اَصْدَقُ مِنَ اللّٰهِ حَد۪يثًا | |||
فَانْظُرْ اِلٰٓى آثَارِ رَحْمَتِ اللّٰهِ كَيْفَ يُحْيِي الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا اِنَّ ذٰلِكَ لَمُحْيِي الْمَوْتٰى وَهُوَ عَلٰى كُلِّ شَىْءٍ قَد۪يرٌ ❀ قَالَ مَنْ يُحْيِي الْعِظَامَ وَهِىَ رَم۪يمٌ ❀ قُلْ يُحْي۪يهَا الَّذ۪ٓي اَنْشَاَهَٓا اَوَّلَ مَرَّةٍ وَهُوَ بِكُلِّ خَلْقٍ عَل۪يمٌ ❀ يَٓا اَيُّهَا النَّاسُ اتَّقُوا رَبَّـكُمْ اِنَّ زَلْزَلَةَ السَّاعَةِ شَىْءٌ عَظ۪يمٌ ❀ يَوْمَ تَرَوْنَهَا تَذْهَلُ كُلُّ مُرْضِعَةٍ عَمَّٓا اَرْضَعَتْ وَتَضَعُ كُلُّ ذَاتِ حَمْلٍ حَمْلَهَا وَتَرَى النَّاسَ سُكَارٰى وَمَا هُمْ بِسُكَارٰى وَلٰكِنَّ عَذَابَ اللّٰهِ شَد۪يدٌ ❀ اَللّٰهُ لَٓااِلٰهَ اِلَّاهُوَ لَيَجْمَعَنَّكُمْ اِلٰى يَوْمِ | |||
❀ اِنَّ الْاَبْرَارَ لَف۪ي نَع۪يمٍ ❀ وَ اِنَّ الْفُجَّارَ لَف۪ي جَح۪يمٍ ❀ | ❀ اِنَّ الْاَبْرَارَ لَف۪ي نَع۪يمٍ ❀ وَ اِنَّ الْفُجَّارَ لَف۪ي جَح۪يمٍ ❀ | ||
اِذَا زُلْزِلَتِ الْاَرْضُ زِلْزَالَهَا ❀ وَاَخْرَجَتِ الْاَرْضُ اَثْقَالَهَا ❀ وَقَالَ الْاِنْسَانُ مَالَهَا ❀ يَوْمَئِذٍ تُحَدِّثُ اَخْبَارَهَا ❀ بِاَنَّ رَبَّكَ اَوْحٰى لَهَا ❀ يَوْمَئِذٍ يَصْدُرُ النَّاسُ اَشْتَاتًا لِيُرَوْا اَعْمَالَهُمْ ❀ فَمَنْ يَعْمَلْ مِثْقَالَ ذَرَّةٍ خَيْرًا يَرَهُ ❀ وَمَنْ يَعْمَلْ مِثْقَالَ ذَرَّةٍ شَرًّا يَرَهُ ❀ | اِذَا زُلْزِلَتِ الْاَرْضُ زِلْزَالَهَا ❀ وَاَخْرَجَتِ الْاَرْضُ اَثْقَالَهَا ❀ وَقَالَ الْاِنْسَانُ مَالَهَا ❀ يَوْمَئِذٍ تُحَدِّثُ اَخْبَارَهَا ❀ بِاَنَّ رَبَّكَ اَوْحٰى لَهَا ❀ يَوْمَئِذٍ يَصْدُرُ النَّاسُ اَشْتَاتًا لِيُرَوْا اَعْمَالَهُمْ ❀ فَمَنْ يَعْمَلْ مِثْقَالَ ذَرَّةٍ خَيْرًا يَرَهُ ❀ وَمَنْ يَعْمَلْ مِثْقَالَ ذَرَّةٍ شَرًّا يَرَهُ ❀ | ||
اَلْقَارِعَةُ ❀ مَا الْقَارِعَةُ ❀ وَمَٓا اَدْرٰيكَ مَا الْقَارِعَةُ ❀ يَوْمَ يَكُونُ النَّاسُ كَالْفَرَاشِ الْمَبْثُوثِ ❀ وَتَكُونُ الْجِبَالُ كَالْعِهْنِ الْمَنْفُوشِ ❀ فَاَمَّا مَنْ ثَقُلَتْ مَوَاز۪ينُهُ ❀ فَهُوَ ف۪ي عِيشَةٍ رَاضِيَةٍ ❀ وَاَمَّا مَنْ خَفَّتْ مَوَازِينُهُ ❀ فَاُمُّهُ هَاوِيَةٌ ❀ وَمَٓا اَدْرٰيكَ مَاهِيَهْ ❀ نَارٌ حَامِيَةٌ | |||
اَلْقَارِعَةُ ❀ مَا الْقَارِعَةُ ❀ وَمَٓا اَدْرٰيكَ مَا الْقَارِعَةُ ❀ يَوْمَ يَكُونُ النَّاسُ كَالْفَرَاشِ الْمَبْثُوثِ ❀ وَتَكُونُ الْجِبَالُ كَالْعِهْنِ الْمَنْفُوشِ ❀ فَاَمَّا مَنْ ثَقُلَتْ مَوَاز۪ينُهُ ❀ فَهُوَ ف۪ي عِيشَةٍ رَاضِيَةٍ ❀ وَاَمَّا مَنْ خَفَّتْ مَوَازِينُهُ ❀ فَاُمُّهُ | |||
❀ وَ لِلّٰهِ غَيْبُ السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَمَٓا اَمْرُ السَّاعَةِ اِلَّا كَلَمْحِ الْبَصَرِ اَوْ هُوَ اَقْرَبُ اِنَّ اللّٰهَ عَلٰى كُلِّ شَىْءٍ قَد۪يرٌ ❀ | ❀ وَ لِلّٰهِ غَيْبُ السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَمَٓا اَمْرُ السَّاعَةِ اِلَّا كَلَمْحِ الْبَصَرِ اَوْ هُوَ اَقْرَبُ اِنَّ اللّٰهَ عَلٰى كُلِّ شَىْءٍ قَد۪يرٌ ❀ | ||
Да ги чуеме овие јасни стихови од Куранот и да речеме: „Поверувавме и се убедивме!“ | |||
آمَنْتُ بِاللّٰهِ وَمَلٰئِكَتِهِ وَكُتُبِهِ وَرُسُلِهِ وَالْيَوْمِ الْآخِرِ وَبِالْقَدَرِ خَيْرِهِ وَشَرِّهِ مِنَ اللّٰهِ تَعَالٰى وَالْبَعْثُ بَعْدَ الْمَوْتِ حَقٌّ وَاَنَّ الْجَنَّةَ حَقٌّ وَالنَّارَ حَقٌّ وَاَنَّ الشَّفَاعَةَ حَقٌّ وَاَنَّ مُنْكَرًا وَنَكِيرًا حَقٌّ وَاَنَّ اللّٰهَ يَبْعَثُ مَنْ فِي الْقُبُورِ | آمَنْتُ بِاللّٰهِ وَمَلٰئِكَتِهِ وَكُتُبِهِ وَرُسُلِهِ وَالْيَوْمِ الْآخِرِ وَبِالْقَدَرِ خَيْرِهِ وَشَرِّهِ مِنَ اللّٰهِ تَعَالٰى وَالْبَعْثُ بَعْدَ الْمَوْتِ حَقٌّ وَاَنَّ الْجَنَّةَ حَقٌّ وَالنَّارَ حَقٌّ وَاَنَّ الشَّفَاعَةَ حَقٌّ وَاَنَّ مُنْكَرًا وَنَكِيرًا حَقٌّ وَاَنَّ اللّٰهَ يَبْعَثُ مَنْ فِي الْقُبُورِ | ||
اَشْهَدُ اَنْ لَااِلٰهَ اِلَّااللّٰهُ وَاَشْهَدُ اَنَّ مُحَمَّدًا رَسُولُ اللّٰهِ | اَشْهَدُ اَنْ لَااِلٰهَ اِلَّااللّٰهُ وَاَشْهَدُ اَنَّ مُحَمَّدًا رَسُولُ اللّٰهِ | ||
اَللّٰهُمَّ صَلِّ عَلٰى اَلْطَفِ وَاَشْرَفِ وَاَكْمَلِ وَاَجْمَلِ ثَمَرَاتِ طُوبَاءِ رَحْمَتِكَ الَّذِي اَرْسَلْتَهُ رَحْمَةً لِلْعَالَمِينَ وَوَسِيلَةً لِوُصُولِنَا اِلٰى اَزْيَنِ وَاَحْسَنِ وَاَجْلٰى وَاَعْلٰى ثَمَرَاتِ تِلْكَ الطُّوبَاءِ الْمُتَدَلِّيَةِ عَلٰى دَارِ الْآخِرَةِ اَىِ الْجَنَّةِ ❀ اَللّٰهُمَّ اَجِرْنَا وَاَجِرْ وَالِدَيْنَا مِنَ النَّارِ وَاَدْخِلْنَا وَاَدْخِلْ وَالِدَيْنَا الْجَنَّةَ مَعَ الْاَبْرَارِ بِجَاهِ نَبِيِّكَ الْمُخْتَارِ آمِينَ | اَللّٰهُمَّ صَلِّ عَلٰى اَلْطَفِ وَاَشْرَفِ وَاَكْمَلِ وَاَجْمَلِ ثَمَرَاتِ طُوبَاءِ رَحْمَتِكَ الَّذِي اَرْسَلْتَهُ رَحْمَةً لِلْعَالَمِينَ وَوَسِيلَةً لِوُصُولِنَا اِلٰى اَزْيَنِ وَاَحْسَنِ وَاَجْلٰى وَاَعْلٰى ثَمَرَاتِ تِلْكَ الطُّوبَاءِ الْمُتَدَلِّيَةِ عَلٰى دَارِ الْآخِرَةِ اَىِ الْجَنَّةِ ❀ اَللّٰهُمَّ اَجِرْنَا وَاَجِرْ وَالِدَيْنَا مِنَ النَّارِ وَاَدْخِلْنَا وَاَدْخِلْ وَالِدَيْنَا الْجَنَّةَ مَعَ الْاَبْرَارِ بِجَاهِ نَبِيِّكَ الْمُخْتَارِ آمِينَ | ||
'''Брату, ти кој го читаш ова послание без предупредување,''' | |||
''' | |||
не кажувај: „Зошто не можам да го опфатам и да го разберам во целост ова Десетто Слово?“ Не огорчувај се и не грижи се за тоа дека не ти е разбирливо докрај. Генијални филозофи, на пример како што е Ибн Сина, рекле: اَلْحَشْرُ لَيْسَ عَلٰى مَقَايِيسَ عَقْلِيَّةٍ . Односно, едноставно, веруваме во него затоа што не е можно преку разумот да се проследи неговиот пат и да се испита неговата длабочина. Така и исламските научници стигнале до едногласното мислење дека прашањето со воскреснувањето носи карактер на даденост, односно неговите аргументи се предаваат по традиција и се прифаќаат на доверба затоа што не подлежат на осознавање со рационални средства. Пат, кој се намалува во далечина, а истовремено се извишува во врвовите, не може да биде лек и јавно достапен за секој што тргнал по него. | |||
Но, преку просветлението на Светиот Куран и со милоста на Милосрдниот Творец, ние бевме удостоени со благодатот да одиме по овој извишен и длабок пат во време која ја руши традицијата и ги отфрлува послушноста и предавањето. Не ни преостанува ништо друго освен да Му искажеме илјадници благодарности на Семожниот и Великиот Создател за Неговото сеопшто добротворство и колосална великодушност, затоа што тоа е доволно за спасение на нашата вера и за зачувување на нејзината целост. Треба да сме задоволни од обемот на своето знаење и да го прошируваме со уште повеќе читање. | |||
Една од тајните причини, поради кои разумот е неспособен да го разбере прашањето за Воскресението, е дека Најголемиот собир (Хашр-и Аазам) е изјава на Најголемото име (Исм-и Аазам). Затоа, имено, размислувањето и покажувањето на големите дела што произлегуваат од изјавата на Најголемото име и на најголемата од степените на секое едно од Најубавите имиња, го прават утврдувањето на Најголемиот собир лесно и категорично, слично на заклучокот дека пролетта постои. Тоа води до непоколеблива послушност и до вистинска вера. | |||
На ваков начин, во ова Десетто Слово Воскресението се открива и се појаснува преку просветлувањето на Светиот Куран. Инаку, ако разумот се базираше единствено на своите слаби критериуми, тој би останал беспомошен и би морало да настојува на традицијата. | |||
<nowiki>*</nowiki> * * | <nowiki>*</nowiki> * * | ||
== Дополнение кон Послание за Воскресението ПРВ ДЕЛ од важното дополнение на Десетто Слово == | |||
بِسْمِ اللّٰهِ الرَّحْمٰنِ الرَّحِيمِ | بِسْمِ اللّٰهِ الرَّحْمٰنِ الرَّحِيمِ | ||
فَسُبْحَانَ اللّٰهِ ح۪ينَ تُمْسُونَ وَح۪ينَ تُصْبِحُونَ وَلَهُ الْحَمْدُ فِي السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَعَشِيًّا وَح۪ينَ تُظْهِرُونَ ❀ يُخْرِجُ الْحَىَّ مِنَ الْمَيِّتِ وَيُخْرِجُ الْمَيِّتَ مِنَ الْحَىِّ وَيُحْيِي الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا وَكَذٰلِكَ تُخْرَجُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ٓ أَنْ خَلَقَكُمْ مِنْ تُرَابٍ ثُمَّ اِذَٓا أَنْتُمْ بَشَرٌ تَنْتَشِرُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ٓ أَنْ خَلَقَ لَكُمْ مِنْ أَنْفُسِكُمْ أَزْوَاجًا لِتَسْكُنُٓوا إِلَيْهَا وَجَعَلَ بَيْنَكُمْ مَوَدَّةً وَرَحْمَةً إِنَّ ف۪ي ذٰلِكَ لَاٰيَاتٍ لِقَوْمٍ يَتَفَكَّرُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ خَلْقُ السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَاخْتِلَافُ أَلْسِنَتِكُمْ وَأَلْوَانِكُمْ اِنَّ ف۪ي ذٰلِكَ لَاٰيَاتٍ لِلْعَالِم۪ينَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ مَنَامُكُمْ بِالَّيْلِ وَالنَّـهَارِ وَابْتِغَٓاؤُكُمْ مِنْ فَضْلِـه۪ اِنَّ ف۪ي ذٰلِكَ لَاٰيَاتٍ لِقَوْمٍ يَسْمَعُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ يُر۪يكُمُ الْبَرْقَ خَوْفًا وَطَمَعًا وَيُنَزِّلُ مِنَ السَّمَٓاءِ مَٓاءً فَيُحْيِي بِهِ الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا اِنَّ ف۪ي ذٰلِكَ لَاٰيَاتٍ لِقَوْمٍ يَعْقِلُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ٓ اَنْ تَقُومَ السَّمَٓاءُ وَالْاَرْضُ بِأَمْرِه۪ ثُمَّ اِذَا دَعَاكُمْ دَعْوَةً مِنَ الْاَرْضِ اِذَٓا أَنْتُمْ تَخْرُجُونَ ❀ وَلَهُ مَنْ فِي السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ كُلٌّ لَهُ قَانِتُونَ ❀ وَهُوَ الَّذ۪ي يَبْدَؤُا الْخَلْقَ ثُمَّ يُع۪يدُهُ وَهُوَ أَهْوَنُ عَلَيْهِ وَلَهُ الْمَثَلُ الْاَعْلٰى فِي السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَهُوَ الْعَز۪يزُ الْحَك۪يمُ | |||
فَسُبْحَانَ اللّٰهِ ح۪ينَ تُمْسُونَ وَح۪ينَ تُصْبِحُونَ وَلَهُ الْحَمْدُ فِي السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَعَشِيًّا وَح۪ينَ تُظْهِرُونَ ❀ يُخْرِجُ الْحَىَّ مِنَ الْمَيِّتِ وَيُخْرِجُ الْمَيِّتَ مِنَ الْحَىِّ وَيُحْيِي الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا وَكَذٰلِكَ تُخْرَجُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ٓ أَنْ خَلَقَكُمْ مِنْ تُرَابٍ ثُمَّ اِذَٓا أَنْتُمْ بَشَرٌ تَنْتَشِرُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ٓ أَنْ خَلَقَ لَكُمْ مِنْ أَنْفُسِكُمْ أَزْوَاجًا لِتَسْكُنُٓوا إِلَيْهَا وَجَعَلَ بَيْنَكُمْ مَوَدَّةً وَرَحْمَةً إِنَّ ف۪ي ذٰلِكَ لَاٰيَاتٍ لِقَوْمٍ يَتَفَكَّرُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ خَلْقُ السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَاخْتِلَافُ أَلْسِنَتِكُمْ وَأَلْوَانِكُمْ اِنَّ ف۪ي ذٰلِكَ لَاٰيَاتٍ لِلْعَالِم۪ينَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ مَنَامُكُمْ بِالَّيْلِ وَالنَّـهَارِ وَابْتِغَٓاؤُكُمْ مِنْ فَضْلِـه۪ اِنَّ ف۪ي ذٰلِكَ لَاٰيَاتٍ لِقَوْمٍ يَسْمَعُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ يُر۪يكُمُ الْبَرْقَ خَوْفًا وَطَمَعًا وَيُنَزِّلُ مِنَ السَّمَٓاءِ مَٓاءً فَيُحْيِي بِهِ الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا اِنَّ ف۪ي ذٰلِكَ لَاٰيَاتٍ لِقَوْمٍ يَعْقِلُونَ ❀ وَمِنْ آيَاتِـه۪ٓ اَنْ تَقُومَ السَّمَٓاءُ وَالْاَرْضُ بِأَمْرِه۪ ثُمَّ اِذَا دَعَاكُمْ دَعْوَةً مِنَ الْاَرْضِ اِذَٓا أَنْتُمْ تَخْرُجُونَ ❀ وَلَهُ مَنْ فِي السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ كُلٌّ لَهُ قَانِتُونَ ❀ وَهُوَ الَّذ۪ي يَبْدَؤُا الْخَلْقَ ثُمَّ يُع۪يدُهُ وَهُوَ أَهْوَنُ عَلَيْهِ وَلَهُ الْمَثَلُ الْاَعْلٰى فِي السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَهُوَ الْعَز۪يزُ الْحَك۪يمُ | |||
Во овој Деветти Одблесок ќе откриеме силен аргумент и големо образложение од оние што се дадени во горните стихови од Куранот, од возвишените и свети докази што ги докажуваат оската и столбовите на верата – Воскресението. | |||
Пројавата на нежна Господова грижа е тоа што пред триесет години на крајот од неговата работа, Пресудата, претходник на толкувањето на Куранот, насловена како Знаци на божественоста во првите стихови од лаконизмот, „Стариот Саид“ напишал: | |||
نَخُو بِسْمِ اللّٰهِ الرَّحْمٰنِ الرَّحِيمِ | |||
Но, тука се запишани само почетните зборови: „Во името на Аллах, Семилостивиот, Милосрдниот!“ и се запира без да се продолжи понатаму. Онолку благодарности кон Великодушниот Творец и онолку пати признанија кон Него колку што се аргументите и стиховите на Воскресението, што ми даде можност триесет години подоцна да ја реализирам својата замисла и да го појаснам толкувањето. Пречистиот и Севишниот Аллах ми подари благодат преку толкувањето на првиот ајет (стих) од споменатите два стиха: | |||
فَانْظُرْ اِلٰٓى آثَارِ رَحْمَتِ اللّٰهِ كَيْفَ يُحْيِي الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا اِنَّ ذٰلِكَ لَمُحْيِي الْمَوْتٰى وَهُوَ عَلٰى كُلِّ شَىْءٍ قَد۪يرٌ | |||
Тоа се случи девет-десет години по пишувањето на гореспоменатите зборови и двата блескави и силни аргументи – Десетто Слово и Дваесет и деветто Слово, ги натераа да онемат оние што го одрекуваат и го отфрлуваат Воскресението. | |||
Девет-десет години подоцна, откако беше појаснет споменатиот ајет од Куранот – овој силен свод на Воскресението, Пречистиот и Севишен Аллах ми даде просветлување и ме удостои со благодат преку толкувањето на ајетите, кои стојат во центарот на овој Деветти Одблесок. Ова послание, кое започнува со важен вовед, се состои од девет возвишени состојби што се основаат на кажаното во текстот од Куранот. | |||
=== ВОВЕД === | |||
Овој вовед се состои од две точки. Прво, накратко ќе споменеме еден комплексен резултат од многубројните животни последици и духовни придобивки од убеденоста во Воскресението откако ќе појасниме колку е тоа неопходно за човековиот, а особено за социјалниот живот. | |||
Исто така, ќе цитираме еден целосен аргумент од редицата аргументи како поддршка на уверливата вера во Воскресението откривајќи колку јасно и очигледно е тоа, непречено од двоумења и сомнежи. | |||
==== ПРВА ТОЧКА ==== | |||
Ќе посочиме четири аргументи како примери и модел за споредба на стотици аргументи во верувањето дека убеденоста во постоењето на Задгробниот свет е основа на основите за социјалниот и индивидуалниот живот на човекот и фундамент на сите негови вештини и идеали, на неговата целосна среќа. | |||
'''Прв аргумент:''' Децата, кои по бројност претставуваат половина од човештвото, се способни да поднесат состојби што се очигледно болни и мачни – смрт, погреб – единствено преку духовната сила, која тие ја откриваат во себе, во својата нежна и кревка суштина, и која произлегува од верата во Рајот, поништувајќи ја блескавата врата на надежта пред нивната слаба природа, неспособна да се спротивставува и да се противи, и затоа се расплакуваат и за најмала работа. Преку верата тие можат да живеат во радост и веселие. Детето што верува во Рајот, вели: „Мојот мал брат или сакан пријател што почина, сега станал рајска птица, и значи сега оди каде сака во Рајот, и живее подобро од нас, попријатно.“ | |||
Инаку, да не постоеше оваа вера, смртта која ги погодува и децата и возрасните, би ја уништила духовната моќ на беспомошните и немоќни деца, би им го уништил внатрешниот свет, би им го уништил и би им го огорчил животот. Тогаш, заедно со нивните очи би плачеле и сите нивни телесни органи и природни ресурси – духот, срцето, разумот и нивните восприемања, или би умреле; и чувствата би се изгубиле, или децата би се претвориле во заблудени и злобни животни. | |||
'''Втор аргумент:''' Возрасните луѓе, кои сочинуваат една половина од човештвото, ги поднесуваат и ги трпат незгодите пред прагот на гробот само преку верата во задгробието и единствено преку неа наоѓаат сили и утеха пред истребувањето на свеќата на нивниот драгоцен живот, и пред треснувањето на вратата на нивниот сладок и убав земски живот. Само преку надежта во задгробниот живот овие старци, кои се претвориле во деца и придобиле остра чувствителност во својот дух и природа, трпеливо го пречекуваат болниот и убиствен очај како резултат на смртта и истребувањето. | |||
Инаку, ако не постоеше оваа вера во задгробието, возрасните мајки и татковци, кои најмногу заслужуваат сочувство и сомилост и имаат потреба од спокојство, безгрижност и ведар живот, би почувствувале духовен колапс, збунетост во душата и тревога во срцето, земјата би се стеснила за нив и покрај својот простор и би се претворила во мрачен и ужасен затвор, а животот би станал болна и жестока мака. | |||
'''Трет аргумент:''' Младите луѓе и адолесцентите, кои се оска на социјалниот живот, се воздржуваат само од стравот од Пеколниот оган. Тој им ги успокојува поривите на чувствата, ги запира од нарушување на нормите и достигнување изливи на угнетување и штета, не им дозволува да ги следат лекомисленоста и склоностите на нивните души, го гарантира најдоброто поведение во нивните социјални контакти. | |||
Ако не постоеше овој страв од мачењето во Пеколот, невнимателните адолесценти опијанети од нивните ниски страсти, би станале пеколен оган, жесток над слабите и над старите луѓе според принципот на владеењето на силниот, а возвишената човечка реалност би била сведена на подмолна црвоточина. | |||
'''Четврти аргумент:''' Семејниот живот е обединувачки центар и централен дел на земното битие. Тој е неговата рајска среќа, здрава тврдина и сигурно засолниште. Домот на секој човек е негов личен свет и сопствена територија. Не постои поинаква среќа за духот на семејниот живот, освен преку сериозниот заемен почит и чистата посветеност на сите, искреното сочувство и милосрдие, кои стигнуваат до граница на готовност за жртвување и себеоддавање. Вакви односи се постигнуваат само преку верата, дека постојат врски на вечно пријателство, на долготрајна дружба, на бесмртна заемност во време без крај и под сенката на животот без граници, поврзан со односите на завидно и чесно татковство, чисто и искрено братство, верно и оддадено пријателство, така што сопругот вели: | |||
„Мојата сопруга ми е другарка во овие дни и сопатничка во светот на вечноста и бесмртниот живот. Не е проблем што сега станала грда или стара жена, затоа што таа има вечна убавина која ќе настапи во иднина. Готов сум да ѝ дадам сè што бараат оддаденоста и милоста, и ќе жртвувам сè што бара вечното пријателство.“ Така мажот може да таи љубов и милост кон својата возрасна сопруга, како што таи чувства кон рајските деви. | |||
Инаку, формално другарство и пријателство, кое трае час или два и е проследено со вечна разделба и прекинување на врска засекогаш, носи надворешен карактер, нема солидна основа и поддршка и е способно да генерира само симболична милосрдност, вештачки почит и благонаклоност, прикривање на животинските инстинкти во склоп со мешањето и доминацијата на интересите и духовните страсти во оваа милосрдност и почит. Тогаш земскиот рај се претвора во неподнослив пекол. | |||
И така, ако со гореспоменатите четири аргументи се спореди дури и само еден резултат од верата во Воскресението меѓу другите стотици резултати поврзани со социјалниот живот на човекот и што се однесуваат на него, ќе се разбере дека вистината за Воскресението ќе се случи и ќе стане реалност, и тоа е толку категорична веродостојност, колку што се веродостојни и возвишената вистина за човекот и неговите универзални потреби. Дури тоа е поочигледно аргументирано и појасно засведочено, отколку фактот за присуството на храна и производи, пронајдени во неговите стомачни потреби. | |||
Степенот на реализирање на оваа вистина, Воскресението, може да се оцени уште подлабоко и во поголем степен, ако е лишен од човечкиот елемент чија суштина е возвишена, значајна и од животно значење, но тогаш би се спуштила до распаднат труп и засолниште за микроби и бактерии. | |||
Нека чујат социолозите, политиколозите и специјалистите по етика што се интересираат од делата на човекот, од моралот и од општествениот му живот, нека дојдат и нека објаснат со што ќе ја наполнат оваа празнина, со што ќе ги лекуваат и поврзат овие длабоки рани. | |||
==== ВТОРА ТОЧКА ==== | |||
Оваа точка сосема накратко појаснува само еден аргумент меѓу безбројните други во корист на вистината за Воскресението. Тој произлегува од суштината на сведоштвото, дадени од останатите столбови на верата. | |||
Сите чуда што го докажуваат посланието на нашиот водич Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари), заедно со сите други аргументи во поддршка на неговата пророчка мисија, и сите аргументи што ја мотивираат неговата праведност, истовремено и комплексно ја засведочуваат вистината за Воскресението, ја посочуваат и ја потврдуваат, затоа што преку целиот свој благословен живот Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари), повикува прво кон еднобожието, па потоа се сосредоточува кон Воскресението. Сите негови чуда и аргументи, кои ја докажуваат праведноста на пророците пред него, мир над нив, и ги поттикнуваат другите луѓе да им веруваат, ја засведочуваат истата вистина – Воскресението. | |||
Така и вербата во وَبِرُسُلِهِ , задолжително проследена со верата во وَبِكُتُبِهِ , ја засведочува оваа вистина. | |||
Светиот Куран, носител на чудотворно красноречие, го засведочува и докажува со сите свои чуда, аргументи и вистини, го потврдува неговата праведност дека Воскресението навистина ќе се случи. Една третина од целокупниот текст на Светиот Куран и почетокот на поголемиот дел од кратките сури содржат јасни стихови за Воскресението. Односно, со илјадници свои стихови, директно или индиректно, Светиот Куран ја претскажува истата вистина, јавно ја потврдува и очигледно ја открива, на пример: | |||
❀ اِذَا الشَّمْسُ كُوِّرَتْ ❀ يَٓا أَيُّهَا النَّاسُ اتَّقُوا رَبَّـكُمْ اِنَّ زَلْزَلَةَ السَّاعَةِ شَىْءٌ عَظ۪يمٌ ❀ اِذَا زُلْزِلَتِ الْاَرْضُ زِلْزَالَهَا ❀ اِذَا السَّمَٓاءُ انْفَطَرَتْ ❀ اِذَا السَّمَٓاءُ انْشَقَّتْ ❀ عَمَّ يَتَسَٓاءَلُونَ ❀ هَلْ أَتٰيكَ حَد۪يثُ الْغَاشِيَةِ | |||
Со горенаведените стихови и сличните на нив, во почетокот на три-четириесет сури Светиот Куран докажува дека нема сомнеж во настапувањето на Воскресението, дека тоа е настан од исклучителна важност за вселената, и дека нужно и неизбежно ќе се случи. Други стихови објаснуваат различни аргументи во поддршка на оваа вистина. | |||
Ако само еден збор од само еден стих на некоја книга пред нашите очи ги дава плодовите на научните и космичките вистини, познати како исламски науки, тогаш што преостанува за сведоштвото на илјадниците стихови и аргументи на оваа книга, кои сјајно и јасно ја објаснуваат вербата во Воскресението, небаре се сонце? Отфрлувањето на оваа верба не е ли нешто слично на негирањето на сонцето, и дури на целата вселена? Зар не е тоа илјадапати заблуда и апсурдност? | |||
Можно ли е илјадниците ветувања и предупредувања, изречени од моќен и голем владетел, да бидат сметани за лага или невистина, штом се случува цела армија да стапи во битка за да не се смета за измама дури само еден гест на некој султан? | |||
Тогаш што преостанува за големиот духовен Владетел, чиешто управување и господарување трае тринаесет века без прекин – и кој, според праведноста и вистината, воспитал, прочистил и управувал безбројни духови, умови, срца и души, и како е можно само еден стих од него да не е доволен за да се потврди вистината за Воскресението? А, дадени се илјадници јасни докази што го потврдуваат тоа, и не е ли неук будала оној што не ја сфаќа ваквата очигледна вистина? И не е ли апсолутна справедливост тој да биде фрлен во Огнот? | |||
Потоа, Сите небесни писанија и свети книги, секоја од нив што господарувала во определена епоха и за одреден временски период, со илјадници аргументи ги потврдиле тврдењата на Светиот Куран во однос на вистината за Воскресението, и покрај тоа што нивното толкување е кратко и лаконски според времето и епохата. Оваа категорична вистина е објаснета подетално и со сеопфатна јасност од Светиот Куран, кој царува над сите претходни епохи и господарува во целата иднина. | |||
Тука ќе го вклучиме текстот од крајот на нашето Послание за лична исповед, доколку е во согласност со темата на оваа студија. Овој категоричен аргумент дава резиме за Воскресението и произлегува од сведоштвото на сите столбови на верата и од нивните докази за верата во Судниот ден, особено верата во пратениците на Аллах и во Писанијата. Текстот е лаконски и краток, и во форма на исповед, но тој ги расејува заблудите и сомнежите: | |||
„Еј, Милосрден Господару мој, од учењето на Пратеникот (Аллах да го благослови и со мир да го дари), и од лекциите од Семудриот Куран разбрав и сфатив дека сите свети Писанија, на чело со Великодушниот Куран и сите пророци, мир над нив, на чело со најистакнатиот Пратеник (Аллах да го благослови и со мир да го дари), едногласно и безусловно укажуваат, сведочат и докажуваат дека пројавувањата на Најубавите имиња – носители на големина и убавина, кои имаат видливи траги и во земниот живот, и во сите светови, ќе останат блескави и светли за век и веков. И дека нивните пројавувања – носители на милосрдие, и нивните дарови – примери кои се набљудуваат насекаде низ овој минлив свет, ќе ги дадат своите најсветли плодови, ќе сјаат во својот најголем блесок и засекогаш ќе останат во Домот на среќата. И дека оние што во својот краток земски живот им се насладуваат и копнеат по нив со тага и јад, ќе ги придружат и проследат со љубов до вечноста, и таму ќе бидат бесмртни. | |||
И дека сите пророци – носители на светол дух, на чело со истакнатиот Пратеник (Аллах да го благослови и со мир да го дари), и сите светци – столбови со осветлени срца, и сите искрено побожни луѓе – извори на прониклив блескав ум, сите тие цврсто и длабоко веруваат во Воскресението, го засведочуваат, на човештвото му проповедаат за вечната среќа, ги предупредуваат заблудените дека чекорат кон Огнот, на напатените им соопштуваат дека ги очекува Рајот. Тие го прават тоа потпирајќи се на очигледни чуда и категорични стихови, и на илјадниците ветувања и закани, кој Ти, Милосрден Господару мој, многупати Си ги споменал во сите небесни Писанија и свети Книги. Се засноваат и на моќта на Твоето величие, на власта на Твоето господарување, на Твоите колосални дела, на Твоите пречисти атрибути: моќ, милосрдност, грижа, мудрост, величие, убавина. Исто така, тие се потпираат и на сопствените безброј визии и откровенија, кои ги откриваат признаците и белезите на Задгробниот свет. Истовремено се потпираат на својата категорична вера и убедување до степен на веродостојно знаење и очигледна веродостојност. | |||
О, Семожен... О, Семудар... О, Семилостив... О, Сеправеден во Своето ветување... О, Носителу на силата, моќта и славата... О, Сепобедлив владетелу на величието, Ти си пресвет и пречист, превисоко стоиш за да ги обвиниш сите овие луѓе и сите Свои ветувања, големи атрибути и пресвети дела; да ги побиеш или да не го допуштиш она што се бара категорично од владеењето на Твоето господарување, не одговарајќи на молбите што доаѓаат од Твоите обични и праведни слуги вљубени во Тебе, што Твојата љубов ја добиле со вера, потврда и послушност. Пречист си Ти и превисок за да ги потврдиш зборовите на заблудените и неверниците што го негираат Воскресението – оние што со својата надменост и непокорство Те негираат и на Твоите ветувања се поставуваат над Твојата големина и колосалност, и ја занемаруваат силата на Твојата моќ, големината на Твојата божественост, сочувството на Твоето господарување. | |||
Ние безгранично и бескрајно ја почитуваме светоста на Твојата апсолутна справедливост и убавина и сеопфатното Ти милосрдие, и Те сметаме за пречист од такво неопределено угнетување и дрскост. | |||
Убедени сме и со сета наша достапна сила веруваме дека илјадниците значајни гласници и пророци, и мноштвото безброј и небројни избраници и светци што повикуваат на Тебе, со вистинска веродостојност, очигледна веродостојност и веродостојно знаење засведочиле за вестите за богатствата на Твојата задгробна милосрдност, за богатствата на Твоите добротворства во Светот на вечноста и за пројавувањата на Твоите Најубави имиња, кои целосно се откриваат во Домот на среќата. | |||
Веруваме дека тоа нивно сведоштво е правда и вистина, дека покажувањата им се реалност и дејствување и дека ќе се остварат нивните пророштва. Сите овие луѓе веруваат дека големата вистина, Воскресението, е најголем одблесок од името Правдата (Хак), кое е праизвор и сонце на сите вистини, и со Твоја дозвола, Твоите слуги служат во сферата на правдата и ги учат на самата вистина. | |||
Еј, Господару мој, заради правдата на дадените лекции од овие луѓе, заради светоста на нивните упатства, подари ни совршена вера и одреди ни добар крај – нам и на учениците на Рисале-и Нур, и направи да сме достојни за нивното застапништво! Амин!“ | |||
Потоа, аргументите и доказите што ја потврдуваат вистинитоста на Светиот Куран, како и на сите небесни Писанија, чудата и доказите што го мотивираат пророштвото на Возљубениот од Аллах, како и на сите пророци, мир над нив, го потврдуваат и го докажуваат она за што повикуваат: реализирањето на Задгробниот свет. Така и поголемиот дел од аргументите и доказите што сведочат за вистинското постоење на Вечнопостоечкиот и за Неговата единственост, пак, сведочат за постоењето на Светот на среќата и Светот на вечноста, кој е оска на господарувањето и божественоста и е нивното најколосално пројавување. | |||
Тие сведочат за постоењето на овој Дом и за отворање на неговите врати, како што ќе биде објаснето понатаму затоа што постоењето на Сеславниот и Севишниот, на Неговите големи атрибути, на поголемиот дел од Неговите Најубави имиња, на Неговите семудри дела, на Неговите свети црти – господарување, божественост, милосрдност, грижа, мудрост, справедливост, сето тоа бара и наложува заклучок за реалноста на задгробниот живот, па дури и го прави задолжително присуството на Светот на вечноста, како и заради наградата и казната го предвидува случувањето на Воскресението, до степен на крајна неопходност. | |||
Да, додека постои Аллах, а Тој е единствен, вечен, бесмртен, би требало да постои и оската на Неговата Божествена сила – Задгробниот свет. Сè додека се манифестира апсолутното господарување во овој универзум, а особено во живите суштества, а тоа е носител на видливо и јавно величие, колосалност, мудрост и сочувство – би требало да има вечна среќа, која го отфрлува секој сомнеж од апсолутното господарување, дека може да ги одмине созданијата, да ги остави без казна, и која го отстранува сомнежот од мудроста дека дозволува лекомисленост, и го штити сочувството од намерите на можна измама. Односно, овој Дом со сигурност постои и неизбежно ќе се влезе во него. | |||
Додека различни манифестации на благосостојба, добротворство, нежност, великодушност, грижа и милосрдие се набљудуваат реално и се видливи за умовите што не се гасат и за срцата што не умираат, и ни докажуваат дека зад превезот сигурно постои милосрден и милостив Господар, би требало да има бесмртен, вечен живот, за да се спаси добрината од ужасот, односно таа да го достигне својот врв, и добротворството да се штити од измамата, бидејќи на неговата вистина му е дадена целосна реализација, и грижата се избави од бесмисленоста доведувајќи се до крај, и милосрдноста се разграничи од моралот станувајќи сеопфатно, и нежноста и великодушноста се исчистат од понижувањето излевајќи се обилно над Божјите слуги. Да, она што го претвора добротворството во реалност, и добронамерноста во стварност, е постоењето на вечен и бесмртен живот во Светот на вечноста и бесмртноста. Да, тоа мора да се оствари. | |||
Додека го има моливот на предодреденоста, кој секоја пролет испишува сто илјади меѓусебно поврзани книги на сосема мала и тесна страница, без да допушти грешка, без напор и замор, како што станува јасно и видливо пред нашите очи... Сопственикот на моливот дал збор и ни ветил сто илјади пати дека „сигурно ќе создаде полесна книга за пролетта од напишаната пред вас, таа ќе биде вечна и во поголем обем, попространо и поубаво од ова зафрлено и нарушено место. Ќе биде книга која никогаш нема да исчезне и ќе се потрудиме да ја прочитате со вчудовиденост и восхит.“ Сеславниот ја споменува оваа книга во сите Свои писанија, односно дека, без сомнеж, основниот ѝ текст е напишан и преку Воскресението и Судниот ден треба да се завршат фуснотите, а во неа ќе бидат регистрирани и книгите за делата на сите. | |||
Додека оваа земја продолжува да има најголемо значење затоа што на неа се наоѓаат мноштво созданија, стотиците илјади видови живи суштества и различните созданија што се менуваат, тоа се: живеалишта, извори, фабрики, изложби, место за собир... Таа се претворила во срце на вселената и во нејзино резиме, во нејзин центар, нејзина суштина, нејзин резултат и причина за нејзиното создавање, Затоа во сите небесни заповеди секогаш се споменува заедно со небесата, на пример: | |||
رَبُّ السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ | |||
Додека човекот продолжува од различни аспекти да ја управува оваа земја, која ги поседува споменатите веќе специфични карактеристики и квалитети... | |||
Тој ги контролира поголемиот дел од созданијата на неа, потчинувајќи ги мнозинството од живите суштества, ги тера повеќето суштества да се движат околу него според неговите критериуми и страсти во согласност со неговите природни потреби, ги организира, ги изложува, ги украсува, ги подредува во хармонија неверојатните видови меѓу нив на секое место, така што ги привлекува погледите не само на луѓето и џиновите, туку и на жителите на небесата, и воопшто, на целата вселена, па дури и погледот на Владетелот на вселената. Човечкиот род добил восхит, висока оценка и одобрение, во оваа насока добил големо значење и врвна вредност, и преку неговите дарени знаења и умеења покажал дека тој е целта, големиот резултат и драгоцениот плод на мудроста, вложена во создавањето на вселената. Не е чудно тоа што тој е намесник на земјата и бидејќи ги изложува ремек-делата на Творецот и ги подредува на убав и привлечен начин во земниот свет, казната за неговото непокорство и неверие е одложено, дозволено му е да живее тука и неговата награда е одложена за да ја исполнува својата мисија успешно. | |||
Додека човечкиот род продолжува да е носител на наведените природни карактеристики и квалитети... И неговите потреби се безброј, иако е исклучително слаб, и страдањата му се безброј, а е сосема беспомошен. Но, тој го има Семоќниот Господар со толку апсолутна моќ и сочувство, што оваа огромна и обемна земја ја претворил во гигантско хранилиште за различните видови минерали од кои човекот има потреба, во склад со разновидната храна што му е потребна, во ризница од разни богатства што ги посакува. Сеславниот гледа на него со грижливо и сочувствително око, му дава благосостојба и го снабдува со што и да посака. | |||
Додека Сеславниот Господар, како што се гледа од споменатото во тековната вистина, продолжува да ги сака луѓето и да ги упатува да Го сакаат... Тој е бесмртен, владетел е на вечни светови, ги управува работите во согласност со Својата справедливост и секоја работа ја врши според Својата мудрост. Владеењето на овој бесмртен Творец е толку големо и управувањето Му е толку вечно, што ограниченото земско битие не ги опфаќа и не му се доволни ниту сосема краткиот човечки живот ниту, пак, ерата на привремениот и минлив свет. | |||
Затоа, човекот на овој свет останува без казна за извршените постапки како угнетувач, за допуштеното негирање, неверие и непотчинување пред неговиот Господар, Кој му дава благослов и го одгледува со целосно сочувство и милост. Ваквата ситуација е во спротивност со хармоничниот ред во вселената, за разлика од правдата и совршената рамнотежа во неа, со нејзината убавина и личотија, затоа што суровиот тиранин го поминува животот во мирување, додека несреќната жртва на гнетот води мизерно постоење во лишување. Нема сомнеж дека природата на апсолутната справедливост, чии белези се забележани низ целата вселена, никогаш нема да прифати и нема да го поддржи отсуството на воскресение за жестоките угнетувачи, заедно со горките угнетувани, и тие се еднакви пред смртта. | |||
Додека Владетелот на царството продолжува да ја избира земјата од целата вселена и да го избира човекот на земјата, и му дарува висока позиција, и го удостојува со внимание и грижа, и меѓу луѓето избира пророци, светци и пречисти учени кои постапиле во хармонија со Господовите цели и си вдахнувале љубов кон Него преку вера и себеоддавање, а Тој направил тие да Му бидат омилени и блиски соговорници, и ги чествувал со чуда и успех во делата, и ги воспитал нивните непријатели преку небесни шлаканици... | |||
Меѓу овие Свои љубимци им избрал водич и симбол на нивната гордост и слава – Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари). Тој со својата светлина, со векови ја осветлувал половината од високопоставената Земјина површина и една петтина од високопоставеното човештво, и вселената како да е создадена заради него – за на овој начин да се појават сите нејзини цели, да се откријат преку неговата испратена религија и да се покажат преку неговиот Божествен Куран. | |||
Заслужил и бил целосно достоен за своите големи и безгранични богослуженија да биде награден со долг, па дури и милионски животен век, а имал краток животен век – шеесет и три години поминати во борба, замор и истоштеност. Можно ли е, логично ли е воопшто, постои ли каква и да е веројатност, тој, нему сличните и неговите сакани луѓе да не бидат воскреснати заедно? Да не биде тој сега со жив дух? Да исчезне целосно и да отиде во небитието? Не, и никако не! И илјадници и илјадници пати не! Да, вселената и сите вистини на светот повикуваат за негово воскресение, го сакаат и го молат Господарот на вселената тој да биде жив. | |||
Во посланието Совршен Знак, што е составен дел од Седми Одлесок, беше разјаснето и докажано со голема едногласност од триесет и три аргументи (од кои секој, врз основа на својата убеденост, е сличен на највисоката планина) дека вселената произлегува само од Раката на еден ист и единствен, и дека таа е посед само на еден ист и единствен. Така, преку овие аргументи и степени красноречиво беше откриено дека еднобожието е оската и столбот на Божјото совршенство, и беше востановено дека со посредство на единството и единственоста, целата вселена се претвора во армија од потчинети војници и покорни слуги на Еден ист и Единствен. Со настапувањето на задгробниот живот и со фактот на неговото постоење се реализираат совршенствата на Бог и се заштитуваат од деградација, Неговата апсолутна справедливост завладува и се ослободува од угнетувањето, Неговата универзална мудрост се пречистува и се оградува од обвинението дека наводно е лекомислена и неразумна, Неговото сеопфатно милосрдие си ги стекнува вистинските размери и се избавува од сомнежот дека допушта срамна тортура, Неговата апсолутна сила и моќ стануваат видливи и отпаѓа сомнежот за милосрдна беспомошност. Секој од атрибутите на Сеславниот се заситува со светост и се појавува како пречист и голем. | |||
( | |||
Неизбежно е и нема никаков сомнеж дека Воскресението ќе настапи, дека Судниот ден ќе се случи и дека вратите на Домот за награда и казна ќе се отворат. Тоа е наложено од гореспоменатите вистини во осумте параграфи што започнуваат со изразот „додека“. Тоа е само едно прецизно прашање и аспект со исклучителна смисла меѓу стотиците прецизни аспекти на верата во Аллах: за да се реализира значењето и централноста на земјата, важноста и позицијата на човекот; за да се утврди справедливоста на Господарот на земјата и на луѓето, Неговата мудрост, милосрдност и власт; за да се спасат светците, вистинските љубители и копнежливи за бесмртниот Господар од вечното исчезнување и ликвидирање; за да ги видат најголемите, најљубезните и најмоќните меѓу нив наградата за нивните дела и резултатите од нивното колосално богослужение, што ја наведоа вселената да биде исполнета со вечно задоволство и наслада; за да ја зачува својата светост совршенството на бесмртната моќ, со отфрлање на пороците и недостатоците од неа, и за да ја очисти својата моќ од слабост, и за да ѝ се огради мудроста од евентуална глупост, и за да ѝ се издигне превисоко справедливоста над угнетувањето. | |||
'''Резиме: Штом има Аллах, значи има и Задгробен свет.''' | |||
Како што гореспоменатите три столба на верата го утврдуваат Воскресението и го засведочуваат со сите свои аргументи, исто така и се наложува и од другите два столба: | |||
وَبِمَلٰئِكَتِهِ وَبِالْقَدَرِ خَيْرِهِ وَشَرِّهِ مِنَ اللّٰهِ تَعَالٰى | |||
Овие два столба даваат силно сведоштво за постоењето на вечниот свет и го аргументираат, како што следува. | |||
Сите докази, средбите и беседите што укажуваат на постоењето на ангелите и функциите на нивното богослужение, сами по себе се аргументи за постоењето на светот на духовите, светот на невидливото, светот на вечноста, Задгробниот свет и светот на блаженството, за постоењето на Рајот и Пеколот, кои ќе бидат населени со џинови и луѓе, затоа што, со Божја дозвола, ангелите се способни да ги видат овие светови и да влезат таму. Како што е Џебраил, еден од светите ангели, кој комуницира со луѓето и е близок со Бога, едногласно соопштува дека споменатите светови се реалност и дека тие самите шетаат во нив. Како што дознаваме за постоењето на континентот Америка од зборовите на луѓе што го посетиле, и овој факт го прифаќаме на доверба иако не сме биле таму, така би требало и да се потпреме на вестите што дошле од ангелите и што ја носат моќта на една верига од сто меѓусебно поврзани доверливи докази на авторитетни научници, а имено: дека светот на вечноста, Задгробниот дом, Рајот и Пеколот навистина постојат. Така веруваме во оваа вистина и го прифаќаме како факт. | |||
Потоа, како што беше споменато во Послание за Предодредувањето (Дваесет и шесто Слово), аргументите што ја докажуваат верата во судбината, сами по себе се аргументи за претстојното Воскресение, за отворањето на свитоците со делата, за мерењето на постапките со Најголемата вага, затоа што пред нашите очи гледаме како вредноста на секое нешто се запишува на површината на редот и рамнотежата, како настаните и случките од животот на секое живо суштество се регистрираат во неговиот ум, во неговото семе и на сите идеални површини, како книгите со делата на секое одухотворено создание, и особено на човекот, се утврдуваат и се прикажуваат на заштитени екрани. Целото тоа сеопфатно предодредување, семудра оценка, прецизно запишување, чесно регистрирање не би можело да се прави за нешто друго освен за Врховен суд, за добивање трајна награда и казна во вечноста. Инаку, не би имало никаква смисла и никаква полза. Затоа, сеопфатното запишување и регистрирање, кое ги установува и зачувува најситните детали, би биле спротивност на мудроста и вистината. Со други зборови, ако Воскресението не се состои, целата праведна содржина на Книгата на вселената, напишана со моливот на предодредувањето, ќе биде избришана и уништена. Тоа е апсолутно невозможно и никогаш не би можело да се случи. Згора на сè, тоа е целосен апсурд, како да се негира постоењето на вселената, и е само заблуда. | |||
'''Накратко''', сите аргументи на петте столба на верата, сами по себе го поткрепуваат Воскресението и неговата реалност, Судниот ден и неговото спроведување, постоењето на Задгробниот дом и отворањето на неговите врати. Споменатите аргументи дури наложуваат тоа да се случи и сведочат во негова полза. | |||
Поради оваа причина, пројава на целосна хармонија и на комплетна адекватност е фактот што една третина од Светиот Куран, чудесно јасен и красноречив, е посветена на Воскресението. Тоа е така затоа што тоа се гради врз непоколебливи основи и аргументи, и е база и центар на сите вистини кои се возвишуваат над овој камен вграден во фундаментот. | |||
(крај на воведот) | |||
<nowiki>*</nowiki> * * | <nowiki>*</nowiki> * * | ||
== ВТОР ДЕЛ од прилогот == | |||
= | |||
Ова е првото од девет аспекти на деветте нивоа аргументи концентрирани околу Воскресението, кои следниот ајет од Куранот ги посочува со чудесно красноречие: | |||
❀ فَسُبْحَانَ اللّٰهِ ح۪ينَ تُمْسُونَ وَح۪ينَ تُصْبِحُونَ ❀ وَلَهُ الْحَمْدُ فِي السَّمٰوَاتِ وَالْاَرْضِ وَعَشِيًّا وَح۪ينَ تُظْهِرُونَ ❀ يُخْرِجُ الْحَىَّ مِنَ الْمَيِّتِ وَيُخْرِجُ الْمَيِّتَ مِنَ الْحَىِّ وَيُحْيِي الْاَرْضَ بَعْدَ مَوْتِهَا وَكَذٰلِكَ تُخْرَجُونَ | |||
< | Ишала тука ќе бидат разјаснети светлиот аргумент и категоричниот доказ откриени од горниот ајет во однос на Воскресението.(<ref>Овој аспект не е допишан. Прашањето и проблемот за животот е вклучен во претстојната изјава, доколку тој е сврзан со Воскресението. На крајот од темата за животот се посочени аспектите во кои тој укажува на предодредувањето како столб на верата. Тоа е многу сложено и длабоко прашање.</ref>) | ||
</ | |||
Во дваесет и осмото својство на животот е објаснето дека тој ги потврдува шесте столба на верата, се насочува кон нив и укажува на нивното реализирање. | |||
Да, додека животот продолжува да биде мудрост при создавањето на вселената и нејзиниот најважен резултат и суштина, оваа возвишена вистина нема да се ограничи само на минливиот, краток, порочен и мачен земски живот. Туку, целта и резултатот на дрвото на животот, чија големина може да се реализира со своите дваесет и девет својства, неговиот плод, достоен за големината на ова дрво, е единствено вечниот и задгробен живот, домот на бесмртната среќа, во кој дури и камењата, почвата и дрвјата се исполнети со живот. | |||
Инаку, дрвото на животот, снабдено со такви разновидни и многубројни инструменти во одухотворените созданија, а особено во човекот, би останало бесплодно, бесполезно, невистинско, а тој би останал осуден, беден, клет, понижен, и во однос на животната среќа би стоел дваесет пати пониско од врапчето и покрај тоа што е највозвишеното создание и најученото живо суштество, и го надминува врапчето барем дваесет пати. | |||
И разумот, кој е највредниот дар за човекот, за него се претвора во суд и проблеми кога се одразува на тагата на поминатото време и на стравот од иднината. Неговото срце постојано се измачува и сладоста на едно задоволство се помрачува од девет маки. Нема сомнеж дека тоа е стопроцентна лага. | |||
Следствено, земниот живот категорично го потврдува столбот на верата во задгробниот живот преку појавата на повеќе од триста илјади примероци на Воскресението секоја пролет пред нас. | |||
Можно ли е Семоќниот Господар, Кој обезбедува сè што е неопходно за твојот живот, задоволувајќи ги потребите поврзани со него, ти ги обезбедува сите потребни инструменти и додатоци, независно дали се за твоето тело, за градината или за твојата земја, и ги испраќа во соодветното време со мудрост, грижа и милосрдие, па дури ги знае и потребите на твојот стомак од храната која ти гарантира опстанок и долговечност, и го слуша специфичниот и делумен повик на стомакот за прехрана покажувајќи дека тој реагира со слатка и постојана храна испратена од Него за да го засити гладот... Можно ли е овој Семоќен Распоредувач да не те познава? И да не те гледа? И да не ги подготви неопходните услови за најголемата човечка цел – вечниот живот? И да не одговори на најголемиот, најважниот и најопштиот повик – оној за бесмртност и вечност? И да не го прифати, не создавајќи го задгробниот живот и не создавајќи го Рајот? И да не го чуе повикот на човекот – на највозвишеното создание во вселената, кој е, всушност, владетелот на земјата и нејзиниот плод? Овој сеопшт силен повик, кој излегува од длабочините на душата и ги растресува небесата и земјата... И можно ли е Семоќниот да не му го оддаде значењето што му го оддава на повикот на малиот стомак, и да не го задоволи човекот? И Својата совршена мудрост и Своето апсолутно милосрдие да ги изложи на ризик да бидат негирани? Не, и илјадници пати не! | |||
И логично ли е Тој да го чуе најтивкиот глас на најмалото живо суштество, да ги слушне неговите поплаки и да пристигне напомош, да се смили над него, да го одгледа со совршена грижа, со целосна заштита, со исклучително внимание, потчинувајќи му го најголемото создание во вселената, а потоа да не го чуе, сличниот на грмотевица, глас на најголемата, највозвишената, префинета и најтрајната форма на живот? И логично ли е тој да не се интересира за најважната човечка молба – онаа за бесмртност, и да не го види смирението на луѓето, да не забележи на што се надеваат и колку се богоугодни, и да биде како некој единствен војник што со совршена трудољубивост ја опремил и наоружил целата своја огромна и подвласна армија, но ја оставил без никакви грижи? Или како некој што го гледа зрното, а не го забележува сонцето, или го слуша брмчењето на комарците, а е глув за небесните грмотевици? Не, и илјадници пати не! | |||
И приемливо ли е за разумот, на кој и да е начин, дека Семоќниот, Семудриот, Носителот на сеопфатното милосрдие, на врвната љубов, на универзалното сочувство, Оној Кој Си го обожава ремек-делото, ги упатува своите соз- данија да го обожуваат и Неговата љубов е особено силна кон вљубените во Него, логично ли е Тој да го уништи животот на оние што се обземени од најголема љубов кон Него, сакани се и достојни се за љубовта и природно го боготворат својот Создател? И исто така да ги уништи јадрото и срцевината на животот – духот, преку вечната смрт и преку крајното отстранување? И да предизвика отуѓување меѓу Него и вљубените во Него, и да им предизвика најмачни страдања, и на тој начин да го изложи на негирање таинството на Своето милосрдие и светлината на Својата љубов? Не, и илјадници пати не! | |||
Нема сомнеж дека апсолутната убавина, која преку нејзината појава ја разубавила и раскрасила оваа вселена, и апсолутното милосрдие, кое ги просветлило сите созданија и им придало убавина, се бескрајно и безгранично пречисти и пресвети, и никако не им е својствена таква суровост, таква апсолутна жестокост и апсолутно угнетување. | |||
'''Заклучок:''' Штом има живот на овој свет, би требало луѓето, кои му ја сфаќаат тајната и не го користат животниот век за лоши дела, да се достојни за вечен живот во вечен дом, во вечен Рај. Поверувавме и прифативме! | |||
И потоа, светкавоста на сјајните предмети и материјали на Земјината површина, просветлувањето на меурчињата и пената на морската површина, а потоа угаснувањето на блесокот и исчезнувањето на меурчињата и појавата на нови светлинки, небаре овие предмети се огледала за замислени сонца, јасно ни откриваат дека одделните проблесоци не се ништо друго туку израз на рефлексијата на едно единствено високо сонце. Тие на различни јазици нè потсетуваат дека сонцето постои и со прстиња од светлината укажуваат на тоа. | |||
Таква е состојбата и со блесокот на живите созданија на Земјината и на морската површина, настаната од Божјата моќ и од изразот на името Животодавецот (Мухји), кој му припаѓа на Вечноживиот, Сеприсутниот, преголема е Неговата големина. Слично е и исчезнувањето на оние созданија зад превезот на невидливото, за да направат место на оние што доаѓаат по нив, повторувајќи: „О, вечноживи!“ Тоа се само сведоштва и знаци за бесмртниот живот и за нужното постоење на Вечноживиот, Сеприсутниот, Сеславен е Тој и Севишен. | |||
И така, сите аргументи кои сведочат за Божјото знаење, трагите од кои се набљудуваат во организацијата на созданијата; сите докази кои ја потврдуваат моќта што е распространета во вселената; сите аргументи кои го поткрепуваат фактот за волјата и желбата што господаруваат над управувањето и организирањето на светот; сите знаци и чуда што ги потврдуваат пророчките посланија, кои се оска на Господовото слово и на Божјото откровение... Сите овие аргументи што сведочат и укажуваат на седумте големи Божји атрибути, едногласно сведочат и истовремено и го докажуваат животот на Вечноживиот, Сеприсутниот, сеславен е Тој, | |||
затоа што ако некој поседува вид, тој би требало да е жив – и ако слуша, тоа е знак за живот, како што ако е способен да зборува, ако може да направи избор и да има волја. | |||
И така, сите аргументи во полза на големите атрибути, кои имаат видливи траги и категорично се знае дека навистина постојат, на пример апсолутната моќ, сеопфатната волја, универзалното знаење – докажуваат дека Вечноживиот, Сеприсутниот е жив и сигурно постои, и сведочат дека Тој поседува бесмртен живот, единствен зрак од кој е доволен да се осветли целата вселена, и единствено негово пројавување – да даде живот на целиот Задгробен свет со сите негови атоми истовремено. | |||
Животот како Божествен атрибут гледа и кон друг столб на верата – вербата во постоењето на ангелите. Тој укажува на тоа, го докажува и индиректно го потврдува. | |||
Додека животот продолжува да биде најважната цел на вселената, и живите созданија – поради нивната драгоценост, да бидат најшироко распространетиот и многуброен вид, кој вагон по вагон пристигнуваат во земјината гостилница и таа се населува и свети од радост; додека Земјината површина продолжува да биде станица за поток од живи созданија, постојано да се полни и празни во согласност со мудроста на обновувањето и размножувањето, па дури и во најсквернавените работи, и во гнилежот се создава изобилие од форми на живот, така што Земјината површина се претворила во општо воскресение на микробите; | |||
додека на земјата во огромна количина продолжува создавањето на најпрефинетите суштини на животот – чувствата, разумот и прекрасниот дух, носител на стабилно јадро, и небаре земјата оживува и се разубавува преку животот, разумот, чувствата и духот... Тогаш, не е можно небесните тела, кои се поубави и посветли и со поголемо значење од земјата, да бидат мртви, безживотни, бесчувствени. | |||
След- ствено, би требало да има живи и одухотворени созданија, кои ја населуваат небесата, ги радуваат сонцата и ѕвездите, им даруваат живот и претставуваат резултат и плод на создавањето на небесата, и да бидат удостоени со честа Сеславниот да им говори. Овие созданија – жители на небесата, и во хармонија со нив, населени таму преку тајната на животот, се ангелите. | |||
Така и тајната на животот и неговата суштина се поврзани со „верата во пратениците“, се насочуваат кон неа и индиректно ја потврдуваат. | |||
Да, додека вселената продолжува да биде создадена за животот и тој да е најголемото пројавување, најсовршеното ремек-дело и најубавиот производ на Вечноживиот, Сеприсутниот, сеславна е Неговата слава; додека Неговиот вечен и бесмртен живот продолжува да се открива преку испраќањето на пратениците и објавувањето на Писанијата... затоа што, ако немаше ниту пратеници, ниту Писанија, оној вечен живот би останал непознат. Како што говорот на единката го прави видлив животот и неговата живост, така и пророците и пратениците, мир над нив, и нивните објавени Писанија го откриваат и покажуваат Вечноживиот Собеседник, Кој преку Своите Слова и Реч издава наредби и забрани од зад завесата на невидливото, од зад завесите на вселената. | |||
Како што животот во вселената категорично го докажува постоењето на Вечноживиот и Неговото сигурно постоење, така и зраците на бесмртниот живот и неговите пројавувања гледаат и се насочуваат кон столбовите на верата, кои се поврзани со него – испраќањето на пратениците и објавувањето на Писанијата. Тие ги потврдуваат индиректно, особено Посланието на Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари), и Откровението на Куранот. Правилно е да кажеме дека и двете се толку категорично веродостојни колку што е и самиот живот, затоа што личат на неговиот дух и разум. | |||
Да, како што животот е дестилиран екстракт на вселената, и чувствата и разумот се дестилиран екстракт на животот, и разумот е дестилиран екстракт на чувствата и сетилата, а духот е чисто и најскриеното јадро на животот – неговата трајна и автономна суштина... Така и животот на Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари), и материјалниот, и духовниот – е дестилирана квинтесенција на животот и на духот на вселената. Посланието на Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари) е најчистиот дестилиран екстракт од сетилата, чувствата и разумот на вселената. Дури и, според сведоштвото на неговите резултати, животот на Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари) – и материјалниот, и духовниот, е врховен живот на вселената, посланието му е нејзино врховно чувство и нејзина светлина, а откровението од Куранот – според сведоштвото на неговите животни вистини, е дух на животот на вселената и разум на нејзините чувства. | |||
Да, да, да... | |||
Ако светлината на Мухаммедовото послание ја напушти и ја изостави вселената, таа ќе умре и времето за созданијата ќе исчезне. Ако Куранот недостига и се изгуби од вселената, таа ќе обезуми, Земјината површина ќе се дезориентира, неговиот разум ќе се оштети, ќе добие потрес и ќе стане бесчувствено и ќе се судри со некое космичко тело. Ќе настапи Судниот ден. | |||
Животот гледа и кон уште еден столб на верата – предодредувањето. Тој укажува на тоа и индиректно го докажува. Затоа што, додека животот продолжува да биде светлина за видливиот свет, да го владее и да го прегрнува, да е резултат и цел на постоењето, да е најширокото огледало за пројавувањата на Творецот на вселената, најцелосниот показател и образец на Господовата дејственост, и, ако е можно споредба – тој како да е разновидност на нејзиниот план и програма... Доколку е тоа така, би требало тајната на животот исто така да бара присуство на невидлив свет во смисла на минато и иднина, односно на минатите и идните созданија, во рамките на редот и организацијата, како и да биде познат, виден, набљудуван, готов да ги исполнува творечките команди, или, со други зборови, да функционира како да е состојба на духовниот живот. | |||
Пример за тоа е зрното, кое лежи во основата на дрвото, и лушпата, срцевината или плодовите, кои се врвот и крајот, и сите тие носат посебни карактеристики на животот, слично на самото дрво. Па дури и зрната во себе ги содржат своите животни закони, попрецизни од законите на животот на дрвото. | |||
Како што семињата и корените, оставени во наследство од минатата есен и наследени од оваа пролет, ја носат светлината на животот и се развиваат според неговите закони (и пролетта носи ваков живот), | |||
така и дрвото на вселената, секој негов клон, секоја дршка, има свое минато и иднина, своја верига составена од минати и идни етапи и услови, секој вид и секој негов дел имаат постоење, помножено со Божјото знаење во зависност од неговите различни периоди. На овој начин се формира верига на теоретско битие, слично на надворешното битие – аспект на духовен израз на универзалниот живот, така што потенцијалите на животот се земаат од овие живи судбоносни екрани, носители на големото значење. | |||
< | <nowiki></nowiki> | ||
</ | |||
Да, ваквиот израз – изразот на животот, кој е светлина од сонцето на вечниот живот, нема да се ограничи само во овој видлив свет, ниту во ова време, ниту во ова надворешно битие, туку би требало секој од световите да има еден од аспектите на пројавувањето на оваа светлина во зависност од својата восприемливост. Следствено, вселената со сите свои светови е жива, осветлена и просветлена од светлината на тоа пројавување. Инаку, секој од овие светови би се претворил (како што го гледаат очите на заблудата) во огромен и ужасен труп под видливата привремена земја, во урнат и мрачен свет. | |||
Така преку тајната на животот се сфаќа, докажува и разјаснува еден од аспектите на верата во предодредувањето и судбината. Односно, како што живоста на видливиот свет и на достапните реалности се открива во посредство со нивната организираност и резултати, така и минатите и идните созданија кои се сметаат за дел од невидливиот свет, имаат нематеријално постоење и водат нематеријален живот, и поседуваат теоретска духовна стабилност. Потенцијалите на овој духовен живот се откриваат преку Екранот на Предодредувањето и Судбината. | |||
< | <span id="Zeylin_Üçüncü_Parçası"></span> | ||
== ТРЕТ ДЕЛ од прилогот == | |||
</ | |||
'''Прашање во врска со темата за Воскресе- нието:''' | |||
Во Куранот многупати се споменува | |||
''' | |||
اِنْ كَانَتْ اِلَّا صَيْحَةً وَاحِدَةً, وَمَٓا اَمْرُ السَّاعَةِ إِلَّا كَلَمْحِ الْبَصَرِ | |||
Овие слова од Куранот ни откриваат дека Најголемото Воскресение ќе се случи неочекувано, во еден момент на мигот. Но ограничените умови бараат забележливи примери од реалноста за да го прифатат и да се потчинат на тој мошне необичен настан и на овој факт без преседан. | |||
'''Одговор:''' Воскресението отвора три теми – за враќањето на духот во телото, за оживувањето на телата и за изградувањето и конструирањето на телата. | |||
'''Прва тема:''' За доаѓањето на духот и за неговото враќање во телото. Еве пример за тоа: | |||
Војниците раштркани за време на одмор и разместени во различни правци, се собираат штом го чујат повикувачкиот глас на Рогот. | |||
Да, Рогот, кој е Сурот на Исрафил, не е послаб од воената труба. Така и духовите кои се упатиле во правец на вечноста и во светот на атомите, штом го чујат повикот اَلَسْتُ بِرَبِّكُمْ , кој доаѓа од длабочините на бесмртноста, قَالُوا بَلٰى . | |||
Нема сомнеж дека нивната дисциплина илјадници пати е посупериорна во однос на борците од организираната армија. Триесетто Слово со непобитни аргументи докажа дека не само што духовите се војници на Сеславниот, туку и атомите се Негови борци. | |||
'''Втора тема:''' Оживувањето на телата. Еве пример за тоа: | |||
Како што стотици илјади електрични ламби можат да ја осветлат празничната ноќ во некој голем град, запалени од еден центар, во еден момент како да е надвор од времето, така и стотиците милиони ламби на живите можат да бидат запалени и испратени на земјата од единствен центар. Штом електричната енергија е едно од созданијата на Сеславниот и Севишниот Господар, и ги исполнува функциите на служител за осветлување во Неговата гостилница, и ги поседува специфичните карактеристики и способноста да ја врши својата работа соодветно на укажувањата и инструкциите на својот Творец, и соодветно на востановениот ред од Него; тогаш би требало Најголемото воскресение да се случи како трепнувањето на очите, во рамките на организирани Божји закони, претставени од илјадници светла слични на електричната енергија. | |||
'''Трета тема:''' Непосредно закрепнување на телата. Еве пример за тоа: | |||
Оживувањето на дрвјата и на лисјата, илјада пати побројни од севкупниот човечки род, наеднаш, во род од неколку дена во пролетта, во нивната целосна форма, во истиот вид во кои биле и претходната пролет... Така и оживувањето со миговна брзина на сите цветови, лисја и плодови на дрвјата, како што биле во текот на минатата пролет... Така и будењето, отворањето и оживувањето истовремено, во еден момент, на семињата, лушпите и зрната кои се безброј и бескрај и кои го бележат почетокот на пролетта... Така и воскреснувањето на дрвјата, на нивните обновени трупови и огромни скелети, и нивното непосредно потчинување на заповедта да оживеат по смртта... Така и оживувањето со исклучителна прецизност и умешност на индивидуалните примероци на видовите раскошно создадени животни и на нивните безбројни стада... Така и воскреснувањето на заедниците од инсекти, особено на мувите, кои се склони на ротација пред нашите очи и да нè потсетат на предмолитвеното миење абдест и за чистотата, постојано триејќи си ги нозете, очите и крилјата, ни ги галат лицата... За една година се раѓаат повеќе муви од генерациите луѓе што живееле од времето на Адам (мир над него) до денес. Воскреснувањето на овој инсект заедно со другите слични на него и нивното оживување во рамките на неколку дена, дава не само еден, туку илјада примери за миговното закрепнување на човечките тела во Судниот ден. | |||
Да, земниот живот е дом на мудроста, а задгробниот – дом на моќта. Создавањето на нештата во земниот живот донекаде станува постепено и со текот на времето во согласност со барањата на Господаревата мудрост и врз основа на повеќето Најубави имиња како Семудриот (Хаким), Распоредувачот (Мураттиб), Управувачот (Мудаббир), Одгледувачот (Мурабби). А во Задгробниот свет Моќта (Ќубра) и Милосрдноста (Рахма), се пројавуваат повеќе од Мудроста (Хикма). Таму нема потреба ниту од материја, периоди и времиња ниту, пак, од очекување, и работите изникнуваат наеднаш. Во Светиот Куран се вели: | |||
وَمَٓا اَمْرُ السَّاعَةِ إِلَّا كَلَمْحِ الْبَصَرِ اَوْ هُوَ أَقْرَبُ | |||
Тоа значи дека ако тука нешто никнува за ден или година, во задгробниот живот тоа се случува за миг, слично на трепнувањето на очите. | |||
Ако сакаш подобро да го разбереш фактот дека доаѓањето на Воскресението е несомнено и неизбежно како доаѓањето на идната пролет, внимателно прочитај го Десетто Слово и Дваесет и деветто Слово. Ако не поверуваш во оваа вистина, можеш да дојдеш и да си го пикнеш прстот во моето око. | |||
'''Четврта тема:''' Смртта на земјата и настапувањето на назначениот час. Еве пример за тоа: | |||
Ако по заповед на Господ се судрат планета или комета со Земјата, која е наша гостилница, ова наше пристаниште и живеалиште би се разрушило во еден миг, како палата што се руши за една минута, градена десет години. | |||
<nowiki>*</nowiki> * * | <nowiki>*</nowiki> * * | ||
== ЧЕТВРТИ ДЕЛ од прилогот == | |||
❀ قَالَ مَنْ يُحْيِي الْعِظَامَ وَهِىَ رَم۪يمٌ ❀ قُلْ يُحْي۪يهَا الَّذ۪ٓي اَنْشَاَهَٓا اَوَّلَ مَرَّةٍ وَهُوَ بِكُلِّ خَلْقٍ عَل۪يمٌ | ❀ قَالَ مَنْ يُحْيِي الْعِظَامَ وَهِىَ رَم۪يمٌ ❀ قُلْ يُحْي۪يهَا الَّذ۪ٓي اَنْشَاَهَٓا اَوَّلَ مَرَّةٍ وَهُوَ بِكُلِّ خَلْقٍ عَل۪يمٌ | ||
Односно, човекот вели: „Кој ќе ти ги оживи распаднатите коски?“ Ти речи: „Ќе ги оживи Оној Кој ги создал и им дал живот.“ | |||
Во Третиот пример од Деветтата вистина на Десетто Слово стана збор за следново: | |||
Во моментот кога голема личност формира голема армија пред нашите погледи за само еден ден, некој ти кажува дека истиот човек е способен со еден Рог целосно да ги собере распрснатите војници од една дивизија што се на одмор, да ги натера да се приклучат во подразделот и да се потчинат на дисциплината. А ти му одговараш на човекот: „Не верувам!“ Во овој случај твојот одговор не е ли пројава на лудост и негирање? | |||
Така и Тој Кој ги создал од ништото телата на сите животни и на сите живи суштества, телата што наликуваат на воени дивизии од созданија како да се огромна армија, и преку заповедта كُنْ فَيَكُونُ им ги организирал атомите и деталите, ставајќи ги на соодветното место во ред и со семудра мерка. Тој е Оној Кој секој век создава, па дури и секоја пролет стотици илјади видови живи суштества и нивни стада и групи слични на армии. Можно ли е овој Семоќен и овој Сезнаен да биде прашан како со една единствена труба од Рогот на Исрафил ќе ги насобере основните атоми и телесните делови на војниците, кои се запознале со поделбата на телото и неговата дисциплина? Можно ли е да се исклучи ваква неверојатност? И нели би било тоа глупост и лудост? | |||
Така и во Светиот Куран понекогаш се споменуваат неверојатните и неповторливи земни дела на Господарот, за да се подготви свеста во прифаќањето на овој факт и срцето да поверува во Неговите чудотворни дела во Задгробниот свет. Односно, Куранот ги претставува невообичаените Божји дела, кои ќе бидат извршени во иднината и во задгробието на начин што за нас станал уверлив и веродостоен преку нивните многубројни сличности на кои сме сведоци на земјата. На пример: | |||
اَوَلَمْ يَرَ الْاِنْسَانُ اَنَّاخَلَقْنَاهُ مِنْ نُطْفَةٍ فَاِذَا هُوَخَص۪يمٌ مُب۪ينٌ | |||
...до крајот на сурата. Тука преку седум-осум различни слики Светиот Куран дава потврда и аргументи во врска со темата за Воскресението. | |||
Тој во почетокот ни го дава фактот за првата замисла и ни го прикажува пред погледите, со зборовите: Гледате како сте се појавиле – сте се претвориле од сперма во тромбоцити, од тромбоцити во парче месо, и од парче месо па сè до создавањето на човекот. Како тогаш ја одрекувате другата концепција, која е слична со оваа, па дури и полесна од неа? | |||
Потоа, во истата сура се вели: | |||
اَلَّذ۪ي جَعَلَ لَكُمْ مِنَ الشَّجَرِ الْاَخْضَرِ نَارًا | |||
Тука се посочуваат даровите, придобивките и добротворството со кои Вистината (Хак), сеславен е Тој, го удостоил човекот. „Оној Кој ви дарил вакви благодати, нема да ве остави да си отидете напразно, да влезете во гробот и повеќе да не станете.“ | |||
Потоа, посочувајќи вели: Гледате како мртвите дрвја оживуваат и се раззеленуваат. Како ја исклучувате веројатноста на коските, кои личат на клонови од дрво, да си ја вратат виталноста, и не правите никаква паралела? | |||
Потоа, можно ли е Оној Кој ги создал небесата и земјата, да биде немоќен во дарувањето живот и смрт на човекот – плодот на небесата и на земјата? И можно ли е Оној Кој го управува развитокот на дрвото и го одгледува, да го игнорира неговиот плод и да го остави на другите? И сметате ли дека Тој ќе го остави на бесмислата Дрвото на созданието, чии делови се извајани со мудрост и ќе го занемари неговиот плод и резултат? | |||
И така, Оној Кој ќе ве оживее во Воскресението, е истиот Тој во Чијашто дланка се наоѓаат клучевите на небесата и земјата, и вселената му се потчинува како дисциплиниран војник што Му ги извршува наредбите. Му кажуваат: كُنْ فَيَكُونُ | |||
И тој станува целосно подвластен. Оној за кого создавањето на пролетта е лесно и незначително како создавањето на еден цвет, и создавањето на сите животни е лесно за Неговата моќ како создавањето на една мува. Носителот на таква моќ не може да биде прашан и нема да биде прашан: مَنْ يُحْيِي الْعِظَامَ . Тој не е бессилен. | |||
Потоа, кажано е: | |||
فَسُبْحَانَ الَّذ۪ي بِيَدِه۪ مَلَكُوتُ كُلِّ شَىْءٍ | |||
Овој ајет од Куранот појаснува дека контролата на уздите е во Дланката на Сеславниот, каде што се наоѓаат и клучевите за сите работи. Тој ги менува дента и ноќта, зимата и летото со исклучителна леснотија, небаре разлистува страници на книга. И земскиот, и Задгробниот свет за Него се како живеалишта што ги отвора и ги затвора. | |||
Штом е тоа така, резултатот од сите аргументи ќе биде: | |||
وَ اِلَيْهِ تُرْجَعُونَ | |||
Односно, Тој ќе ве оживее од гробот, ќе ве одведе до Воскресението и во целост ќе ви ја бара сметката во Својот свет дом. | |||
И така, се гледа дека овие ајети од Куранот ја подготвуваат свеста и го мобилизираат срцето да го прифати прашањето за Воскресението преку слични дела на него, кои се откриваат во земниот живот. | |||
Истовремено Куранот споменува и задгробни дела на начин што упатува да бидат забележани и почувствувани нивните земски сличности, со цел да се избегне негирањето и отфрлувањето. На пример: | |||
اِذَا الشَّمْسُ كُوِّرَتْ , اِذَا السَّمَٓاءُ انْفَطَرَتْ и اِذَا السَّمَٓاءُ انْشَقَّتْ | |||
Се гледа дека во овие сури се споменуваат големи пресврти и импресивни постапки на Господарот, на начин кој срцето го претвора во заробеник на големо воодушевување, а пред овој факт разумот онемува и паѓа во полусознание. Но, штом човек ќе види сличности на овие настани во есента и во пролетта, ги прифаќа со леснотија и подготвеност. Бидејќи толкувањето на трите сури е малку долго, како пример ќе земеме само еден израз. | |||
اِذَا الصُّحُفُ نُشِرَتْ | |||
Во овој ајет од Куранот се соопштува дека во денот на Воскресението сите дела на една индивидуа ќе бидат напишани во книга. Во својата суштина, ова прашање е воодушевувачки и недостапно за разумот, но како што сурата укажува на пролетното воскресение и како што другите состојби имаат свои сличности и соодветности, така и разлистувањето на книгата има еквивалент, кој дава јасност и очигледност на значењето. | |||
Секој плод, секоја трева, секое дрво има дела, функции, богослужение во форма со која во него се откриваат Најубавите Божји Имиња. Сите овие дела, во склоп со историјата на животот на соодветното растение се вклучени во сите негови семиња и зрна, и сите тие ќе се појават во друга пролет и на друго место. Односно, како што раскажува исклучително красноречиво со јазикот на својот образ и надворешен вид за делата на своите претходници, така и ги развива свитоците на своите дела – ги шири гранките, ги разлистува своите лисја и ги истура своите плодови. | |||
Да, Оној Кој го прави сето ова пред нашите очи со исклучителна мудрост, скромност, грижа, внимание, великодушност и добрина, е истиот Оној Кој вели: | |||
اِذَا الصُّحُفُ نُشِرَتْ | |||
Така би можел да ги споредиш и другите аспекти на овој начин, и ако си способен да донесеш заклучоци, донеси ги. | |||
За да ти потпомогнеме и поддржиме, ќе го споменеме и следниот ајет од Куранот: | |||
اِذَا الشَّمْسُ كُوِّرَتْ | |||
Ова е прекрасен и светол пример, кој навестува за својата земска сличност и еквивалент: | |||
''' | |||
'''Прво:''' Сеславниот и Севишниот Господар ги дигнал завесите на ништожноста, етерот и небото од сонцето – овој скапоцен камен што ја осветлува земјата како светилка, го извадил од ризницата на Своето Милосрдие и го покажал на долниот свет. Тој ќе го завие во неговите вени кога ќе дојде крајот на земниот живот и ќе се затворат неговите врати. | |||
'''Второ:''' Сонцето е службеник, задолжен со задача да го шири материјалот на светлината во зори, и да ги премота назад во вечерните часови, и така денот и ноќта да се менуваат на Земјината површина. Понекогаш, овој трговец ја става својата стока на загуба, понекогаш се случува месечината донекаде да ги прикрива неговите земања и давања. Односно, како што овој службеник ја зема својата стока и води евиденција на делата во својата тетратка, извршени според споменатите причини, би требало да дојде ден кога тој ќе биде ослободен од својот пост и ќе замине, дури и да нема основа за разрешување. Можеби со проширувањето на површината на сонцето на двете мали точки забележани од астрономите, кои постепено се шират и прошируваат, со Божја волја сонцето ќе ја врати светлината со која, според Божјото одобрение, ја обвива главата на земјата, ќе ја обвие на својата сопствена глава. Тогаш Господарот на моќта ќе рече: „Тука завршува твојата задача на земјата. Оди сега во Пеколот за да ги изгориш оние што те обожуваа или презираа и занемаруваа покорен службеник како тебе, и те сомничеа за предавство и недостаток на преданост!“ | |||
Сонцето со затемнето и намуртено лице ќе ја прочита Господаревата заповед: | |||
اِذَا الشَّمْسُ كُوِّرَتْ | |||
<nowiki>*</nowiki> * * | <nowiki>*</nowiki> * * | ||
== ПЕТТИ ДЕЛ од прилогот == | |||
Да, сто дваесет и четири илјади избраници – пророците и пратениците, мир над нив, како што е споменато во хадисите, со целосна едногласност и во неспоредлива последователност, потпирајќи се на директната визија (кај некои од нив), или на веродостојната вистина (кај други), соопштиле дека задгробниот дом постои. Тие објавиле со целосна едногласност дека луѓето ќе бидат одведени таму и дека сеславниот и севишен Творец без сомнеж ќе дојде во задгробниот дом, како што категорично ветил. | |||
Сто дваесет и четири милиони светци преку откритија и визии го потврдиле она што е соопштено од пророците, мир над нив, и со веродостојно знаење го засведочиле постоењето на задгробниот живот, кое е категоричен и неоспорен аргумент за вистинитоста на овој факт. | |||
<br> | |||
И така, пројавувањата на сите Најубави имиња на Создателот на вселената, кои се откриваат во сите делови на светот, очигледно го наложуваат заклучокот за постоењето на друг, вечен свет, и јасно го докажуваат постоењето на задгробниот живот. | |||
<br> | |||
Тоа се бара и од Божјата моќ, и од Неговата апсолутна Мудрост, кои не допуштаат ни прекумерност, ни бесполезност, и ги оживуваат труповите на дрвјата и нивните исправени скелети, а тие се безбројни и небројни на Земјината површина секоја пролет, секоја година. Нивното оживување се реализира со заповедта: كُنْ فَيَكُونُ И тие се потчинуваат, се претвораат во знак за воскресението по смртта. بعث بعد الموت Триста илјади вида од | |||
групата растенија и од животинските заедници се пробудуваат и повторно се раѓаат прикажувајќи стотици илјади примери за Воскресението и аргументи за постоење на Задгробниот свет. | |||
Нема сомнеж дека овој факт очигледно се наложува и од сеопфатното милосрдие, кое го продолжува животот на сите созданија што имаат потреба од егзистенција, ги преродува со целосно сочувство кон нив и на исклучително неверојатен начин. Постоењето на задгробниот свет се бара и од постојаната грижа, кое прикажува разновидност од безброј убавини и прекраснотии во многу краток период од време, секоја пролет. | |||
Без сомнеж, присуството на траен свет по оваа привремена земја и постоењето на задгробна реалност и на дом на вечното блаженство се јасно наведени и од „љубовта кон вечноста“, и од „копнежот кон бесмртноста“, и од „мечтите за останување до навек“, кое е вградено како неразделен инстинкт во природата на човекот – најсовршениот плод на вселената, најсаканото создание на Неговиот Создател, најтесно поврзаниот со сите созданија во неа. | |||
Сите овие аргументи потврдуваат со целосна категоричност, до степен што нужно подразбира прифаќање на тоа дека Задгробниот свет постои, како што е очигледно и постоењето на земниот живот.(<ref>Да, следниот пример открива колку лесно е да се соопшти потврден факт, и колку е тешко тој да биде отфрлен и негиран.<br> | |||
Ако некој каже дека некаде на земјата има исклучи- телно невообичаена градина со плодови како пакети со млеко, а друг му ги негира зборовите, велејќи: „Не, ваква градина не постои!“, првиот може со целосна леснотија да го докаже своето тврдење, едноставно посочувајќи го местото на градината или некои нејзини плодови. А вториот – оној што негира, треба да разгледува и да разгледува, да ги провери сите делови на земјата за да го докаже своето негирање дека тоа не постои. Така е и прашањето за оние што известуваат дека Рајот постои. Тие откриваат стотици илјади негови пројавувања, му ги објаснуваат плодовите и резултатите имајќи предвид дека се доволни само двајца праведни сведоци од нив за да го докажат нивното тврдење. А оние што негираат, можат да го докажат своето тврдење одвај ако ја видат безграничната вселена и ако погледнат во неограниченото време, и се задлабочат во нивното истражување и анализа, и дури тогаш ако откријат дека Рајот не постои, имаат право да стигнат до заклучокот дека ја кажале вистината.<br> | |||
О, вие, кои сте преживеале длабока старост... о, браќа, знајте колку е голема силата на верата и колку се стабилни нејзините столбови.</ref>) | |||
Штом една од најважните лекции, кои Светиот Куран ни ги дава, е верата во задгробието; оваа лекција е толку стабилна и одржлива, и во оваа вера се содржи толку сјајни вистини што, ако е можно во еден човек да се соберат сто илјади старости, оваа светлина, и оваа надеж, и оваа утеха која извира од верата, ќе му бидат доволни. Затоа ние, возрасните луѓе, треба да се радуваме на својата старост и да сме среќни, изрекувајќи: | |||
اَلْحَمْدُ لِلّٰهِ عَلٰى كَمَالِ الْا۪يمَانِ | |||
'''Саид Нурси''' | |||
<div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> | <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> |
düzenleme