64.622
düzenleme
("'''Четврта точка:''' Светиот Куран причинува изворна и вистинска угодност и сласт, што дури и многуте повторувања, кои обично предизвикуваат здодевност и во најудобните работи, не му пречи на оној чие срце е здраво и чиј вкус не е отапен; напротив, негово..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("Значи, секој е плод на еден прекрасен и очигледен печат на Единството и дава претстава за Авторот и Творецот на неговото стебло, а тоа е Земјата; дава претстава и за Авторот и Создателот на неговата градина, а тоа е книгата на универзумот; го нагласува..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
(Aynı kullanıcının aradaki diğer 106 değişikliği gösterilmiyor) | |||
521. satır: | 521. satır: | ||
Освен тоа, Светиот Куран манифестира таква сочност, младоликост, свежина и оригиналност, која е зачувана така што изгледа како да е штотуку објавена, иако од објавувањето поминаа веќе четиринаесет столетија, и покрај фактот дека тоа е на дофат на сечии раце. Секоја генерација го дочекува млад и свеж, како тој да им се обраќа само на нив. И секоја група научници, иако тој постојано им е во рака, од него константно се напојува и во проценката се обидува да го следи неговиот начин на изразување, го наоѓа трајно зачувано и подеднакво во негов стил и во неговата првобитна свежина и методи на излагање. | Освен тоа, Светиот Куран манифестира таква сочност, младоликост, свежина и оригиналност, која е зачувана така што изгледа како да е штотуку објавена, иако од објавувањето поминаа веќе четиринаесет столетија, и покрај фактот дека тоа е на дофат на сечии раце. Секоја генерација го дочекува млад и свеж, како тој да им се обраќа само на нив. И секоја група научници, иако тој постојано им е во рака, од него константно се напојува и во проценката се обидува да го следи неговиот начин на изразување, го наоѓа трајно зачувано и подеднакво во негов стил и во неговата првобитна свежина и методи на излагање. | ||
'''Петта точка:''' Светиот Куран едното свое крило го протега во минатото, а другото во иднината. Вистината во која единствено претходните пророци се коренот на Куранот и едно од крилата; тој ним им изразува признание и поддршка, а и тие, од друга страна, сами по себе му се поддршка и признание, по аналогија на јазикот. | |||
''' | |||
Исто така, светците и добрите и бистри научници се плодови што својот живот го напоиле од Светиот Куран. Нивното живописно созревање докажува дека нивното благословено стебло поседува виталност, даровитост, обилни и неисцрпни изливи, автентичност и ориги-налност. Значи, тие што се засолнале под тоа негово друго крило и живееле во неговата сенка, од редот на сите вистински патишта блиски до Аллах, и експерти во сите вистински науки во исламот, сведочат дека Куранот е суштинска реалност и собир на сите вистини, неспоредлив во содржината и сеопфатноста. На крајот на краиштата, тој е неверојатно натприродно дело. | |||
'''Шеста точка:''' Сите шест страни на Светиот Куран се светли и ја покажуваат неговата веродостојност и праведност. | |||
Да, под нив се наоѓаат потпорните столбови на доказите и аргументите; над нив зрачат блесоци од печатот на натприродноста; пред него и неговото одредиште се благодатите на среќа во двата света; за него, односно негово упориште, вистините се небесните објави; од неговата десна страна се безбројните докази на исправните умови; а од левата – вистинска сигурност, искрена приврзаност и целосна посветеност на здравите срца и чистата совест. | |||
Како што тие шест страни потврдуваат дека Светиот Куран е една непробојна и несовладлива небесна тврдина на Земјата, така и постоењето на шесте „позиции“ нагласуваат дека тој е самата вистина и суштинска реалност, и дека воопшто не е човечки говор, и за него грешка не може да стигне од која и да било страна. | |||
Прва од тие позиции е дека Располагачот на оваа вселена и неговиот Планер, Кој е во Својот непроменлив обичај, Славен е Тој, делотворни моќи, се израз на убавина, заштита на добрината и искреноста, како и отстранување на измамниците и фалсификаторите. Затоа, Славен е Тој, го поддржува и потврдува признанието на Куранот со тоа што му ја доделила најучената и најугледната позиција, и му го посветил најдобриот прием, највисокиот степен и најголемото внимание од кој било друг доделен степен на успех и триумф во светот. | |||
Следува положбата и фактот дека длабокото убедување и примерната почит од благословениот Пророк, Аллах да го благослови и со мир да го дари, кој е извор на исламот и интер- претатор на Куранот, наспроти Светиот Куран, надминуваат сè останато; и неговата состојба меѓу будноста и сонот во моментите на спуштање на Објавите; и неможност за постигнување на другите негови говори до тие големини, па дури и отсутноста на сличноста на тој израз; и неговата несомнена и сосема убедлива изложеност преку Куранот – непознати космички настани од минатото и иднината, и покрај неговата неукост; и отсуство на извршување на каква било измама, грешка или слични недостатоци од негова страна, без разлика колку и да се незначителни, иако бил под надзор на најжестоките набљудувачи во сите постапки. Верата на овој чесен Интерпретатор и познат Испраќач на пораки, Аллах да го благослови и со мир да го дари, и неговото сесрдно препознавање на секој поединечен пропис на Светиот Куран и постојаност против што било, колку и да било големо, го поддржува и го истакнува фактот дека Куранот е небесен, и дека тој е во целокупноста на вистината, правдата и благотворниот говор на Милосрдниот Господар. | |||
Потоа следува положбата поврзана со петтина од човештвото, па и неговите особености, со Светиот Куран што јасно стои пред нив, поврзаноста во смисла на лојалност и верност; нивното вистинско, искрено и одушевено слушање; пристапот на џиновите, ангелите и духовните битија со него, и нивниот собир и вљубеното летање околу него додека тој се учи, како што пеперутките кружат околу светилката, што потврдува многубројни докази, настани и вистински откровенија. Сето тоа претставува признание дека Куранот е прифатен од целиот универзум како најзначаен, и дека тој во него ја зазема највозвишената и најистакнатата положба. | |||
Потоа, положбата дека секоја поединечна категорија луѓе, од екстремни глупаци и простаци до остроумни генијалци и научници, се здобиваат со максимална корист од лекциите што произлегуваат од Светиот Куран, и од него добиваат квалитетно разбирање на најдлабоките факти; и дека секоја група научници, особено референтните познавачи на Правичниот Шеријат, истражувачите на темелот на верата и генијалните верски научници, привлекуваат стотици исламистички науки и уметности и во Светиот Куран наоѓаат соодветни одговори на сите прашања, кои бараат и кои се однесуваат на нивните научни области, многу се признанијата дека Куранот е извор на вистината и рудник на вистинитоста. | |||
Потоа, неможноста на спротивставување на арапските книжевници, кои се лидери во областа на литературата, оние што не го прифатиле исламот, и покрај нивната принуденост да му се спротивстават, и нивната тотална немоќ од само еден аспект, а тоа е моќта на изразувањето, од вкупно седумте најзначајни аспекти на натприродноста на Куранот; и нивната неспособност за донесување на барем една сура рамна на Куранот, и нивното откажување од тоа; како и отсуството на приговорите од сите прочуени оратори и генијални научници коишто се појавиле до ден-денешен, за кој било аспект на неговата натприродност, иако се желни да приговорат поради стекнување популарност, и нивната беспомошна тишина во сето ова се неоспорни докази дека Светиот Куран е натприродна книга, и дека е надвор од опсегот на човековата моќ. | |||
Да, вредноста, големината и речитоста на нечиј говор се одликува со знаење: „Кој го кажал тоа? Кому му го кажал тоа? И зошто го кажал тоа?“ | |||
Светиот Куран по ова прашање отсекогаш било и засекогаш останало апсолутно неповторлив и недостижен; | |||
затоа што Светиот Куран е обраќање на Господарот на сите светови и говор на нивниот Создател; тој е соопштение што е, од кој било аспект, невозможно да се имитира, и во кое не постои каква било забелешка што би наведувала на извештаченост. Покрај тоа, Неговиот соговорник е пратеник и претставник на целото човештво, па дури и на целокупните созданија, и е најдостоен и најреномиран од сите соговорници. Тој е онаа сила чијашто вера и ширина го зајакнува величествениот ислам, и полетал во близина на „колку два лака или дури и поблиску“, и станал соговорник на вечниот Божествен говор. Потоа, Светиот Куран го соопштил патот на среќата и на двата света, ја разјаснил крајната цел на создавањето на вселената и Господаревите цели во него; воедно, обелоденувајќи ја возвишеноста и широчината на верата, која во себе ја носи тој чесен соговорник, и кој ги содржи сите исламски факти. Го изложило секое делче на оваа непрегледна вселена, и ја свиткал како географска карта или часовник, проучувајќи ги преку познавањето на работите и настаните во него, неговиот Творец и Создател, Славен е Тој. Значи, без никаков сомнеж и сосема неизбежно е трајната невозможност во донесувањето на еден сличен Куран, како што и апсолутно е недостижен и неговиот степен на натприродност. | |||
И исто така, положбата на илјадниците генијални научници, од кои секој напишал тефсир (интерпретација) на Светиот Куран во томови чиј број понекогаш достигнува до триесет, четириесет, па и седумдесет; нивните потврди во продолжение со предавањата и доказите, безбројните високи одлики, длабокоумните мисли, суптилните карактеристики, префинетите тајни, возвишените значења и многубројните извештаи од областа на невидливото во сите нивни разновидности, содржани во Светиот Куран; потенцирањето на овие одлики од сите нив и нивните потврдувања е непобитен доказ дека Куранот е феноменална Божествена книга. Особено, тоа е воочливо во потврдите за секоја од сто и триесетте дела на Рисале-и Нур, кои некои од одликите на Светиот Куран или некои од неговите феноменални и длабокоумни мисли убедливо докажува и со убедливи докази. Посебно се издвојува посланието за чудата на Куранот и Втората положба од Дваесеттото Слово, кои привлекуваат многу цивилизациски чуда од Светиот Куран, како што се возот или авионот; Прв Одблесок, насловено навестување од Куранот, кој расветлува алудирајќи на ајетите од Куранот за Посланијата на мирот и светлината; тогаш, осумте кратки посланија, наречени „Румузат-и Семаније“, во кој се дадени високи достигнувања за прецизноста и систематичноста на буквите во Светиот Куран, и колку се тие исполнети со мистерија и преполни со значења; како и краткото послание, која ја елаборира завршницата на сурата Ел-Фетх и со пет гледишта ја докажува нејзината натприродност во однос на нејзиното известување за прашањата околу невидливоста; и други слични посланија. Изразувањето на секоја од поединечните дела на Рисале-и Нур, некои од вистините содржани во Светиот Куран и некои од неговите светла, е признание и убедлива потврда дека Светиот Куран е неспоредлив, дека тој е феноменална натприродна книга, и дека тоа е јазик со кој зборува невидливиот свет во овој појавен свет, и говор на Познавачите на сè што е непознато. | |||
Така, значи: и токму поради овие одлики и особености на Светиот Куран, што е наведено во претходните шест точки, со шест страни и шест позиции, се одржа неговото величествено сјајно правило и надмоќна света сувереност во целосна грандиозност и авторитет, и појаснувајќи ги лицата на сите епохи и осветлувајќи го непрестајно лицето на Земјата, со потполно почитување продолжи да трае во текот на цели илјада и триста години. И повторно, благодарение токму на овие одлики, Светиот Куран се издвои со својства на светост, бидејќи секоја негова поединечна буква носи најмалку десет заслуги, десет добротворства и десет трајни плодови. Дури и секоја поединечна буква во составот на ајетот и сурата носи стотици, илјадници, па дури и повеќе плодови во Задгробниот свет, додека светлината, наградата и вредноста на една буква во одредени благословени времиња се зголемува од десет до стотици пати. Овие и сличните свети одлики ги сфатил нашиот патник и ги соопштил на своето срце: | |||
„Светиот Куран е навистина натприроден во секој поглед, што едногласно го сведочат неговите сури и сложно го кажуваат неговите ајети; неговите тајни и светлини се натпреваруваат; неговите плодови и резултати се согласуваат. Ова сведоштво е цврсто и одржливо, со докази за постоење на Потребното Битие и Неговото Единство, Славен е Тој, Неговите Возвишени Атрибути и Неговите Убави имиња. Безброј сведоштва на сите носители на верата произлегуваат од тоа сведоштво.“ | |||
Кратко навестување на лекцијата од Светиот Куран за Единството на Бога и верувањата, кои нашиот патник ги ислуша, се наведени во Седумнаесеттиот степен од Прво ниво: | |||
لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ ال۟وَاجِبُ ال۟وُجُودِ ال۟وَاحِدُ ال۟اَحَدُ الَّذٖى دَلَّ عَلٰى وُجُوبِ وُجُودِهٖ فٖى وَح۟دَتِهِ ال۟قُر۟اٰنُ ال۟مُع۟جِزُ ال۟بَيَانِ اَل۟مَق۟بُولُ ال۟مَر۟غُوبُ لِاَج۟نَاسِ ال۟مَلَكِ وَ ال۟اِن۟سِ وَ ال۟جَانِّ اَل۟مَق۟رُوءُ كُلُّ اٰيَاتِهٖ فٖى كُلِّ دَقٖيقَةٍ بِكَمَالِ ال۟اِح۟تِرَامِ بِاَل۟سِنَةِ مِأٰتِ مِل۟يُونٍ مِن۟ نَو۟عِ ال۟اِن۟سَانِ اَلدَّائِمُ سَل۟طَنَتُهُ ال۟قُد۟سِيَّةُ عَلٰى اَق۟طَارِ ال۟اَر۟ضِ وَ ال۟اَك۟وَانِ وَ عَلٰى وُجُوهِ ال۟اَع۟صَارِ وَ الزَّمَانِ وَ ال۟جَارٖى حَاكِمِيَّتُهُ ال۟مَع۟نَوِيَّةُ النُّورَانِيَّةُ عَلٰى نِص۟فِ ال۟اَر۟ضِ وَ خُم۟سِ ال۟بَشَرِ فٖى اَر۟بَعَةَ عَشَرَ عَص۟رًا بِكَمَالِ ال۟اِح۟تِشَامِ . وَ كَذَا : شَهِدَ وَ بَر۟هَنَ بِاِج۟مَاعِ سُوَرِهِ ال۟قُد۟سِيَّةِ السَّمَاوِيَّةِ وَ بِاِتِّفَاقِ اٰيَاتِهِ النُّورَانِيَّةِ ال۟اِلٰهِيَّةِ وَ بِتَوَافُقِ اَس۟رَارِهٖ وَ اَن۟وَارِهٖ وَ بِتَطَابُقِ حَقَائِقِهٖ وَ ثَمَرَاتِهٖ وَ اٰثَارِهٖ بِال۟مُشَاهَدَةِ وَ ال۟عِيَانِ | |||
Покрај тоа, нашиот патник и излетник сигурно знаеше дека верата до која дошол тој, е најголем човечки капитал, бидејќи тој, онака сиромашно, во сопственост не му дава некое минливо поле или привремен престој, туку во сопственост му ја дава огромната вселена и му дава можност да освои огромно и вечно царство, пространо колку и светот; му наоѓа, онака краткорочно човечко суштество, средства за вечен и безвременски живот; и го избавува, онака очајно, додека ја чека бесилката од смртниот час, ужасен крај и вечно исчезнување, отворајќи му го богатството на вечниот просперитет. Затоа патникот се обрати кон својата душа, велејќи: | |||
„Ајде да пристапиме и да се унапредиме за уште еден степен на бесконечната скала на верата. Да ја согледаме вселената во целина и да ја сослушаме, да видиме што има и тој нам да ни каже, и до крајност да ги дополниме и да ги просветлиме лекциите што сме ги слушале од излагањата на неговите основи и делови.“ Со широкиот и прегледен двоглед, позајмен од Светиот Куран, патникот ја набљудуваше целокупната вселена и виде: | |||
Дека вселената е чудесно распоредена и уредена по илустративни невидени значења и се привидува во форма на Славна книга или олицетворение на Господаревиот Куран, или свечено украсена палата на Сеприсутниот, или преубаво уреден град на Семилостивиот. Сите сури, ајети и зборови на оваа книга, па и сите букви, поглавја и извадоци, страници и редови; и сè што се случува во сето тоа во смисла на префинето и намерно „бришење и повторно воспоставување“, и во смисла на осмислени процеси и промени; сето тоа само по себе едногласно ја искажува смислата на постоењето на Сезнајниот и Семоќниот, и го изразува постоењето на Величествениот Автор и Совршениот Дизајнер, Кој гледа сè во сите работи и ја знае поврзаноста на сите работи со сите други работи, и ги зема предвид. | |||
Исто така и сè што се наоѓа во оваа вселена, неговата структура и видови, делови и честички, жители и содржини што влегуваат и излегуваат од него, корисни промени и мудри обновувачки процеси, сложно ја искажуваат и ја прават разбирлива смислата на постоењето и Единството на Создателот на највисокиот степен. Создателот Кој е ненадминат, Кој во него влијае со неограничена моќ и со бескрајна мудрост. | |||
Ова прекрасно сведоштво на вселената, во прилог на постоењето на Создателот и Неговото Единство, го поддржуваат две големи и сеопфатни факти, чии размери и ширини се соодветни на просторот и големината на вселената. | |||
'''Прв факт:''' Тоа е „худус“ (обновување) и „имќан“ (веројатност), создавање и потенцијал што ги воочиле исламските мудреци и врвни познавачи на темелот на верата, и ги востановиле со убедливи докази. | |||
Тие рекле: | |||
„Штом во вселената и во секоја работа се случуваат промени и измени, следува дека тоа е преодно и дека исчезнало, и не било отсекогаш. Штом тоа исчезнало, соодветно следува дека тоа мора да има свој творец и изумител. Потоа, штом секоја работа, без разлика доколку во самото нејзино битие нема причина за нејзиното постоење или непостоење, не е потребна сама по себе и не е беспочетна. Исто така со одлучувачките докази е утврдено дека е невозможно работите меѓусебно да се создаваат едни со други, со принципот на кружниот или каузалниот синџир до бесконечност, што се невозможни и неосновани. Значи, задолжително следува заклучок за постоењето на Неопходното Битие, на Кој Му нема рамен, и кому никој не може да му биде еднаков; сè покрај Него е само можност, и сите, освен Него, се Негови созданија.“ | |||
Да, вистината за обновувањето ја опфатила целата вселена и поголемиот дел од неа е видливо со око, а останатиот дел е воочлив со умот. Бидејќи сведоци сме дека секоја година со доаѓањето на есента умира еден огромен свет, а заедно со него умираат и безброј единки, стотици илјади растителни и животински видови, од кои, повторно, секој поединечен вид е како една жива вселена. Меѓутоа, тоа изумирање се случува крајно систематско, и секоја од соодветните поединци зад себе остава семиња, зрна и јајца, кои потоа ќе станат централна зона за нивниот престој и повторно обединување, а кои и самите се натприродни дела на Милоста и Мудроста и феноменални дела на Моќта и Знаењето. Тие се оние што се како аманет на Семудриот, Величествениот Чувар, и се оставени на заштитата на Семилостивиот, и во нив претходно се складирани нивните работни картички, програми и протоколи, а потоа умираат. | |||
Со доаѓањето на пролетната сезона – дрвјата, корените и некои ситни животни што исчезнале, оживуваат директно; а останатите проживуваат, се создаваат и надоместуваат со исти или слични на себе. Така, тие претставуваат стотици илјади примери за Големо Воскресение, и обезбедуваат стотици илјади докази за тоа. Битијата од претходната пролет со ширење на нивните парцијални страници и белешки за извршените задачи и нивното објавување во текот на пролетта, претставуваат јасен пример во значењето на ајетот од Куранот وَاِذَا الصُّحُفُ نُشِرَت۟ | |||
Така е и со универзумот како целина; секоја есен и секоја пролет умира еден голем свет, а се појавува некој друг; и сето тоа исчезнување и повторно обновување на безбројните живи видови, се одвива исклучително уредно и балансирано, и во тоа исчезнување и повторно обновување се случуваат изумирања и повторни оживувања на многу видови во совршен ред, и овој свет како да е едно пристаниште каде што се дочекуваат живите битија, каде што летаат патувачки светови и по пат наминуваат кај патувачката Земја, тука ги извршуваат нивните должности, а потоа ја напуштаат и си одат. | |||
Значи, создавањето и доведувањето во постоење на живите светови и откривањето на битијата со одредена цел на овој свет, со целосно знаење и мудрост, умерено и балансирано, редовно и уредно, и нивното моќно задолжување и внимателно работење во однос на спроведување на Господаревите цели, Божји намери и услуги на Семилостивиот, аксиоматски ја докажуваат потребата од постоење на Семоќното и Неповредливо Битие, чија моќ е безгранична и чија мудрост е бескрајна. Оваа потреба на сето споменато, се изнесува на виделина пред умовите, јасно како сонце. Со ова ја затвораме вратата на дискусијата за прашањето за обновувањето и ја препуштаме на Рисале-и Нур и книгите на религиозните научници. | |||
Што се однесува до потенцијалниот аспект (веројатноста), и тој го опфатил и опкружил целиот универзум. Бидејќи сведоци сме дека секоја работа, делумна или универзална, мала или голема, и сè што постои, од Престолот до Земјата, од атомот до планетата, доставена е на овој свет и поседува својствено битие, посебна личност, одредена форма, избрано лице, посебни карактеристики, мудар наменски квалитет и корисни и функционални органи. Меѓутоа, оваа распределба на индивидуалноста на тоа битие и тој квалитет, од безброен спектар на можности, нивното облекување во одредена форма, што поседува препознатливи и меѓусебно координирани украси и карактеристики, од многу можности и веројатности, чијашто бројност е еднаква на бројноста на сите ликови; ексклузивен избор на именуваните релевантни индивидуалности за наведените непостојани битија од изобилство на можности колку и сите единки од неговиот вид; пласирање својства на располагање и специјална намена на засегнатите безлични суштества, неодлучни внатрешни можности и веројатности, бројни во количини на сите својства и нивните варијации; опрему- вање на тоа суштество со наведен квалитет и внимателна инсталација на овие материјали, кои се остварливи на многу различни начини и во неограничен број видови; додека е тоа збунето, изгубено и без цел покрај безбројните можности и варијанти; значи, сите овие укажувања, команди и сведоштва, што произлегле од „потенцијалниот“ (веројатниот) факт, несомнено сочинуваат едно крило на величественото сведоштво на вселената; | |||
бидејќи количински тоа е еднакво на бројот на сите можни работи и појави, делумни и универзални, и сите варијанти на сè што е можно, од редот на споменатите, од квалитетот и идентитетот, состојбата и формата со кои располага, до својствата и ситуацијата по кои се издвојува. Во тоа се укажувањата, командите и сведоштвата за постоењето на Неопходното Битие, Славен е Тој, Кој наменува, избира и доведува во постоење; Неговата моќ нема граница, Неговата мудрост нема крај, и Нему не му е скриена ниту една работа или околност, за Него ништо не е невозможно, ништо не Го поддржува; И најголемата работа за Него е еднакво лесна како и најмалата. Тој е Моќник за Кого создавањето на пролетта е еднакво лесно како и создавањето на едно дрво, и создавањето на едно дрво еднакво лесно како и создавањето семе. | |||
Бидејќи Рисале-и Нур, а особено Дваесет и второ Слово, Триесет и второ Слово, Дваесетто Писмо и Триесет и трето Писмо, совршено го потврдиле и целосно го разјасниле сведоштвото за вселената, со двете нејзини крила и двата факти, овде ќе ја скратиме оваа широка препуштајќи ја на гореспоменатите посланија. | |||
А, второто крило на универзалното и величествено сведоштво на вселената како целина се состои од: | |||
'''Втор факт:''' факт за соработката и потпомагањето. Овој факт се потврдува во целосна беспомошност на созданијата, кои се борат во обид да ги зачуваат нивното постоење и интерес, и зачувување на животот, ако се живи суштества, и исполнувањето на нивните должности во услови на постојани превирања и постојаните претстојни промени. | |||
На пример: делотворност на елементите во поддршка на живите суштества, посебно напојување на растителниот свет од страна на облаците, доаѓањето на растенијата за помошта на животните; услужливо помагање на животните на човекот, вкусно млеко што навира од градите како изворот Кевсер за да нахрани младенчиња; преземање материјали и набавка кои се надвор од нивната моќ и опсег во рацете на живите битија, од каде што тие не ни очекуваат; кружење хранливи материи со цел да се изградат клетките на телото; и слични примери од богатството на појавите што укажуваат на фактот за заемна помош што се случува под надлежност на Господарот, по налог на Милостивиот, јасно ја покажуваат апсолутната надлежност на сеопфатниот Господар на сите светови, и Негово сеопфатно и сомилосно господарување, под чија надлежност е целото космичко пространство, со кој Тој управува лесно како да е обичен дворец. | |||
Да, изразувањето љубезност и потпомагањето меѓу овие работи, кои се неживи, несвесни и бесчувствителни, во ситуации што откриваат сочувство и свест, доказ е, и тоа навистина впечатлив, дека тие се поттикнати на соработка и водени од Моќта на Величествениот Господар, од благодатта на Апсолутниот Сомилосник, и снабдувањето на Апсолутниот Мудрец. | |||
Значи, универзалната соработка која се одвива во вселената, општата врамнотеженост и обемното одржување, што струи во совршен ред, од галаксијата и небесните тела до органите на живите суштества и телесните честички; трајно дотерување, чие перо се повлекува од блескавото лице на небото до живописното лице на Земјата и до пријатните лица на цвеќињата; доминантниот поредок што регулира од Млечниот Пат и Сончевиот систем до плодот на пченката, калинката и други; ангажман на должности, од Сонцето и Месечината, елементите и облакот, до пчелите и мравките; како и други слични, и многу големи вистини, што обезбедуваат сведоштво пропорционално на нивната големина, го сочинуваат другото крило на сведоштвото на универзумот во прилог на Аллах, Славен е Тој, постоењето и Единството, и го потврдуваат. | |||
Бидејќи Рисале-и Нур веќе го воспоставиле и го разработиле ова величествено сведоштво, овде ќе се задоволиме со оваа кратка најава. | |||
Така, и во Осумнаесеттиот степен на Првото ниво е наведена кратка најава за лекцијата што вселената му ја одржала на нашиот светски патник: | |||
لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ ال۟وَاجِبُ ال۟وُجُودِ ال۟مُم۟تَنِعُ نَظٖيرُهُ اَل۟مُم۟كِنُ كُلُّ مَاسِوَاهُ ال۟وَاحِدُ ال۟اَحَدُ الَّذٖى دَلَّ عَلٰى وُجُوبِ وُجُودِهٖ فٖى وَح۟دَتِهٖ هٰذِهِ ال۟كَائِنَاتُ ال۟كِتَابُ ال۟كَبٖيرُ ال۟مُجَسَّمُ وَ ال۟قُر۟اٰنُ ال۟جِس۟مَانِىُّ ال۟مُعَظَّمُ وَ ال۟قَص۟رُ ال۟مُزَيَّنُ ال۟مُنَظَّمُ وَ ال۟بَلَدُ ال۟مُح۟تَشَمُ ال۟مُن۟تَظَمُ بِاِج۟مَاعِ سُوَرِهٖ وَ اٰيَاتِهٖ وَ كَلِمَاتِهٖ وَ حُرُوفِهٖ وَ اَب۟وَابِهٖ وَ فُصُولِهٖ وَ صُحُفِهٖ وَ سُطُورِهٖ وَ اِتِّفَاقِ اَر۟كَانِهٖ وَ اَن۟وَاعِهٖ وَ اَج۟زَائِهٖ وَ جُز۟ئِيَّاتِهٖ وَ سَكَنَتِهٖ وَ مُش۟تَمِلَاتِهٖ وَ وَارِدَاتِهٖ وَ مَصَارِفِهٖ بِشَهَادَةِ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ ال۟حُدُوثِ وَ التَّغَيُّرِ وَ ال۟اِم۟كَانِ بِاِج۟مَاعِ جَمٖيعِ عُلَمَاءِ عِل۟مِ ال۟كَلَامِ وَ بِشَهَادَةِ حَقٖيقَةِ تَب۟دٖيلِ صُورَتِهٖ وَ مُش۟تَمِلَاتِهٖ بِال۟حِك۟مَةِ وَ ال۟اِن۟تِظَامِ وَ تَج۟دٖيدِ حُرُوفِهٖ وَ كَلِمَاتِهٖ بِالنِّظَامِ وَ ال۟مٖيزَانِ وَ بِشَهَادَةِ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ التَّعَاوُنِ وَ التَّجَاوُبِ وَ التَّسَانُدِ وَ التَّدَاخُلِ وَ ال۟مُوَازَنَةِ وَ ال۟مُحَافَظَةِ فٖى مَو۟جُودَاتِهٖ بِال۟مُشَاهَدَةِ وَ ال۟عِيَانِ | |||
Потоа, патникот кој пристигнал на овој свет и се пушти во потрага на Создателот на светот, и напредувал низ осумнаесет степени и достигнал до престолот на вистината, со порастот на крилата на верата, се издигнал од позицијата на индиректно спознание до позицијата на директно обраќање. Значи, овој одушевен заљубеник ѝ се обрати на својата душа, велејќи: | |||
„Благодарност и пофалба во отсуство, со почеток на сурата Ел-Фатиха до зборовите اِيَّاكَ кои внесуваат смиреност што човекот го креваат и го издигаат до нивото на директно обраќање на اِيَّاكَ ; па, и ние, значи, ќе се распрашаме директно кај Него за Оној по Којшто трагаме, а ќе ја оставиме потрагата за Него во Негово отсуство.“ Бидејќи за Сонцето, што ги осветлува сите, треба да се распрашаме кај самото Сонце. Поточно, она што излегува на виделина и осветлува сè, се изложува себеси и осветлува повеќе од што било друго. Па, како што можеме да го видиме и да го распознаеме Сонцето по неговите зраци и светлина, така сме и во можност да се обидеме, во согласност со нашите способности, да Го запознаеме и нашиот Создател, преку одразите на Неговите Убави имиња и преку светлината на Неговите Возвишени Атрибути. | |||
Во ова послание ќе изнесеме генерално и ќе изложиме прецизно само две од изобилството факти и опширни детали, земени од два степена од безбројните степени со скали, два од многубројните правци што водат до нашата цел. | |||
'''Прв факт:''' Тој е сеприсутен во делотворноста и таа делотворност што доминира во вселената, со око е видливо, и тоа е тоа што ги управува, менува и обновува сите созданија, сеопфатна е, трајна, уредна, огромна, небесна и земска. Таа јасно ја покренува свесноста за фактот на изразувањето на господарувањето, содржана во делотворноста на фактот, ефикасна во секој нејзин поглед; како што и таквата свест мора да води до Божествената концепција, содржана во фактот за изразување на господарувањето, која зрачи со милост во сите нејзини аспекти. | |||
Значи, од оваа владејачка и намерна континуирана делотворност, и зад нејзиниот превез, може да се препознае, како што е видливо со голо око, делотворноста на Моќниот и Сезнаен Чинител. | |||
И од тие дизајнирани и поучни дела на Господарот, и зад нивниот превез, сами по себе се познати, до степен на допирливост, Убавите имиња на Аллах, кои се рефлектираат во сите работи. | |||
Потоа, од овие Убави имиња, убаво и величествено најавени, и зад нивниот превез, веродостојното знаење, сигурната визија и суштинската непобитност, па дури и суштинската реалност, се спознаваат со постоењето на седум неповредливи Атрибути и нивна реализација. | |||
А, од бесконечните рефлексии на овие седум неповредливи Атрибути, кои отелотворуваат живот, моќ, знаење, слух, вид, волја и говор – несомнено, аксиоматски, потребно и сигурно е сведоштвото на сите нешта потврдено го знаат постоењето на Носителот на Атрибутите, Неопходното Битие, Еден и Единствен Именител и Неспоредлив и Сеодржлив Чинител, Чиешто постоење е поверојатно и поблескаво од она што е на Сонцето, и таа, со срцевите очи на верата, го поима јасно како да го гледа. | |||
Всушност, една атрактивна книга со префинети значења и една средена архитектонска зграда, очигледно бараат чин на пишување и градежништво; чинот на убавото пишување соодветната изградба очигледно подеднакво ги бараат имињата на писателот и градителот; имињата на писателот и градителот со истата очигледност ги бараат постапките и својствата на пишувањето и изградбата; овие, пак, постапки и својства, аксиоматски ја наметнуваат потребата на битието на кое се однесуваат овие својства, постапки, имиња и дела. Бидејќи, како што не е можно да постои чин без чинител и име без оној што тој го именува, подеднакво се невозможни и постоењето и својствата без оној што тие го опишуваат, и изработката на оној што гради. | |||
Така, врз основа на утврдените факти и правила, овој универзум е, со сето свое постоење, како книга и писма со префинети значења напишани со перото на Божествената Судбина, и како безброј објекти од кои секоја е како зграда и палата ковани со чеканот на Моќта. И секоја од нив одделно, со илјадници гледишта и неограничен број на аспекти, се неограничени дејствувања, господарувања и милости; и бескрајни блесоци на илјада и едно Убаво име, кои се исход на тие дејствувања; и бескрајните рефлексии на седумте Атрибути на Славниот, кои се извор на тие Убави имиња, обезбедуваат безброј докази и бесконечни сведоштва на потребата од постоењето и единството, Беспочетно и Вечно Возвишено Битие, што е Битие чиј исход се наведените седум сеопфатни свети Атрибути со кои се опишани. Исто така, сета убавина и префинетост, и сите квалитети и совршенства што се наоѓаат во целото тоа постоење, според тоа, секое за себе укажува на возвишена убавина што прилега на тие господарски дејствувања, Божествени имиња, вечни атрибути и беспрекорен талент, соодветни на нив, а сето тоа во целост, очигледно сведочи за светата убавина и неповредливото совршенство на Неговото Свето Битие. | |||
Така, фактот за господарувањето, кој е манифестен во фактот за доминантната делотворност, се претставува и излегува на виделина преку своите намери, дејствување, располагање, како на пример креирање, откривање, развој и изум, која се спроведува со знаење и мудрост; се рефлектира во определување, дизајн, внимателност и управување, кое е отелотворено со систематичност и мерка; укажува на причините, промените и измените, спуштање и усовршување, која се постигнува со намера и волја; и се открива во донирањето храна, благодати, почести и добрини, кои се пружаат со беспрекорен талент. | |||
Исто така, и фактот за Божественото признавање, кој е евидентен и очигледно присутен во фактот за манифестното господарување, воедно се претставува и сфаќа преку рефлексиите на Убавите Имиња, кои се олицетворение на благодатта и благородништвото, и преку прекрасната и естетска рефлексија на седумте афирмативни Божествени Атрибути: Животот, Знаењето, Моќта, Волјата, Слухот, Видот и Говорот. | |||
Да, како што Божјото својство на Говорот дава претстава за Неприкосновеното Битие, откровенијата и вдахновенијата, така и својството на Моќта дава очигледна претстава за Неговото неприкосновено Битие на делата кои се како објективизирани зборови, и прикажувајќи го универзумот со неговиот крај во крајна позиција на отелотворениот Куран, ја опишува и ја претставува големината на Моќниот Поседник; | |||
И својството на Божјото Знаење исто така дава претстава за едно Неприкосновено Битие, што тоа означува, во износ од сите мудро дизајнирани, уредени и одмерени креации, а бројот на сите суштества, кои Тој вешто ги управува, украсува и класифицира. | |||
Во однос на својствата на Животот, сите дела што укажуваат на Моќта, сите уредени, мудро дизајнирани, одмерени и украсени форми и состојби, кои го манифестираат постоењето на Знаењето, и сите докази што зборуваат за другите атрибути, со докази што укажуваат на својството на Животот, ја докажуваат вистинитоста на Божјото својство Живот. И самиот живот, исто така, со сите негови докази, распределби и нагласувања на сите живи суштества, кои се како негови огледала, укажува на Хајј-и Кајјум. | |||
А, целокупниот универзум се трансформира во огромно огледало што е во постојани промени и што постојано се обновува, а се состои од неограничен број огледала, со цел прикажување на отсјајот и разните прекрасни резби, различни и свежи во кое било време. | |||
Аналогно на ова, и Божјите својства Видот, Слухот, Волјата и Говорот секоја одделно дава претстава за Неприкосновеното Битие, широко и јасно како и самиот универзум. | |||
Овие својства, како што го докажуваат постоењето на Неговото Возвишено Битие, подеднакво и аксиоматски го докажуваат и постоењето на животот и неговото остварување, и дека Тој, Славен е Тој и Возвишен, е жив. Имено, знаењето е обележје на животот, слухот е навестување на животот, видот е својство на живите суштества, а волјата е интегрален дел од животот, моќта на волјата е присутна во живите суштества, додека говорот е карактеристика на живите и разумни битија. | |||
Од претходните точки следува заклучок: дека Божјото својство Живот е поддржано од докази и аргументи во изобилство од седумкратното пространство на вселената, кои даваат претстава за постоењето на тие својства, и во постоењето на Живиот, Кој тоа го отелотворува, Животот станува основа и извор на сите својства, и почетна точка и тежиште на Најголемите Божји Имиња. | |||
Бидејќи Рисале-и Нур веќе делумно го разјасниле овој прв факт и го утврдиле со силни докази, засега ќе се задоволиме со оваа капка од тоа море. | |||
'''Втор факт:''' е Божјото проговарање што произлегува од Божјото својство на Говорот. | |||
''' | |||
По значењето на ајетот од Куранот: | |||
لَو۟ كَانَ ال۟بَح۟رُ مِدَادًا لِكَلِمَاتِ رَبّٖى | |||
Говорот е најконкретен доказ за спознавање на постоењето на говорникот. Значи, овој факт, односно Божјо проговарање, со бескрајна низа од сведоштва го манифестира постоењето на Беспочетниот Говорник и Неговото Единство. | |||
Две силни сведоштва за овој факт веќе се имаат појавено во склоп на она што е истакнато во Четиринаесеттиот и Петнаесеттиот степен на ова послание, однос на откровенијата и вдахновенијата, додека уште едно сеопфатно сведоштво е дадено во Десеттиот степен на ова послание, каде што се укажува на светите небесни Книги. | |||
Постои и уште едно прекрасно, сјајно и содржајно сведоштво, кој се наоѓа во Седумнаесеттиот степен, каде што е говорот за натприродноста на Светиот Куран. Затоа и на овие степени ќе им ја препуштиме изработката на горенаведениот факт и неговото сведоштво. | |||
И така, светлоста и тајната на ајетот од Куранот | |||
شَهِدَ اللّٰهُ اَنَّهُ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ وَال۟مَلٰٓئِكَةُ وَ اُولُوا ال۟عِل۟مِ قَٓائِمًا بِال۟قِس۟طِ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ ال۟عَزٖيزُ ال۟حَكٖيمُ | |||
кој на чудесен начин го презентирал овој факт, и го изразило значењето на неговото сведоштво со сведоштвото на сите други факти, била доволна и делотворна за нашиот патник, онолку што подалеку не можел да оди. | |||
Во Деветнаесеттиот степен од Прво ниво наведена е белешка за сижето на значењата на лекциите што патникот ги сослушал на тоа свето ниво: | |||
لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ ال۟وَاجِبُ ال۟وُجُودِ ال۟وَاحِدُ ال۟اَحَدُ لَهُ ال۟اَس۟مَاءُ ال۟حُس۟نٰى وَ لَهُ الصِّفَاتُ ال۟عُل۟يَا وَ لَهُ ال۟مَثَلُ ال۟اَع۟لٰى اَلَّذٖى دَلَّ عَلٰى وُجُوبِ وُجُودِهٖ فٖى وَح۟دَتِهٖ اَلذَّاتُ ال۟وَاجِبُ ال۟وُجُودِ بِاِج۟مَاعِ جَمٖيعِ صِفَاتِهِ ال۟قُد۟سِيَّةِ ال۟مُحٖيطَةِ وَ جَمٖيعِ اَس۟مَائِهِ ال۟حُس۟نٰى اَل۟مُتَجَلِّيَّةِ بِاِتِّفَاقِ جَمٖيعِ شُؤُنَاتِهٖ وَ اَف۟عَالِهِ ال۟مُتَصَرِّفَةِ بِشَهَادَةِ عَظَمَةِ حَقٖيقَةِ تَبَارُزِ ال۟اُلُوهِيَّةِ فٖى تَظَاهُرِ الرُّبُوبِيَّةِ فٖى دَوَامِ ال۟فَعَّالِيَّةِ ال۟مُس۟تَو۟لِيَةِ بِفِع۟لِ ال۟اٖيجَادِ وَ ال۟خَل۟قِ وَ الصُّن۟عِ وَ ال۟اِب۟دَاعِ بِاِرَادَةٍ وَ قُد۟رَةٍ وَ بِفِع۟لِ التَّق۟دٖيرِ وَ التَّص۟وٖيرِ وَ التَّد۟بٖيرِ وَ التَّد۟وٖيرِ بِاِخ۟تِيَارٍ وَ حِك۟مَةٍ وَ بِفِع۟لِ التَّص۟رٖيفِ وَ التَّن۟ظٖيمِ وَ ال۟مُحَافَظَةِ وَ ال۟اِدَارَةِ وَ ال۟اِعَاشَةِ بِقَص۟دٍ وَ رَح۟مَةٍ وَ بِكَمَالِ ال۟اِن۟تِظَامِ وَ ال۟مُوَازَنَةِ وَ بِشَهَادَةِ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ اَس۟رَارِ - شَهِدَ اللّٰهُ اَنَّهُ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ وَ ال۟مَلٰٓئِكَةُ وَ اُولُوا ال۟عِل۟مِ قَٓائِمًا بِال۟قِس۟طِ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ ال۟عَزٖيزُ ال۟حَكٖيمُ | |||
'''НАПОМЕНА''' | |||
Секој од горенаведените факти, кои сведочат во прилог на деветнаесетте степени од Првиот дел на Второто ниво, со својата реализација и постоење, секој посебно укажува на Неопходното Битие, а истовремено и со својата ширина ги опфаќа и ги докажува Единственоста и Единството на Бога. Само што тие се класифицирани како доказ за постоењето на Потребното Битие, бидејќи, пред сè, го потврдуваат Неговото постоење. | |||
Од друга страна, Вториот дел од Второто ниво, бидејќи во прв план јасно ја става потврдата за Единството на Бога, а во Неговиот контекст го потврдува и Неговото постоење, насловен е како „Докази за Единството на Бога.“ Во секој случај, двата дела, односно, Првиот и Вториот дел од Второто ниво, во исто време го утврдуваат и постоењето и единството, иако, поради нивното распознавање, во Првиот дел се повторува изразот بِشَهَادَةِ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ | |||
додека во Вториот дел се повторува изразот بِمُشَاهَدَةِ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ сигнализирајќи го евидентното и манифестно Единство на Бога, како да се гледа со голо око. | |||
Бев наумил да ги разработам степените на Вториот дел, кој следува, на начин како што е направено со Првиот дел, меѓутоа, одредени услови ме спречија и ме принудија на резимирање и концизност. Затоа, на Рисале-и Нур ги оставаме нивните дополненија, со нивни излагања и објаснувања како што заслужуваат. | |||
< | <span id="İKİNCİ_BAB"></span> | ||
== ВТОР ДЕЛ == | |||
</ | |||
'''Докази за Единството на Бога''' | |||
Патникот што е испратен на овој свет во име на верата, и што во својата имагинација тргнал на пат по универзумот, за да се распраша во врска со сè за Неговиот Создател, и на секое место да го бара својот Господар, и неговото верување во потребата од постоењето на Оној по Кој трага тој, се зајакнало до степен на совршена вера, и тој вака му се обратил на својот ум: „Дојди заедно да одиме на уште едно патување и преку него да ги разгледаме доказите што нè доведуваат до потврдата на Единството на нашиот Неопходен Постоечки Создател.“ | |||
Тие отидоа заедно. На првата станица наидоа на постоењето на четирите свети вистини што преовладуваат со универзумот, и неопходно, на ниво на очигледноста, го претпоставуваат Единството на Бога. | |||
< | <span id="BİRİNCİ_HAKİKAT:_“Uluhiyet-i_mutlaka”dır."></span> | ||
=== Прв факт: Божествен апсолутизам === | |||
</ | |||
Посветеноста на секоја човечка заедница на еден вид богослужба и нивното занимавање со тоа како да им е вродено; извршувањето на другите живи суштества, па и на неживите, нивните задачи и природни функции кои се, исто така, своевидна форма на обожување; фактот дека сите благодати и добротворства, материјални и нематеријални, кои се во изобилство во универзумот, се средствата на пофалба и благодарност за Божествената позиција, која ги наведува на извршување на богослужбата поради искажување благодарност; сето тоа укажува на невидливиот свет и изнесува на виделина концептуални факти како што се откровенијата и вдахновенијата, што го откриваат Божеството на Единствениот Бог; сето ова аксиоматски ја востановува реалноста и доминацијата на Единствениот Божествен Апсолутизам. | |||
Штом оваа Божествена стварност ја има и постои, значи, нема да го прифати учеството на други. Бидејќи тие што на оваа Божествена стварност, односно достојноста на обожување, возвраќаат со благодарност и богослужба, се свесни плодови од врвот на дрвото на универзумот. Затоа, претпоставката за постоење на други, кои им вртат лице на тие свесни суштества и им го одвлекуваат вниманието од себе и ги доведуваат до чувство на обврзување и благодарност кон себе, обидувајќи се да ги натераат да заборават на својата Вистинска и Достојна Богослужба – а тие се склони брзо да го заборават Него поради Неговата невидливост и скриеност од погледите, спротивна е на Божествената суштина и е во контрадикција со нејзините свети цели, и е апсолутно неприфатлива. | |||
Поради тоа, Куранот е преполн со изјави на категорично отфрлување на политеизмот (станување ортак на Аллах), односно споменатото придружување, а на неговите сторители им се заканува пеколна казна. | |||
< | <span id="İKİNCİ_HAKİKAT:_“Rububiyet-i_mutlaka”dır."></span> | ||
=== Втор факт: Апсолутно господарување === | |||
</ | |||
Да, општата и сеопфатна делотворност на невидливата рака со мудрост и милост во целиот универзум, особено на живите суштества, особено во нивното одгледување и одржување, секаде на ист начин, и во сосема неочекувани и непредвидливи форми, во исто време и заедно, иако измешани, и секој поединечно, е откривање и светло што укажува на Единствено Апсолутно Господарување, па и постојан доказ за неговото остварување. | |||
Штом Единственото Апсолутно Господарување постои и го има, секако дека тоа нема никако да го прифати политеизмот (станување ортак на Аллах), ниту здружувањето. Бидејќи најитната намера на тоа господарување и неговата најдалекосежна цел е изразување на Својата убавина, ширење на Своето совршенство, излагање на Своите извонредни креации и нагласување на Своите скриени способности. Сите овие цели се концентрирани во секој, па и во најмалите нешта и во живите суштества. Затоа, сосема е невозможно Единственото Апсолутно Господарување да го прифати политеизмот (станување ортак на Аллах) и придружувањето, бидејќи дури и спорадичното мешање на политеизмот (станување ортак на Аллах) во која било постоечка работа, колку и да е безначајна, и во кое било живо суштество, колку и да е просто или минимално, ги нарушува целите и ги расипува намерите и ставовите со тие цели и со Оној Чијашто волја и намера се тие, ги пренасочува на индиректните причини. А, тоа е нешто што во основа е неспојливо и непомирливо со суштината на Апсолутното Господарување. Тогаш, неизбежно е тоа Единствено Апсолутно Господарување да го спречи политеизмот (станување ортак на Аллах) и сите негови можни облици. | |||
Обилното и постојано давање инструкции во насока на вербата во Единството на Бога и во Неговиот интегритет, неприкосновеност и слава, во Светиот Куран, во неговите ајети и зборови, па дури и во неговите букви и конструкции, произлегува од оваа голема тајна. | |||
< | <span id="ÜÇÜNCÜ_HAKİKAT:_“Kemalât”tır."></span> | ||
=== Трет факт: Совршенство === | |||
</ | |||
Да, сите возвишени мудрости во овој универзум, натприродната убавина, праведните закони и целни намери, несомнено го докажуваат постоењето на фактите за совршенство. Особено видливо е сведоштвото за совршенството на Создателот, Славен е Тој, Кој овој универзум го создал од ништо, и управува со него со една натприродна, привлечна и убава администрација во секој поглед и смисла, како и сведоштвото за совршенството на човекот, кое е свесно огледало што одразува и е олицетворение на манифестациите на Создателот, Висок е Тој и Возвишен. | |||
Штом фактот за совршенството постои, и штом совршенството е на Создателот, Кој совршено го формирал универзумот, востановено и сигурно, и штом е совршенство и на човекот, кој е најважниот плод на универзумот, Аллахов намесник на Земјата, најдостоинственото создание и омилено створение на Создателот, Славен е Тој и Возвишен, исто така, сигурен и реален факт, тогаш нема сомнеж дека политеизмот го нарушува ликот на универзумот, | |||
а инаку, тој е совршен и видливо јасен, во рацете една играчка на случајноста, и во безнадежност со која се воодушевува природата, и во морничавото и насилно колење на живите суштества, и во ужасниот и мрачен погреб на свесните суштества – бидејќи во него секое нешто паѓа во исчезнување, преминување во уништување, и венее без цел и намера; политеизмот го потопува човекот, чиишто совршенства се јасно видливи од неговите дела, на нивото на земјата од нивото на животните, како најнеугледни и најпримитивни суштества, што ја крева завесата на огледалото во кое се гледа совршенството на Создателот, Славен е Тој, а тоа се сите суштества што сведочат за апсолутното и неприкосновено совршенство на Благородниот Создател, со тоа негирајќи го резултатот на Неговата делотвор- ност и креативност, Славен е Тој; според тоа, невозможно е дека тој политеизам може да се потпре на апсолутно каква било вистина, и неприфатливо е да постои во овој универзум, воопшто. | |||
Колку политеизмот е спротивен и конфликтен и колку ги нарушува тие Божји, човечки и универзални совршенства, неговото спротивставување на нив и нивно нарушување, детално е обработено и потврдено во Вториот Одблесок, кој со цврсти и одлучувачки докази изнесува три плода на верувањето во Единството на Бога, а особено во своето Прво ниво. | |||
< | <span id="DÖRDÜNCÜ_HAKİKAT:_“Hâkimiyet”tir."></span> | ||
=== Четврти факт: Апсолутно владеење === | |||
</ | |||
Да, кој со длабоко внимание се загледува во универзумот, увидува дека тој е како една огромна империја, исклучително динамична и авторитетна; и му изгледа како една метропола со која се управува мудро и која има моќна и авторитетна суверена власт. Увидува дека секое нешто во него и дека секој вид е предан и потчинет на одредена улога. А, ајетот во Куранот: | |||
وَ لِلّٰهِ جُنُودُ السَّمٰوَاتِ وَال۟اَر۟ضِ | |||
укажува на воената смисла на сè што постои, што се образува од формации, од армијата на атомите, поделбата на растенијата, од баталјонот на животните, па сè до ешалонот на ѕвездите. Сите тие се Господарева армија кои му служат на Аллах. Меѓу сите овие службеници на најнискиот ранг, како и меѓу припадниците на највисокиот ранг, наоѓаме систем на конститутивна контрола и доминација, активности на извршната власт, и правилник на Неприкосновениот Владетел, што длабоко и несомнено го докажува постоењето на Единствената Апсолутна Власт и Единствената Универзална Заповед. | |||
Штом Единствената Апсолутна Власт е реална, постои и ја има, соодветно следува дека политеизмот (станување ортак на Аллах) е исклучен и невозможен. Бидејќи, категоричната вистина што ја изрекува ајетот од Куранот: | |||
لَو۟ كَانَ فٖيهِمَٓا اٰلِهَةٌ اِلَّا اللّٰهُ لَفَسَدَتَا | |||
дава смисла дека, кога повеќе раце би се замешале апсолутистички во одреден проблем, и сите би имале влијание, сè би било целосно испреплетено. | |||
И кога во една земја би имало два владетела или, пак, кога во една институција би имало два управитела, редот би бил нарушен и растурен, и наместо управување, би настанало збрка и збунетост. А, факт е дека постои еден неверојатен ред, почнувајќи од крилјата на мувите до небесните светилки, и од телесните клетки до планетите и соѕвездијата, во кој не може да има, па макар и еден атом, па дури и едно учество. | |||
Со тоа, самата власт е упориште на гордоста и оваа позиција не прифаќа ниту конкурент ниту, пак, ривал, бидејќи тоа би значело повреда на авторитетот и разбивање на гордоста. | |||
Да, тенденцијата на човекот, кој поради својата слабост и немоќ е во постојана потреба од некој што ќе му помага – до насилно убиство на неговиот брат или син, со мотивот на очигледна, краткотрајна и релативна моќ, докажува дека власта никогаш не толерира ривалство. Значи, ако таквиот немоќен човек се одлучи на еден таков суров чин заради стекнување делумна моќ, тогаш невозможно е во кој било случај, Оној Кој е Апсолутен Моќник, Кој е сопственик на целиот универзум, да дозволи мешање и вклученост на кој било во Неговата лична и неприкосновена власт, која е оска на Неговото Апсолутно Господарување и Неговата вистинска и универзална Божествена позиција. | |||
Бидејќи овој факт е потврден со цврсти докази во Вториот Одблесок од Второто ниво, и на многу други места во Рисале-и Нур, оваа дискусија им ја препуштаме ним. | |||
Кога нашиот сопатник, откако беше сведок на овие четири вистини, ја остварил вербата во Единството на Бога, Славен е Тој, на ниво на лични забелешки, неговата верба се зголемила и возвишила, и започнал со сета своја снага да повторува: | |||
لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ وَح۟دَهُ لَا شَرٖيكَ لَهُ | |||
Како показател на содржината на лекциите што ги слушал на оваа прва позиција, во Вториот дел од Првото ниво наведено е: | |||
لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ ال۟وَاحِدُ ال۟اَحَدُ الَّذٖى دَلَّ عَلٰى وَح۟دَانِيَّتِهٖ وَ وُجُوبِ وُجُودِهٖ مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ حَقٖيقَةِ تَبَارُزِ ال۟اُلُوهِيَّةِ ال۟مُط۟لَقَةِ وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ تَظَاهُرِ الرُّبُوبِيَّةِ ال۟مُط۟لَقَةِ ال۟مُق۟تَضِيَّةِ لِل۟وَح۟دَةِ وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ ال۟كَمَالَاتِ النَّاشِئَةِ مِنَ ال۟وَح۟دَةِ وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ ال۟حَاكِمِيَّةِ ال۟مُط۟لَقَةِ ال۟مَانِعَةِ وَ ال۟مُنَافِيَةِ لِلشِّر۟كَةِ | |||
Потоа, патникот излетник што ниту запира ниту, пак, се смирува, се обрати кон своето срце, велејќи: | |||
„Постојаното повторување на верниците, а особено следбениците на суфизмот, зборовите لَٓا اِلٰهَ اِلَّاهُوَ и нивната отворена изјава за верувањето во Единството на Бога и нивното постојано споменување на Бога, ни покажува дека постојат многу степени за потврдување на Единството на Бога, како и дека верувањето во единството на најважната света должност и најудобната природна обврска, и највозвишеното верско обожување. Штом е тоа така, ајде да ја отвориме вратата на другото живеалиште на оваа куќа со поуки и доживувања, и преку него да се запознаеме со уште еден степен на верување во Единството. | |||
Бидејќи вистинската вера во Единството на Бога по којашто трагаме, не се ограничува само на спознавањето преку стекнување претстава, туку во логиката на науката, она што е на местото на идеите и многу повредно и повозвишено од имагинарното поимање, а тоа е потврда која се нарекува знаење, и е резултат што произлегува од доказите.“ | |||
Вистинското верување во Единството на Бога е такво расудување, признавање, покорување и прифаќање, што човекот го доведува до позиција да го пронајде патот до својот Господар со помош на што било, и му овозможува во сè да види светла патека што го води до неговиот Мудар Создател, и ништо да не го спречува во пронаоѓањето мир и спокој во срцето ниту, пак, го лиши од свеста за надзор на својот Господар. | |||
Да не беше така, човек би бил принуден секој пат да ја пробие и сруши завесата на целиот универзум, за да биде во можност да се запознае со својот Господар! Затоа патникот викна: „Па, тогаш, ајде да одиме напред!“ И тропнал на вратата на гордоста и величието, и влегол во станицата на ‘постапките и делата’, и во светот на ‘откритието и изумот’. И виде дека постојат пет сеопфатни факти што владеат со универзумот и го докажуваат и аксиоматски ја наметнуваат потребата од Единството на Бога. | |||
'''Прв факт:''' | |||
'''Фактот за величието и гордоста''' | |||
Имајќи предвид дека овој факт е разработен со докази во Второто ниво од Вториот Одблесок, и на многу други места во Рисале-и Нур, овде ќе се задоволиме со следново: | |||
Оној Кој ги измислил ѕвездите, што се оддалечени илјадници години едни од други, и Оној Кој има контрола на сите нив истовремено, и во согласност со една форма; и Кој на земјата создава безброј примероци од исти видови цвеќиња што растат и на исток, и на запад, и на север, и на југ, и ги обликува во исто време, во иста униформа и подеднакво; | |||
и Кој нас нè известува за настани од минатото, непознати и многу неверојатно, како што е هُوَ الَّذٖى خَلَقَ السَّمٰوَاتِ وَال۟اَر۟ضَ فٖى سِتَّةِ اَيَّامٍ односно, создавање на небесата и Земјата за шест дена, и покажува изненадувачки настани идентични со Него, кој е присутен и се одвива пред нашите очи. Така, на лицето на Земјата со настапувањето на пролетната сезона, наидуваме на повеќе од сто илјади примери за масовно оживување, и повеќе од двесте илјадници видови растителни и животински родови, чие создавање и подигнување трае само пет-шест седмици, ги збира совршено уредно, со мерка, без никакви забуни, недостатоци или грешки, нивното посебно управување, одгледување и прехранување, доделување разлики на едните од другите и нивно соодветно украсување и покрај нивното меѓусебно мешање, без задоцнување или пропуст. | |||
И Оној во Чии раце е ротацијата на Земјата, и појавата на денот и ноќта со неверојатна регуларност, како што се вели во ајетот од Куранот: | |||
يُولِجُ الَّي۟لَ فِى النَّهَارِ وَ يُولِجُ النَّهَارَ فِى الَّي۟لِ | |||
оваа ротација бележејќи и бришејќи ги дневните настани и нивниот пресврт на местото на денот и ноќта; и истиот Оној Кој истовремено, во истиот момент, ги знае најдлабоките и најситни- те мисли од градите и отчукувањата на срцето, и по Сопствена волја управува со нив; | |||
и спроведувач на сите овие дела, од кои секоја од нив е посебен и индивидуален чин, е Еден, Единствен и Моќен Носител на големината, Кој поседува гордост и височество, така што несомнено го кине секој корен од политеизмот и ја разгорува секоја негова трага и можност да се најде во кој било вид и со која било точка на гледање, во која било работа и на кое било место. | |||
Штом постои оваа гордост и оваа голема власт, и штом оваа карактеристика на гордоста достигнува врвно совршенство и целосна флексибилност, невозможно е да допушти апсолутно кој било вид политеизам, бидејќи политеизмот значи потпирање на немоќта и зависноста на таа апсолутна власт, етикетирање на таа гордост и припишување недостатоци на тоа совршенство, и поставување ограниченост, воздржаност на таа сеопфатност, како и прекинување на таа апсолутна бескрајност. Не може тоа да го прифати оној што е паметен и свесен, и што има чист и здрав разум. | |||
Така, значи политеизмот, бидејќи е провокација спротивна од гордоста, дрскост наспрема достоинство и величие, и узурпација на величието, е срамно злосторство што не остава простор за милост, прошка и разрешување. А, Светиот Куран, со натприродното излагање, го изразува и го искажува ова гласно повторувајќи ги предупредувањата и страшните закани со зборовите на Семоќниот: | |||
اِنَّ اللّٰهَ لَا يَغ۟فِرُ اَن۟ يُش۟رَكَ بِهٖ وَيَغ۟فِرُ مَا دُونَ ذٰلِكَ | |||
'''Втор факт:''' | |||
Апсолутно и сеопфатно откривање на господарската делотворност, чиешто слободно располагање е видливо во целиот универзум, и се манифестира со апсолутно и сеопфатно појавување. Тие дела не одредуваат ништо друго освен господарска мудрост и Божествена волја и приемчивост на тие појави. Бурните случајности, природата која не поседува свест, слепата сила, безживотната каузалност и расфрланите елементи кои не можат да бидат ограничени, никако не можат да се мешаат ниту, пак, да интервенираат во таа делотворност, која е до крајност прецизна, умерена и мудра, и која се врши со целосна визија, темпо, дисциплина и цврстина. Причинските фактори не се ништо друго, туку појавна завеса на владеењето. Делотворната власт на Сопственикот на величественост и гордост нив ги користи и ги потчинува на Својата одредба, волја и сила. | |||
Од безбројните постоечки, овде сме подготвени да изнесеме три примери на господарската делотворност, каде што на Него укажуваат три ајета во континуиран ред, еден до друг, во сурата Ен-Нахл. И покрај тоа што секоја од овие дела содржи неограничен број на длабоко значајни бисери, овде ќе споменеме само три. | |||
'''Прв ајет:''' | |||
وَ اَو۟حٰى رَبُّكَ اِلَى النَّح۟لِ اَنِ اتَّخِذٖى مِنَ ال۟جِبَالِ بُيُوتًا ... اِلٰى اٰخِره | وَ اَو۟حٰى رَبُّكَ اِلَى النَّح۟لِ اَنِ اتَّخِذٖى مِنَ ال۟جِبَالِ بُيُوتًا ... اِلٰى اٰخِره | ||
Да, пчелата по својата природа и функција е едно натприродно дело на Господаревата моќ, и по неа е именувана таа голема сура. Тоа е затоа што пишувањето совршена програма на нејзината многу значајна функција во една мала глава и мали „машини за производство на мед“, и поставувањето највкусна и најслатка храна во нејзината минијатурна утроба и нејзина подготовка во неа; и изборот на соодветно место за приспособување на смртоносен, и за организмот, катастрофален отров во нејзините очи, без влијание на нејзините органи – сето ова е невозможно да се направи без екстремна прецизност и вештина, врвна мудрост и волја, и совршена рамнотежа и правилност. Затоа, апсолутно во брилијантните дела, како што се овие, не може да се вмеша нешто што нема свест, ниту цел, ниту умереност, како глувата природа или слепата случајност. | |||
Значи, изразувањето на овие Божествени креации, натприродни со три аспекти и оваа господарска делотворност, во безброј колонии на поединци од сите страни на целиот светски престој, и неговата вклученост во сè, со еднаква мудрост, внимателност и рамнотежа, истовремено и во иста форма, аксиоматски го докажува Единството на Бога и ја потврдува Неговата Единственост. | |||
'''Втор ајет:''' | |||
وَ اِنَّ لَكُم۟ فِى ال۟اَن۟عَامِ لَعِب۟رَةً نُس۟قٖيكُم۟ مِمَّا فٖى بُطُونِهٖ مِن۟ بَي۟نِ فَر۟ثٍوَ دَمٍ لَبَنًا خَالِصًا سَٓائِغًا لِلشَّارِبٖينَ | |||
Оваа Божествена уредба е полна со поуки и лекции. Да, напојувањето со житно, чисто и бистро бело млеко, хранливо и вкусно, од уредите за млеко вградени во вимињата на родилките, пред сè кај говедата, камилите, козите и овците, кои несебично ја истиснуваат содржината од желудникот и крвта, а да не се измеша и да не се погани, а сепак, сосема различно од нив, чисто, без примеси, хранливо, пријатно, бело. Она што е уште поубаво, повкусно, послатко и подрагоцено од млекото во срцата на овие родилки, е нежноста и грижливоста кон своите младенчиња, што го достигнуваат нивото на посветеност и несебичност, дефинитивно го изискуваат овој степен на благодатта, мудроста, знаењето, моќта, волјата и внимателноста, што никако не може да бидат дела на бурната случајност, расфрланите елементи или слепата сила. | |||
Затоа, делотворното располагање на ова креативно господарување со срцата и вимињата на овие илјадници видови родилки и сеопфатноста на оваа Божествена работа, и нејзиното манифестирање со еднаква мудрост, прецизност, натприродност, истовремено рамномерно, на целата Земјина површина воспоставува несомнена потврда за Единството на Бога и доказ за Неговата Единственост. | |||
'''Трет ајет:''' | |||
وَمِن۟ ثَمَرَاتِ النَّخٖيلِ وَال۟اَع۟نَابِ تَتَّخِذُونَ مِن۟هُ سَكَرًا وَرِز۟قًا حَسَنًااِنَّ فٖى ذٰلِكَ لَاٰيَةً لِقَو۟مٍ يَع۟قِلُونَ | وَمِن۟ ثَمَرَاتِ النَّخٖيلِ وَال۟اَع۟نَابِ تَتَّخِذُونَ مِن۟هُ سَكَرًا وَرِز۟قًا حَسَنًااِنَّ فٖى ذٰلِكَ لَاٰيَةً لِقَو۟مٍ يَع۟قِلُونَ | ||
Овој доказ, потврда и поткрепа – погледот и вниманието ни го свртува на урмата и лозите, и го предупредува човекот за фактот дека овие плодови се два големи знака за внимателност и прекрасен доказ за Единството на Бога. | |||
Да, споменатите два производи се храна и намирници, овошје и сладост, извор на многу вкусна храна, иако дрвото на секој од нив расте од песок без вода и успева на суво тло. Оттука, секој од нив е едно од чудесните дела на Божествената моќ и натприроден чин на господарската мудрост. И секој од нив е фабрика за шеќер и слатки, работилница на меден шербет, една прецизна, чувствителна и уредна технологија, паметна вештина и врвна стручност, така што, оној што поседува дури и зрно разум и визија, принуден е да изјави: „Оној Кој ги создал овие работи на ваков начин, е истиот Тој Кој го довел овој универзум во постоење.“ | |||
Затоа што, на пример, дваесетина лози грозје што висат од една тенка лоза што ја гледаме пред себе, од кој секој грозд содржи речиси сто ситнозрнести, и медени и месести плодови, од кои, повторно, секое зрно е обложено со тенка, фина, обоена и сјајна кожа, а во нивната мека внатрешност се содржат груби семиња, кои ја хранат нивната биографија и план за изведба; всушност, создавањето на сето тоа, и многу повеќе од тоа, во секоја лоза и слична култура што нема број, со својата едноставност, еднаква прецизност, иста мудрост, и изведба на ова натприродно и чудесно производство во тие огромни количини, истовремено и според истиот модел, навистина јасно потврдува дека Оној Кој ги извршува тие дела, исклучиво е Создател и на универзумот и дека ова дело, што нужно изискува апсолутна моќ и неограничена мудрост, е исклучиво на тој Величествен Создател. | |||
Секако дека слепите, глувите, расфрланите и хаотичните индиректни сили, природа и каузалност, не може да вмешаат свои прсти и да се вклучат во таа прецизна и деликатна рамнотежа, исклучителна вештина и во мудрата цел на таа креативност, туку и тие се вклучени и подложни на господарската команда во спроведувањето на господарската делотворност, и се само пасивни покорувачи, па дури и не се ништо друго, туку послушни завеси во Неговата рака, Славен е Тој. | |||
Значи, овие три ајети укажуваат на три факти, и секоја од нив обезбедува доказ за Единството на Бога преку три длабоки значења. Исто така, и неопределениот број господарски дела и безбројните манифестирања на Божественото располагање, сите едногласно го докажуваат Едниот и Единствениот, и даваат автентично сведоштво на Битието на Едниот и Единствениот, Носител на Височество и почести. | |||
'''Трет факт:''' | |||
Фактот за изумот и откритието. Се однесува на донесувањето во живот на сè што постои, а особено на растенијата и животните, со апсолутна брзина, во апсолутно мноштво, со апсолутна систематичност; создавање на сите суштества со апсолутна леснотија, во екстремен шарм и убавина, со умешност и вештина и совршена правилност; и откривање созданија со екстремна исклучителност, цврстина и уреденост, во екстремно изобилство и со максимална испреплетеност и измешаност. | |||
Да, донесувањето до постоење на нештата во екстремно мноштво и неверојатно брзо, многу вешто и умно, прецизно и уредно, со голема едноставност и леснотија, со непроценлива вредност, во крајно изобилство и великодушност, меѓусебно поврзани, без забуни и збрки, и покрај големата разлика и особеност, според тоа, ова е изведба на неможноста, и секогаш ќе биде, освен за моќта на Едниот и Единствениот Моќник, Кој ништо не Го исцрпува, ниту што било не причинува тешкотија за Неговата моќ. | |||
А, кога овие делотворности, што очигледно нам ни се случуваат, би можеле да се одвиваат во поглед на таа моќ, во однос на леснотијата и едноставноста, ѕвездите мора да бидат изедначени со атомите, најголемото нешто да биде како најмалото, безбројните единки на некои видови како само една нејзина единка, огромната и универзална сеопфатност како мала и делумна индивидуалност; а оживувањето на огромната Земја – како оживувањето на едно дрво, и подигањето на џиновското дрво како изведба на најмалото семе. | |||
Значи, разрешувањето, разоткривањето и докажувањето на овие важни тајни на овој степен на Единството и овој трет факт и изјавите на единството, а тоа е изедначеност на најголемата ‘целокупност’ со најмалата ‘делумност’, како и непостоењето разлика меѓу многубројноста и малобројноста, во поглед на моќта на Господарот, а потоа разјаснување на овие збунувачки мудрости и овие огромни необјасниви мистерии, големата загатка што е надвор од дофатот на разумот, и најитните темели на исламот, и најдлабокиот извор на верата, и врвниот темел на верата во Единството на Бога, значи со оваа важна тајна се разоткриваат длабоко скриени и деликатни тајни на Светиот Куран, се достигнуваат најскриените тајни и мистерии на фактот за создавањето на вселената, чијашто филозофија остана немоќна за достигнување. | |||
Упатувам стотици илјади благодарности и пофалби на мојот Милостив Создател, во бројност на буквите од Рисале-и Нур, за тоа што на Рисале-и Нур им овозможи разрешување на овие необични мистерии; особено во обработката на ајетот وَهُوَ عَلٰى كُلِّ شَى۟ءٍ قَدٖيرٌ кој се наоѓа на крајот од Дваесеттото Писмо – Послание за Воскресението – и во обработката на „Семоќниот Чинител“ во Дваесет и деветтото Слово, и во степените на значењето на „Аллаху Екбер“, во Дваесет и деветтиот Одблесок, кој е напишан на арапски јазик, каде што се одлучувачките докази, непобитни колку што е и фактот дека два и два се четири, ја поставиле ширината на Божествената моќ. | |||
Препуштајќи ги објаснувањата и деталната разработка на овие дела, овде сакам да изнесам општ приказ, како резиме на овие основи и докази што се занимаваат со оваа мистерија, ја разоткриваат и ја расветлуваат, а потоа да укажам на тринаесетте тајни во тринаесет степени. Почнав да ги пишувам првата и втората тајна, но две тешки пречки од материјална и морална природа, за жал, во моментов ме спречуваат во пишувањето на другите тајни. | |||
'''Прва тајна:''' Ако нешто е од суштинско значење, односно самоопстојно, тогаш до него не може да допре неговата спротивност, бидејќи тоа би било спојување на две спротивности, а тоа е невозможно. Врз основа на оваа тајна: | |||
Бидејќи Божествената моќ е самоопстојна, и неизбежна е потребата на Неповредливото Битие, невозможно е немоќта, која е спротивна на таа моќ, да се спои со Моќното Битие. | |||
И штом, пак, постоењето степени во некои работи произлегува од присуството на неговото спротивно влијание, како на пример степенот на интензитетот на светлината и нејзиното слабеење настапува под влијание на темнината; степенот расте и топлината се намалува под влијание на студот; а мерките за зголемување на силата и нејзиното слабеење под влијание и одбивање на отпорот – значи, невозможно е оваа самоопстојна моќ да поседува степени на градација. Значи, таа создава и открива сè, еднакво како и само едно нешто. | |||
И штом оваа суштинска моќ е неподложна на степенување и присуство на слабост и несовршеност, тогаш сигурно дека на нејзиниот пат не може да застане каква било пречка, ниту пак, процесот на создавање за неа претставува каква било потешкотија. | |||
И штом нејзе ништо не може да ѝ биде тешко, неизбежно е за неа, како што е создавањето на Големиот Задгробен свет на Воскресение, да биде лесно како и создавањето на пролетта, а создавањето на пролетта, просто како и создавањето на едно дрво, и создавањето дрво – едноставно како и создавањето на еден цвет, исто така ќе се создаде еден цвет со вештина, придавањето важност и вредност е еднакво на оној кој го создава и дрвото, дрвото го создава во истото магично олицетворение како и големата пролет; а пролетта ја создава подеднакво сеопфатна, значајна и чудесна како и воскресението. Таа така создава, а ние така го гледаме создаденото пред нашите очи. | |||
Рисале-и Нур со многубројни цврсти и одлучувачки докази утврдиле дека доколку создавањето не се припишува на Божественото Единство и Едност, создавањето на еден цвет би било подеднакво тешко како и создавањето на дрво- то, па и потешко; а создавањето на дрвото – покомплицирано од создавањето на пролетта. Покрај тоа, сето тоа би се снижило во однос на вредностите и вештините, и создавањето на живите суштества, кои обично траат по една минута, би заземало цела година, всушност неговото создавање би станало сосема невозможно. | |||
Врз основа на овие тајни, заклучуваме: дека сите плодови, цвеќиња, дрвја, и нежните суштества поврзани со нив, доаѓаат во живот во екстремно изобилство и бројност, иако се изведени со врвен квалитет и совршеност и се појавуваат со своја брзина и леснотија, иако се врв на уметноста и изработката; во постоење доаѓаат со правилност и ја извршуваат својата улога и славењето на Бога, и хранејќи го своето семе во замена за себе, одат по нивниот пат. | |||
'''Втора тајна:''' Како што Сонцето ги манифестира суштинските моќи и врз основа на тајното зрачење, порозност и послушност, светлината сјае на едно огледало, тоа исто така, со Божја заповед, со широк спектар на моќ, се одразува со леснотија и во истиот одраз што поседува светлина и топлина, во безброј огледала, блескави материјали и капки. | |||
''' | |||
Или, кога се изговара само еден збор, тој збор со апсолутна леснотија, и потпирајќи се на апсолутната широчина на Божјата креативност, со волја на Аллах влегува во увото на една личност еднакво како и во ушите и умовите на милиони луѓе, со едноставност и леснотија. Пред него илјадниците слушатели се изедначени со еден слушател и не претставуваат никаква разлика. | |||
И како што светлината, која е како око или светлосно духовно битие, како Џебраил, истовремено, додека со леснотија потпирајќи се на совршена пространост на Божјата делотворност во рамките на манифестирањето милост, набљудувања, обиколки и е присутна на едно место, таа исто така, одеднаш гледа, обиколува и се појавува, со Божја моќ, на илјадници места со истата леснотија. Значи, не постои разлика меѓу малобројноста и многубројноста. | |||
На ист начин, Суштинската Самоопстојна и Беспочетна Моќ, бидејќи таа е најдобрата и најексклузивна светлина, всушност, таа е светлина на сите светлини, и бидејќи е квалитетна, суштината и божествениот аспект во сите нешта свети како транспарентно и проѕирно огледало; и бидејќи секое нешто, од атомот и растенијата, преку сите видови животни, до ѕвездите, Сонцето и Месечината, следува дека се во согласност, и во целосна смисла се послушни на таа Самоопстојна Моќ, и се потчинети, регрутирани и апсолутно покорни на заповедите на таа Беспочетна Моќ; тогаш, не постои сомнеж дека таа изведува и создава неограничен број работи подеднакво како и една единствена работа, и е присутна во сите нешта. Ниедна работа не ја исклучува другата, и е голема во однос на неа изедначено со малата, многубројноста со малобројноста, делот со целината. Ништо не е невозможно за неа, ништо не претставува тешкотија за неа. | |||
Како тајна цел на рамнотежата, послушност кон командите и дисциплинираност кон одредбите – како што е наведено во Десеттото Слово и во Дваесет и деветтото Слово, дури и еден прекуокеански брод со големина од сто куќи може да го управува и да го крене со истата леснотија со која детето со прстите ракува со својата играчка; | |||
И како што еден командант го води војникот со командата „Напред!“, со истата таа команда води дисциплинирана и лојална армија во војна; | |||
И кога две планини би биле поставени и доведени во состојба на рамнотежа во двете тави на огромната и прецизна вага, а во две тави на некоја друга вага се постават две јајца со иста тежина; како што еден орев, ако се додаде на едната страна на оваа втора вага, прави да ја протегне таа страна и да ја повлече другата, па така, и тој ист орев, со мудар закон, прави едната тава на првата вага, што ја носи планината, да ја подигне до врвот на планината, а другата да ја спушти до дното на долината; | |||
Подеднакво така и моќта на Господарот, која е апсолутна и бескрајна, брилијантна, есенцијална и вечна, а со тоа и апсолутната мудрост и многу прецизна правда, кои се исход, извор, средиште и потекло на секој ред, цел и рамнотежа. Така, делот и целината, големото и малото, од сите нешта и од сè, подредена е власта на таа моќ и е предмет на располагање. Секако дека оваа моќ, како што со леснотија управува и раководи со атомите, така и со законот на мудрата цел, со леснотија го одржува поместувањето и ротирањето на ѕвездите и планетите. | |||
И како што во пролетта со леснотија, со една наредба оживува мува, со истата леснотија и команда ги носи сите заедници на инсекти, војската на растителниот и животинскиот свет на животната сцена и ги оживува, со мудрост и во согласност со законот за рамнотежа, која вклучува моќ. | |||
И како што во пролетта со исклучителна брзина оживува едно дрво и на неговиот корен и стебло, кои се како коски, им дава живот – таа апсолутна, мудра и праведна моќ, со истата наредба ја оживува и целата оваа огромна Земја и Земјина површина, која е како трупот на еден огромен мртовец, со истата леснотија го оживува дрвото во пролетта. Таа тоа го врши на стотици илјади видови, примери и модели кои ука- жуваат на задгробното воскресение и обединување. | |||
И како што Аллах, Славен е Тој, ја оживува Земјата со една конститутивна наредба, исто така и во смисла на возвишениот ајет: | |||
اِن۟ كَانَت۟ اِلَّا صَي۟حَةً وَاحِدَةً فَاِذَاهُم۟ جَمٖيعٌ لَدَي۟نَا مُح۟ضَرُونَ | |||
„Сите луѓе и џинови, само со еден повик ќе бидат пред нас и ќе бидат подготвени за воскресение.“ | |||
وَمَٓا اَم۟رُ السَّاعَةِ اِلَّا كَلَم۟حِ ال۟بَصَرِ اَو۟ هُوَ اَق۟رَبُ | |||
„А доаѓањето на Судниот ден и Воскресе- нието ќе траат колку трепнувањето на очите, а можеби и побрзо.“ | |||
مَا خَل۟قُكُم۟ وَلَا بَع۟ثُكُم۟ اِلَّا كَنَف۟سٍ وَاحِدَةٍ | |||
„Еј, луѓе! Вашето создавање и воскреснувањето на сè што постои е толку лесно како и создавањето и воскреснувањето на еден човек. Не е тешко за Мојата Моќ.“ | |||
Целиот човечки и џиновски род, и целиот животински и духовен свет, и светот на ангелите, ќе бидат донесени со иста наредба, со истата леснотија на голем задгробен мегдан, до Врвната вага, и ниеден чин нема да биде попречен од другите: | |||
Пишувањето на другите тајни, од третата и четвртата до тринаесеттата, е одложено против мојата волја, до некое друго време, со волјата на Аллах. | |||
'''Четврти факт:''' | |||
Универзалноста на битијата и нивната заедничка појава. Постоењето на сите нешта и нивната појава, заедно и сите на купче, онака измешани и слични едни на други; позицијата на едните да биде минијатурен примерок на другите, или нивен поголем примерок, или дел од нив да биде целина и универзалност, а останатите да бидат нивни исечоци и единки; идентичност на печатот за нивната природа; силен афинитет со методот на подготовка и вештини; меѓусебно потпомагање и завршување на сите природни улоги на другите; и бројните заеднички точки во многу аспекти меѓу постоечките работи, несомнено го изјавуваат Единството на Бога и потврдуваат дека нивниот Создател е Еден и Единствен, и од аспект на господарската доминација на универзумот го искажуваат фактот дека универзумот е во позиција на целина и целокупност што не трпи распарчување и поделба. | |||
На пример, секоја пролет донесувањето во постоење безброј единки, четиристотини илјади видови растенија и животни, нивното истовремено раководење, и нивното заедничко одржување, според истиот модел, и покрај испреплетувањето на едните со другите, без грешки и забуни, како и нивното откривање со совршена мудрост, префинетост на изработка и вештина; | |||
Исто како и создавањето безброј различни примероци на летечки суштества, од минијатурни примероци, односно инсектите, до огромни примероци, како орлите и распределбата на нивните способности и нивното снабдување со алатки што им овозможуваат живот, движење, слободно летање и поигрување во воздухот, како и нивното разубавување на воздушната маса, и поставување на еден натприроден печат на вештината на нивните лица, инсталација на целосна рефлексија со печатот на мудроста во нивните тела, и положување монограм на Единството во нивниот квалитет, со сите грижи и одржување; | |||
Исто како и снабдувањето на телесните клетки со хранливи честички, снабдувањето на животните со растенија, снабдувањето на човекот со животни, испраќањето на нежните и внимателни родители во помош на своите беспомошни деца, и чинот дека ова настојување, снабдување и соработка се одвиваат во контекст на апсолутната мудрост и совршената милост; | |||
Исто така и слободното располагање на сите, според истиот редослед, истото пронаоѓање, истото дејствување, истата мудрост, почнувајќи од Млечниот Пат и од огромната космичка сфера, и од Сончевиот систем, и од земските елементи, па сè до прекривките на очните зеници, ливчињата од пупките на розите, лушпите од клиповите на пченката, семињата скриени во дињите, кои како да се низи од сферите на едните во другите, како дел и како целина; | |||
Според тоа, сето ова несомнено го утврдува фактот дека Оној Кој ги прави сите овие дела, е Еден и Единствен. | |||
Неговиот монограм и печат е видлив на секое нешто што постои. | |||
И додека тоа не се утврди на кое било место, Тој е присутен насекаде. | |||
Тој е непосреден до секое нешто, иако секоја работа е подалеку од Него како Сонцето. И како што и најголемите работи во огромната космичка сфера и Сончевиот систем за него претставуваат леснотија како и најмалите, така и за Него не е скриена дури и најмалата работа во крвните зрнца, ниту најмалите чувства во срцето. Ништо не е надвор од Неговото управување и Неговиот домен на располагање. | |||
Колку и да е голема или бројна некоја работа, за Него таа е лесна како и најмалата и најмалобројната; Тој и малата мува ја создава според истиот систем и истата вештина како и орелот; го создава семето со истиот квалитет и правилност кои ги има и дрвото; дрвото го создава со истата форма и феноменалност како и градината; а градината во истиот сјај и убавина како и пролетта; додека, пак, пролетта ја создава со импресивноста и во обемот на Задгробниот свет. | |||
Врвните уметности и скапоцености Тој ни ги дава по незначителна и скромна цена, па дури ни ги дава и како благодат. Сè што се бара од нас е само „Бисмиллах“, односно „Елхамдулиллах“, цена утврдена за овие благодати, која започнува со „Бисмиллахиррахманиррахим“ (Во името на Аллах, Семилостивиот и Милосрдниот), а завршува со „Елхамдулиллах“ (Фала Му на Аллах). | |||
Ние ќе се задоволиме со ова, со оглед на тоа дека Рисале-и Нур веќе дале дополнително појаснување и потврда за овие четири факти. | |||
А, нашиот патник, на ова патување, во другата позиција, виде: | |||
< | <span id="BEŞİNCİ_HAKİKAT"></span> | ||
=== Петти факт: === | |||
</ | |||
Совршен ред и единство на материјата. Се однесува на постоењето совршен ред во универзумот и сите негови структури и компоненти, па дури и на сите работи во него, и единството на суштината и официјалноста во тоа широко космичко пространство, кои се ротирачка на управата над нив и се поврзани со неговата општа физиономија. Фактот дека условите и процедурите со кои се регулира овој голем град и оваа импресивна изложба, ги опфаќаат и ги содржат сите работи или поголемиот дел од нив, во прилог на нивната меѓусебна нестабилност и со ист квалитет и уникатност, и на сите места, со истото име и истото дело. И фактот дека елементите и видовите, кои се основа за градење на таа гламурозна палата, нејзиното управување и нејзиното луксузно дотерување, ја опфаќаат целата површина на Земјата со своето ширење во поголемиот дел од нејзините предели, иако истите овие елементи и од ист вид, испреплетени едни со други, и одвоено остануваат непро-менети и го задржуваат истиот квалитет, и елементот е ист и од ист вид на кое било место; | |||
неспорно се наметнува потребата, неизбежно се докажува овој очигледен и видлив белег на реалноста дека Создателот на овој универзум и неговиот Планирач, Владетелот на ова царство и неговиот Одгледувач, и Сопственик на оваа палата и нејзин Градител, е Еден и Единствен. Неспоредлив е и нема сличен на Себе, ниту пак, има помошник, асистент, партнер или ривал. Тој е Неприкосновен и без недостатоци ја надминува секоја несовршеност. | |||
Да, совршениот ред е доказ сам по себе за Единството на Бога, и нужно изискува само еден режисер. Политеизмот (станување ортак со Аллах), која е централна точка на несогласување и кавги, нема пристап до него. | |||
Но, кога во целата вселена владее мудар и совршен ред, без разлика дали во универзалните или во делумните нешта, од дневното и годишно движење на Земјата до физиономијата на човечкото лице, систематиката на неговите емоции, движењето и циркулирањето на белите и црвените крвни зрнца, тогаш невозможно е кој било да ја испружи раката и да се вмеша по своја волја и создавање на што и да е, освен Апсолутниот Моќник и Апсолутниот Мудрец. Напротив, секое нешто, освен Него, е изложено на делотворност, Негов предмет е и е подложен на Него, и ништо друго. | |||
И штом воспоставувањето ред и воведувањето усогласеност, особено следењето на последователноста и редот на целите и водејќи сметка за стекнување корист, станува само со знаење и мудрост, и со силата на волјата и моќта на изборот, неизбежно е дека овој ред, кој опкружува сè со мудрост, и сите овие аспекти на усогласеност меѓу безбројните суштества кои можат да се видат пред нашите очи и кружат околу изворот на користа, сами по себе, така јасно докажуваат и во секоја ситуација сведочат дека Создателот на овие суштества и нивниот Управител е еден. Тој е Чинителот, Тој е Оној Кој во рацете ја држи слободата на изборот, и така сето тоа што се појавува во доменот на постоењето, се јавува како резултат на Неговата моќ, и зазема одредено место по Негова волја и се профилира според Неговиот избор. | |||
И штом светилката што гори на оваа земска гостилница е една; и неговиот висечки кандил според кој се бројат деновите – е еден; и облаците од кои се цеди благодат – се едни; неговата кујна со огниште – е една; и неговиот напиток што дава живот – е еден; и неговата заградена нива – е една...; Еден, еден, еден... Сè така до илјадници ‘еден‘; тогаш, секако дека сите овие единствени единици аксиоматски докажуваат дека и Создавачот на оваа гостилница и неговиот Сопственик е еден. Тој е извонредно гостопримлив и дарежлив кон Своите гости и ним им ги потчинува Своите најугледни чиновници претворајќи ги во нивни слуги, со цел да им обезбеди мир и удобност на Своите животворни гости. | |||
И Убавите Имиња како Мудриот, Милостивиот, Дизајнерот, Управителот, Животодавецот, Одгледувачот и сличните на нив, Божествените атрибути како што се мудрост, милост, грижа и сличните на нив, и господарските дела како дизајн, управување, одгледување, кои имаат и нивни одрази, засеци и траги и се манифестираат во сите делови на светот – се едно. На секое место – исто име, исто својство, исто дело, и секој од нив се испреплетува со другиот, и секој од нив е со најистакнат степен, сеопфатен, најобемен и најдоминантен. И секој од нив ги надополнува импресиите на другиот, и тие имиња и дела како да се спојуваат едни со други, па моќта станува еднаква на мудроста и милоста, мудроста станува еквивалентна на грижата и животот. | |||
Така на пример, кога во нешто се прикажува доминацијата на името Животодавец, истовремено доаѓа до израз доминацијата и на многу други имиња, како што се Создавачот, Дизајнерот, Благодател и други имиња, на секое место и по истиот редослед. Секако, и неизбежно е дека сето ова аксиоматски докажува дека Оној Кој се нарекува со овие општи имиња, и Кој е вршител на овие сеопфатни дела кои на секое место го покажуваат истиот модел, е Еден и Единствен! Во тоа веруваме и го признаваме! | |||
И штом елементите, кои се материјал, супстанции и суровина на сите суштества, ја преплавуваат Земјината површина и се распространуваат по неа; и секој вид суштество што носи различни сертифицирани печати на Единството на Бога, секоја со својата уникатност, е широко распространета на Земјината површина и владее со неа, тогаш, секако јасно покажува дека тие елементи со сè што тие содржат, и тие видови со сите свои единки, се посед и креации на Единствениот. Во надлежност се на Еден таков Моќник, Кој со Својата апсолутна власт ги ангажира тие масовни и распространети како послушни слуги, и сите тие видови ги расфрла на сите страни на Земјата и ги вработува како дисциплинирана армија. | |||
Бидејќи Рисале-и Нур веќе го имаат востановено и разјаснето и овој факт, ќе се ограничиме на горниот збирен приказ поврзан со него. | |||
Нашиот патник почувствува задоволство од верата откако од своето разбирање на овие пет факти стекнал радост и излив на верата во Единството, и своите впечатоци и набљудувања ги преточи во израз, во обраќање кон своето срце: | |||
Прегледај ја живописната страница на големата книга на универзумот, | |||
Види како златното перо на моќта отсликува чуда, | |||
Ниедна темна точка не останува за оној што гледа со срцето, | |||
Работ Своите ајети како да ги напишал со светлината од небото. | |||
И знај дека: | |||
Бескрајните димензии на Овие Листови се книгите на светот, | |||
Безбројни се редиците и случувањата на делата низ епохите, | |||
На Плочата е напишана познатата вистина, | |||
Секое суштество во светот е инкарнација на зборот и мудроста. | |||
Слушни го и ова: | |||
چُو لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ بَرَابَر۟ مٖيزَنَن۟د۟ هَر۟ شَى۟ | چُو لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ بَرَابَر۟ مٖيزَنَن۟د۟ هَر۟ شَى۟ | ||
دَمَادَم۟ جُويَدَن۟د۟ يَا حَق۟ سَرَاسَر۟ گُويَدَن۟د۟ يَا حَى۟ | دَمَادَم۟ جُويَدَن۟د۟ يَا حَق۟ سَرَاسَر۟ گُويَدَن۟د۟ يَا حَى۟ | ||
نَعَم۟ وَ فٖى كُلِّ شَى۟ءٍ لَهُ اٰيَةٌ تَدُلُّ عَلٰى اَنَّهُ وَاحِدٌ | نَعَم۟ وَ فٖى كُلِّ شَى۟ءٍ لَهُ اٰيَةٌ تَدُلُّ عَلٰى اَنَّهُ وَاحِدٌ | ||
А, срцето на патникот ја потврди вистинитоста на неговата душа, па и обете рекоа: „Да, да“. | |||
Така, во втората позиција, во Вториот дел од Првото ниво се наоѓа кратка назнака за набљудувањето на космичкиот патник и земскиот гостин, од пет факти за Единството на Бога, како што следува: | |||
لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ ال۟وَاحِدُ ال۟اَحَدُ الَّذٖى دَلَّ عَلٰى وَح۟دَتِهٖ فٖى وُجُوبِ وُجُودِهٖ مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ ال۟كِب۟رِيَاءِ وَ ال۟عَظَمَةِ فِى ال۟كَمَالِ وَ ال۟اِحَاطَةِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ ظُهُورِ ال۟اَف۟عَالِ بِال۟اِط۟لَاقِ وَ عَدَمُ النِّهَايَةِ لَا تُقَيِّدُهَا اِلَّا ال۟اِرَادَةُ وَ ال۟حِك۟مَةُ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ اٖيجَادِ ال۟مَو۟جُودَاتِ بِال۟كَث۟رَةِ ال۟مُط۟لَقَةِ فِى السُّر۟عَةِ ال۟مُط۟لَقَةِ وَ خَل۟قُ ال۟مَخ۟لُوقَاتِ بِالسُّهُولَةِ ال۟مُط۟لَقَةِ فِى ال۟اِت۟قَانِ ال۟مُط۟لَقِ وَ اِب۟دَاعُ ال۟مَص۟نُوعَاتِ بِال۟مَب۟ذُولِيَّةِ ال۟مُط۟لَقَةِ فٖى غَايَةِ حُس۟نِ الصَّن۟عَةِ وَ غُلُوِّ ال۟قِي۟مَةِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ وُجُودِ ال۟مَو۟جُودَاتِ عَلٰى وَج۟هِ ال۟كُلِّ وَ ال۟كُلِّيَّةِ وَ ال۟مَعِيَّةِ وَ ال۟جَامِعِيَّةِ وَ التَّدَاخُلِ وَ ال۟مُنَاسَبَةِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ ال۟اِن۟تِظَامَاتِ ال۟عَامَّةِ ال۟مُنَافِيَةِ لِلشِّر۟كَةِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ وَح۟دَةِ مَدَارَاتِ تَدَابٖيرِ ال۟كَائِنَاتِ الدَّالَّةِ عَلٰى وَح۟دَةِ صَانِعِهَا بِال۟بَدَاهَةِ وَ كَذَا وَح۟دَةُ ال۟اَس۟مَاءِ وَ ال۟اَف۟عَالِ ال۟مُتَصَرِّفَةِ ال۟مُحٖيطَةِ . وَ كَذَا وَح۟دَةُ ال۟عَنَاصِرِ وَ ال۟اَن۟وَاعِ ال۟مُن۟تَشِرَةِ ال۟مُس۟تَو۟لِيَةِ عَلٰى وَج۟هِ ال۟اَر۟ضِ | لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ ال۟وَاحِدُ ال۟اَحَدُ الَّذٖى دَلَّ عَلٰى وَح۟دَتِهٖ فٖى وُجُوبِ وُجُودِهٖ مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ ال۟كِب۟رِيَاءِ وَ ال۟عَظَمَةِ فِى ال۟كَمَالِ وَ ال۟اِحَاطَةِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ ظُهُورِ ال۟اَف۟عَالِ بِال۟اِط۟لَاقِ وَ عَدَمُ النِّهَايَةِ لَا تُقَيِّدُهَا اِلَّا ال۟اِرَادَةُ وَ ال۟حِك۟مَةُ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ اٖيجَادِ ال۟مَو۟جُودَاتِ بِال۟كَث۟رَةِ ال۟مُط۟لَقَةِ فِى السُّر۟عَةِ ال۟مُط۟لَقَةِ وَ خَل۟قُ ال۟مَخ۟لُوقَاتِ بِالسُّهُولَةِ ال۟مُط۟لَقَةِ فِى ال۟اِت۟قَانِ ال۟مُط۟لَقِ وَ اِب۟دَاعُ ال۟مَص۟نُوعَاتِ بِال۟مَب۟ذُولِيَّةِ ال۟مُط۟لَقَةِ فٖى غَايَةِ حُس۟نِ الصَّن۟عَةِ وَ غُلُوِّ ال۟قِي۟مَةِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ وُجُودِ ال۟مَو۟جُودَاتِ عَلٰى وَج۟هِ ال۟كُلِّ وَ ال۟كُلِّيَّةِ وَ ال۟مَعِيَّةِ وَ ال۟جَامِعِيَّةِ وَ التَّدَاخُلِ وَ ال۟مُنَاسَبَةِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ حَقٖيقَةِ ال۟اِن۟تِظَامَاتِ ال۟عَامَّةِ ال۟مُنَافِيَةِ لِلشِّر۟كَةِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ وَح۟دَةِ مَدَارَاتِ تَدَابٖيرِ ال۟كَائِنَاتِ الدَّالَّةِ عَلٰى وَح۟دَةِ صَانِعِهَا بِال۟بَدَاهَةِ وَ كَذَا وَح۟دَةُ ال۟اَس۟مَاءِ وَ ال۟اَف۟عَالِ ال۟مُتَصَرِّفَةِ ال۟مُحٖيطَةِ . وَ كَذَا وَح۟دَةُ ال۟عَنَاصِرِ وَ ال۟اَن۟وَاعِ ال۟مُن۟تَشِرَةِ ال۟مُس۟تَو۟لِيَةِ عَلٰى وَج۟هِ ال۟اَر۟ضِ | ||
И додека тој земски патник шетал низ епохите на времето, наидува на медресата на реформаторот на вториот милениум, Имамот Раббани Ахмеди Фаруки, влегува во неа и го сослушува. Имамот во текот на својот говор рекол: | |||
„Најважниот резултат што го достигнуваат суфиските духовни водачи е откривање и јасно укажување на фактите на верата. А јаснотата и откривањето на едното и единствено прашање, надминува илјада натприродни почести.“ | |||
Понатаму го рече и ова: | |||
< | „Некои великани во минатото рекле: ‘Ќе се појави еден верник и познавач на верските науки, и со рационални докази и јасни потврди ќе ги утврди сите верски и исламски факти’. Посакав: Дај Боже јас да сум таа личност, па дури, можеби и сум јас!“ (<ref>Времето покажало дека тоа лице не е човек, туку тоа се Рисале-и Нур. Постои можност дека луѓето од откровенијата во своите откровенија ги виделе Рисале-и Нур во форма на нивниот скромен и небитен интерпретатор и доставител, па рекле: „некој човек“.</ref>) Имено, верата и потврдата на Единството на Бога е основа, срж, светлина и живот на сите човечки совршенства, а начело: | ||
</ | |||
تَفَكُّرُ سَاعَةٍ خَي۟رٌ مِن۟ عِبَادَةِ سَنَةٍ | |||
Размислувањата дека еден часовник е повреден од молитвите за една година, се однесуваат на размислувањата во врска со верата, и тивката форма на зикир во духовниот водач Накши и неговата важност, се еден од видовите на ова возвишено размислување. | |||
Нашиот патник со големо внимание ислуша сè во целост. Потоа се сврте и ѝ се обрати на својата душа: „Како што рече овој храбар Имам, зголемувањето на верата, па макар и за еден атом, е поскапоцено од стекнување тони марифети и напредок, и стопати послатко и повкусно од придобивките на мистичниот занес и состојбата на свеста. И штом акумулираните забелешки и недоумици кон верата и Куранот, кои европските филозофи ги предизвикуваат пред повеќе од илјада години, веќе нашле пристап до срцата на верниците, и ги напаѓаат носителите на верата и се обидуваат да ги разнишаат столбовите на верата, кои се клуч и фокусна точка, основа на траен просперитет, вечен живот и вечен рај, мораме, пред сè, да ја зајакнеме моќта на нашата вера, и да ја пренасочиме од позиција на пасивно следбеништво во состојба на цврсто уверение. | |||
Па, ако е така, ајде напред! Да напредуваме со овие дваесет и девет степени на верата на кои сме наишле досега, од кои секој е стабилен како горда планина, и нивниот број да го заокружиме на триесет и три благословени зикири во бројчени (теспих) молитви. Да тропнеме на вратата на господарската управа и издржување во светот на живите суштества, од кои навираат поуки и предупредувања, и да ги отвориме со клучот Бисмиллахи-р-Рахмани-р-Рахим, за да можеме да ја разгледаме и третата станица и да видиме што има во неа.“ | |||
На вратата на третата станица, која е саем на чудата и собиралиште на убавините, тропна со сета почит, учтивост и финост, ја отвори со клучот Бисмиллахилфеттах и третата станица се покажа пред него. Влезе и виде дека тука има четири големи и сестрани факти кои ја осветлуваат таа станица, и светло како сонце го разоткриваат и го изнесуваат на виделина Единството на Бога. | |||
'''Прв факт: Фактот за распределбата.''' | |||
Се однесува на отворањето на безброј разновидни, различни и правилни форми, која е манифестација на името Растворител, од многу едноставни материјали, и нивниот заеднички развој во сите делови на светот, а истовремено и во еден чин. | |||
Да, како што Создавачката моќ на цветот на вселената била поделена како пупките од цвеќињата, безбројните разновидни битија, и секое што е во својство на името Растворител, распределила соодветен и доследен лик и посебна индивидуалност со која се издвојува; така и, на уште почудесен начин, распределила, секое одделно примерен на него, со многу вештина и мудрост, украсен и препознатлив облик на секое живо суштество од редот на четиристотини илјади видови живи суштества на Земјината површина. | |||
Според значењето на овие ајети од Куранот: | |||
يَخ۟لُقُكُم۟ فٖى بُطُونِ اُمَّهَاتِكُم۟ خَل۟قًا مِن۟ بَع۟دِ خَل۟قٍ فٖى ظُلُمَاتٍ ثَلَاثٍ ذٰلِكُمُ اللّٰهُ رَبُّكُم۟ لَهُ ال۟مُل۟كُ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ فَاَنّٰى تُص۟رَفُونَ اِ نَّ اللّٰهَ لَا يَخ۟فٰى عَلَي۟هِ شَى۟ءٌ فِى ال۟اَر۟ضِ وَلَا فِى السَّمَٓاءِ هُوَ الَّذٖى يُصَوِّرُكُم۟ فِى ال۟اَر۟حَامِ كَي۟فَ يَشَٓاءُ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ ال۟عَزٖيزُ ال۟حَكٖيمُ | يَخ۟لُقُكُم۟ فٖى بُطُونِ اُمَّهَاتِكُم۟ خَل۟قًا مِن۟ بَع۟دِ خَل۟قٍ فٖى ظُلُمَاتٍ ثَلَاثٍ ذٰلِكُمُ اللّٰهُ رَبُّكُم۟ لَهُ ال۟مُل۟كُ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ فَاَنّٰى تُص۟رَفُونَ اِ نَّ اللّٰهَ لَا يَخ۟فٰى عَلَي۟هِ شَى۟ءٌ فِى ال۟اَر۟ضِ وَلَا فِى السَّمَٓاءِ هُوَ الَّذٖى يُصَوِّرُكُم۟ فِى ال۟اَر۟حَامِ كَي۟فَ يَشَٓاءُ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ ال۟عَزٖيزُ ال۟حَكٖيمُ | ||
Ова распределување на ликовите е најсилниот доказ за Единството на Бога и најисклучителното натприродно дело на Божествената моќ. | |||
Врз основа на оваа мудрост и имајќи ја предвид широчината со која Рисале-и Нур го разоткриле фактот за поделбата на различните форми на повторување и на многу начини, а особено во Шестиот и Седмиот степен од Првиот дел на Вториот степен од ова послание, оваа разработка им ја препуштаме ним. Овде ќе се задоволиме со следново: | |||
Резултатите и сведоштвата на научните дисциплини од областа на ботаниката и биологијата, и нивното континуирано проучување и прецизно истражување покажуваат дека ова распределување на формите содржи сеопфатност, сложеност и вештина, што овој комплексен и обемен чин го прави неизводлив за кој било друг освен за Единствениот и Еден Апсолутен Моќник, Кој го гледа секое нешто, и Кој го произведува. Бидејќи, ова дело за развој на формите бара поседување екстремна мудрост, врвна прецизност и совршена сеопфатност во рамките на апсолутната моќ Која доминира насекаде и во секое време. Моќта, пак, како оваа, не ја поседува никој освен Едниот и Единствен, Чијашто власт е над Земјата и небото. | |||
Да, и како што е наведено во ајетот на Светиот Куран, создавањето на човекот во три темнини во утробите на сите мајки, секој одделно, со различен изглед и со одмереност и украсеност, правилност и посебност, а со тоа и без забуни и пречки, и без грешки и недостатоци, од проста материја, разделување и создавање – е непобитен доказ за Единството на Бога. И универзалноста на овој факт, развојот на формите, и неговата сеопфатност на истата моќ, истата мудрост и истата вештина, на сите луѓе, сите животни и сите растенија, на целата Земјина површина е ненадминлив доказот за Единството на Бога. Бидејќи сеопфатноста на сè, сама по себе, е една единственост, која не остава простор за политеизмот. | |||
И како што деветнаесетте факти од Првиот дел на ова послание, кои сведочат за потребата од постоење, со самото свое постоење сведочат за постоењето на Создателот, Славен е Тој, тие исто така сведочат за сеопфатноста и Божјото Единство и Единственост. | |||
А, следното нешто што нашиот патник го видел во третата станица е: | |||
'''Втор факт: Фактот за благодатот.''' | |||
Значи, пред нашите очи е евидентно дека постои некој кој оваа земја ни ја направил како една прекрасна гостилница, и го затрупал со илјадници дарови на благодатот, и со тој благодат ни ја протега софрата, на која нанижал и ставил стотици илјади различни вкусни јадења; а утробата ни земска, со Својата мудрост и милост, ја направил како огромно и богато складиште за илјадници скапоцени богатства. | |||
Тој нас нè храни со голем благодат од Земјата во текот на нејзиниот годишен циклус, секоја година од невидливиот свет, како да е трговски брод или товарен воз, става и ни испраќа стотици најизбрани и најдобри видови стоки потребни за човечкиот живот. И секоја нејзина пролет, која е како преполн вагон што ги превезува нашите материјали и облека, внимателно ни ги доставува и испорачува. А, за да ја почувствувате потребата од сите тие дарови и благодати, ни подарил и стотици, па и илјадници апетити, потреби, желби, чувства и сетила. | |||
Да, во Четвртиот Одблесок, кој го разработува ајетот во Куранот „Нам Аллах ни е доволен и прекрасен старешина“, појаснето и потврдено е како Тој, Славен е Тој, нам ни подарил желудник за да можеме да вкусиме безброј јадења и да им се насладиме. | |||
И ни го подарил овој живот за да можеме со неговите сетила да ги користиме неизмерните благодати распространети низ целиот овој огромен појавен свет, кој е како широка софра на благодатот. | |||
И нè почестил со оваа човечка природа за да можеме со нејзините бројни средства, како што се разумот и срцето, да ги вкусиме безбројните подароци на материјалниот и на духовниот свет, што ние и ги вкусуваме. | |||
И нè поучил со исламот, па примаме светлина од бескрајното богатство на невидливиот и на појавниот свет. | |||
И нè упатил во верата за да можеме да имаме полза од неа и да се просветлиме од неа со неодредени количини светлина и подароци на овој и на оној свет. | |||
И овој универзум како да е еден живописен и издигнат замок, украсен од непрегледната милост на безбројните исклучителни дела и експонати. И сите клучеви од безбројната ризница и непрегледните соби на тој замок се предадени во рацете на човекот, а во неговиот лик се чуваат сите потреби и чувства, потребни за добивање целосна полза од сè што е во тој замок. | |||
Значи, благодатот, кој воедно ги опфаќа и овој и оној свет, и секое нешто, секако дека тој благодат е еден од одразите на Единството во таа Единственост. | |||
И токму како што опфаќањето на сончевата светлина и нејзиното допирање до сè што ѝ е изложено, е еден пример за „единство“, така и впивањето на сончевата светлина, топлина и нејзините седум бои и нивните рефракции во сите проѕирни и блескави работи, во согласност со нивната приемчивост, е пример за „единственоста“ на Сонцето. Со тоа, оној што ја гледа сончевата светлина што го осветлува светот, заклучува дека Сонцето на земјата е едно; а набљудувајќи ја рефлексијата на топлата сончева светлина во секоја блескава работа, па дури и во капките, може да се каже дека Сонцето е единствено, односно дека тоа со своите својства е во сè, и се одразува во огледалото на сите срца. | |||
Исто така, како светлината, универзалната сеопфатност на секој благодат на Величествениот Милосник, ја нагласува Единственоста на тој Милосник и отсуството на постоење на Негов партнер од која било точка на гледање. И присуството на рефлектираната светлина на поголемиот број од Имињата на тој Милосник, и своевидно манифестирање на Неговото неприкосновено Битие, кои се под мантијата на таа широка и сеопфатна милост – значи, нивното присуство во сè, особено во живите суштества, а посебно во човекот, вклучувајќи ја и распределбата на сестраниот живот на секој поединец, што со тоа му овозможува да се сврти кон целата вселена и да заснова врски и конекции со него, ја потврдува Единственоста на тој Милосник, Неговото присуство во сè, и дека тој е Тој, Кој прави сè со што било. | |||
Да, како што тој Благодат на единственоста и сеопфатноста на таа милост, во целиот универзум и на Земјината површина ја извршува големината на Својата величественост, така и манифестирањето на Својата единственост во секое живо суштество, а посебно во човекот, додавајќи примери за сите благодати на поединецот, како и пренесувањето на екстремитетите и органите на тие живи суштества и нивната организација, не прекршувајќи го тој интегритет на универзумот, од одредено гледиште, го прави негов дом и засолниште, Тој открива сочувство својствено за таа Своја убавина и дава претстава за концентрацијата на сите Свои видови добродетелства во човекот. | |||
И како што, на пример, во секое семе од дињата е собрана и концентрирана истата таа диња, Создателот на тоа семе секако дека е Тој Кој ја создал и дињата. Тогаш, Тој по посебни научни стандарди и закони карактеристични за оваа мудрост, таа семка ја изведува од дињата, ја собира и ја оформува. Не постои апсолутно ништо што е моќно за да ја произведе таа семка, освен Единствениот Изумител на таа диња. Всушност, и помислата дека некој друг може да ја произведе, е апсурдна. | |||
Исто така и универзумот, со манифестација на Божјата милостина, како едно дрво или градина, а земјата како плод или диња; додека, пак, живите суштества и човекот се како семиња. Затоа, неизбежно е Создателот и Господарот на најситните живи суштества да биде Оној Кој е Творец на целата Земја и целиот универзум. | |||
'''Накратко:''' ефикасноста и развојот на сите кохерентни форми на сите суштества од проста материја, со фактот на Божјата распределба која е сеопфатна, аксиоматски го потврдува Единството. Исто така, и одгледувањето на сите живи суштества, кои дошле да постојат и влегле во световниот живот, а особено новодојденците, со фактот за Божјата милостина која опфаќа сè, со совршена регуларност и испорака, и обезбедување на нивните основни потреби за живот, без пропуштање на кој било, и сеприсутност на тој ист благодат и нејзиното достигнување до секој поединец, на секое место и во секој момент, аксиоматски го открива единството, а истовремено го покажува и Единството во таа Единственост. | |||
Бидејќи Рисале-и Нур се една манифестација на двете Убави Имиња – Мудриот и Милосрдниот, и бидејќи образложението на рафинираното значење на фактот за благодатот и неговите манифестации, со нивна потврда, се појавува на повеќе места во Рисале-и Нур, ние овде скративме и укажавме на нив со оваа капка од тоа морско пространство. | |||
А, нашиот патник на третата станица го виде и следното: | |||
'''Трет факт: Факт за распоредување и управување.''' | |||
Се однесува на управување на небесните тела, кои имаат екстремна брзина и маса; и на управување на елементите, кои имаат тенденција на околно распространување и интерференција; и на управување на Земните суштества, кои во целост се зависни и неодржливи; на управување, кое се одликува со совршена уредност и рамнотежа, и правење помошници на едните со другите; на управување и контрола на сите нивни односи обезбедувајќи им усогласеност, систематичност и потребни услови, како и за изработка на овој огромен универзум како една совршена земја, величествена метропола и украсена палата. | |||
Овде ќе земеме само една форма што подразбира спроведување на оваа управа и нејзино кружење само на еден лист и една страница од површината на земјата во пролетта, изоставувајќи ги сите надмоќни и огромни сфери од кои се цеди големината и благодатот, а имајќи предвид дека тие се разјаснети и потврдени во значајните посланија на Рисале-и Нур, како што е Десеттото Слово. Нејзината кратка форма ќе ја прикажеме низ еден пример, како што следува: | |||
Да претпоставиме дека една познат човек, војсководец кој го освоил светот, успеал да мобилизира армија составена од четиристотини илјади различни народи и групи, и на секој војник од секоја нација и група му обезбедил сосема различна и посебна униформа, оружје, храна, упатства, слободно време, редарство, и сите нив ги обезбедил со различна опрема, без ниеден недостаток, пропуст или грешка, и сето тоа го им го донел навремено, без доцнење и забуни, со целосна хармонија и на совршен начин, секако дека тогаш оваа управа, која достигнува краен опсег на ширината, сложеноста, прецизноста, рамнотежата, изобилството и правдата не произлегуваат од друго место, туку од натприродната сила на тој чудесен командант, и ниеден друг причински фактор не може да вмеша прсти, бидејќи, кога би можел, би ја нарушил рамнотежата и би настанала збрка. | |||
Исто така, ние со свои очи можеме да видиме дека една невидлива рака во секоја пролет подигнува и заповедува прекрасна армија составена од четиристотини илјади различни видови живи суштества, за потоа во есенската доба, која е модел за крајот на светот, да испрати триста илјади од вкупно четиристотини илјади различни видови, на заминување од нивните должности, во форма на истребување и под називот смрт. А, во пролетта, која е пример за задгробното воскресение и собир, подигнува триста илјади примероци на големо воскресение во временско растојание од неколку седмици, во совршен ред и поредок. Дури нам во само едно дрво на увид ни става четири минијатурни видови воскресение, односно оживување на самото стебло, неговите листови, неговите цветови и неговите плодови, исто како и во претходната пролет, така нам ни го прикажува и Своето Единство, Единственост и Исклучителност, и Својата апсолутна Моќ, простран Благодат, во склоп на совршено Господарување, Владеење и Мудрост. Според тоа, Тој, со перото на Својата определба ја испишува уредбата на Единството на лицето на Земјата, на страниците на секоја пролет, со тоа што на секој вид и секоја заедница на таа армија на Сеславниот, чиј број достигнува четиристотини илјади видови, им доделува сè што им е потребно: од различна храна, разновидно лично оружје, соодветни и препознатливи униформи, и соодветни и нееднакви инструкции, разни празници, до сета останата опрема и материјали што им одговараат. Тој, Славен е Тој, сето тоа им го доделува со совршена регуларност и рамнотежа, без најмали пропусти или грешки, без забуни или заборавеност, и им обезбедува во утврдено и определено време, од неочекувани извори. | |||
Нашиот патник, прегледувајќи само една страница од оваа уредба, во само една пролет, ѝ рече на својата душа (нефс): | |||
„Оној Кој поставува илјадници видови воскресенија секоја пролет, што ја пречекорува Својата чудесност, дури и со Големото воскресение, е истиот Оној Кој на сите пророци им дал ветувања и завети дека ќе го поминат воскресението и Судниот ден поради наградување и казнување, а тоа, во однос на Неговата моќ, е незнајна во однос на пролетта; и тоа го загарантирал со илјадници знаци во однос на воскресението во Светиот Куран, кој изразито во илјадници свои ајети ги потврдува Неговите, Славен е Тој, ветувања и предупредувања. Така, не постои сомнеж дека „казната од пеколот е вистинската правда за оној што ќе стори грешка во однос на негирањето на воскресението“, а со тоа да ги негира и бројните ветувања и моќта на Несовладливиот и Величествен Моќник.“ | |||
Така расудувал нашиот патник. И неговата душа (нефс) се помири со тоа и рече: „Веруваме во тоа!“ | |||
И овој земски патник на третата станица го виде и ова што следува. | |||
'''Четврти факт: Фактот за сомилоста и издржувањето (а тоа е Триесет и трети степен)''' | |||
Се однесува на фактот за давање набавки на сите живи суштества, својствено на оние што поседуваат дух, посебно на немоќните и слабите, а особено, пак, на децата и младите, на целата Земјина површина, во нејзината внатрешност, во воздухот и во морето, значи, нивното целосно издржување, без разлика дали е материјално и желудочно или духовно, со својата нежност и сочувствителност; и сета таа храна подготвена од проста, сува земја, од парчиња суви како коски цврсти дрвја, особено од сета таа храна позиционирање на најдобрите од стомакот и крвта, и изведување огромна количина храна од една семка тврда како коска, што не тежи ни еден грам. Според тоа, изведувањето на сето тоа во своето соодветно време, пред нашите очи, прописно, без пропуштање на кој било, или превид, или грешки, е факт за давање набавки од една невидлива рака. | |||
Да, ајетот во Куранот اِنَّ اللّٰهَ هُوَ الرَّزَّاقُ ذُو ال۟قُوَّةِ ال۟مَتٖينُ чија надлежност за одржување и набавки исклучиво укажува на границите на Аллах, Славен е Тој и Возвишен; како и ајетот وَمَا مِن۟ دَٓابَّةٍ فِى ال۟اَر۟ضِ اِلَّا عَلَى اللّٰهِ رِز۟قُهَا وَيَع۟لَمُ مُس۟تَقَرَّهَا وَمُس۟تَو۟دَعَهَا كُلٌّ فٖى كِتَابٍ مُبٖينٍ чија набавка на сите луѓе и животни ги става под надзор и набљудување на Господарот, Славен е Тој; и исто така и ајетот وَكَاَيِّن۟ مِن۟ دَٓابَّةٍ لَا تَح۟مِلُ رِز۟قَهَا اَللّٰهُ يَر۟زُقُهَا وَاِيَّاكُم۟ وَ هُوَ السَّمٖيعُ ال۟عَلٖيمُ кој потврдува и обзнанува дека Аллах, Славен е Тој, е Тој Кој ги гарантира, како што е видливо, набавките на сиромашните, слабите, немоќните, и сличните суштества на нив, што не можат да ги стекнат сами. | |||
Тој им праќа од онаму каде што не ни очекуваат, од извор што ни на ум не им паѓа, дури и од невидлив, па дури и од ништо, како што се, на пример, некои инсекти што живеат во длабочините на океанот, а се хранат од ништо. И сите млади на кои набавките им стигнуваат од онаму каде што не ни помислуваат, и сите животни на кои Аллах, Славен е Тој, им ги загарантирал набавките, и практично ги издржува директно од невидливиот свет, како што се забележува и секоја пролет, па дури Тој е Оној Кој, зад превезот на каузалноста, им праќа набавки и на оние што се заведени од довербата во причините и средствата; значи, сите нив не ги издржува никој друг освен Него. И како што овој ајет од Куранот и видливите појави ја откриваат Божјата издршка, ја потврдуваат и ја обзнануваат, така и многу ајети од Куранот и неограничени космички показатели се сложни во исказот дека сите живи суштества се одгледуваат под покровителство на милостината на Единствениот и Еден Величествен Одгледувач. | |||
Да, итните набавки на едно дрво во пресрет на друго, кога тоа има потреба од набавки, а не поседува способност, моќ на избор ниту, пак, волја, онака неподвижно на своето место, му се доверува на Аллах; како и појавата на чисто млеко од овие чудесни пумпи право во устата на беспомошните младенчиња, и престанокот на нивната нафака штом се стекнат со некакви способности, избор и волја, особено упатувањето помош на човечкиот род, грижливоста со која се надарени нивните мајки; сето тоа аксиоматски докажува дека алал набавките не пристигнуваат во однос на способноста и волјата, туку доаѓаат во сооднос со слабоста и немоќта, кои носат доверба во Аллах. | |||
Во суштина, поседувањето моќ на располагање, селекција и интелигенција, кои поттикнуваат алчност што обично води до загуба, многу начитани луѓе, свесни за таа моќ, ги довело на еден вид просење додека, пак, неснаодливоста во комбинација со довербата во Аллах, многу приглупи и груби луѓе ги довело во изобилство и богатство. Дури има и една изрека: | |||
كَم۟ عَالِمٍ عَالِمٍ اَع۟يَت۟ مَذَاهِبُهُ وَ جَاهِلٍ جَاهِلٍ تَل۟قَاهُ مَر۟زُوقًا | |||
И тоа докажува дека алал набавките не се постигнуваат и не се наоѓаат во сопствена моќ на располагање и избор, туку тие се создадени и дадени од милост што ја прифаќа и почитува неговата напорна работа и труд, а тоа е дарувано со сочувство и внимание кое се преместува од неговата зависност и сиромаштија. Меѓутоа, постојат два вида набавки: | |||
'''Првиот вид набавка:''' Тоа е вистинска набавка за природно одржување на животот, која е опфатена со Господаревата гаранција и завет. Таа дури е така уредена, што и нејзините резерви, кои се собираат во телото во форма на масти и други облици, на човекот му овозможуваат, без ниту еден залак храна, да преживува и да се одржува во живот повеќе од дваесет дена. Меѓутоа, тие што навидум умираат од глад пред овие дваесет до триесет дена, односно пред исцрпување на нивните природни резерви што постојат во нивните тела, нивната смрт не е резултат на отсуство на набавки, туку болести од лоши навики и отстапување од воспоставените практики. | |||
'''Вториот вид набавка:''' Тоа е непотребна набавка, која станува неопходност со тоа што човекот инсистира на неа, и ја користи за да се пофали и да ја злоупотребува. Овој вид не е опфатен со Господарскиот завет и гаранција, туку е подложна на Неговата, Славен е Тој, добра волја. Неа Тој или ја дава, или не ја дава. | |||
Што се однесува до вториот вид набавка, среќен и успешен е оној што знае дека залагањето на алал начин, со скромност и задоволство, кои се извор на среќа и уживање, се еден вид обожување, и се практични молитви за стекнување набавки. Затоа, овој среќник го поминува животот во пријатно расположение, и таа добротворна команда ја прима со чувство на благодарност и чест. | |||
А, несреќник и бедник е оној што го напушта залагањето на алал начин со своја пофалба и алчност, кои се причина за злокоби, загуби и страдања, и својот живот го поминува, односно го уништува со мрзеливост, насилство и кодошење, тропајќи на сите врати. | |||
Па, како што стомакот бара храна, така и срцето, духот, умот, очите, ушите, устата и слични човекови префинетости и сетила подеднакво ја бараат својата набавка од Милостивиот Набавувач, и од Него ја примаат со благодарност и чувство на задолженост. А, Тој, Славен е Тој, му дава на секој од нив од ризницата на Својата милост соодветна на набавката, која ги задоволува и им годи. Згора на тоа, Сочувствителниот Одгледувач сите тие префинетости, како што се очите, ушите, срцето, имагинацијата, умот и слично, ги создал како по еден клуч од ризницата на Неговата милост, да ги дарува со својата широчина од набавки. | |||
И како што очите се клуч за ризницата на скапоцени бисери на префинетост и убавина, нацртана на лицето на универзумот, така и секоја од другите префинетости е клуч на одреден свет, кој добива корист со верата. | |||
Како и да е, да се вратиме на нашата тема. | |||
Како што Моќниот и Мудар Творец го создал животот како концентриран екстракт исцеден од универзумот во кој се сконцентрирани Неговите универзални намери и манифестација на Убавите Имиња; така и во светот на живите, набавките на суштествата направија содржајно средиште на господарските дејствувања, создавајќи кај живите суштества нагон за уживање во храната и дегустација на набавките, за со тоа да отворат простор за итна цел и мудрост во создавањето на универзумот, а тоа е повратна благодарност и изразување задоволство што се постигнуваат со смирение и поробување наспроти Неговото господарување и постапки за здобивање на љубовта. | |||
Така на пример, Тој, Славен е Тој, поради внесувањето на духот и ентузијазмот, го населил секој агол на ова пространо господарско царство; небото го населил со ангели и духовни суштества; невидливиот свет го населил со духови; додека, пак, материјалниот свет, а особено атмосферскиот свет и Земјата, во секое време и доба, и сите негови страни ги оживеал со присуството на живите суштества, особено со присуството на птиците, птиченцата и инсектите. И ова е потреба како охрабрувачки камшик за оние што ги тера, покренува и потерува за нафака, чистејќи ги од здодевност и удобност, е една од мудростите на Божјото господарување. Да не беше толку важна оваа мудрост, тогаш Тој, Славен е Тој, еднакво би одредил дека пропишаното дарување на животните оди кај нив само во пресрет, без нивна посветеност и грижа, според природните потреби, на начин како што тој направил и за набавката на растенијата, што сама им стигнува во пресрет. | |||
Кога би постоело око што би можело одеднаш во исто време да ја опфати целата Земјина површина, за да ја согледа во целост убавината на имињата Милостив и Набавувач, и нивното сведочење во полза на Единството, би ги увидело сите достигнувања на атмосферската убавина и сласта на префинетоста во една искра на сочувството и нежноста на Милостивиот Набавувач, кој обезбедува помош од невидливото, и опсипува со добротворства преку Милостивиот, и им угодува на животинските карвани, чијашто набавка е на крајот од зимата, со исклучително вкусна, екстремно обилна и крајно разновидна храна и благодати, доверувајќи ги во рацете на растенијата и поставувајќи ги на круните на дрвјата, и вградувајќи ги во градите на мајките; и доставувајќи им ги лично од невидливата ризница на Божјата милост. Сето тоа би го увидел и сфатил: | |||
дека Оној Кој го прави јаболкото и го доделува како вистинска набавка, укажувајќи со неа благодат кон некоја личност, може да биде само Оној Кој ги менува годишните времиња, ноќта и денот, и Кој прави Земјината топка да изгледа како трговски брод, со кој плови и управува, собира сезонски култури во неа, а потоа го носи на Своите гости на земјата, кои имаат потреба од него. Бидејќи жигот на Божјото создание, печатот на Мудроста, монограмот на Вечноста, и штембилот на Милоста, на лицето на тоа јаболко, исто така се наоѓа и на лицата на сите јаболка на Земјата, како и на сите други видови овошје и овошни дрвја, и на сите растенија и животни. Затоа, вистинскиот Творец и Господар на тоа јаболко е и Господар, Носител на височеството, и Создател, Носител на убавината, Творец на сите слични и истородни жители на Земјата, и големата Земја, која е градина на тоа јаболко, и дрвото кое е негова фабрика, и сезоната која е негов производствен погон, и пролетта и летото кои се негови два терена за размножување. Значи, тоа може да биде само Тој, и освен Него, не може да биде никој друг. | |||
Значи, секој е плод на еден прекрасен и очигледен печат на Единството и дава претстава за Авторот и Творецот на неговото стебло, а тоа е Земјата; дава претстава и за Авторот и Создателот на неговата градина, а тоа е книгата на универзумот; го нагласува Неговото Единство и укажува на тоа дека декретот на Единството е запечатен во онолкав број на сертифицирани печати колку што е бројот и на сите плодови. | |||
Бидејќи Рисале-и Нур се еден вид изразување на двете Убави Имиња, Милостивиот и Мудриот, и поради претходните излагања и потврди во многу делови на Рисале-и Нур, и многубројните рефлексии на фактот Божјата Милост и изобилството на нејзините тајни, се повикуваме на нив. Со оглед на мојата моментална ситуација, која не ми дозволува да продолжам, ќе се задоволам со горенаведеното кратко наведување на оваа огромна и богата ризница. | |||
И така, нашиот патник рече: „Фала Му на Аллах, ги видов и ги слушнав триесет и трите факти што сведочат за потребата од постоењето на мојот Творец и Господар, и Неговото Единство, по кое трагав на сите места и во врска со Него се распрашував за сè. Секој од овие факти е светол како сонце, и ја оддалечува секоја темнина. И секој од нив има моќ, сила и стабилност како планина. И секој од нив со своите вистини, апсолутната непобитност, сведочи за Неговото постоење, и со својата сеопфатност, со крајната очигледност го докажува Неговото Единство. Преку нив цврсто се потврдуваат и другите столбови на верата, а сите факти заедно и нивното согласување, нашата верба ја претворија од следбеништво во верба на уверување; од вербата на уверување во сигурно знаење; од сигурно знаење во сигурна визија; а од сигурна визија во суштинска вистина.“ | |||
اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ هٰذَا مِن۟ فَض۟لِ رَبّٖى | اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ هٰذَا مِن۟ فَض۟لِ رَبّٖى | ||
اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ الَّذٖى هَدٰينَا لِهٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَه۟تَدِىَ لَو۟لَٓا اَن۟ هَدٰينَا اللّٰهُ لَقَد۟ جَٓاءَت۟ رُسُلُ رَبِّنَا بِال۟حَقِّ | اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ الَّذٖى هَدٰينَا لِهٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَه۟تَدِىَ لَو۟لَٓا اَن۟ هَدٰينَا اللّٰهُ لَقَد۟ جَٓاءَت۟ رُسُلُ رَبِّنَا بِال۟حَقِّ | ||
Така, во Вториот дел од Првото ниво се наоѓа еден навистина краток указ на верата во светлината што нашиот патник и желен трагач го стекнал од четирите големи факти за време на неговото набљудување на третата станица: | |||
لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ ال۟وَاحِدُ ال۟اَحَدُ الَّذٖى دَلَّ عَلٰى وَح۟دَتِهٖ فٖى وُجُوبِ وُجُودِهٖ مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ ال۟فَتَّاحِيَّةِ بِفَت۟حِ الصُّوَرِ لِاَر۟بَعِ مِاَةِ اَل۟فِ نَو۟عٍ مِن۟ ذَوِى ال۟حَيَاةِ ال۟مُكَمَّلَةِ بِلَا قُصُورٍ بِشَهَادَةِ فَنِّ النَّبَاتِ وَ ال۟حَيَوَانِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ الرَّح۟مَانِيَّةِ ال۟وَاسِعَةِ ال۟مُن۟تَظَمَةِ بِلَا نُق۟صَانٍ بِال۟مُشَاهَدَةِ وَ ال۟عِيَانِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ حَقٖيقَةِ ال۟اِدَارَةِ ال۟مُحٖيطَةِ لِجَمٖيعِ ذَوِى ال۟حَيَاةِ وَ ال۟مُن۟تَظَمَةِ بِلَا خَطَاءٍ وَ لَا نُق۟صَانٍ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ الرَّحٖيمِيَّةِ وَ ال۟اِعَاشَةِ الشَّامِلَةِ لِكُلِّ ال۟مُر۟تَزِقٖينَ ال۟مُقَنَّنَةِ فٖى كُلِّ وَق۟تِ ال۟حَاجَةِ بِلَا سَه۟وٍ وَ لَا نِس۟يَانٍ جَلَّ جَلَالُ رَزَّاقِهَا الرَّح۟مٰنِ الرَّحٖيمِ ال۟حَنَّانِ ال۟مَنَّانِ وَ عَمَّ نَوَالُهُ وَ شَمِلَ اِح۟سَانُهُ وَ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ | لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ ال۟وَاحِدُ ال۟اَحَدُ الَّذٖى دَلَّ عَلٰى وَح۟دَتِهٖ فٖى وُجُوبِ وُجُودِهٖ مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ ال۟فَتَّاحِيَّةِ بِفَت۟حِ الصُّوَرِ لِاَر۟بَعِ مِاَةِ اَل۟فِ نَو۟عٍ مِن۟ ذَوِى ال۟حَيَاةِ ال۟مُكَمَّلَةِ بِلَا قُصُورٍ بِشَهَادَةِ فَنِّ النَّبَاتِ وَ ال۟حَيَوَانِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ الرَّح۟مَانِيَّةِ ال۟وَاسِعَةِ ال۟مُن۟تَظَمَةِ بِلَا نُق۟صَانٍ بِال۟مُشَاهَدَةِ وَ ال۟عِيَانِ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ حَقٖيقَةِ ال۟اِدَارَةِ ال۟مُحٖيطَةِ لِجَمٖيعِ ذَوِى ال۟حَيَاةِ وَ ال۟مُن۟تَظَمَةِ بِلَا خَطَاءٍ وَ لَا نُق۟صَانٍ . وَ كَذَا مُشَاهَدَةُ عَظَمَةِ اِحَاطَةِ حَقٖيقَةِ الرَّحٖيمِيَّةِ وَ ال۟اِعَاشَةِ الشَّامِلَةِ لِكُلِّ ال۟مُر۟تَزِقٖينَ ال۟مُقَنَّنَةِ فٖى كُلِّ وَق۟تِ ال۟حَاجَةِ بِلَا سَه۟وٍ وَ لَا نِس۟يَانٍ جَلَّ جَلَالُ رَزَّاقِهَا الرَّح۟مٰنِ الرَّحٖيمِ ال۟حَنَّانِ ال۟مَنَّانِ وَ عَمَّ نَوَالُهُ وَ شَمِلَ اِح۟سَانُهُ وَ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا هُوَ | ||
سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ | سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ | ||
يَا رَبِّ بِحَقِّ بِس۟مِ اللّٰهِ الرَّح۟مٰنِ الرَّحٖيمِ يَا اَللّٰهُ يَا رَح۟مٰنُ يَا رَحٖيمُ صَلِّ وَسَلِّم۟ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ وَعَلٰى اٰلِهٖ وَاَص۟حَابِهٖ اَج۟مَعٖينَ بِعَدَدِ جَمٖيعِ حُرُوفِ رَسَائِلِ النُّورِ ال۟مَض۟رُوبِ تِل۟كَ ال۟حُرُوفُ فٖى عَاشِرَاتِ دَقَائِقِ جَمٖيعِ عُم۟رِنَا فِى الدُّن۟يَا وَال۟اٰخِرَةِ مَعَ ضَر۟بِ مَج۟مُوعِهَا فٖى ذَرَّاتِ وُجُودٖى فٖى مُدَّةِ حَيَاتٖى وَاغ۟فِر۟لٖى وَلِمَن۟ يُعٖينُنٖى فٖى نَش۟رِ رَسَائِلِ النُّورِ وَكِتَابَتِهَا بِصَدَاقَةٍ بِكُلِّ صَلَاةٍ مِن۟هَا وَ لِاٰبَائِنَا وَلِسَادَاتِنَا وَشُيُوخِنَا وَ لِاَخَوَاتِنَا وَاِخ۟وَانِنَا وَلِطَلَبَةِ رِسَالَةِ النُّورِ الصَّادِقٖينَ وَبِال۟خَاصَّةِ لِمَن۟ يَك۟تُبُ وَيَس۟تَن۟سِخُ هٰذِهِ الرِّسَالَةَ بِرَح۟مَتِكَ يَا اَر۟حَمَ الرَّاحِمٖينَ اٰمٖينَ وَ اٰخِرُ دَع۟وٰيهُم۟ اَنِ ال۟حَم۟دُ لِلّٰهِ رَبِّ ال۟عَالَمٖينَ | يَا رَبِّ بِحَقِّ بِس۟مِ اللّٰهِ الرَّح۟مٰنِ الرَّحٖيمِ يَا اَللّٰهُ يَا رَح۟مٰنُ يَا رَحٖيمُ صَلِّ وَسَلِّم۟ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ وَعَلٰى اٰلِهٖ وَاَص۟حَابِهٖ اَج۟مَعٖينَ بِعَدَدِ جَمٖيعِ حُرُوفِ رَسَائِلِ النُّورِ ال۟مَض۟رُوبِ تِل۟كَ ال۟حُرُوفُ فٖى عَاشِرَاتِ دَقَائِقِ جَمٖيعِ عُم۟رِنَا فِى الدُّن۟يَا وَال۟اٰخِرَةِ مَعَ ضَر۟بِ مَج۟مُوعِهَا فٖى ذَرَّاتِ وُجُودٖى فٖى مُدَّةِ حَيَاتٖى وَاغ۟فِر۟لٖى وَلِمَن۟ يُعٖينُنٖى فٖى نَش۟رِ رَسَائِلِ النُّورِ وَكِتَابَتِهَا بِصَدَاقَةٍ بِكُلِّ صَلَاةٍ مِن۟هَا وَ لِاٰبَائِنَا وَلِسَادَاتِنَا وَشُيُوخِنَا وَ لِاَخَوَاتِنَا وَاِخ۟وَانِنَا وَلِطَلَبَةِ رِسَالَةِ النُّورِ الصَّادِقٖينَ وَبِال۟خَاصَّةِ لِمَن۟ يَك۟تُبُ وَيَس۟تَن۟سِخُ هٰذِهِ الرِّسَالَةَ بِرَح۟مَتِكَ يَا اَر۟حَمَ الرَّاحِمٖينَ اٰمٖينَ وَ اٰخِرُ دَع۟وٰيهُم۟ اَنِ ال۟حَم۟دُ لِلّٰهِ رَبِّ ال۟عَالَمٖينَ | ||
< | <span id="İHTAR"></span> | ||
=== | === НАПОМЕНА === | ||
Бидејќи останатите делови од Рисале-и Нур не беа достапни на местото каде што се гледаше составот на горенаведената расправа, што беше потреба за напишаното тука, некои значајни прашања од Словата и Одблесоците се споменуваат и во Совршен Знак, што е очигледно повторување. Во оваа област, учениците на Рисале-и Нур и покрај тоа што имаа цел да го напишат Рисале-и Нур во целост, ние сепак ги напишавме сите тековни расправи. | |||
Ревидираната копија на овој груб нацрт е напишана од одредена благословена личност. И покрај тоа што тој не знаеше за таа случајност, во примерот што го подготвил видовме суптилна и длабока кореспонденција на буквите: на почетокот на редовите од неговата копија беа напишани шестотини шеесет и шест елифи (првата буква од арапската азбука). | |||
Овој број целосно кореспондира со вредноста според ебџедот на натписот даден на оваа расправа од Имамот Али, Аллах да го благослови, со Совршен Знак, и на тој начин покажува дека овој натпис е соодветен за расправата. Ние, исто така, оваа нумеричка кореспонденција ја сфаќаме како показател дека оваа расправа е одблесок изведена од светлината на ајетите во Куранот, чиј број е шест илјади шестотини шеесет и шест. | |||
'''Саид Нурси''' | |||
< | <span id="Bugünlerde,_manevî_bir_muhaverede_bir_sual_ve_cevabı_dinledim._Size_bir_hülâsasını_beyan_edeyim:"></span> | ||
=== Деновиве, во текот на еден духовен дијалог, слушнав едно прашање и одговор. Вам ќе ви го претставам резимето. === | |||
'''Некој праша:''' „Големата мобилизација, вооружувањето и генералната подготовка на Рисале-и Нур и нивната борба во одбрана на верата и верувањето во Единството на Бога, е во постојан пораст. Зошто, и покрај фактот дека само еден од нив е доволен да го принуди и најозогласениот тврдоглавец да попушти, тие сè уште продолжуваат со ист интензитет и делотворност за преземање нова мобилизација за таа цел?“ | |||
'''Му одговорија:''' „Рисале-и Нур не ги санираат само делумните оштетувања ниту, пак, реконструираат само мал дел од срушената куќа; тие ги поправаат и општите, и целосните оштетувања, и ја обновуваат колосалната кула, чиишто камени блокови се како планински масиви, што го земаат исламот под крило и го опкружуваат. Не работат само на поправање и подобрување на срцата и умовите на одредени луѓе, туку со феноменалноста на Куранот во рака работат на обновување на универзалното срце и мобилизација на сестраните идеи од ранетите расипани средства, кои против нив се ковани и се чуваат од пред илјада години, и интензивирање на негата на општата свест, која е во хаотичен тек како резултат на уништувањето на исламскиот темел, протокот и принципите кои биле голема поддршка за сè, а особено за широката маса верници. Да, тие имаат за цел обезбедување терапија за таа широка и длабока рана со феноменалниот мевлем на Куранот и верата. | |||
''' | |||
Па, наспрема овие ужасни општи уништувања, широки пукнатини и длабоки рани, потребно е да се располага со убедливи докази и засилена поддршка на ниво на очигледни вистини, и во силата на планините и нивната масивност, и постоењето на докажани лекови што поседуваат својства кои надминуваат илјада и еден серум, и имаат карактеристики еднакви на безброј препарати. | |||
Ова се задачи на Рисале-и Нур кои произлегуваат од значајни натприродности на Светиот Куран, и додека го извршуваат на целосен начин во ова време, истовремено успеваат да бидат оска за разоткривање на неограничените нивоа на верата и исходиште на големината на неговите бесконечни возвишени скали.“ | |||
Оваа долга дискусија беше во тој правец, и јас, бидејќи ја слушнав во целост, бескрајно Му се заблагодарив на Аллах. Овде ќе скратам... | |||
'''Саид Нурси''' | |||
''' | |||
<div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> | <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> |
düzenleme