On Dokuzuncu Lem'a/mk: Revizyonlar arasındaki fark
("== Четврта мудрост ==" içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("Да, времето всушност го потврди чудото на штедливоста кога по две години човештвото стана сведок на Втората светска војна – војната којашто донесе и ги распространи гладот, пропаста и различни излишности и непот- ребности по сите краишта во светот, и..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
(Aynı kullanıcının aradaki diğer 19 değişikliği gösterilmiyor) | |||
83. satır: | 83. satır: | ||
Овде ќе раскажеме вистинска случка за да посочиме дека штедливоста е причина за моќта и совршенството. | Овде ќе раскажеме вистинска случка за да посочиме дека штедливоста е причина за моќта и совршенството. | ||
Еднаш, познатиот со неговата великодушност, Хатем-и Таи, направил чудесна гозба и ги опсипал гостите со скапи подароци. Потоа тој излегол да прошета по пустината и сретнал еден беден шеик, кој носел на грбот тежок товар од дрва, сено и трње и на некои делови од телото му течело крв. | |||
Хатем му кажал: | |||
— Старче, денес Хатем-и Таи кани на великодушна гозба и раздава скапи подароци. Оди и ти таму. Побрзај да се здобиеш со имот вреден 500 гроша, отколку овој товар од трње во вредност од 5 гроша! | |||
Скромниот шеик му кажал: | |||
— Ќе си го носам товарот со својата сопствена моќ и со пот на челото. Не ми се допаѓа да му бидам задолжен на Хатем-и Таи. | |||
Го прашале еднаш Хатим: | |||
— Си сретнал си некогаш човек што е помоќен и повеликодушен од тебе? | |||
Одговорил: | |||
— Оној штедлив шеик што го сретнав еден ден во пустината... Тој навистина беше поценет помоќен и поштедлив од мене. | |||
< | <span id="Beşinci_Nükte"></span> | ||
== Петта мудрост == | |||
Едно од совршенствата вклучени во вели-кодушието на Аллах, Семожниот и Севишниот, e дека тој му дава и на најбедниот човек да ја вкуси насладата од Неговите благодати, како што го прави тоа и за најбогатиот. Бедниот чувствува и го доживува истото задоволство како и султанот. | |||
Да, насладата од парче сув црн леб што бедниот ја добива поради својата глад и штедливост, ја надминува оваа на султанот или богаташот кога јаде богата слатка со здодевност и недостиг на апетит што произлегува од неговата непотребност. | |||
Навистина е неверојатно што некои луѓе, кои претеруваат и негодуваат, се сомневаат во штедливите дека се долни и скржави. Не, никако! Имено, во штедливоста е моќта и великодушието, додека подлоста и нискоста се вистинското лице на надворешното велико-душие, демонстрирано од расипниците. | |||
Во мојата соба во Испарта, во годината кога заврши пишувањето на тоа писмо, се случи настан што ја потврдува оваа вистина. | |||
Еден од моите ученици многу упорно настојуваше да примам подарок од него – околу две и пол ока мед – и на тој начин да си го нарушам законот на животот. Колку и да му ја објаснував неопходноста да се придржувам кон своите принципи, тој не се убеди. Бев принуден да го примам медот со намера да го поделам со тројца браќа што беа со мене во собата. Тие требаше да каснат по малку од него, во период од четириесет дена за време на месец Шабан и благословениот Рамазан. На тој начин, дарителот ќе го добиеше својот вознес за гестот, а и тие немаше да останат без десерт. Ги посоветував да го земат подарокот за нив, зашто јас располагав со една ока мед. Моите тројца пријатели беа вистински читави и скромни луѓе, од оние што исклучително многу ја ценат штедливоста, но во секој случај, и тие ја заборавија бидејќи пројавија заемна великодушност, се грижеа за другите, беа посветени еден кон друг и имаа и други слични квалитети, така што медот им се истроши само за три ноќи. | |||
Се насмевнав и им кажав: “Намерата ми беше да ви дадам да го вкусите медот во период од три-четириесет дена, но вие го потрошивте само за три. Дај боже да ви било слатко.” А јас продолжив да си земам штедливо од количеството со кое располагав и го консумирав и за време на Шабан и за време на Рамазан, и како продолжение на тоа, медот стана причина да добијам, фала Му на Аллах, голем вознес бидејќи давав по една лажичка(<ref>Големачајналажичка.</ref>) од него за постење (ифтар) на секој од споменатите пријатели. | |||
</ | |||
Сигурно некој што би ме видел така да постапам, би сметал дека тоа е скржавштина и би решил дека однесувањето на моите тројца пријатели е силен доказ за великодушност. Но од гледна точка на вистината, јас го гледав надворешното намалување на возвишената моќ, широк благодат и голема награда, а зад великодушноста и непотребноста, ако не бидат изоставени, гледав просење, алчно гледање во рацете на другите луѓе, со очекување на милостина и други слични состојби, многу подолни од скржавштината. | |||
< | <span id="Altıncı_Nükte"></span> | ||
== Шеста мудрост == | |||
</ | |||
Има голема разлика и значителна дистанца меѓу штедливоста и скржавоста. Така и скромноста, што претставува пофална одлика, е спротивна на себеунижувањето и понизноста, што е прекорувана одлика и покрај привидната сличност меѓу нив. И достоинството, што е пофална одлика, е спротивно на ароганцијата, што е лоша одлика и покрај привидната сличност меѓу нив. | |||
Слична е и состојбата со штедливоста, што е една од возвишените пророчки доблести и дури е една од оските околу кои се врти редот на Господовата мудрост што управува со вселената. Оваа одлика нема никаква врска со скржавоста каде што се мешаат нискоста, стиснатоста и алчноста. Згора на сè, меѓу нив нема апсолутно никакви допирни точки освен надворешната прилика. Еве една случка што ја потврдува оваа вистина. | |||
Таа е поврзана со Абдуллах, еден од познатите седум Абдуллаховци и од истакнатите учени меѓу соработниците, и најголемиот од синовите на Омер Ибн, Фарук Азам (најголемиот мудрец), халиф на Пратеникот на Аллах, Аллах да го благослови и со мир да го дари. Еднаш на пазар овој забележителен соработник стапил во жесток спор за нешто што не вредело ни еден грош. Тој сакал да се зачува штедливоста и да се запазат чесноста и довербата што ја зацврстуваат трговијата. Во тоа време го видел друг соработник што допуштил дека е малку скржав и му се сторило дека е премногу таков бидејќи е син на кметот на верниците и намесник на земјата. Го следел до дома за да разбере нешто за неговата состојба и утврдил дека поминал извесно време кај портата со некаков си бедник со којшто разговарал љубезно и пријателски. Потоа излегол преку втората порта и си поразговарал со друг бедник што седел таму. Овој факт го збунил соработникот и тој побрзал да ги праша двајцата бедници: | |||
— Може ли да ми објасните што направи синот на Омер кога застана до вас? | |||
— Даде по еден златник на сите нас. | |||
Тоа го погодило и си рекол вчудовидено: “Севишен е Аллах, какво неверојатно нешто! На пазар направи голем скандал заради еден грош, a во својот дом раздава стократно повеќе на двајца сиромашни, притоа доброволно и без да знае некој.“ Отишол кај синот на Омар, Аллах да е задоволен и од двајцата, и го прашал: | |||
— Кмету, како да ја разрешам оваа загатка – на пазарот постапи на еден начин, а дома на друг. | |||
Му одговорил со зборовите: | |||
— Тоа што се случи на пазарот беше резултат на штедливост и благоразумност. Го направив во заштита на чесноста и во поткрепа на правдината, којшто се основа и дух на размена на односите, а не затоа што завидувам или сум скржав. Дома постапив така, затоа што доживеав сочувство и нежност во срцето и си го почувствував духот возвишен и совршен. Ниту едното беше скржавштина, ниту другото беспотребно трошење. | |||
Укажувајќи на оваа тајна, најголемиот имам Азам, Аллах да е задоволен од него, посочува: | |||
لَا اِس۟رَافَ فِى ال۟خَي۟رِ كَمَا لَا خَي۟رَ فِى ال۟اِس۟رَافِ | |||
Односно, како што не е можно да се претерува во доброто и во добротворните цели кон оние што го заслужуваат тоа, така и воопшто не е добро да се претерува. | |||
< | <span id="Yedinci_Nükte"></span> | ||
== Седма мудрост == | |||
< | |||
Непотребноста раѓа алчност, а од неа произлегуваат три последици. | |||
Прва последица – човекот престанува да се задоволува со малку, а тоа го оддалечува од желбата да вложува напор и да работи. На овој начин, алчниот започнува да се оплакува и да се жали наместо да биде благодарен, што го фрла во прегратките на мрзеливоста. Тој ги изостава оскудните средства што доаѓаат од законскиот доход(<ref>Со оддалечувањето од штедливоста се зголемуваат консументите и се намалуваат оние што создаваат добра. Сите започнуваат да фрлаат погледи кон вратата на владата. Тогаш се распаѓаат и се уриваат индустријата, трговијата и земјоделството, коишто претставуваат оска и крстосница на социјалниот живот. И општеството за возврат стигнува до опаѓање и се деградира, а бедникот станува безимотен.</ref>) и брза да најде нелегитимни приходи што не изискуваат да се труди и не му вредат ништо. Кога врви по овој пат, тој ја жртвува и ја губи честа и своето достоинство. | |||
Втората последица од алчноста е разо-чарувањето и загубата. Алчниот си ја губи целта, се изложува на оптоварување, се лишува од олеснување и помош и дури се претвора во потврда на познатата мудрост: “Алчноста е причина за разочарување и загуба.” | |||
اَل۟حَرٖيصُ خَائِبٌ خَاسِرٌ | |||
Алчноста и задоволувањето со малку влијаат и на животинскиот свет во согласност со сеопфатниот закон и сеприсутниот обичај. | |||
На пример, дрвјата се одликуваат со природна непретенциозност и тоа е причина до нив да стигнува благосостојбата од која имаат потреба, а животните се стремат кон својата храна и ја добиваат со тежок напор и страдаат од недостиг. Овој факт покажува колку огромна е штетата скриена во алчноста и колку голема е ползата вложена во непретенциозноста. | |||
Индикативен е исто така и фактот што поради непретенциозноста на доенчињата, експлицитно со јазикот на нивната положба, млекото – оваа прекрасна храна, тече кон нивната уста од таму каде што не очекуваат, а дивите ѕверови се нафрлуваат лакомо и настрвено на својата оскудна и нечиста егзистенција. Ова го докажува нашето тврдење во најдобро светло. | |||
< | Така и условите на живот на подебелите и мрзливи риби произлегуваат од нивната непретенциозност, што е причина храната да им доаѓа во целост и изобилство, а итрите животни, како што се лисиците и мајмуните, остануваат слаби и неотпорни бидејќи се неспособни да си набават луксузен живот и покрај тоа што ненаситно тежнеат кон него. Овој факт објаснува колку алчноста причинува тешкотии и води до положување тежок напор и колку непретен-циозноста е извор на спокојство и безгрижност. | ||
<nowiki>:</nowiki> جَمَع۟تُ الطِّبَّ فِى ال۟بَي۟تَي۟نِ جَم۟عًا وَ حُس۟نُ ال۟قَو۟لِ فٖى قَص۟رِ ال۟كَلَامِ | |||
Така и Евреите си го заработуваат насушниот си леб по незаконски пат и бидејќи се алчни, земаат камата, следат методи на подметнување и измама, оскудната егзистенција им се меша со понижување и бедотија, а Бедуините, којшто се непретенциозни и се задоволуваат со малку, наоѓаат доволно храна и живеат достојно и гордо. Сево ова уште еднаш во целост го потврдува нашето тврдење. | |||
Многу научници(<ref>Справедливиот и мудар владетел на Иран, Нуширеван, го прашал својот везир Бузург-Михр: “Зошто можат да се видат научници пред вратите на емирите, а не можат да се сретнат емири пред вратите на научниците, иако науката е над власта?” Тој одговорил: “Тоа произлегува од знаењето на научниците и од незнаењето на емирите.” Односно, емирите не ја знаат вредноста на науката и затоа не одат да ја бараат пред вратите на научниците, додека научниците ѝ ја знаат вредноста и одат да ја добијат пред вратите на емирите. Овој прекрасен одговор дава оригинално толкување на алчноста на научниците, што произлегува од нивниот ум, којшто ги турка кон понизност и бедност.<br> Потпис: Хусрев.</ref>) и литерати(<ref>Има факти што го потврдуваат овој заклучок, на пример, на литератите во Франција им даваат документ за просење затоа што одлично го владеат овој занает.<br> Потпис: Сулејман Рушди</ref>) паднале во понизна бедност и оскуден живот заради алч-носта и амбицијата што произлегува од нивниот ум и интелигентност. А многумина глупави и беспомошни луѓе се збогатуваат поради нивната вродена непретенциозност. Ова категорично го докажува заклучокот дека законската благосостојба се дава според слабоста, потребата и бедноста, а не според способноста и изборот со кој се наоѓа дури во обратнопропорционална зависност. На пример, благосостојбата кај децата се намалува, се оддалечува и станува тешко за наоѓање секогаш кога расте степенот на нивниот избор, желба и вештина. | |||
Да, задоволувањето со малку е богатство за лесен и спокоен живот и извор на спокојство за битието, додека алчноста е начело на загуба и нискост, како што тоа е разјаснето во пророчкиот хадис: | |||
اَل۟قَنَاعَةُ كَن۟زٌ لَا يَف۟نٰى | |||
'''Третата последица''' од алчноста е дека таа ја погубува искреноста, ги расипува делата за задгробниот живот. Ако некој побожен верник не е лишен од амбиција и алчност, тој би посакал да ги привлече луѓето кон себе, а кој го очекува тоа, со сигурност нема да постигне целосна искреност. Овој резултат е од најголема важност и заслужува да се земе предвид. | |||
'''Резиме:''' Прекумерноста и непотребноста раѓаат недостиг на скромност во употребата на добрата, односно пројавува алчност, а таа го убива ентузијазмот за работа, ги фрла луѓето во безделништво и мрзеливост и ја отвора пред нив вратата на тагата и на оплакување од животот, додека не ги натера вечно да офкаат од раните на жалбите и здодевноста.(<ref>Да, ако сретнеш некој богат човек, безусловно ќе чуеш многу жалби од него, и колку и да е богат, неговиот јазик сѐ се оплакува. А, ако сретнеш сиромашен што се задоволува со малку, нема да чуеш нешто друго од него, освен благодарност кон Аллах и похвала.</ref>) Алчноста ја расипува искреноста и ја отвора вратата на лицемерието и дволичноста пред луѓето, така што силата им се намалува и се насочуваат по патот на просењето и самопонижувањето. | |||
A штедливоста ги дава плодовите на задоволството со малку и непретенциозноста раѓа сила врз основа на пророчкиот хадис: | |||
عَزَّ مَن۟ قَنَعَ ذَلَّ مَن۟ طَمَعَ | |||
Задоволувањето со малку ја изострува жел-бата за труд и за вложување напор, поттикнува на нив и се цели кон нивното извршување со напорна работа. | |||
Кога човек се труди во текот на денот и вечерта си ја добива наградата, следниот ден тој повторно ќе вложи напор во согласност со тајната на скромноста, којашто му е на располагање. А расипникот нема да се труди на вториот ден заради своето незадоволство и дури ако се потруди, ќе си ја врши работата без ентузијазам. И така, непретенциозноста, којашто произлегува од штедливоста, ја отвора вратата на благодарноста и ја затвора вратата на оплакувањето, и човекот продолжува да биде благодарен и да слави цел живот. Како резултат на скромноста, човек не се осврнува за вниманието на околните бидејќи нема потреба од нив, и пред него се отвора вратата на искреноста и се затвора вратата на лицемерието. | |||
Имам видено огромни штети и тешки загуби, коишто настапиле како резултат на непотребноста и на недостиг од штедливост, ги имам видено отелотворени во многу широк опсег. Еве што ми се случи: | |||
Пред девет години посетив еден благословен град. Бидејќи беше зима, не можев да му ги видам изворите на богатството и неговите сфери на производство. Муфтијата на градот, Аллах да му се смили, ми кажа и повеќепати ми повтори: „Народот ни е сиромашен.“ Неговите зборови многу ме воодушевија и возбудија. Пет-шест години продолжив да го молам Аллах Семоќниот за милост кон жителите на градот и да страдам за нив. По осум години се вратив таму. Беше лето и погледот ми залута низ бавчите на населбата. Тогаш си ги спомнав зборовите на муфтијата, Аллах да му се смили, и си кажав восхитен: “Фесубханаллах! Жетвата и производството на овие бавчи повеќепати ги надминуваат потребите на градот. Жителите заслужуваат да бидат многу богати.” Останав изумен од овој факт. Но, потоа дознав вистина што надворешните пројавувања не можеа да ги скријат и да ме заблудат – вистина од којашто се раководев и се ориентирав при дознавањето на други вистини, а имено: овој град е лишен од својот благодат поради својата непотребност и недостиг на штедливост. Тоа го натерало муфтијата, Аллах да му се смили, да каже дека неговите сограѓани се мизерни бедници и покрај огромниот број извори на богатства и драгоцености од ресурси. | |||
Да, потврдено е од искуство и од безброј факти дека давањето на милостината зеќат и штедливоста се причини за благосостојба и за зголемување на благосостојбата, додека непотребноста и воздржувањето од зеќат ги лишуваат луѓето од благодат. | |||
Ебу Али Ибн-и Сина, којшто е муслиманскиот Платон, погла- варот на исцелителите и учителот на филозо-фите, го коментирал само од гледна точка на медицината следниов ајет (стих) од Куранот: | |||
كُلُوا وَ اش۟رَبُوا وَ لَا تُس۟رِفُوا | |||
Тој го искажал тоа во следниве стихови: | |||
<nowiki>:</nowiki> جَمَع۟تُ الطِّبَّ فِى ال۟بَي۟تَي۟نِ جَم۟عًا وَ حُس۟نُ ال۟قَو۟لِ فٖى قَص۟رِ ال۟كَلَامِ | |||
فَقَلِّل۟ اِن۟ اَكَل۟تَ وَ بَع۟دَ اَك۟لٍ تَجَنَّب۟ وَ الشِّفَاءُ فِى ال۟اِن۟هِضَامِ | فَقَلِّل۟ اِن۟ اَكَل۟تَ وَ بَع۟دَ اَك۟لٍ تَجَنَّب۟ وَ الشِّفَاءُ فِى ال۟اِن۟هِضَامِ | ||
وَ لَي۟سَ عَلَى النُّفُوسِ اَشَدُّ حَالًا مِن۟ اِد۟خَالِ الطَّعَامِ عَلَى الطَّعَامِ | وَ لَي۟سَ عَلَى النُّفُوسِ اَشَدُّ حَالًا مِن۟ اِد۟خَالِ الطَّعَامِ عَلَى الطَّعَامِ | ||
Ја собрав целата медицина во само два стиха – најубавите зборови се најлаконските. | |||
Храни се малку и по хранењето воздржи се! Здравјето е во варењето. За луѓето нема потешка состојба од онаа – да се трупа (во желудникот) храна врз храна.(<ref>Односно, најштетното нешто за телото е да не се прави пауза меѓу одделните оброци, барем за четири или пет часа и желудникот да се гази постојано поради задоволство.</ref>) | |||
'''Еве и една неверојатна чудна случајност што нѐ тера да си извлечеме поука:''' | |||
< | Послание за Штедливоста беше препишана од петмина или шестмина различни пре-пишувачи, од кои тројца од нив не го владееја добро пишувањето, притоа се наоѓаа на различни места, препишуваа од различни копии и имаа различен ракопис. И покрај овој факт и независно од тоа што не мислеа за бројот на елифите(<ref>елиф е првата буква од арапската азбука.</ref>) во ракописите, совпаѓањето меѓу елифите на секоја одделна копија броеја педесет и еден, без да се вклучи повикот (дуа), или педесет и три со него. Бројот им се совпаѓаше со годината на создавање и препишување на | ||
</ | |||
Послание за Штедливоста: 1351 според кален - дарот на Руми или 1353 според броењето на летото по хиџра. Нема никаков сомнеж дека овој факт не може да се оддаде на случајноста. Тој е знак за издигање на скриениот благодат во штедливоста до степен на чудо. И навистина оваа година заслужува да биде наречена Година на штедливоста. | |||
Да, времето всушност го потврди чудото на штедливоста кога по две години човештвото стана сведок на Втората светска војна – војната којашто донесе и ги распространи гладот, пропаста и различни излишности и непот- ребности по сите краишта во светот, и тоа ги принуди луѓето да се придржуваат до штедли- воста и за време на неволја да се свртат кон неа. | |||
سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ | سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ | ||
22.26, 1 Aralık 2024 itibarı ile sayfanın şu anki hâli
Послание за Штедливоста
(Го опфаќа прашањето за економската и непретенциозна употреба на благодатите и предупредува за можните резултати од прекумерноста и непотребноста)
بِسْمِ اللّٰهِ الرَّحْمٰنِ الرَّح۪يمِ
كُلُوا وَ اش۟رَبُوا وَ لَا تُس۟رِفُوا
Горниот ајет (стих) од Куранот дава израз на исклучително важна лекција и на красноречива мудра поука на начин што под формата на заповед продолжуваме да бидеме штедливи и директно ја забранува прекумерноста. Оваа тема вклучува седум мудрости.
Прва мудрост
Милосрдниот Творец – себлаг е Тој, изискува од човештвото да биде благодарно и да оддава похвала за благодатите со коишто го натрупува. Прекумерноста е негирање на благодарноста и занемарување што носи загуба и гибел додека, пак, штедливоста е заслужена почит и чест за добиените благодати.
Да, освен што е израз за благодарност, штед-ливоста е и благ пост пред Божјото милосрдие скриено во даровите и во добротворството. Тоа e категорична причина за постигнување благосостојба и за нејзиното намножување. Тоа e оска на телесното здравје како диетата. Тоа е пат кон моќта преку оддалечувањето од духовната молитва. Тоа е силно средство за осет на сладоста, содржана во благодатите. Тоа е стабилна причина да бидат вкусени скриените сладости во благодатите, коишто, инаку, не изгледаат сладникави. И бидејќи претерувањето им противречи на гореспоменатите мудрости, резултатите му стануваат погубни.
Втора мудрост
Семудриот Творец го создал човечкото тело по примерот на дворец со совршена градба и на град со примерен ред. Тој ги одредил сетилата за вкус што се наоѓаат во устата, да бидат како вратар, а нервите и крвните садови – како телефонски и телеграфски жици преку кои се установува врската меѓу восприемање на вкусовите и стомакот, лоциран во средината на човечкиот организам. Овие сетила известуваат какви прехранбени производи стигнуваат во устата и со зборовите “Влезот е забранет!” го запираат пристапот на штетни материи до телото и стомакот од кои организмот нема потреба и ги исфрла надвор. Понекогаш дури веднаш плука сѐ, не само што е бескорисно за телото, туку и штетно и горчливо.
Восприемањето на вкусовите во устата ја играат улогата на вратар, а стомакот е господарот, владетелот и управникот. Во таков случај, ако вредноста на дарот се служи на управителот на дворецот, се исчисти во проценти, на вратарот му се дава бакшиш во вредност од само пет проценти и не повеќе за да не биде прегорд, да не си ги заборави обврските и да не се ангажира во земање поголем бакшиш од нарушувачите на редот и законот во дворецот.
И така, на основата на оваа тајна би можеле да претпоставиме дека располагаме со два залака: Еден од некаков прехранбен производ, како на пример сирење или јајца што чини еден грош, и друга – висококвалитетни слатки што чинат десет гроша. Тие се еднакви и нема разлика меѓу нив, исто како што пред да бидат внесени во устата, така и со оглед на нивниот прехранбен ефект за телото откако ќе бидат проголтани и ќе слезат во грлото. Можно е дури сирењето, што е поевтино, да биде похранливо и да помага повеќе за растежот отколку парчето слатко. Следствено, меѓу нив нема друга разлика освен пријатното чувство во устата, што не трае повеќе од половина минута.
И така, ако за надоместок на вратарот се издвојат девет пати повеќе награди отколку за владетелот на дворецот, тоа несомнено би го навело на вообразување и алчност и би го натерало да каже: “Имено, јас сум управникот!” Тогаш ќе го допушти внатре оној што му дава поголем подарок и му причинува поголемо задоволство и ќе стане причина за уништување на постоечкиот ред и за потпалување пожар што ќе го натера да вика за помош: “Брзо, доведете го веднаш лекарот за да ми ја снижи температурата и да ми го угаси овој оган!”
Штедливоста и непретенциозноста целосно се во хармонија со Божјата мудрост, затоа што восприемањето на вкусовите ги третираат како вратари, се ограничуваат во нив и ги вознесуваат со нивната функција. А прекумерноста се изразува во однесување што му противречи на Божјата мудрост, и затоа оној што претерува, наскоро добива болни шлаканици зашто храната во желудникот непријатно се меша, што води до загуба на вистинскиот апетит. Тогаш човекот јаде со лажен и вештачки апетит кога голта разновидна храна, а тоа го отежнува варењето.
Трета мудрост
Во Втора мудрост споменавме дека восприемањето на вкусовите ја играат улогата на вратар. Да, така е за немарните што се немаат возвишено духовно, и за оние што немаат напреднато во дејноста на благодарноста и што се немаат издигнато по нејзините патишта. Да, не би требало да се прибегнува до прекумерност, како на пример, да се троши десеткратно повисока сума за уживање во овие сетила одговорни за заштита.
За вистински благодарните, за оние што се држат до реалноста, за срдечните и остроумните, восприемањето на вкусовите е сличен на набљудувач и инспектор во кујната на Божјото милосрдие (како што беше објаснето во споредбата направена во Шесто Слово). Овие восприемања ја оценуваат вредноста на Божјите благодати и им ги запознаваат различните видови преку вклучените во нив точни и чувствителни ваги, многубројни, колку што е бројот на храната и со секое слично дејство им праќаат сигнали на телото и на желудникот во вид на благодарност.Тогаш функцијата за восприемањето на вкусовите не се ограничува само во материјал-ната грижа за телото, туку се грижи и за срцето, духот и разумот, тие се повисоко поставени и поизвишени по функција во споредба со желуд-никот.
Тие можат да продолжат да чувствуваат наслада, под услов да не се претерува, ако ја исполнуваат својата предодредена задача да оддаваат искрена благодарност со намера да ги запознаат разновидните Божји дарови на начин што ќе ги вкусат и пробаат, под услов да се легални и да не водат до понижување и просење.
Односно, можеме да ја претпочитаме вкусната храна за да си го употребиме јазикот, којшто е носител на чувството за вкус, да изрази благодарност за нив.
Сега ќе раскажам една случка што ја посочува оваа вистина и претставува едно од чудотворствата на шеик Гејлани (да му е света грижливоста).
Една кревка и мила старица имала син што бил воспитан од шеикот. Еднаш таа влегла кај синот и видела дека јаде парче сув црн леб – практикувал духовни вежби додека да ослабне и да му се изнемошти телото. Неговата состојба родило жал кај неговата сакана мајка и ја натерало да сочувствува со него и затоа отишла кај шеик Гејлани да му се пожали. И тогаш го затекнала како јаде печена кокошка.
При таа сочувствителност и нежност таа рекла: “Синот мој речиси умира од глад, а ти јадеш кокошка!”
Тогаш шеикот ѝ се обратил на кокошката со зборовите: “Стани, со дозвола на Аллах!” Откако ѝ се соединиле коските на зготвената кокошка, таа оживеала и скокнала надвор од чинијата. Оваа информација е пренесена без прекин во верига од многу авторитети како факт за едно од чудата на познатиот во цел свет чудотворец, шеик Гејлани (да му е света грижливоста).
Меѓу другото, шеикот ѝ кажал на старицата: “Кога твојот син ќе го достигне тој степен, нека јаде и тој кокошка!”
Овие зборови, кажани од шеик Гејлани, означуваат: “Кога духот на твојот син ќе започне да управува со неговото тело и кога срцето ќе владее над душата негова, и разумот му да господарува со желудникот, и да ја бара насладата заради благодарноста, тогаш може да ја консумира вкусната и пријатна храна.”
Четврта мудрост
“Штедливиот не страда од семејни лишувања и беда”, како што е познато од пророчкиот хадис: لَا يَعُولُ مَنِ اق۟تَصَدَ Односно, штедливиот не трпи многу и не пати при издржувањето на семејството.” Да, има определени и неизбројливи аргументи како поддршка на тоа дека скромноста е решавачка причина за добивање вишок благодат и е солидна основа за подобро суштествување.
Овде ќе ги споменам и своите искуства, посведочени од оние што ми потпомогнаа во моето служење и се однесуваа кон мене со целосно искрено пријателство. И јас и моите другари, понекогаш се здобивавме со десетици благодати поради штедливоста. Пред девет години водачите на племињата, прогонети со мене во Бурдур, дури настојуваа да ја прифатам нивната милостина за да ме избават од мизеријата и потребата во којашто бев паднат поради беспарицата. На овие богати водачи им го кажав следното: “И покрај тоа што располагам со многу малку средства, јас поседувам штедливост и сум навикнат да се задоволувам со малку и затоа сум многу побогат од вас.” И им ги отфрлив повторливите и упорни предлози да ми потпомогнат. Заслужува да се напомене дека по две години, дел од оние што ми предлагаа милостина, потонаа во долгови затоа што не се придржуваа кон штедливоста. Му благодарам на Аллах, по седум години, преку благодатот на скромното суштествување, овие ништожни пари ми беа доволни и не се лееше пот од мене и не бев принуден да си ги изложувам потребите пред луѓето, и не се оштети усвоениот закон од мене на мојот живот: “Немај потреба од луѓето!”
Да, оној што не е штедлив, ризикува да пропадне во бездната на понижението и е изложен на опасност да се лизне кон просење и презирна положба. Парите, прекумерно и непотребно употребувани во нашето време, се скапо и обременето богатство. Понекогаш човек плаќа за нив со цената и митото на својата чест и достоинство и дури е можно да му бидат одземени религиозните светињи. А, потоа добива некакви си несреќни и трагични пари – зема неколку материјални гроша наместо стотиците лири духовен вознес.
A ако се ограничи во насушните потреби и си ги стесни грижите единствено во нив, ќе открие благосостојба што ќе му обезбеди живот и ќе доаѓа кај него по неочекувани патишта. Тоа произлегува од содржината на следниот ајет (стих) од Куранот:
اِنَّ اللّٰهَ هُوَ الرَّزَّاقُ ذُو ال۟قُوَّةِ ال۟مَتٖينُ
Друг ајет од Куранот јасно го посочува овој определен завет:
وَمَا مِن۟ دَٓابَّةٍ فِى ال۟اَر۟ضِ اِلَّا عَلَى اللّٰهِ رِز۟قُهَا
Да, благосостојбата е составена од два дела.
Прв дел: вистинска благосостојба што го чува човековиот живот. За него е даден завет од Господ да биде осигурено со силата на горниот ајет од Куранот. Човекот е способен да си ја набави таа насушна благосостојба при какви било услови (доволно е да не интервенира по сопствениот лош избор), без да е принуден да ја жртвува својата вера и без да се лишува од честа и своето достоинство.
Втор дел: Метафорична благосостојба. Оној што ја употребува лошо, е неспособен да се ослободи од непостоечките потреби, претворени за него во неопходна потреба како резултат на тоа дека бил подложен на испробување на традициите. Цената на сличната благосостојба, особено во нашето време, е многу несреќна, затоа што тоа не влегува во заветот на Господ. Можно е тоа да е добиено ако човек си ја пожртвувал претходната чест и се задоволил со тоа да го понижуваат. Можно е дури да стигнал до раб на просење и да паднал дотаму што е принуден да бакнува нозе на долни и подли луѓе. Згора на сè, можно е да се здобил со таа трагична и погубна состојба на начин што си ги пожртвувал религиозните светињи, а тие се блесок на неговиот вечен живот.
И потоа, човечка болка ги обзема чувстви-телните луѓе кога ги согледуваат страдањата на несреќните во потреба преку епохата каде што царува бедноста и немаштијата. Ова ја пом-рачува сладоста што ја доживуваат благо-дарение на незаконската сопственост и нивната горчина расте ако имаат совест.
Во нашето извонредно време треба да се задоволуваме во рамките на насушното, кога црпиме од сомнителна сопственост. Согласно со правилото اِنَّ الضَّرُورَةَ تُقَدَّرُ بِقَد۟رِهَا насушното се определува во согласност со неговиот размер е допустливо при принуда да се употребуваат забранетите средства само за да се задоволат најосновните потреби, но не и повеќе. Принудениот не може да јаде до наситување од мршата, туку треба само да касне колку да не умре од глад. Исто така, не може да се јаде лакомо пред стотина гладни.
Овде ќе раскажеме вистинска случка за да посочиме дека штедливоста е причина за моќта и совршенството.
Еднаш, познатиот со неговата великодушност, Хатем-и Таи, направил чудесна гозба и ги опсипал гостите со скапи подароци. Потоа тој излегол да прошета по пустината и сретнал еден беден шеик, кој носел на грбот тежок товар од дрва, сено и трње и на некои делови од телото му течело крв.
Хатем му кажал:
— Старче, денес Хатем-и Таи кани на великодушна гозба и раздава скапи подароци. Оди и ти таму. Побрзај да се здобиеш со имот вреден 500 гроша, отколку овој товар од трње во вредност од 5 гроша!
Скромниот шеик му кажал:
— Ќе си го носам товарот со својата сопствена моќ и со пот на челото. Не ми се допаѓа да му бидам задолжен на Хатем-и Таи.
Го прашале еднаш Хатим:
— Си сретнал си некогаш човек што е помоќен и повеликодушен од тебе?
Одговорил:
— Оној штедлив шеик што го сретнав еден ден во пустината... Тој навистина беше поценет помоќен и поштедлив од мене.
Петта мудрост
Едно од совршенствата вклучени во вели-кодушието на Аллах, Семожниот и Севишниот, e дека тој му дава и на најбедниот човек да ја вкуси насладата од Неговите благодати, како што го прави тоа и за најбогатиот. Бедниот чувствува и го доживува истото задоволство како и султанот.
Да, насладата од парче сув црн леб што бедниот ја добива поради својата глад и штедливост, ја надминува оваа на султанот или богаташот кога јаде богата слатка со здодевност и недостиг на апетит што произлегува од неговата непотребност.
Навистина е неверојатно што некои луѓе, кои претеруваат и негодуваат, се сомневаат во штедливите дека се долни и скржави. Не, никако! Имено, во штедливоста е моќта и великодушието, додека подлоста и нискоста се вистинското лице на надворешното велико-душие, демонстрирано од расипниците.
Во мојата соба во Испарта, во годината кога заврши пишувањето на тоа писмо, се случи настан што ја потврдува оваа вистина.
Еден од моите ученици многу упорно настојуваше да примам подарок од него – околу две и пол ока мед – и на тој начин да си го нарушам законот на животот. Колку и да му ја објаснував неопходноста да се придржувам кон своите принципи, тој не се убеди. Бев принуден да го примам медот со намера да го поделам со тројца браќа што беа со мене во собата. Тие требаше да каснат по малку од него, во период од четириесет дена за време на месец Шабан и благословениот Рамазан. На тој начин, дарителот ќе го добиеше својот вознес за гестот, а и тие немаше да останат без десерт. Ги посоветував да го земат подарокот за нив, зашто јас располагав со една ока мед. Моите тројца пријатели беа вистински читави и скромни луѓе, од оние што исклучително многу ја ценат штедливоста, но во секој случај, и тие ја заборавија бидејќи пројавија заемна великодушност, се грижеа за другите, беа посветени еден кон друг и имаа и други слични квалитети, така што медот им се истроши само за три ноќи.
Се насмевнав и им кажав: “Намерата ми беше да ви дадам да го вкусите медот во период од три-четириесет дена, но вие го потрошивте само за три. Дај боже да ви било слатко.” А јас продолжив да си земам штедливо од количеството со кое располагав и го консумирав и за време на Шабан и за време на Рамазан, и како продолжение на тоа, медот стана причина да добијам, фала Му на Аллах, голем вознес бидејќи давав по една лажичка([1]) од него за постење (ифтар) на секој од споменатите пријатели.
Сигурно некој што би ме видел така да постапам, би сметал дека тоа е скржавштина и би решил дека однесувањето на моите тројца пријатели е силен доказ за великодушност. Но од гледна точка на вистината, јас го гледав надворешното намалување на возвишената моќ, широк благодат и голема награда, а зад великодушноста и непотребноста, ако не бидат изоставени, гледав просење, алчно гледање во рацете на другите луѓе, со очекување на милостина и други слични состојби, многу подолни од скржавштината.
Шеста мудрост
Има голема разлика и значителна дистанца меѓу штедливоста и скржавоста. Така и скромноста, што претставува пофална одлика, е спротивна на себеунижувањето и понизноста, што е прекорувана одлика и покрај привидната сличност меѓу нив. И достоинството, што е пофална одлика, е спротивно на ароганцијата, што е лоша одлика и покрај привидната сличност меѓу нив.
Слична е и состојбата со штедливоста, што е една од возвишените пророчки доблести и дури е една од оските околу кои се врти редот на Господовата мудрост што управува со вселената. Оваа одлика нема никаква врска со скржавоста каде што се мешаат нискоста, стиснатоста и алчноста. Згора на сè, меѓу нив нема апсолутно никакви допирни точки освен надворешната прилика. Еве една случка што ја потврдува оваа вистина.
Таа е поврзана со Абдуллах, еден од познатите седум Абдуллаховци и од истакнатите учени меѓу соработниците, и најголемиот од синовите на Омер Ибн, Фарук Азам (најголемиот мудрец), халиф на Пратеникот на Аллах, Аллах да го благослови и со мир да го дари. Еднаш на пазар овој забележителен соработник стапил во жесток спор за нешто што не вредело ни еден грош. Тој сакал да се зачува штедливоста и да се запазат чесноста и довербата што ја зацврстуваат трговијата. Во тоа време го видел друг соработник што допуштил дека е малку скржав и му се сторило дека е премногу таков бидејќи е син на кметот на верниците и намесник на земјата. Го следел до дома за да разбере нешто за неговата состојба и утврдил дека поминал извесно време кај портата со некаков си бедник со којшто разговарал љубезно и пријателски. Потоа излегол преку втората порта и си поразговарал со друг бедник што седел таму. Овој факт го збунил соработникот и тој побрзал да ги праша двајцата бедници:
— Може ли да ми објасните што направи синот на Омер кога застана до вас?
— Даде по еден златник на сите нас.
Тоа го погодило и си рекол вчудовидено: “Севишен е Аллах, какво неверојатно нешто! На пазар направи голем скандал заради еден грош, a во својот дом раздава стократно повеќе на двајца сиромашни, притоа доброволно и без да знае некој.“ Отишол кај синот на Омар, Аллах да е задоволен и од двајцата, и го прашал:
— Кмету, како да ја разрешам оваа загатка – на пазарот постапи на еден начин, а дома на друг.
Му одговорил со зборовите:
— Тоа што се случи на пазарот беше резултат на штедливост и благоразумност. Го направив во заштита на чесноста и во поткрепа на правдината, којшто се основа и дух на размена на односите, а не затоа што завидувам или сум скржав. Дома постапив така, затоа што доживеав сочувство и нежност во срцето и си го почувствував духот возвишен и совршен. Ниту едното беше скржавштина, ниту другото беспотребно трошење.
Укажувајќи на оваа тајна, најголемиот имам Азам, Аллах да е задоволен од него, посочува:
لَا اِس۟رَافَ فِى ال۟خَي۟رِ كَمَا لَا خَي۟رَ فِى ال۟اِس۟رَافِ
Односно, како што не е можно да се претерува во доброто и во добротворните цели кон оние што го заслужуваат тоа, така и воопшто не е добро да се претерува.
Седма мудрост
Непотребноста раѓа алчност, а од неа произлегуваат три последици.
Прва последица – човекот престанува да се задоволува со малку, а тоа го оддалечува од желбата да вложува напор и да работи. На овој начин, алчниот започнува да се оплакува и да се жали наместо да биде благодарен, што го фрла во прегратките на мрзеливоста. Тој ги изостава оскудните средства што доаѓаат од законскиот доход([2]) и брза да најде нелегитимни приходи што не изискуваат да се труди и не му вредат ништо. Кога врви по овој пат, тој ја жртвува и ја губи честа и своето достоинство.
Втората последица од алчноста е разо-чарувањето и загубата. Алчниот си ја губи целта, се изложува на оптоварување, се лишува од олеснување и помош и дури се претвора во потврда на познатата мудрост: “Алчноста е причина за разочарување и загуба.”
اَل۟حَرٖيصُ خَائِبٌ خَاسِرٌ
Алчноста и задоволувањето со малку влијаат и на животинскиот свет во согласност со сеопфатниот закон и сеприсутниот обичај.
На пример, дрвјата се одликуваат со природна непретенциозност и тоа е причина до нив да стигнува благосостојбата од која имаат потреба, а животните се стремат кон својата храна и ја добиваат со тежок напор и страдаат од недостиг. Овој факт покажува колку огромна е штетата скриена во алчноста и колку голема е ползата вложена во непретенциозноста.
Индикативен е исто така и фактот што поради непретенциозноста на доенчињата, експлицитно со јазикот на нивната положба, млекото – оваа прекрасна храна, тече кон нивната уста од таму каде што не очекуваат, а дивите ѕверови се нафрлуваат лакомо и настрвено на својата оскудна и нечиста егзистенција. Ова го докажува нашето тврдење во најдобро светло.
Така и условите на живот на подебелите и мрзливи риби произлегуваат од нивната непретенциозност, што е причина храната да им доаѓа во целост и изобилство, а итрите животни, како што се лисиците и мајмуните, остануваат слаби и неотпорни бидејќи се неспособни да си набават луксузен живот и покрај тоа што ненаситно тежнеат кон него. Овој факт објаснува колку алчноста причинува тешкотии и води до положување тежок напор и колку непретен-циозноста е извор на спокојство и безгрижност.
Така и Евреите си го заработуваат насушниот си леб по незаконски пат и бидејќи се алчни, земаат камата, следат методи на подметнување и измама, оскудната егзистенција им се меша со понижување и бедотија, а Бедуините, којшто се непретенциозни и се задоволуваат со малку, наоѓаат доволно храна и живеат достојно и гордо. Сево ова уште еднаш во целост го потврдува нашето тврдење.
Многу научници([3]) и литерати([4]) паднале во понизна бедност и оскуден живот заради алч-носта и амбицијата што произлегува од нивниот ум и интелигентност. А многумина глупави и беспомошни луѓе се збогатуваат поради нивната вродена непретенциозност. Ова категорично го докажува заклучокот дека законската благосостојба се дава според слабоста, потребата и бедноста, а не според способноста и изборот со кој се наоѓа дури во обратнопропорционална зависност. На пример, благосостојбата кај децата се намалува, се оддалечува и станува тешко за наоѓање секогаш кога расте степенот на нивниот избор, желба и вештина.
Да, задоволувањето со малку е богатство за лесен и спокоен живот и извор на спокојство за битието, додека алчноста е начело на загуба и нискост, како што тоа е разјаснето во пророчкиот хадис:
اَل۟قَنَاعَةُ كَن۟زٌ لَا يَف۟نٰى
Третата последица од алчноста е дека таа ја погубува искреноста, ги расипува делата за задгробниот живот. Ако некој побожен верник не е лишен од амбиција и алчност, тој би посакал да ги привлече луѓето кон себе, а кој го очекува тоа, со сигурност нема да постигне целосна искреност. Овој резултат е од најголема важност и заслужува да се земе предвид.
Резиме: Прекумерноста и непотребноста раѓаат недостиг на скромност во употребата на добрата, односно пројавува алчност, а таа го убива ентузијазмот за работа, ги фрла луѓето во безделништво и мрзеливост и ја отвора пред нив вратата на тагата и на оплакување од животот, додека не ги натера вечно да офкаат од раните на жалбите и здодевноста.([5]) Алчноста ја расипува искреноста и ја отвора вратата на лицемерието и дволичноста пред луѓето, така што силата им се намалува и се насочуваат по патот на просењето и самопонижувањето.
A штедливоста ги дава плодовите на задоволството со малку и непретенциозноста раѓа сила врз основа на пророчкиот хадис:
عَزَّ مَن۟ قَنَعَ ذَلَّ مَن۟ طَمَعَ
Задоволувањето со малку ја изострува жел-бата за труд и за вложување напор, поттикнува на нив и се цели кон нивното извршување со напорна работа.
Кога човек се труди во текот на денот и вечерта си ја добива наградата, следниот ден тој повторно ќе вложи напор во согласност со тајната на скромноста, којашто му е на располагање. А расипникот нема да се труди на вториот ден заради своето незадоволство и дури ако се потруди, ќе си ја врши работата без ентузијазам. И така, непретенциозноста, којашто произлегува од штедливоста, ја отвора вратата на благодарноста и ја затвора вратата на оплакувањето, и човекот продолжува да биде благодарен и да слави цел живот. Како резултат на скромноста, човек не се осврнува за вниманието на околните бидејќи нема потреба од нив, и пред него се отвора вратата на искреноста и се затвора вратата на лицемерието.
Имам видено огромни штети и тешки загуби, коишто настапиле како резултат на непотребноста и на недостиг од штедливост, ги имам видено отелотворени во многу широк опсег. Еве што ми се случи:
Пред девет години посетив еден благословен град. Бидејќи беше зима, не можев да му ги видам изворите на богатството и неговите сфери на производство. Муфтијата на градот, Аллах да му се смили, ми кажа и повеќепати ми повтори: „Народот ни е сиромашен.“ Неговите зборови многу ме воодушевија и возбудија. Пет-шест години продолжив да го молам Аллах Семоќниот за милост кон жителите на градот и да страдам за нив. По осум години се вратив таму. Беше лето и погледот ми залута низ бавчите на населбата. Тогаш си ги спомнав зборовите на муфтијата, Аллах да му се смили, и си кажав восхитен: “Фесубханаллах! Жетвата и производството на овие бавчи повеќепати ги надминуваат потребите на градот. Жителите заслужуваат да бидат многу богати.” Останав изумен од овој факт. Но, потоа дознав вистина што надворешните пројавувања не можеа да ги скријат и да ме заблудат – вистина од којашто се раководев и се ориентирав при дознавањето на други вистини, а имено: овој град е лишен од својот благодат поради својата непотребност и недостиг на штедливост. Тоа го натерало муфтијата, Аллах да му се смили, да каже дека неговите сограѓани се мизерни бедници и покрај огромниот број извори на богатства и драгоцености од ресурси.
Да, потврдено е од искуство и од безброј факти дека давањето на милостината зеќат и штедливоста се причини за благосостојба и за зголемување на благосостојбата, додека непотребноста и воздржувањето од зеќат ги лишуваат луѓето од благодат.
Ебу Али Ибн-и Сина, којшто е муслиманскиот Платон, погла- варот на исцелителите и учителот на филозо-фите, го коментирал само од гледна точка на медицината следниов ајет (стих) од Куранот:
كُلُوا وَ اش۟رَبُوا وَ لَا تُس۟رِفُوا
Тој го искажал тоа во следниве стихови:
: جَمَع۟تُ الطِّبَّ فِى ال۟بَي۟تَي۟نِ جَم۟عًا وَ حُس۟نُ ال۟قَو۟لِ فٖى قَص۟رِ ال۟كَلَامِ
فَقَلِّل۟ اِن۟ اَكَل۟تَ وَ بَع۟دَ اَك۟لٍ تَجَنَّب۟ وَ الشِّفَاءُ فِى ال۟اِن۟هِضَامِ
وَ لَي۟سَ عَلَى النُّفُوسِ اَشَدُّ حَالًا مِن۟ اِد۟خَالِ الطَّعَامِ عَلَى الطَّعَامِ
Ја собрав целата медицина во само два стиха – најубавите зборови се најлаконските.
Храни се малку и по хранењето воздржи се! Здравјето е во варењето. За луѓето нема потешка состојба од онаа – да се трупа (во желудникот) храна врз храна.([6])
Еве и една неверојатна чудна случајност што нѐ тера да си извлечеме поука:
Послание за Штедливоста беше препишана од петмина или шестмина различни пре-пишувачи, од кои тројца од нив не го владееја добро пишувањето, притоа се наоѓаа на различни места, препишуваа од различни копии и имаа различен ракопис. И покрај овој факт и независно од тоа што не мислеа за бројот на елифите([7]) во ракописите, совпаѓањето меѓу елифите на секоја одделна копија броеја педесет и еден, без да се вклучи повикот (дуа), или педесет и три со него. Бројот им се совпаѓаше со годината на создавање и препишување на
Послание за Штедливоста: 1351 според кален - дарот на Руми или 1353 според броењето на летото по хиџра. Нема никаков сомнеж дека овој факт не може да се оддаде на случајноста. Тој е знак за издигање на скриениот благодат во штедливоста до степен на чудо. И навистина оваа година заслужува да биде наречена Година на штедливоста.
Да, времето всушност го потврди чудото на штедливоста кога по две години човештвото стана сведок на Втората светска војна – војната којашто донесе и ги распространи гладот, пропаста и различни излишности и непот- ребности по сите краишта во светот, и тоа ги принуди луѓето да се придржуваат до штедли- воста и за време на неволја да се свртат кон неа.
سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ
- ↑ Големачајналажичка.
- ↑ Со оддалечувањето од штедливоста се зголемуваат консументите и се намалуваат оние што создаваат добра. Сите започнуваат да фрлаат погледи кон вратата на владата. Тогаш се распаѓаат и се уриваат индустријата, трговијата и земјоделството, коишто претставуваат оска и крстосница на социјалниот живот. И општеството за возврат стигнува до опаѓање и се деградира, а бедникот станува безимотен.
- ↑ Справедливиот и мудар владетел на Иран, Нуширеван, го прашал својот везир Бузург-Михр: “Зошто можат да се видат научници пред вратите на емирите, а не можат да се сретнат емири пред вратите на научниците, иако науката е над власта?” Тој одговорил: “Тоа произлегува од знаењето на научниците и од незнаењето на емирите.” Односно, емирите не ја знаат вредноста на науката и затоа не одат да ја бараат пред вратите на научниците, додека научниците ѝ ја знаат вредноста и одат да ја добијат пред вратите на емирите. Овој прекрасен одговор дава оригинално толкување на алчноста на научниците, што произлегува од нивниот ум, којшто ги турка кон понизност и бедност.
Потпис: Хусрев. - ↑ Има факти што го потврдуваат овој заклучок, на пример, на литератите во Франција им даваат документ за просење затоа што одлично го владеат овој занает.
Потпис: Сулејман Рушди - ↑ Да, ако сретнеш некој богат човек, безусловно ќе чуеш многу жалби од него, и колку и да е богат, неговиот јазик сѐ се оплакува. А, ако сретнеш сиромашен што се задоволува со малку, нема да чуеш нешто друго од него, освен благодарност кон Аллах и похвала.
- ↑ Односно, најштетното нешто за телото е да не се прави пауза меѓу одделните оброци, барем за четири или пет часа и желудникот да се гази постојано поради задоволство.
- ↑ елиф е првата буква од арапската азбука.