82.102
düzenleme
("Можно ли е Господ, носител на сеопфатното милосрдие и бескрајно сочувство, Којшто ја забележува и најскриената потребност на најситното создание, му укажува непроценлива поддршка со безгранична жалост и неисцрпно милосрдие, го слуша и најтивкиот ше..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("Види кон што повикува овој благороден Пророк! Тој повикува кон вечна среќа во огромна и сеопфатна молитва, во сè поапсорбирачко и извишено богослужение, и небаре целиот Арапски полуостров, па дури и целата земја отслужува молитва заедно со него и сми..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
385. satır: | 385. satır: | ||
Да го повторам разјаснувањето на оваа вистина, како што го осветлив во Деветнаесетто Слово. | Да го повторам разјаснувањето на оваа вистина, како што го осветлив во Деветнаесетто Слово. | ||
Еј, пријателе, којшто ме слушаш заедно со мојата душа, во тамошната раскажана приказна споменав дека има собир на еден остров, каде што благороден гласник произнесува реч. Расказот ја посочува следната вистина. Дојди да се ослободиме од оковите на времето, да се вратиме со мислите кон епохата на пророштвото, да се упатиме имагинарно кон Арапскиот полуостров за да се усреќиме со посетување на Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари), додека си ги исполнува своите задолженија со верно богослужение. Види како раѓа блаженство поради посланието и упатството што ги донел! Тој со својата молитва и богослужение е мотивот за создавање на блаженството и создавањето на Рајот. | |||
Види кон што повикува овој благороден Пророк! Тој повикува кон вечна среќа во огромна и сеопфатна молитва, во сè поапсорбирачко и извишено богослужение, и небаре целиот Арапски полуостров, па дури и целата земја отслужува молитва заедно со него и смирено праќаат повик кон Аллах заедно со неговиот прекрасен повик! Така е, затоа што неговото служење ја опфаќа целата негова заедница од неговите следбеници, а истовремено, преку таинството на соодветството во основоположниците, во себеси ја вклучува тајната на богослужението на сите пророци, мир над нив. | |||
Тој стои на чело на врховната молитва, на секоја молитва, и праќа смирен повик – колку нежен повик во такво големо создание, небаре просветените од светлината на верата – Од Адам, мир нему, до денес и дури до Денот на воскресението, го следат и изрекуваат амин по неговата молитва.(<ref>Да, од времето на Мухаммедовата проникливост сите молитви отслужени од целата заедница, секоја реченица на „Аллах да го благослови и со мир да го дари!“ е само постојано „амин!“ по неговиот повик и универзално соучесништво со него. Секоја одделна желба да биде тој благословен и со мир дарен има вредност на „амин“! Секое изговарање на оваа формула од секој член на заедницата за време на молитва и по повикот (икама) за неа според шафиитската доктрина е само универзално „амин!“ кон повик за вечна среќа, испратен од Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари). Во својата молитва тој го изразува копнежот за бесмртната среќа. Имено, тоа го сакаат луѓето и упатуваат повик за него со сите сили, со јазикот на својата природа. Ова е причина сите просветени со светлината на верата да изговорат „амин!“ по Пророкот (Аллах да го благослови и со мир да го дари). Зар е можно овој повик да не биде прифатен и да не му се одговори?</ref>) | |||
Види како тој го повикува Аллах за универзална потребност, како што е потребноста од вечност и бесмртност! Во овој повик не учествуваат заедно со него само жителите на земјата, туку истовремено и жителите на небесата, и дури и сите созданија. Тие, соодветно на нивниот јазик, изговараат: „О... да, Господе наш... одговори на неговиот повик! И ние го сакаме тоа.“ И пак види како тој проси за среќа и вечност со целата своја нежност и тага, со целата своја љубов и битие, со целиот свој копнеж и настојчивост, со целата своја смиреност и надеж, ја натажува целата вселена, ја расплакува и ја прави сочувствителна кон повикот! | |||
<div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> | <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> |
düzenleme