İkinci Lem'a/mk: Revizyonlar arasındaki fark
("== ЕПИЛОГ ==" içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) Etiketler: Mobil değişiklik Mobil ağ değişikliği |
("За да ја покаже својата неограничена снага и бескрајниот рахмет, Возвишениот Хак во човекот всадил безгранична слабост и бесконечна беда. За да ги покаже неограничените врски на Своите имиња, го создал човекот во таков облик, сличен на машина, кој мо..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
141. satır: | 141. satır: | ||
== ЕПИЛОГ == | == ЕПИЛОГ == | ||
За да ја покаже својата неограничена снага и бескрајниот рахмет, Возвишениот Хак во човекот всадил безгранична слабост и бесконечна беда. | |||
За да ги покаже неограничените врски на Своите имиња, го создал човекот во таков облик, сличен на машина, кој може во бескрајни правци да прифаќа болка, но, исто така, и во бескрајни правци да ужива. Во таа машина, наречена човек, постојат стотици алати. Секој од овие алати има свои различни тегоби, уживања, должности и награди. Дури и врз човекот, кој претставува вселена во мало, се наоѓаат искрички од поголемиот дел на Аллаховите имиња, кои во потполност се појавуваат во вселената, која претставува голем човек. | |||
Пријатната состојба, како што се здравјето, крепкоста и други пријатни нешта, човекот го упатуваат на благодарност и таа машина со многу страни ја упатуваат кон многу должности, со што тој станува еден вид фабрика за благодарност. | |||
Исто така и несреќите, болестите, патилата и другите несреќи што вознемируваат, ги активираат другите запченици на истата машина. Со нивна помош функционира рудникот на немоќта, слабоста и бедата, кои се содржани во човековата способност. Не со еден јазик, туку со јазикот на секој орган поединечно, човекот се доведува во состојба да бара помош и заштита. | |||
Човекот, со овие пречки како да станува подвижен молив што содржи илјада различни моливи. На страниците од животот, или, пак, на левхи мисалот тој ја испишува судбината на животот, известува за Аллаховите имиња и преоѓајќи во облик на Субхани касида во стих, ги исполнува своите должности. | |||
21.09, 21 Kasım 2024 itibarı ile sayfanın şu anki hâli
بِسْمِ اللّٰهِ الرَّحْمٰنِ الرَّح۪يمِ
اِذ۟ نَادٰى رَبَّهُٓ اَنّٖى مَسَّنِىَ الضُّرُّ وَاَن۟تَ اَر۟حَمُ الرَّاحِمٖينَ
Оваа молитва на стрпливиот јунак Хазрет-и Ејјуб Алејхисселам е прифатлива, проверена и влијателна. Меѓутоа, ние во нашите молитви треба да се молиме цитирајќи го следниот ајет:
رَبِّ اِنّٖى مَسَّنِىَ الضُّرُّ وَاَن۟تَ اَر۟حَمُ الرَّاحِمٖينَ
Познатата приказна за Хазрет-и Ејјуб Алејхисселам накратко би изгледала вака:
Наспроти тоа што долго време се наоѓал целиот во рани и лузни, размислувајќи за големата награда, како резултат на таа болест, болеста ја поднесувал стрпливо. Кога подоцна од тие рани се појавиле црви и ги допреле неговото срце и јазик, кои се место на зикир и спознавање на Аллах, плашејќи се да не му нанесат штета на неговиот ибадет како негова должност, сигурно за да може да Му чини ибадет на Аллах, а не дека сакал за себе да добие олеснување, Му се обратил велејќи: „Господару мој, несреќата што ме снајде, му нанесува штета на мојот зикир со јазикот и на мојот ибадет со срцето.“ Возвишениот Хак таа потполно искрена и чиста молитва, без други мисли и цели, а која била само поради Аллах, ја прифатил на преубав начин подарувајќи му совршено здравје и удостојувајќи го со својот мерхамет.
Овој одблесок содржи „Пет точки“.
ПРВА ТОЧКА:
Во споредба со Хазрет-и Ејјубовата надворешна, видлива болест, кај нас постои невидлива, внатрешна болест. Кога би ја претвориле нашата внатрешност во надворешност и надворешноста во внатрешност, би изгледале многу поболни и би биле со многу поголеми рани од Хазрет-и Ејјуб, мир над него (Алејхисселам), бидејќи секој грев што ќе го направиме и секое сомнение што ќе ни се појави во мислите, предизвикуваат рани во нашето срце и во нашата душа. Раните на Хазрет-и Ејјуб, мир над него, му се заканувале само во неговиот краток живот на овој свет, додека нашите духовни рани му се закануваат на нашиот многу долг вечен живот. Ние имаме илјада пати поголема потреба за молитва отколку што имал Хазрет-и Ејјуб, мир над него, за себе.
Особено, како што црвите што се појавиле од раните на тој Божји Пратеник почнале да ги нагризуваат неговото срце и неговиот јазик, така и раните што се последица на гревовите, вообразувањето, сомневањето што се појавуваат од раните, -неузу биллах (Бог да чува и да брани)- нагризувајќи ја внатрешноста на срцето, кое наместо иман, му нанесуваат штета на иманот нагризувајќи ја душевната сладотија на јазикот, кој е толкувач на иманот, предизвикуваат омраза во нас, нè оддалечуваат од зикирот и нè замолчуваат.
Да, гревовите го обвиткуваат, го поцрнуваат и го стегаат срцето сè додека од него не го искорнат нурот на иманот. Во секој грев се наоѓа по еден пат што води кон ќуфур (богохулство). Доколку тој грев не се уништи со покајување, и тоа веднаш, тогаш тој, не како црв, туку како духовна змија ќе го гризе срцето.
На пример, човекот што скришум направи срамотен грев, во состојба кога се срами други да не дознаат за тој грев, постоењето на ангелите и духовниот живот многу тешко му паѓаат, така што тој бара и најмал знак за да го негира нивното постоење.
Или, на пример, човекот што направил голем грев, што може да заврши со Џехеннемско патење, доколку не се заштити со покајување слушајќи за предупредувањето од Џехеннемот, со сета душа сака Џехеннемот да не постои, така што дури и најмал знак или сомнение му даваат храброст да го одрекува неговото постоење.
Или, на пример, човек што не ги исполнува пропишаните намази и не ги извршува ибадетските должности, но кој се натажува кога ќе го прекори некој ситен чиновник што е негов претпоставен, за неисполнување на некоја безначајна должност, сигурно дека ќе го гризе совеста поради негрижата која ја покажува кон фарзовите што постојано се повторуваат во наредбите на Султанот на Езел и Ебед. Поради тоа свое гризење на совеста, скришум како да вели: „Камо среќа да ги нема овие ибадетски должности.“ А од тоа може да произлезе стремеж кон одрекнување, што е аналогно на непријателството кон Аллах. Доколку во срцето се појави само еден сомнеж во врска со Аллах, постои опасност тоа да се зацврсти како категоричен доказ, и за тој човек се отвора портата на големи несреќи. Таквиот беден човек не знае дека во споредба со незначителниот замор што е потребен за извршување на ибадетските должности, со нивното одрекување се изложува на милион пати поголеми и пострашни духовни тегоби. Бегајќи од каснувањето на мувата, се согласува на каснувањето од змија и слично на тоа. Споредете ги овие три примери за да се разјасни следната тајна.
بَل۟ رَانَ عَلٰى قُلُوبِهِم۟
ВТОРА ТОЧКА:
Како што е објавено во Дваесет и шесто Слово, кој се однесува на тајната на судбината, поради тие причини човекот нема право да се жали на несреќите и болестите што го снаоѓаат.
Прва причина:
На облеката, која всушност е телото што човекот го облекува, Возвишениот Хак ја истакнува Својата способност. Тој го создал човекот во вид на модел и таа облека во вид на тело на тој модел, ја сече, ја обликува, ја менува, ја преобразува и ги покажува искрите на своите различни имиња. Како што за името Шафи (Исцелител) се потребни болести, така и за Реззак (Снабдител) потребен е глад и сл.
مَالِكُ ال۟مُل۟كِ يَتَصَرَّفُ فٖى مُل۟كِهٖ كَي۟فَ يَشَٓاءُ
Втора причина:
Животот преку болести и несреќи се прочистува, достигнува совршен- ство, пронаоѓа снага, се воздигнува, дава резултати, се усовршува, создава животни должности. Едноличниот живот кој се поминува во постела за одморање, поблизок е и оди кон исчезнувањето, што е апсолутно зло, отколку кон постоењето кое е апсолутно добро.
Трета причина:
Овој свет претставува место на кое се одржува испит и место за служба. Не е место за уживања и награди. Штом е место за служење и правење ибадети, тогаш болестите и несреќите што го снаоѓаат, под услов да не ѝ наштетат на верата и да е човекот во нив стрплив, се многу погодни и им даваат снага на службата и ибадетот. Тие секој час го претвораат во еден ден на ибадет, затоа од нив не треба да се жалиме, туку да им се заблагодариме.
Да, ибадетот се состои од два дела. Првиот е позитивен и потврден, а вториот е непотврден ибадет. Првиот – мусибет, односно потврдениот дел, на сите ни е познат, а што се однесува до вториот – менфи, односно непотврдениот дел, оние што се погодени од болести и несреќи, чувствувајќи ја својата слабост и немоќ и барајќи заштита, се осврнуваат кон Рабб-и Рахим (Семилосниот Господар), размислувајќи за Него, молејќи Му се Нему создаваат чист ибадет. Во овој ибадет не постои дволичност, тој е потполно чист и искрен.
Доколку се стрпи и се размислува за наградите што доаѓаат како резултат на тие несреќи, и ако се биде благодарен, тогаш секој час од болеста станува еден ден на ибадет. Тој пократок век станува подолг. Постои една група болести чијашто една минута станува како еден ден поминат во ибадет. Многу ме интересира болеста на еден брат во ахирет, чие име е Мухаџир Хафиз Ахмет. Во срцето ми се јави опомена, која како да вели: „Честитај му! Секоја минута од неговата болест се претвори во еден час на ибадет.“ Тој, инаку, стрпливо се заблагодаруваше.
ТРЕТА ТОЧКА:
Како што објаснивме во некои од Словата, секој човек доколку се присети на својот изминат живот, со срцето или со јазикот ќе воздивне ах или ох, ќе се жали или ќе рече Елхамдулиллах.
Она што човекот го наведува да биде тажен се духовните болки што потекнуваат од престанувањето или исчезнувањето на уживањата од изминатото време, бидејќи престанувањето на уживањето нанесува болка. Понекогаш во минливото уживање постои непрекинато патење. Размислувајќи за ова, болката се надразнува и од неа почнува да тече тага и жалост.
Духовната и трајна сладотија која се јавува поради исчезнувањето на минливите патења во минатото, нè наведуваат да велиме Елхамдулиллах, доколку со оваа природна состојба се размислува и за севапите (заслугите, добрите дела) и за наградите во ахиретот како резултат на тие несреќи и дека со помош на тие несреќи еден краток век се претвора во долг век. Потребно е да се биде стрплив, во таа стрпливост да се благодари и да се вели:
اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ عَلٰى كُلِّ حَالٍ سِوَى ال۟كُف۟رِ وَ الضَّلَالِ
ЧЕТВРТА ТОЧКА:
Како што е објаснето во првиот дел од Дваесет и првото Слово, кога човекот снагата на стрпливоста, која му е подарен од Возвишениот Хак, не би ја расфрлал на патот на вообразувањето, таа би можела да му биде доволна во секоја несреќа. Меѓутоа, човекот под притисокот на стравот, занесеноста и под претпоставка дека овој минлив живот е вечен, снагата на стрпливоста ја расфрла по минатото и по иднината, така што за моменталната состојба стрпливоста станува недоволна и тој почнува да им се жали на луѓето, не дај Боже, од Возвишениот Хак, а притоа со жалење на неправеден и залуден начин покажува нестрпливост.
Бидејќи, ако секој минат ден изминал во несреќа, тегобите исчезнале, сладотиите останале поради нивното исчезнување, маките изминале, добрите дела останале. Значи, за сето ова не треба да се жалиме, туку со уживање треба да се заблагодариме. За тоа не треба да се лутиме, туку напротив, треба да бидеме радосни. Поради несреќите што му се случуваат, човековиот минлив живот на некој начин како да поприма форма на вечен среќен живот. Плашливо размислувајќи, расфрлањето на дел од стрпливоста поради истите тегоби претставува вистинска глупост.
Што се однесува до иднината, бидејќи таа сè уште не е дојдена, да се жалиме од неа и да покажуваме нестрпливост размислувајќи за болестите и несреќите што ќе ги доживееме во иднина, претставува вистинска бесмислица. Како што е бесмислено непрекинато да се јаде и да се пие размислувајќи дека утре ќе останеме гладни и жедни, исто така кога човекот размислува за болестите и несреќите во идните денови, кои сега не постојат, од сега се жали од нив, да покажува нестрпливост, односно без никаква принуда да паѓа во неспокој, тој прави таква глупост, со што ги спречува шефкатот и мерхаметот према самиот себе на кои би им бил достоен.
Резиме: Како што благодарноста ги зголемува благодатите, така и жалбата ги зголемува несреќите. Покрај тоа, го спречува и удостојувањето со мерхамет.
Во првите години од Првата светска војна, во градот Ерзурум една мубарек личност заболела од една тешка болест. Кога појдов кај него, жалејќи се ми рече: „Сто дена не можев да ја спуштам главата врз перница и да легнам.“ Ми беше жал за него. Одеднаш се сетив и му реков:
„Брате, изминатите сто дена во мака се претвориле во сто дена на радост. Немој да се жалиш размислувајќи за нив. Биди благодарен присетувајќи се на нив. Што се однесува до идните денови, бидејќи тие сè уште не се дојдени, имај доверба во Рахману’р Рахим, немој да плачеш пред да бидеш тепан, немој да се плашиш од нешто што не постои, непостоењето не заменувај го со постоење. Размислувај за сегашните часови. Снагата на твојот сабур (трпение) ти е доволна за овие часови. Немој и ти да бидеш како лудиот командант, кој во моментот кога левото крило на противничката војска се предала и се споила со неговото десно крило и така ја зајакнала неговата сила, тој, пред да биде нападнато неговото лево крило од страна на десното непријателско крило, своите сили од центарот ги праќа лево-десно, и така ослабувајќи го центарот, му дозволува на непријателот со мали сили да го уништи неговиот центар.“
И уште му реков: „Брате, барем ти немој да постапуваш како него. Сите свои сили сконцентрирај ги кон овие часови. Мисли на Аллаховиот Рахмет, за наградата во ахиретот и за преобразувањето на минливиот и краткиот век во друг и вечен живот. Наместо да се жалиш со горчина, ти заблагодари се радосно.“
Тој тогаш се расположи и рече Елхамдулиллах, и болеста му се ублажи за десет пати.
ПЕТТА ТОЧКА:
Петта точка содржи три теми:
Прва тема:
Прва и опасна несреќа е таа која ѝ нанесува штета на верата. Во секој миг потребно е да ја бараме Аллаховата заштита и да се молиме да нè сочува од несреќите што се штетни по верата. Меѓутоа, несреќите што не ѝ нанесуваат штета на верата, не се вистински несреќи. Дел од нив претставуваат Рахманови предупредувања.
Како што еден овчар, чие стадо влегло во туѓа нива, фрлил камен и помислил дека тој камен всушност е предупредување што ќе ги спаси од штетната работа, па тие задоволно се враќаат. Така има толку многу работи што навидум ни изгледаат како несреќи, а тие се всушност како една опомена и предупредување. Еден дел е кеффарету-з зунуб. Еден дел како претставник на невнимателноста, укажува на човековата слабост и на некој начин претставува постигнување спокој.
Несреќите, односно болестите, како што веќе беше речено, не се несреќи и сигурно претставуваат Раббанијева благонаклоност. Во прикажувањето стои дека: „Како што зрелите плодови паѓаат од дрвото, така и со треперењето на болниот поради треска паѓаат гревовите.“
Хазрет-и Ејјуб, мир над него (Алејхисселам) во своето обраќање не исполни дуа за да му олесни на својот нефс. Сигурно е дека побарал оздравување за да може да прави ибадет, кога веќе болеста станала пречка за ибадетот со збор и срце.
Нашата вистинска цел е нашето обраќање да биде со желба за оздравување од духовните гревови и од духовните рани. Оздравување од физички болести можеме да бараме доколку болеста ни претставува пречка за чинење ибадет. Меѓутоа, не на начин на приговор или жалење. Сигурно дека е потребно понизно да се бара засолниште во надеж за помош.
Штом сме се согласиле со Неговото Господарување, треба да се согласиме со сè што ни се случува поради тоа господарување. Да се жали со ах, ух на начин што потсетува на одбивање на прифаќањето на каза и кадер, на извесен начин претставува критикување на кадерот и приговор кон милосрдието. Оној што го критикува кадерот, со главата удира во наковална и ја крши. Оној што приговара кон милосрдието, останува лишен од него. Како што при одмазда со скршени раце, односно при обид за користење на истите тие раце, уште повеќе се кршат. Исто така, ако човек погоден од несреќа, приговарајќи се жали и ја дочекува со љубопитство, таа станува двојно поголема.
Втора тема:
Доколку материјалните несреќи ги гледаме како големи, тие уште повеќе се зголемуваат. Ако ги гледаме како мали, тие уште повеќе се смалуваат.
На пример, ноќе кога на човековите очи му се прикажува некое привидение, ако човекот му придаде значење, тоа уште повеќе расте. Ако, пак, не му обрне внимание, тоа исчезнува. Обидот да се одбрани од пчели што напаѓаат уште повеќе, ја поттикнува нивната агресивност, но доколку се остане рамнодушен, тие си одат. Исто така, и материјалната несреќа со помош на љубопитство и страв, од телото се всадува во срцето, дури може да предизвика и духовна несреќа и да продолжи потпирајќи се врз неа.
Тогаш, кога љубопитството под притисок на судбината и со тевеккул се тргне, таа несреќа, слично на дрвото што е исечено од коренот, ќе се исуши и ќе исчезне. Оваа вистина едно време ја изложував вака:
Напушти го, еј беспомошен човеку, жалењето поради несреќите и постигни тевеккул,
бидејќи знај дека жалењето поради несреќите во самата несреќа е несреќа во вантрешноста на грешките.
Ако си го пронашол Оној што ја дава несре ќата, знај дека тоа е несреќа во која се ужива, несреќа која е дојдена како добродетелство.
Ако, пак, не Го пронајдеш, тогаш знај дека целиот свет е тегобна несреќа, несреќа која резултира со исчезнување.
Штом ти се заканува несреќа голема колку што е целиот свет, зошто бараш помош поради твојата мала тегоба?
Дојди и направи тевеккул. Со тевеккулот насмеј ѝ се на несреќата в лице сè додека не почне и таа самата да ти се смее. Колку повеќе се смееш, толку повеќе таа се смалува и се претвора во нешто друго.
Како што во дуелот со некој опасен противник, непријателството со насмевка се претвора во помирување, лутината преоѓа во шега, па така непријателството се смалува и исчезнува. Исто се случува и кога со тевеккул се излезе пред несреќите.
Трета тема:
За секое време постојат правила. Во ова време на гафлет (безгрижност), несреќата го промени својот изглед. Во некое време и со некои особини, несреќата не е несреќа, туку сигурно е Аллахово добродетелство. И јас, бидејќи согледувам дека оние што во денешно време се унесреќени со болест, под услов нивната несреќа да не ѝ наштетува на верата, всушност се среќници. Поради тоа, јас не можам да бидам против, во поглед на состојбата на нивната болест и несреќа. Во мене не се создава состојба на сожалување.
Бидејќи кој и да е млад човек кога ќе ми се обратеше, забележував дека во однос на другите тој беше со повисок степен врзан за верските должности и имаше поголема поврзаност со ахиретот. Од тоа разбрав дека видот на болеста за нив не беше несреќа, туку Аллахов благодат, бидејќи болеста станува причина за нивното патење на овој свет, меѓутоа за нивниот вечен живот таа е полезна и претставува еден вид ибадет. Доколку оздрави, тогаш сигурно е дека под влијание на младешката опијанетост и раскалашноста на своето време нема да успее да ја сочува состојбата во која бил за време на болеста и сигурно ќе се оддаде на разврат.
ЕПИЛОГ
За да ја покаже својата неограничена снага и бескрајниот рахмет, Возвишениот Хак во човекот всадил безгранична слабост и бесконечна беда.
За да ги покаже неограничените врски на Своите имиња, го создал човекот во таков облик, сличен на машина, кој може во бескрајни правци да прифаќа болка, но, исто така, и во бескрајни правци да ужива. Во таа машина, наречена човек, постојат стотици алати. Секој од овие алати има свои различни тегоби, уживања, должности и награди. Дури и врз човекот, кој претставува вселена во мало, се наоѓаат искрички од поголемиот дел на Аллаховите имиња, кои во потполност се појавуваат во вселената, која претставува голем човек.
Пријатната состојба, како што се здравјето, крепкоста и други пријатни нешта, човекот го упатуваат на благодарност и таа машина со многу страни ја упатуваат кон многу должности, со што тој станува еден вид фабрика за благодарност.
Исто така и несреќите, болестите, патилата и другите несреќи што вознемируваат, ги активираат другите запченици на истата машина. Со нивна помош функционира рудникот на немоќта, слабоста и бедата, кои се содржани во човековата способност. Не со еден јазик, туку со јазикот на секој орган поединечно, човекот се доведува во состојба да бара помош и заштита.
Човекот, со овие пречки како да станува подвижен молив што содржи илјада различни моливи. На страниците од животот, или, пак, на левхи мисалот тој ја испишува судбината на животот, известува за Аллаховите имиња и преоѓајќи во облик на Субхани касида во стих, ги исполнува своите должности.