Еј, почитуван брате, знај!

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    13.22, 3 Aralık 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 188798 numaralı sürüm ("'''Еј, почитуван брате, знај!'''" içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)
    Diğer diller:

    Еј, почитуван брате, знај!

    Семилостивиот Праведник те создал од непостоење во постоење, а од многуте изгледи, состојби и постоења, со највисоки својства на муслиман, те создал во форма на човек. Во тефтерот за благодати што ти припаѓаат тебе, ти ги запишал сите бројни форми, сите твои положби, постапки и состојби од твојата почетна точка до твојот краен облик. Во таа смисла, на временската алка што го имаш поминато, како дијаманти се подредени благодатите што оформуваат целосен ѓердан или список на сите видови благодати.

    Поради ова, за секој облик на постоење во кој си се нашол, за сите положби, постапки и состојби низ коишто си поминал, ќе бидеш прашан: „Како достигна до овој благодат? Со што го заслужи? Искажа ли благодарност за тоа?“, затоа што следуваат прашања за настаните што се случиле. Но за можните настани, кои не се случиле, не следуваат прашања. Настаните што си ги доживеал, се случиле; настаните што ќе ги доживееш, не се случиле. Постои одговорност за она што постои; а за она што не постои, не постои ни одговорност.

    Ако е така, за изминатите благодати што не си искажал навремена благодарност, треба дополнително да искажеш.

    * * *

    Да, како што целта и резултатот на овој живот e вечниот живот, така и еден плод од овој живот претставуваат благодарноста и богослужбата, похвалата и обожувањето на Вечноживиот и Животодавецот; а што се однесува до оваа благодарност, богослужба, похвала и обожување, тие се плодови на животот, а воедно и цели на универзумот.

    Од ова треба да се заклучи дека оние што велат дека целта на овој живот е да се проживее во удобност, безгрижно да се ужива и грешно да се посега по благодатите, со многу грозен простотилак, одрекување, па дури и со неверство, со омаловажување и понижување на овој драгоцен живот, кој е еден благодат, и разумот – кој е еден дар, и паметот како добротворство, стануваат застрашувачки неблагодарни кон благодатите.