ПРВО СЛОВО
بِسْمِ اللّٰهِ الرَّحْمٰنِ الرَّح۪يمِ
وَ بِهٖ نَس۟تَعٖينُ
اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ رَبِّ ال۟عَالَمٖينَ
وَ الصَّلَاةُ وَ السَّلَامُ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ
وَ عَلٰى اٰلِهٖ وَ صَح۟بِهٖ اَج۟مَعٖينَ
Еј, брате! Побара неколку совети од мене. Поради тоа што ти си војник, во вид на војнички примери, заедно со мојот нефс (душа), послушај осум кратки приказни и неколку вистини, бидејќи согледувам дека мојот нефс има најго лема потреба од совет, повеќе од сите нив. Едно време, малку п одолго му ги раскажав Осумте Слова на мојот нефс, кои ги извлеков од осум ајети. А сега, на достапен јазик, повторно и накратко ќе му ги раскажам на мојот нефс. Кој сака, нека слуша заедно со мене.
ПРВО СЛОВО
Бисмиллах е почеток на секое добро дело. Па затоа и ние ќе започнеме со него. Еј, нефсу мој, знај дека како што ова благословено слово претставува симбол на исламот, така и неговото постојано повторување на соодветниот јазик на сè што е создадено, претставува молитва.
Ако сакаш да дознаеш колку огромна и неис црпна е моќта на Бисмиллах и каков непот рошлив бериќет носи тој, послушај ја следнава кратка приказна како една поука:
Човек кој патува низ номадска арапска пустина, треба да му се придружи на еден племенски поглавар и да биде под негова заштита за да се спаси од злосторствата на разбојниците, да ја врши својата работа и да ги задоволи своите потреби. Инаку, би останал сам среде пустина, уништен од непријатели и неограничени потреби.
И така, двајца другари тргнале на пат низ пустина. Едниот од нив бил скромен, а другиот горделив. Скромниот му се придружил на еден поглавар, а горделивиот одбил. Патувале низ пустината, и оној што му се придружил на поглаварот, кога ќе сретнел некој разбојник, му велел: „Јас патувам под заштитата на тој и тој поглавар“, и разбојникот го пуштал без да му нанесе штета; уште кога ќе влезел во шатор, го поздравувале со почит и уважение, благодарение на името на поглаварот. А, другиот, горделивиот, се соочувал со неописливи несреќи и зла. Постојано стравувал и просел. И на тој начин, ем се понижувал, ем се посрамотувал.
Еј, моја подмолна душо (нефс)! Ти си тој патник, а овој свет е пустина. Твојата беда и немоќ се безгранични. Твоите непријатели и потреби се безброј. Штом е тоа така, прифати го името на Вистинскиот Владетел на оваа пустина и нејзиниот Вечен Управител за да се спасиш од просењето и од стравот пред секој настан.
Да, ова благословено слово (бисмиллах) е толку возвишено богатство, што твојата беско нечна немоќ и беда ги поврзува со Бесконечната Моќ и Милосрдност, и твојата немоќ и снага стануваат најприфатлив заговорник пред вратата на Милосрдниот Семоќник.
Да, оној што започнува некоја работа со ова слово, наликува на човек што се пријавил како војник и работи во име на државата. Не стравува од никого и ништо, и вели: Во име на државата, во име на законот; може да работи сè и може да издржи сè.
На почетокот рeковме: Сите созданија, на својот соодветен јазик изрекуваат Бисмиллах. Зар не?
Да, на пример кога би видел како некој човек води луѓе на некое место и ги принудува да извршат некоја работа, без сомнеж знаеш дека овој човек не дејствува во свое име и моќ, туку можеби е војник и работи во име на државата и се потпира на моќта на владетелот.
Така и сè што постои, работи во името на Вистинскиот Владетел.
Најмалите честички, на пример како што се семињата, во себе ги носат огромните дрвја и издржуваат товари тешки како планина.
Значи, секое дрво изрекува Бисмиллах и ги полни неговите раце-гранки со плодови од ризницата на Божјото милосрдие и ни ги нуди нам.
Секоја градина изрекува Бисмиллах и се претвора во казан на Божјата моќ во која се готват разни вкусни и пријатни јадења.
Секое благородно и корисно животно, како што се кравата, камилата, овцата, козата – изре куваат Бисмиллах и стануваат извор од кој се излева млеко и во името на Дарувачот на Бла госостојбата (Реззак) ни ја испорачуваат нај пријатната и најчиста храна, која значи живот.
Корењата и жилите на секое стебло, растение и тревка, кои се меки како свила, изрекуваат Бисмиллах, се пробиваат и минуваат низ тврдите карпи и земја, и изрекувајќи Во името на Аллах и Семилостивиот (Рахман), Му се покорува сè. Да, како што е лесно разгранувањето на гранките во воздухот и давањето плодови, исто така лесно е и пуштањето на корењата низ тврдите карпи и земја, и давањето плодови под земјата. И покрај изложувањето на силна топ лина, зелените лисја остануваат влажни и свежи со месеци, и на овој начин на материјалистите им се затнува муцката и им се става прст во нивното слепо око, велејќи им:
Цврстината и топлината, на кои најмногу им веруваш, не дејствуваат сами по себе, туку ги извршуваат своите функции по наредби на Единствениот Наредбодавец, така што на жилите, меки како свила, им дава способност да пробиваат низ карпите и земјата како стапот на Мојсеј (мир над него) и ѝ се покоруваат на наредбата:
فَقُل۟نَا اض۟رِب۟ بِعَصَاكَ ال۟حَجَرَ
А на нежните и тенки лисја, како хартија за цигари, наспроти топлината која се расфрлува како оган, како што е телото на Ибрахим (мир над него), им дава способност да го изговорат ајетот:
يَا نَارُ كُونٖى بَر۟دًا وَ سَلَامًا
Штом сè што постои изрекува Бисмиллах, во името на Аллах ни ги носи и ни ги дава благодатите, па и ние самите треба да речеме Бисмиллах, да даваме во името на Аллах и да земаме во името на Аллах. Штом е тоа така, не треба да земаме од непокорните, кои не даваат во името на Аллах.
Прашање: Им плаќаме одредена цена на трговците што ни носат благодати на пазар. Каква ли цена бара од нас Аллах, Вистинскиот Сопственик на тие благодати?
Одговор: Да, цената што ја бара од нас Вистинскиот Благодател за тие благодати и производи се состои од три дела: Првата е зикир (величење), втората е шуќур (благодарност), а третата – фикир (мисла).
Başta Bismillah zikirdir.
Âhirde Elhamdülillah şükürdür.
Ortada, bu kıymettar hârika-i sanat olan nimetler, Ehad-i Samed’in mu’cize-i kudreti ve hediye-i rahmeti olduğunu düşünmek ve derk etmek fikirdir. Bir padişahın kıymettar bir hediyesini sana getiren bir miskin adamın ayağını öpüp hediye sahibini tanımamak ne derece belâhet ise öyle de zâhirî mün’imleri medih ve muhabbet edip Mün’im-i Hakiki’yi unutmak, ondan bin derece daha belâhettir.
Ey nefis, böyle ebleh olmamak istersen Allah namına ver, Allah namına al, Allah namına başla, Allah namına işle. Vesselâm.