Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/20/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    22.13, 20 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 183605 numaralı sürüm ("Тоа значи дека човекот не е дојден на овој свет само за убав живот и со цел да го проживее животот во уживање и задоволство. Можеби човекот, во чиишто раце се наоѓа огромен капитал, е дојден да тргува работејќи за среќата во вечниот живот. Капиталот кој..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Тоа значи дека човекот не е дојден на овој свет само за убав живот и со цел да го проживее животот во уживање и задоволство. Можеби човекот, во чиишто раце се наоѓа огромен капитал, е дојден да тргува работејќи за среќата во вечниот живот. Капиталот кој му е даден, всушност е неговиот животен век. Ако не е болен, здравјето и задоволството го занесуваат човека, го прават овој свет поубав и придонесуваат да заборави на Задгробниот свет (ахирет). Таквиот човек не сака да размислува за гробот (кабурот) и смртта, и животниот капитал го троши бесцелно и на непотребни места. Додека, пак, болеста веднаш му ги отвора очите и му вели на неговото тело и леш: „Ти не си бесмртен, а не си и без стопан, туку имаш една должност. Не биди горделив, мисли на својот Создател и знај дека ќе одиш во гроб (кабур), па според тоа подготви се.“