Послание за плодот
بِس۟مِ اللّٰهِ الرَّح۟مٰنِ الرَّحٖيمِ
فَلَبِثَ فِى السِّج۟نِ بِض۟عَ سِنٖينَ
Според овој ајет, т.е. стих од Куранот, Јусуф (Јосиф), Бог да му се смили, е водач на затворениците. Следствено, затворот станува еден вид Јусуфова (Јосифова) школа. Штом по вторпат голем број ученици на Рисале-и Нур биле пратени во затвор, во оваа „школа“ тие треба заемно да учат и да подучуваат дел од суштинските прашања поврзани со верата утврдени во Рисале-и Нур за да можат да се раководат од нив и да го поправат поведението во таа школа, отворена за воспитание. Ние ќе образложиме пет-шест резимеа од споменатите прашања.