Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/42/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    22.26, 20 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 183637 numaralı sürüm ("Еј, ти болен човеку што ја имаш загубено сладоста на здравјето! Твојата болест не ги губи сластите на Божествените награди (нимети), туку напротив, ги прави уште побогати и послатки, бидејќи, ако нешто е постојано, тоа го губи својот ефект. Следбениците..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Еј, ти болен човеку што ја имаш загубено сладоста на здравјето! Твојата болест не ги губи сластите на Божествените награди (нимети), туку напротив, ги прави уште побогати и послатки, бидејќи, ако нешто е постојано, тоа го губи својот ефект. Следбениците на вистината се едногласни и дури велат: „Сè станува јасно со својата спротивност.“

    اِنَّمَا ال۟اَش۟يَاءُ تُع۟رَفُ بِاَض۟دَادِهَا

    На пример, да не постоеше темнината, немаше да знаеме и за светлината, и таа немаше да содржи задоволство. Да не беше студот, немаше да ја разбереме и топлината, и таа немаше да ни причинува задоволство. Да не постоеше гладот, храната ќе беше безвкусна. Да не беше жедта на желудникот, пиењето вода немаше да ни причинува задоволство. Да немаше непријатности, немаше да можеме да уживаме во пријатностите. Да немаше болест, здравјето ќе беше без сладост.