Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/71/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    19.45, 21 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 184083 numaralı sürüm ("Си станал нестрплив поради тоа што погрешно си ги замислувал нештата, бидејќи заедно со болеста исчезнува и болката од која остануваат само добрините и сладостите. Присетувајќи се на времето поминато во болест, да се биде тажен и нестрплив, наместо д..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Си станал нестрплив поради тоа што погрешно си ги замислувал нештата, бидејќи заедно со болеста исчезнува и болката од која остануваат само добрините и сладостите. Присетувајќи се на времето поминато во болест, да се биде тажен и нестрплив, наместо да се биде радосен и да се стекне придобивка, претставува вистинска будалаштина.

    Идните денови сè уште не се дојдени. Да се размислува за нив уште отсега и поради тоа да се биде нестрплив за нешто што не постои, а да се смета за постоечко, и ако денот што сè уште не е дојден ти предизвикува болка поради болеста која сè уште ја нема и за маките кои сè уште не настапиле – ако тоа не е будалаштина, тогаш што е?