Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/100/mk
Да, грижата за болните луѓе и за верниците донесува само севапи. Заинтересираноста за здравствената состојба на болните или посетата на болните, под услов да не ги оптоваруваме, претставува суннет и избавување од гревовите (кеффарету’з-зунуб). Хадисот вели: „Примете ги молитвите на болните, нивните молитви се прифатливи.“ Особено, ако болниот е ваш роднина, мајка или татко, грижата за нив претставува значајна молитва (ибадет) и голема заслуга (севап). Да се утеши и да се задоволи срцето на болен човек, се смета за давање милостина (садака) од голема значајност.