Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/115/mk
Кога животот постојано би течел во здравје и крепост, тогаш сè би било како огледало со недостатоци. Можеби тоа здравје и таа крепкост во внатрешноста на тој едноличен живот, во еден вид би оддавале чувство на непостоење, изумирање и исчезнување, и со самото тоа би предизвикале здодевност и неспокој, би ја намалиле вредноста на животот, така што сладоста на векот би се прикажала како здодевност. За да му помине времето побрзо, човекот се фрла самиот себеси во бесцелна забава. Слично на времето што го минува во затвор постапувајќи спрема тоа вредно време како непријател, го уништува, сакајќи што побрзо да помине.