Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/126/mk
Доколку оваа вообразена „замислена“ болест продолжи, може да се претвори во вистинска болест, особено за плашливци и емотивно лабилни личности таа е многу тешка болест – од зрно прави товар и се крши духовното чувство. Особено ако такви личности стигнат во рацете на некој полулекар што нема милост, или пак, несовесни лекари што немаат човечност, тие уште повеќе ќе ја предизвикаат болеста. Па, ако си богат, ќе ти отиде богатството и на крај ќе останеш или без памет, или без здравје.