Translations:Onuncu Söz/241/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    17.29, 29 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 187484 numaralı sürüm ("Така е, затоа што знаеме дека земјата и нејзината содржина не се доволни за да се изјават четирите вистини, и ако не постои друго место достојно за нив, би следувало одрекување на мудроста вложена во сè што е пред нашите очи – а тоа е налудничаво, исто к..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Така е, затоа што знаеме дека земјата и нејзината содржина не се доволни за да се изјават четирите вистини, и ако не постои друго место достојно за нив, би следувало одрекување на мудроста вложена во сè што е пред нашите очи – а тоа е налудничаво, исто како да се одрече сонцето и неговата светлина која го исполнува денот, и би следувало отфрлување на грижата, постојано набљудувана и во нас самите, и во повеќето работи, отфрлување на справедливоста, јавна и со видливи знаци([1]) отфрлување и на милосрдието, набљудувано насекаде. Исто така, би следувало Претприемачот на сите овие мудри мерки, Извршителот на сите овие великодушни дела и Носителот на сите овие милосрдни дарови (Не, никако, и повторно никако за сè што е изречено) едноставно да биде сметан за лекомислен и забавен, за вероломен угнетувач, но Аллах е превисоко над сето тоа! Таквото допуштање не е ништо друго освен превртување на вистините во нивната спротивност, коешто е краен апсурд, па дури и глупавите софисти кои го одрекуваат сопственото постоење, не стигнале дотаму да си замислат со толкава леснотија таква невозможна состојба.

    1. Да, справедливоста се дели на два дела: позитивна и негативна. Позитивната се изразува во обезбедувањето на соодветните права на секој правоимач. Овој дел од справедливоста е целосен и сеопфатен за сè на земјата и е јавен до степен на очигледност. Како што докажавме во „Трета Вистина“, секое нешто со посебна и прецизна мерка, според определени точни услови и критериуми, добива сè што изискува и сè што е потребно за неговото постоење и продолжување на неговиот живот, за сè што го моли Создателот, Носителот на величието, со јазикот на своите вродени способности, на природните потреби и на принудата. Со други зборови, овој дел од справедливоста е видлив, како што се видливи и постоењето и животот.
      Што се однесува до негативниот дел, тоа е превоспитување на неправедните, односно владеење на правото преку откривање на одмаздата и казната за нив. Иако оваа негативна страна на справедливоста не се открива јасно во овој свет, сепак се изразуваат нејзините признаци и белези што укажуваат на споменатата вистина. Како пример, можеме да ги посочиме камшикот на казната и шлаканиците на превоспитувањето, што ги снашле народите на Ад и Семуд, па дури и непокорните народи во нашата епоха. Тоа ја разоткрива категоричната хипотеза за доминирањето и господарувањето на врвната справедливост.