64.902
düzenleme
("== ДВАЕСЕТТИ ЛЕК ==" içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ الَّذٖى هَدٰينَا لِهٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَه۟تَدِىَ لَو۟لَٓا اَن۟ هَدٰينَا اللّٰهُ لَقَد۟ جَٓاءَت۟ رُسُلُ رَبِّنَا بِال۟حَقِّ" içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
(Aynı kullanıcının aradaki diğer 17 değişikliği gösterilmiyor) | |||
292. satır: | 292. satır: | ||
== ДВАЕСЕТТИ ЛЕК == | == ДВАЕСЕТТИ ЛЕК == | ||
Еј, ти болен човеку, кој за својата мака бараш лек! Болеста има два дела. Првиот дел е вистински, а вториот вообразен (нереален). Што се однесува до вистинскиот дел, Шафи’и Хаким’и Зулџелал површината на оваа земја ја направил огромна аптека и во неа ги поредил лековите за сите болести. Тие лекови, пак, ги бараат своите болести. На секоја мака ѝ создал лек. Да се земаат лекови поради лечење и да се користат е исправно, но притоа треба да се знае дека дејството при оздравувањето е од Возвишениот Хак. Како што Тој ја дава болеста, така го дава и оздравувањето. | |||
Придржувањето кон препораките и советите на искусен, способен и побожен лекар претставува важен лек, бидејќи многу болести се јавуваат поради неумереност во јадењето, злоупотреба, расипништво, грешка, разврат и невнимание. Побожниот лекар во рамките на дозволеното ќе даде совети и поуки. Ќе ги забрани злоупотребата и расипништвото и ќе даде утешни зборови. Болниот има доверба во поуките и утешните зборови и му олеснува, и наместо неспокојство, му даваат спокој. | |||
Но, доколку се работи за вообразена болест, нејзин највлијателен лек е да не ѝ се даде важност. Колку повеќе ѝ се дава важност, таа толку повеќе се дуе и се зголемува. Доколку не ѝ се обрне внимание и важност, таа се смалува и се распаѓа. | |||
Како што пчелите уште повеќе му се собираат околу главата на човекот што ги вознемирува, така и ако не им обрне внимание, тие се растураат. Притоа, ако човекот во темнина на еден обичен конец што се ниша пред неговите очи му обрне внимание во неговата вообразба, тогаш тој се зголемува и може да го натера човекот во безглаво бегство. Но, ако не му обрне внимание и ако забележи дека се работи за обичен конец, а не за змија, си се смее на самиот себеси. | |||
Доколку оваа вообразена „замислена“ болест продолжи, може да се претвори во вистинска болест, особено за плашливци и емотивно лабилни личности таа е многу тешка болест – од зрно прави товар и се крши духовното чувство. Особено ако такви личности стигнат во рацете на некој полулекар што нема милост, или пак, несовесни лекари што немаат човечност, тие уште повеќе ќе ја предизвикаат болеста. Па, ако си богат, ќе ти отиде богатството и на крај ќе останеш или без памет, или без здравје. | |||
< | <span id="Yirmi_Birinci_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ПРВИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, болен брату! Во твојата болест постои физичка болка, меѓутоа тебе те опсенила една битна духовна сладотија која ќе го тргне влијанието на таа физичка болка. Бидејќи, доколку имаш татко, мајка и роднини, секако дека твојата физичка болка станува незначителна кон будењето на околу тебе веќе одамна заборавената и многу пријатна нивна милост, и кон повторното доживување на нивните благи погледи како во времето кога си бил дете, исто така и кон благите погледи на пријателите привлечени од твојата болест, чиишто пријателства останале околу тебе скриени зад завеса. | |||
Притоа, стануваш и господин над господата бидејќи личностите на кои ти со задоволство си им правел услуги за да ја стекнеш нивната љубезност, под влијание на твојата болест, со милост ти излегуваат во пресрет. Притоа, привлекувајќи го кон себе човечкото сожалување кое човек го чувствува кон својот вид, од ниту еден наеднаш си нашол многу пријатели, другари и оние што ќе ти помогнат. И пак поради болеста прекинуваш, се одмораш од толку напорни работи. | |||
Секако дека твојата мала болка кон овие духовни уживања не смее да биде причина да се жалиш од неа, туку таа мора да те упати на благодарност. | |||
< | <span id="Yirmi_İkinci_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ВТОРИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, ти брату, што си погоден од тешка болест, како што е парализата! Како прво, сакам да те израдувам. Парализата за верниците (мумините) се вбројува во благопријатни (мубарек) болести. Ова одамна го имам слушнато од оние што се на степен на евлија (продуховени), но тајната не ја знаев. Една од тајните на ваков начин ја чувствувам во срцето: | |||
За да дојдат до Возвишениот Хак, за да се спасат од овосветските огромни духовни опасности и за да си осигураат вечна среќа, Ехлуллах (продуховените) имаа одбрано и следеа два основни принципа, и тоа: | |||
'''Прв:''' Потсетување на смртта (Рабита’и мевтт). Како што е овој свет минлив, така и за себе размислувале дека се минливи гости со свои должности на овој свет, па и за следниот живот работеле со ентузијазам. | |||
''' | |||
'''Втор:''' За да се спасат од опасностите кон кои ги води нивниот нефс’и еммаре (душа наклонета да чини зло), и слепите чувства, со измачување и со подложување кон тешки режими настојувале да го уништат својот нефс’и еммаре. | |||
Ти, брату, што си го изгубил здравјето од половината од твоето тело! Не прашувајќи ја твојата желба, тебе ти се дадени две вистини, кратки и лесни, што ќе те усреќат. Состојбата на твоето тело постојано ќе те тера да внимаваш на минливоста на човекот и на овој свет. Овој свет нема да те гуши повеќе, занесот не може да ти ги затвори очите. Душата наклонета да чини зло (нефс’и еммаре) сигурно е дека не може да го излаже со ниски нагони и чезнеења човекот со половина тело, бргу ќе се спаси од последиците на тој нагон. | |||
Значи, муминот со тајната на иманот, со верноста и потпирањето на Аллах, за кратко време може да има полза од болеста каква што е парализата, полза во смисла на мачење и воздржување како евлија. И тогаш таа болест станува безначајна. | |||
< | <span id="Yirmi_Üçüncü_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ТРЕТИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, ти, беспомошен болен човеку, што немаш никого! Ако твојата болест заедно со твојата самотија и туѓина можат да ги разнежнат и најладните срца и да ги привлечат нивните сожаливи погледи, секако дека твојата врска со иманот кон твојот Семилосен Создател (Халик’и Рахим) и твојата молитва, молитва на болен човек, со јазикот на слабоста, откако Го имаш спознаено Него, оваа твоја болест во самотија и во туѓина, повеќе од сè ќе ги привлече кон тебе погледите на Неговата милост, на Оној Кој на почетоците на сите Сури од Куранот ни се претставува во својство на Рахману’р Рахим (Милостив и Семилосен) и Оној Кој со искра на преубава милост преку сите мајки ги одгледува сите чеда и Кој секоја пролет со искрата на Својот рахмет ја пополнува површината на земјата со разнородни нимети (благодати), чија само една искра на милост е Џеннетот со своите убавини, којшто е место на вечен живот. Штом тој постои и внимава на тебе, за тебе сè постои. | |||
Оној што Нему не Му е приврзан со иман и верност, или не ѝ дава вредност на таа врска, се наоѓа во вистинска туѓина и без никого. | |||
< | <span id="Yirmi_Dördüncü_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, вие што негувате болни безгрешни деца и старци што се како деца! Пред вас се наоѓа една многу важна зделка за ахирет. Спечалете ја со желба и упорност. | |||
Постојат многу мудрости сврзани со животот на детето, како што е и мудроста дека болеста на недолжните деца претставува вежба на слабото тело, навикнување и вакцина што ќе создаде отпорност кон идните тешкотии на овој свет и воспитување од Аллах. Болеста за децата е како инјекција, која ќе биде причина за нивното духовно и идно напредување, или пак, напредување во ахиретот, како што за возрасните е причина за прочистување од гревовите (кеффарету’з зунуб). Севапите што доаѓаат поради болестите на децата се испишуваат во тетратките на делата на нивните родители, а особено се испишуваат на страниците на добрите дела на мајката, која со тајната на милоста, здравјето на детето го става пред своето здравје. Сето ова е потврдено од најискрените. | |||
Како преку вистински кажувања, така и со многубројни примери од порано, потврдено е дека негувањето на старците, покрај заработување на многу севапи, добивање на нивниот благослов, а особено ако тоа се таткото или мајката, да се задоволат нивните срца и верно да им се служи, претставува причина за среќа на овој свет и среќа за во ахирет. Уште со многу примери е потврдено дека среќно чедо, што е послушно кон своите родители, истото ќе го дочека и од своите деца. Исто така, и несреќно чедо што ќе покаже непослушност кон своите родители и кон нив се однесува со непочитување, покрај тоа што во ахиретот ќе поднесува тешки маки, и на овој свет ќе го стигне казна и ќе доживее многу несреќи. | |||
Да, негувањето на стари и невини не се однесува само на нивните роднини, зашто ако според тајната на иманот постои вистинско братство, тогаш несебичната помош на еден припадник на иманот, на тој беден старец зависен од нив претставува потреба на исламот. | |||
< | <span id="Yirmi_Beşinci_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ПЕТТИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, вие болни браќа! Доколку сакате еден возвишен и полезен лек што ќе донесе спас за сите ваши маки и што навистина е сладок, усовршете го својот иман – односно со покајување и со молба кон Аллах за простување, со намазот и со ибадетите (молитвите) искористете го иманот, тој „свет“ тиријак (лек што се корис- ти за брзо оздравување од сите болести и разни труења) и лековите што произлегуваат од него. | |||
Да, оние што го сакаат овој свет и се врзани за него како ехл’и гафлет (оние што се невнимателни и во заблуда), поради таа љубов и поради поврзаноста со овој свет имаат болно духовно тело големо колку што е и овој свет. Што се однесува до иманот, а тоа во многу пораки недвосмислено го докажавме, одеднаш го лечи тоа духовно тело рането од ударите на исчезнувањето и разделбите и кое е полно со рани и лузни, отстранувајќи ги раните духовното тело вистински оздравува. Сега не би сакал да ве заморувам и кратко ќе речам: | |||
Што се однесува до иманот како лек, тој своето дејство го прикажува со исполнувањето на фарзовите што е можно повеќе. Гафлетот и сефахетот (распуштеноста и развратот) и хевесати нефсаније и левхијати гајри мешруа (нагонските копнеења и уживања што не се алал), го спречуваат влијанието на тој тиријак (лек). Со оглед на тоа дека болеста спасува од гафлет, го уништува чезнеењето и станува пречка за влегување во забранети уживања, тогаш искористете го. Со покајување и барање прошка, со молитва и со нијаз, искористете ги возвишените лекови и светлината на вистинскиот иман. | |||
Нека Возвишениот Праведник ви подари оздравување, а вашите болести ги направи причина за прочистување од гревовите (кеффарету’з зунуб). Амин, амин, амин! | |||
اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ الَّذٖى هَدٰينَا لِهٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَه۟تَدِىَ لَو۟لَٓا اَن۟ هَدٰينَا اللّٰهُ لَقَد۟ جَٓاءَت۟ رُسُلُ رَبِّنَا بِال۟حَقِّ | اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ الَّذٖى هَدٰينَا لِهٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَه۟تَدِىَ لَو۟لَٓا اَن۟ هَدٰينَا اللّٰهُ لَقَد۟ جَٓاءَت۟ رُسُلُ رَبِّنَا بِال۟حَقِّ | ||
سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ | سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ | ||
اَللّٰهُمَّ صَلِّ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ طِبِّ ال۟قُلُوبِ وَ دَوَائِهَا وَ عَافِيَةِ ال۟اَب۟دَانِ وَ شِفَائِهَا وَ نُورِ ال۟اَب۟صَارِ وَ ضِيَائِهَا وَ عَلٰى اٰلِهٖ وَ صَح۟بِهٖ وَ سَلِّم۟ | اَللّٰهُمَّ صَلِّ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ طِبِّ ال۟قُلُوبِ وَ دَوَائِهَا وَ عَافِيَةِ ال۟اَب۟دَانِ وَ شِفَائِهَا وَ نُورِ ال۟اَب۟صَارِ وَ ضِيَائِهَا وَ عَلٰى اٰلِهٖ وَ صَح۟بِهٖ وَ سَلِّم۟ | ||
<div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> | <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> |
düzenleme