64.902
düzenleme
("Да не беше принудата да се вкуси горчливоста на гладот, никој не би пројавил добротворност кон другите и не би си го исполнил долгот кон сличните на себе – преку сочувството да си содејствува и да соработува со нив. И дури ако го направи тоа, не би го из..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("<nowiki></nowiki>" içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
(Aynı kullanıcının aradaki diğer 12 değişikliği gösterilmiyor) | |||
438. satır: | 438. satır: | ||
Колку одвратно и жално е некој да се извлече од овој свет храм со неговата восхитувачка атмосфера водена од лакомоста за храна и вода, како кучето да го исплазило јазикот и е подготвен да ги следи каприците на својата заповедничка зла душа! И како ваков човек станува предмет на одвратност за сите луѓе собрани во џамијата, така и во иста мера целиот исламски свет ги мрази и оние што не се подложуваат на лишување, за разлика од оние што постат за време на благословениот месец Рамазан. | Колку одвратно и жално е некој да се извлече од овој свет храм со неговата восхитувачка атмосфера водена од лакомоста за храна и вода, како кучето да го исплазило јазикот и е подготвен да ги следи каприците на својата заповедничка зла душа! И како ваков човек станува предмет на одвратност за сите луѓе собрани во џамијата, така и во иста мера целиот исламски свет ги мрази и оние што не се подложуваат на лишување, за разлика од оние што постат за време на благословениот месец Рамазан. | ||
< | <span id="Yedinci_Nükte"></span> | ||
=== | === Седма мудрост === | ||
Во постот за време на Рамазан се вклучени различни мудрости и од гледна точка на копнежите за награда коишто ги интересираат луѓето – а човекот дошол на земјата за да сее и тргува за задгробниот живот. Овде ќе споменеме само една од овие мудрости. | |||
Возвратот за делата за време на благосло-вениот Рамазан се умножува од еден до илјада пати. Како што е познато од пророчките хадиси, секоја буква од Светиот Куран носи десет севапи, се смета за десет добри дела и носи десет рајски плода. А за време на Рамазан, секоја од овие букви наместо десет, носи илјада плода за задгробниот живот. Секоја буква од некои ајети (стихови), како што е тоа за Престолот, ја отвора вратата пред илјадници од овие добротворства за да дадат вистински плодови во задгробниот живот. Во петочните денови за време на месец Рамазан добротворствата постојано растат за да стигнат до триесет илјади во Ноќта на Моќта (Кадир Геџеси). | |||
Да, секоја буква од Светиот Куран дава триесет илјади вечни плода и ти се чини дека тоа е светлото рајско дрво Туба, којшто за време на благословениот Рамазан ги збогатува верниците со милиони од овие трајни плодови. Размисли за оваа света, бесмртна и добитна трговија, огледај се внимателно во неа, а потоа расуди ја положбата на оние што не ја оценуваат вистинската вредност на светите букви од Куранот! Колку голема и тешка е нивната загуба! | |||
И така, благословениот месец Рамазан најмногу личи на прекрасна изложба што ја покажува задгробната трговија или на исклу-чително фреквентен пазар со огромна печалба од оваа трговија. Тоа е, чиниш, раззеленета земја, неверојатно плодородна и богата која дава задгробен гроздобер. И е, чиниш, априлски дожд од кој растат делата и нивниот благодат. И e сличен на величествена должност и на импре-сивен свет празник на којшто се демонстрираат ритуалите на човековото поклонение и служење пред величието на Господарувањето (Рубубија) и моќта на Божественоста (Улухија). | |||
Во името на оваа цел, на човекот му е доделено да пости за да не ита упорно со својата немарност во животинските потреби на својата душа – како што се јадење и пиење, и за да го одбегнува тонењето во похотата на страстите и во некои работи што не треба да го интересираат. Со постот тој се претвора во огледало што ја одразува бесмртноста, бидејќи повремено излегува од животинската потреба и влегува во состојба еднаква на таа со ангелите или, пак, станува надворешна личност и дух со видливо тело што се вклучува во надворешната трговија и се ослободува од минливите земни потреби. | |||
Да, во овој минлив свет преку трошливиот живот, во минливиот животен век благосло-вениот Рамазан им дава можност на оние што постат да придобијат вечен живот и идно бесмртно суштествување. | |||
Да, сето тоа го содржи во себе. Само едниот и единствен месец Рамазан може да им ги подари на оние што постат плодовите на околу осумдесет години живот. | |||
Фактот дека Ноќта на Моќта (Кадир Геџеси) е подобра од илјада месеци, како што се споменува во Светиот Куран, е неоспорен аргумент во полза на оваа тајна. | |||
Некој владетел на пример, може за време на своето владеење, или веројатно и секоја година, да објави за празници и за поводи да се прославуваат определени денови за неговите поданици, независно од тоа дали е денот на неговото искачување на тронот или некој од подобрите моменти во државата. За време на овој период, тој не ги третира оние од своите поданици што се праведни и го заслужуваат тоа според вообичаените закони, туку ги удостојува со своето добротворство, им прави добрини и им покажува особена чест. Владетелот ги кани во својата канцеларија и ги прима директно без да се оддели од нив со преграда, лично им покажува внимание, ги опкружува со велико-душност, им оддава почит со исклучителни постапки и великодушно ги дарува со своите љубезни гестови. | |||
Така и Бесмртниот Семожен, Носителот на величието и на великодушноста, Владетелот на вечноста и на постојаноста, којшто е Велик Владетел на осумнаесет илјади света, за време на месец Рамазан ги открил своите семудри и возвишени заповеди и Семудриот Куран, адресиран до овие илјадници светови. Затоа, стапувањето во благословениот месец е празничен настан и посебен радосен божествен повод за славење, како и прекрасно Господово претставување и импресивен духовен совет. Тоа e во согласност со мудроста. Штом месец Рамазан го претставува овој радосен повод и весел празник, преку него би требало да се претстави постот за да може луѓето донекаде да се издигнат над своите ниски животински грижи. | |||
Совршенството, вклучено во постот, се состои во тоа дека сите човечки сетила, како што се видот, слухот, срцето, имагинацијата, мислата – извршуваат еден вид пост како што го прави и самиот стомак. Со други зборови, сетилата ги избегнуваат забранетите нешта, бесрамноста и она што не ги засега и се насочуваат кон богослужение, специфично за секое од нив. | |||
На пример, човекот го тера јазикот на пост кога се воздржува од лаги, хулење и сквернавење, и го освежува со читање на Светиот Куран, со споменување на Аллах Севишниот, со Неговата похвала и со оддавање благослов и мир на благородниот Гласник (Аллах да го благослови и со мир да го дари) како и со молба за простување, и со други слични дела. | |||
И друг пример. Човек си го одвраќа погледот од забранетите работи, си го затвора слухот пред непристојни зборови, си ги тера очите да ги гледаат поуките, и ушите да ги слушаат вистинските слова и Светиот Куран. Така тој им придава и на своите други сетила да извршат еден вид пост. | |||
Познато е дека стомакот е многу голем погон и ако тој ја прекрати работата преку постот, за другите помали фабрики е доста полесно да запрат со производството. | |||
< | <span id="Sekizinci_Nükte"></span> | ||
=== Осма мудрост === | |||
</ | |||
Многу мудрости се вклучени во благосло-вениот месец Рамазан што се поврзани со личниот живот на човекот. Само една од нив се резимира во следниве формулации: | |||
Постот како вид лек е потврдено од медицината – тоа е диета, и материјална и духовна. Штом човек секогаш му даде волја на својата душа да се храни и да пие до наситување, тоа му ја оштетува физичката состојба, а му причинува штети и во духовниот живот. Штом тој секогаш голта сѐ што ќе му се најде, без оглед на тоа дали е дозволено или забрането, неговиот духовен живот се труе и се расипува додека се стигне дотаму што душата на овој човек да се разбунтува и да не му се потчинува на срцето и на духот. Тогаш таа самата си ги презема уздите, а е несовесна, слободна, распуштена и го поведува човекот, и го повлекува во своите страсти на тој начин што му ја користи власта и не го слуша. | |||
За време на благословениот месец Рамазан, преку постот душата се навикнува на еден вид диета, макотрпно се стреми по патот на пречис-тувањето и дисциплината, се учи да ги извршува прописите на тој начин што да не ја зафатат болести како резултат на претоварувањето на бедниот стомак и на прејадувањето, добива способност да ги слуша заповедите што доаѓаат од разумот и од исламскиот закон, се воздржува од забранети постапки откако се има потчинето на заповедта да се откаже дури од дозволени работи и вложува напор да не го руши духовниот живот и да не ја уништува неговата чистота. | |||
И уште поголемиот дел од човештвото е подложен на искушенија преку гладување на подолг временски период и затоа луѓето имаат потреба од дисциплинирање и вежбање преку воздржување од храна, коешто ги учи на трпение и поднесување на тешкотиите. Постот за време на Рамазан е тренирање, навика и истрпување на гладот за околу петнаесет часа или за дваесет и четири часа, ако човек ја пропушти исхраната пред зазорувањето (севр). Следствено, постот е ефикасно лечење на ненаситноста, на неспо-собноста да се поднесуваат искушенијата и на недостигот на трпение, којшто ги зголемува тешкотиите, бедноста и несреќата. | |||
И самиот стомак е сличен на погон со многу работници и служители, а многу органи во човечкиот организам се тесно сврзани со него. Ако душата не си одмори и повремено не ги прекине функциите преку ден за период од еден месец, таа ќе ги натера споменатите работници и служители да си го заборават специфичното богослужение, сите ќе ги одвлече од нивните задолженија и ќе ги потчини под своја власт. Тоа ќе ги вознемири активностите на одделните системи, органи и сетила, ќе ги удави во бучавата на машините и во густиот дим носејќи се од духовниот погон, ќе ги одвлече натаму сите погледи и ќе стане причина за повремено заборавање на големите задачи што стојат пред работниците во погонот. Оттука произлегува и напорот на многу свети и праведни луѓе да се вежбаат во намалувањето на храната и водата што ги внесуваат за да се возвишат по столбот на совршенството. | |||
Но со доаѓањето на месец Рамазан, “работниците” во “погонот” сфаќаат дека не се создадени само за него, туку овие системи, органи и сетила доживуваат исто така и возвишени задоволства, и ангелски и духовни задоволства за време на благословениот месец и го фокусираат погледот кон нив, наместо на покорните забави во погонот. Затоа согледуваме дека благодарение на постот, верниците добиваат различна духовна проникливост, изобилство и радост, секој според своето сопствено рамниште и степен – и срцето, духот и разумот како и другите слични човечки органи, сетила и способности, се возвишуваат, се развиваат и напредуваат за време на овој месец. И покрај тоа што стомакот кркори и тагува, тие се смеат невино и мило. | |||
< | <span id="Dokuzuncu_Nükte"></span> | ||
=== Деветта мудрост === | |||
</ | |||
Многу мудрости се содржат во постот за време на месец Рамазан и што се однесува до директното разбивање на имагинарното господарување на душата, како резултат на тоа станува јасно дека таа е Божји раб и пред неа се открива нејзината слабост. Еве некои од тие мудрости: | |||
Душата не сака да го дознае својот Господар, туку има желба да тврди со тиранско-фараонска тврдоглавост дека токму таа е господарката. Колку и да биде измачена и потисната, корените на тоа привидно господарување остануваат кај неа. Тие не се разбиваат и не се поклонуваат поинаку, освен пред власта на гладот. | |||
И така, постот за време на благословениот Рамазан наидува на фараонскиот почеток на душата како директен уништувачки удар што ѝ ја одзема силата, ја раскрива нејзината беспомошност и бедност и ја тера да дознае дека e Божја рабина. | |||
о еден од пророчките хадиси се вели: | |||
“Аллах Севишниот ја прашала душата: ‘Кој сум Јас и која си ти?’ | |||
Одговорила: Јас сум јас, а Ти си Ти!’ Господ Севишниот ја мачел и ја фрлил во пеколот, потоа пак ѝ го поставил истото прашање, | |||
а таа повторно одговорила: ‘Јас сум јас, а Ти си Ти!’ Колку и да ја мачел со различни нешта, таа не се откажувала од своето себељубие и егоизам. Одвај кога Аллах Севишниот ја оставил без храна и ја измачил со глад, таа на Неговото прашање одговорила вака: | |||
</ | <nowiki></nowiki> | ||
اَن۟تَ رَبِّى الرَّحٖيمُ ، وَاَنَا عَب۟دُكَ ال۟عَاجِزُ | |||
‘Ти си мојот милосрден Господар, а јас сум Твојата бессилна рабина’. | |||
اَللّٰهُمَّ صَلِّ وَسَلِّم۟ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ صَلَاةً تَكُونُ لَكَ رِضَاءً وَ لِحَقِّهٖ اَدَاءً بِعَدَدِ ثَوَابِ قِرَائَةِ حُرُوفِ ال۟قُر۟اٰنِ فٖى شَه۟رِ رَمَضَانَ وَ عَلٰى اٰلِهٖ وَ صَح۟بِهٖ وَ سَلِّم۟ | اَللّٰهُمَّ صَلِّ وَسَلِّم۟ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ صَلَاةً تَكُونُ لَكَ رِضَاءً وَ لِحَقِّهٖ اَدَاءً بِعَدَدِ ثَوَابِ قِرَائَةِ حُرُوفِ ال۟قُر۟اٰنِ فٖى شَه۟رِ رَمَضَانَ وَ عَلٰى اٰلِهٖ وَ صَح۟بِهٖ وَ سَلِّم۟ | ||
سُب۟حَانَ رَبِّكَ رَبِّ ال۟عِزَّةِ عَمَّا يَصِفُونَ وَسَلَامٌ عَلَى ال۟مُر۟سَلٖينَ | سُب۟حَانَ رَبِّكَ رَبِّ ال۟عِزَّةِ عَمَّا يَصِفُونَ وَسَلَامٌ عَلَى ال۟مُر۟سَلٖينَ | ||
وَ ال۟حَم۟دُ لِلّٰهِ رَبِّ ال۟عَالَمٖينَ اٰمٖينَ | وَ ال۟حَم۟دُ لِلّٰهِ رَبِّ ال۟عَالَمٖينَ اٰمٖينَ | ||
'''Извинение''' | |||
''' | |||
Молам за извинение, затоа што ова писмо го напишав многу брзо, само за четириесет минути, а и јас и писарот којшто го запишуваше нацртот, бевме болни и угнетени, така што не би се чудел ако во него се допуштени некои недостатоци. Ги молам моите браќа да ми простат и да ги внесат потребните, според нив, поправки. | |||
<div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> | <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> |
düzenleme