Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/10/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    22.09, 20 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 183590 numaralı sürüm ("Еј, ти беспомошен болен човеку! Не обеспокојувај се и биди трпелив. Твојата болест за тебе не е товар, туку можеби е и спас на одреден начин, затоа што животот е еден вид капитал што се троши. Доколку не дава плодови, тој се троши залудно. Доколку, пак, се..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Еј, ти беспомошен болен човеку! Не обеспокојувај се и биди трпелив. Твојата болест за тебе не е товар, туку можеби е и спас на одреден начин, затоа што животот е еден вид капитал што се троши. Доколку не дава плодови, тој се троши залудно. Доколку, пак, се проведе во задоволство и занес, уште побрзо одминува. Болеста, со големи придобивки го прави твојот капитал да биде плоден. Истовремено, болеста не му дозволува на животот да мине брзо, го задржува и го продолжува, така што таа ќе замине откако ќе ги даде своите плодови.