Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/24/mk
Како што е наведено во Дваесет и шесто Слово, на пример еден исклучително богат и вешт уметник вработува еден безработник и сиромашен човек како модел за да ги покаже убавината и раскошот на своите дела. Во замена за одреден паричен надомест, за пократко од еден час тој го облекува сиромашниот човек во кошула украсена со скапоцени камења и вредна рајска облека. Облеката ја работи на него и ѝ дава различни форми. За да ја покаже својата различна преубава уметност, вештиот уметник ја сече, ја скратува, ја продолжува и ја прекројува облеката. Се прашувам, дали овој платен безработник има право да му рече на вештиот уметник: „Ме мачиш со ова наведнување и исправување, а ме оптоваруваш и ми ја расипуваш и убавината со сечењето и скратувањето на оваа кошула што ме разубавува.“ Може ли да му каже дека постапил немилосрдно и бездушно со него?