СЕДУМНАЕСЕТТО ПИСМО

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    20.37, 21 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 184253 numaralı sürüm ("Кога овој свет би бил вечен и кога човекот во него би останал вечно, и кога разделбите би биле вечни, тогаш болните жалости, безнадежноста и душевните болки би биле оправдани. Меѓутоа овој свет е само привремен престој и таму каде што е заминато почина..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)

    Yirmi Beşinci Lem’a’nın Zeyli

    Сочувство со оние чиишто деца починале

    بِاس۟مِهٖ

    وَ اِن۟ مِن۟ شَى۟ءٍ اِلَّا يُسَبِّحُ بِحَم۟دِهٖ

    Почитуван брату во ахирет, Хафиз Халид Ефендија!

    وَبَشِّرِ الصَّابِرٖينَ ۝ اَلَّذٖينَ اِذَٓا اَصَابَت۟هُم۟ مُصٖيبَةٌ قَالُٓوا اِنَّا لِلّٰهِ وَاِنَّٓا اِلَي۟هِ رَاجِعُونَ

    Брате! Смртта на твоето дете ме потресе. Но, Елхукмулиллах (одлуката е на Аллах), прими ја несреќата, да ѝ се предадеш на судбината е особеност на исламот. Нека Џенаб’и Хак (Возвишениот Праведник) ви подари убава стрпливост. А починатиот нека ви го подари како посредник и ахиретски капитал.

    Ќе обелодениме „Пет точки“ што вам и на оние како вас, побожни мумини, ќе ви покажат една многу радосна вест и утеха.

    ПРВА ТОЧКА:

    Тајната и значењето на долунаведениот ајет وِل۟دَانٌ مُخَلَّدُونَ во Мудриот Куран е следната:

    Децата на мумините што ќе починат пред времето на зрелост, ќе останат како вечни деца во Џеннет и ќе бидат со мил изглед својствен на Џеннетот... и ќе бидат извор на вечна радост која ќе биде дадена во рацете на таткото и мајката, кои ќе одат во Џеннет... и ќе бидат причина што на родителите ќе им осигура уживање во сакањето и милувањето на детето... дека во Џеннетот се наоѓаат сите видови уживања... Оние што велат дека „Џеннетот не е место за размножување и место за грижа на децата и нивно милување...“ и дека е најголем извор на среќа за оние што својот живот го проживеале во иман... а вечната радост на сакањето и милувањето на детето со милиони години, наспроти десетгодишното кратко милување и сакање на детето помешано со тага на овој свет, донесувајќи радосни вести, ја докажува следната реченица на ајет-и керим: وِل۟دَانٌ مُخَلَّدُونَ

    ВТОРА ТОЧКА:

    Едно време некој се наоѓал во заробеништво. Му пратиле едно мило дете. Тој недолжен заробеник покрај тоа што ја поднесувал својата мака, бил загрижен што на сета своја мака, мора и на детето да му ги осигура сите потреби. Подоцна владетелот се зажалил и испратил човек со порака:

    „Навистина, ова дете е твое чедо, меѓутоа тој е и мој државјанин, а со тоа е и мој народ. Јас ќе го земам и ќе го дадам да се воспитува во еден дворец.“

    Човекот плачејќи рекол: „Не го давам моето дете, кое ми е единствен извор на утеха!“

    На тоа пријателите му рекле: „Твоето огорчување е нелогично. Зарем ти е жал за детето што од овој непријатен, смрдлив и тегобен затвор ќе замине во многу убав двор каде што ќе биде среќно? Ако си загрижен заради својот нефс, и за него бараш полза и сакаш детето да остане овде, покрај тоа што тоа е една минлива и сомнителна корист, воедно со сите детски тегоби, постојат многу повеќе тешкотии и болки. Ако детето оди таму каде што го бараат, тогаш ти ќе имаш илјада добивки. Прво, ќе ја добиеш милоста на владетелот, кој и тебе ќе те заштитува. Владетелот сигурно на детето ќе му дозволи да се гледа со тебе. Сигурно е дека поради тоа нема да го прати во затвор. Можеби и тебе ќе те извади од затвор, ќе те прими во дворецот и ќе ви овозможи средба, сето тоа под услов да си сигурен и да имаш верба во владетелот...“

    Ете, драги мој брате, како во оваа приказна, ако почине дете на верник, муслиман како што си ти, треба да се размислува вака: Ова дете е недолжно. Неговиот Создател е Рахим’и Керим (Милостив и Великодушен). Наместо моето недоволно воспитување и милост, го зеде Совршениот под своја заштита и милост спасувајќи го од болниот, лошиот, тегобниот овоземен затвор и го прати во Џеннет-ул Фирдевс. Колкава среќа за тоа дете. Да останеше на овој свет, којзнае што ќе беше со него... И затоа не жалам за него, знам дека е среќник.

    Останува уште да не се жалам поради себе и поради интересите на сопствениот нефс и да не бидам болно огорчен.

    Ако починатото дете останеше на овој свет, ќе ми осигураше десетгодишна минлива љубов помешана со болка. Да беше добар и да беше успешен во овосветските работи, тогаш можеби би ми бил од полза. Меѓутоа, по неговата смрт во вечниот Џеннет за мене има десет милиони години вечна среќа, која потекнува од детската љубов, а има и својство на мој посредник. Сигурно е дека оној што ќе загуби еден сомнителен интерес во готово, а кој подоцна ќе заработи илјада сигурни интереси, нема да ја покаже својата болна жалост и нема да плаче во тага.

    ТРЕТА ТОЧКА:

    Детето што починало, а коешто е суштество на Милостивиот Господар (Халик’и Рахим), е Негов роб, Нему Му е потчинето, Нему Му припаѓа, на родителите им било другарче дадено само на привремен надзор, таткото и мајката Господ ги направил негови слуги. Како противвредност на родителската служба и како награда истовремено, им доделил и една нежност.

    Сега, ако тој Милостив Господар (Халик’и Рахим) од потребите на својата милост и својата мудрост, тоа дете го земе од твоите раце, Оној Кој е Сопственик на деветстотини деведесет и девет дела од илјада ја прекине твојата служба на родител, не доликува на еден припадник на иман, небаре сопственик на дел од истите, безнадежно да тагува по вистинските илјада дела на сопственост и да плаче на начин што потсетува на тужба. Можеби такво нешто може да е својствено на оние што залутале и се во заблуда.

    ЧЕТВРТА ТОЧКА:

    Кога овој свет би бил вечен и кога човекот во него би останал вечно, и кога разделбите би биле вечни, тогаш болните жалости, безнадежноста и душевните болки би биле оправдани. Меѓутоа овој свет е само привремен престој и таму каде што е заминато починатото дете, и вие и ние ќе заминеме, бидејќи оваа смрт не е создадена само за него, таа е заеднички пат за сите. Ниту разделбите не се вечни, бидејќи подоцна ќе се состанеме во берзахот и во Џеннетот. Треба да кажеме اَل۟حُك۟مُ لِلّٰهِ Елхукмулиллах, „Тој дал, Тој зема“ и со зборовите اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ عَلٰى كُلِّ حَالٍ „Елхамдулиллах ала кулли хал“ стрпливо да се заблагодари.

    ПЕТТА ТОЧКА:

    Rahmet-i İlahiyenin en latîf, en güzel, en hoş, en şirin cilvelerinden olan şefkat; bir iksir-i nuranidir. Aşktan çok keskindir. Çabuk Cenab-ı Hakk’a vusule vesile olur. Nasıl aşk-ı mecazî ve aşk-ı dünyevî pek çok müşkülatla aşk-ı hakikiye inkılab eder, Cenab-ı Hakk’ı bulur. Öyle de şefkat –fakat müşkülatsız– daha kısa, daha safi bir tarzda kalbi Cenab-ı Hakk’a rabteder.

    Gerek peder ve gerek valide, veledini bütün dünya gibi severler. Veledi elinden alındığı vakit, eğer bahtiyar ise hakiki ehl-i iman ise dünyadan yüzünü çevirir, Mün’im-i Hakiki’yi bulur. Der ki: “Dünya madem fânidir, değmiyor alâka-i kalbe.” Veledi nereye gitmişse oraya karşı bir alâka peyda eder, büyük manevî bir hal kazanır.

    Ehl-i gaflet ve dalalet, şu beş hakikatteki saadet ve müjdeden mahrumdurlar. Onların hali ne kadar elîm olduğunu şununla kıyas ediniz ki bir ihtiyar hanım, gayet sevdiği sevimli tek bir çocuğunu sekeratta görüp –dünyada tevehhüm-ü ebediyet hükmünce gaflet veya dalalet neticesinde; mevti, adem ve firak-ı ebedî tasavvur ettiğinden– yumuşak döşeğine bedel kabrin toprağını düşünüp gaflet veya dalalet cihetiyle, Erhamü’r-Râhimîn’in cennet-i rahmetini, firdevs-i nimetini düşünmediğinden ne kadar meyusane bir hüzün ve elem çektiğini kıyas edebilirsin.

    Fakat vesile-i saadet-i dâreyn olan iman ve İslâmiyet, mü’mine der ki: Şu sekeratta olan çocuğun Hâlık-ı Rahîm’i, onu bu fâni dünyadan çıkarıp cennetine götürecek. Hem sana şefaatçi hem ebedî bir evlat yapacak. Müfarakat muvakkattır, merak etme اَل۟حُك۟مُ لِلّٰهِ ۝ اِنَّا لِلّٰهِ وَاِنَّٓا اِلَي۟هِ رَاجِعُونَ de, sabret.

    اَل۟بَاقٖى هُوَ ال۟بَاقٖى

    Said Nursî