Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/24/mk
Во светлото на овој пример велиме:
Секое живо битие е витален спој и жива смеса. И секое растение е слично на виталниот серум и на препаратот составен од различни состојки од различни материјали во прецизни и крајно осетливи мерки. Тогаш, нема сомнеж дека, да се припише создавањето на ова чудесно битие на материјални причинители и елементите и да се изјави дека „причините и околностите го довеле во постоење“, е невистина и апсурд стопати подалечен од критериумите на разумот, еднакво како што е невистина и апсурд дека виталната смеса се составила самата од себеси со тоа што споменатите материи „истекле“ од шишенцата.