Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/27/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    20.57, 26 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 186108 numaralı sürüm ("Причина за тоа е тоа што телото на малечката мува поседува врска со главнината на елементите во вселената и со сите појави и материјални причинители во него. Всусшност, тоа е еден екстракт извлечен од него. Ако неговото доведување во постоење не би би..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Причина за тоа е тоа што телото на малечката мува поседува врска со главнината на елементите во вселената и со сите појави и материјални причинители во него. Всусшност, тоа е еден екстракт извлечен од него. Ако неговото доведување во постоење не би било поврзано со апсолутната Божја моќ, тогаш неопходно би произлегло дека тие материјални причинители биле присутни и собрани во непосредна близина на тоа тело при неговото настанување. Дури би било неопходно тие да влезат во нејзиното ситно тело, па и да се вовлечат во секоја нејзина очна клетка којашто и самата е примерок од целото тело, бидејќи, причинителите доколку се од материјална природа мораат да се наоѓаат непосредно покрај последицата и внатре во неа. Тоа претпоставува можност за сместување на сите елементи од сите краеви на светот и со сите нивни различности од природата, во таа крајно малечка клетка, со префинетост и со вештина!