Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/48/mk
Во светлината на овој пример велиме: Доколку создавањето на сите битија, вклучувајќи ги и живите суштества, не би било директно донесено во врска со указот на Убавите Аллахови имиња, Кој е Светлина на небесата и на Земјата, тогаш би било неопходно да се поверува дека во секое поединечно создание, а посебно во секое од живите суштества, постојат природа и сили кои поседуваат апсолутна моќ и апсолутна волја, заедно со апсолутното знаење и апсолутната мудрост. Односно, неопходно би било да се признае дека во секое битие и предмет се наоѓа бог и господар!
Овој вид на изопачено размислување е полош, позаблуден и попразноверен од секој апсурд, па тој што прекрасните и прецизно измислени дела на Моќниот Создател, кои се укажуваат дури и во најситните созданија, ги припишува како дела на невистинитата, празна и несвесна природа, несомнено со своето размислување пропаѓа под нивото на животните.