Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/86/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    21.56, 27 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 186519 numaralı sürüm ("'''Одговор:''' Како што неоспорно докажавме во едниот дел од Посланијата, суверената власт има својство да одбива и во потполност да отфрла вплеткување. Дури и најслабиот владетел или простиот чиновник, не прифаќа мислење во доменот на неговото овласт..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Одговор:

    Како што неоспорно докажавме во едниот дел од Посланијата, суверената власт има својство да одбива и во потполност да отфрла вплеткување. Дури и најслабиот владетел или простиот чиновник, не прифаќа мислење во доменот на неговото овластување дури ни од својот роден син. Дотолку што, и самата помисла на можно вплеткување во власт, некои султани, иако поседувале добрина и богобојазност и биле водачи на муслиманите, ги навела на убиство на своите недолжни синови, што, всушност, покажува длабока изворност на овој закон, закон на одбивање на мешање во власта. Тој владее со сите, почнувајќи од управата над една мала област, до судир на двајца суверени владетели околу лична превласт во државата. Исто така - вон секаков сомнеж - законот за „забрана на соучествување“ во власта покажал самостојност, која ја бара власта, и јасно го изнела на видело неговото влијание во текот на долгата историја на човештвото, та низ нереди и убиства.