Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/104/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    22.18, 27 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 186543 numaralı sürüm ("Одговор: Веќе порано таа тајна потполно јасно и уверливо е појаснета во Дваесеттото Писмо, кај разработката на ајетот „Тој може сè!“, што ја исполнува целисходноста, а посебно во својот додаток, каде доаѓа многу детално и доволно појаснување, со убед..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Одговор: Веќе порано таа тајна потполно јасно и уверливо е појаснета во Дваесеттото Писмо, кај разработката на ајетот „Тој може сè!“, што ја исполнува целисходноста, а посебно во својот додаток, каде доаѓа многу детално и доволно појаснување, со убедлив доказ, аргументација и непобитна потврда. Неговата суштина е:

    Кога изведбата на сите суштества се доведе во врска со едното, создавањето на сè станува лесно еднакво како што е изведбата на само едното суштество. Додека, доколку се припише на мноштвото, суштината на изведбата на само едно создание станува тешка, колку и изведбата на сите суштества. На тој начин, создавањето на една семка, ќе биде тешко и замрсено како и создавањето на цело стебло. Меѓутоа, доколку изведбата се доведе во врска со вистинскиот Создател, изведбата на целата вселена бидува лесна, како и создавањето на само едно стебло, а изведбата на стеблото, како една семка, целиот џеннет([1]) како една пролет, а пролетта како еден цвет. На тој начин работата станува лесна и едноставна.

    1. Џеннет (ар.) – рај (заб. на прев.).