Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/104/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    22.19, 27 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 186544 numaralı sürüm
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Одговор: Веќе порано таа тајна потполно јасно и уверливо е појаснета во Дваесеттото Писмо, кај разработката на ајетот „Тој може сè!“, што ја исполнува целисходноста, а посебно во својот додаток, каде доаѓа многу детално и доволно појаснување, со убедлив доказ, аргументација и непобитна потврда. Неговата суштина е:

    Кога изведбата на сите суштества се доведе во врска со едното, создавањето на сè станува лесно еднакво како што е изведбата на само едното суштество. Додека, доколку се припише на мноштвото, суштината на изведбата на само едно создание станува тешка, колку и изведбата на сите суштества. На тој начин, создавањето на една семка, ќе биде тешко и замрсено како и создавањето на цело стебло.