Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/105/mk
Меѓутоа, доколку изведбата се доведе во врска со вистинскиот Создател, изведбата на целата вселена бидува лесна, како и создавањето на само едно стебло, а изведбата на стеблото, како една семка, целиот џеннет([1]) како една пролет, а пролетта како еден цвет. На тој начин работата станува лесна и едноставна.
Тука накратко, од мноштвото стотици докази кои до детали ги појаснивме во другите Посланија, ќе укажеме на еден и два докази, кои ја истакнуваат тајната и смислата, кои почиваат во несогледливата маса на суштествата кои ги перципираме и во мноштвото единки на секој нивен вид, та нивното доаѓање во постоење - систематично, осмислено со леснотија и едноставност.
- ↑ Џеннет (ар.) – рај (заб. на прев.).