Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/110/mk
Ти си едно од суштествата, па ако себе се предадеш на еден Апсолутно Моќен, Тој од непостоење и без ништо, за еден миг, создаде еднаш заповеди, со Својата Апсолутна моќ. Но ако не се предадеш на Него, туку се припишеш на делот од природата, им се предадеш на материјалните причинителности, бидејќи ти си еден сложен екстракт на вселената, негов дозреан плод, негов минијатурен индекс и содржина - тогаш за твоето доведување во постоење неопходно е сите работи кои го сочинуваат твоето битие, да се соберат од сите страни на светот, и нужна потрага за нив во секој агол на вселената, та нивно проведување низ пречистување, и многу прецизно тестирање, и нивно мерење со прецизни мерила.