Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/122/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    22.36, 27 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 186568 numaralı sürüm ("Секако, ние ги прашуваме таквите: Како е можно да не се прифати изумувањето на што било од страна на Апсолутната Моќ, која на површината на Земјата, секоја година изведува во постоење четири стотини илјади видови живи суштества; и кога ги создала небе..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Секако, ние ги прашуваме таквите:

    Како е можно да не се прифати изумувањето на што било од страна на Апсолутната Моќ, која на површината на Земјата, секоја година изведува во постоење четири стотини илјади видови живи суштества; и кога ги создала небесата и Земјата за шест дена; и која секоја пролет за шест седмици подига на површината на Земјата цел свет на растенија и животни, кое е дело на очигледна вештина и воочлива мудрост, од целата вселена? Како е можно да не се прифати, дека таа Апсолутна Моќ создава суштества, чии планови и одредници веќе се образиле во Праисконското Божјо знаење - та ги создава со апсолутна леснотија, рамна на леснотијата на покажување писмо испишано со невидливо мастило, така што со еден замав ќе се нанесе некоја хемикалија над него?

    Давањето на надворешна појавност на теоретските суштества кои се физички непостоечки, да се смета за невозможно за таа праисконска Божја Моќ, а потоа да се негира и самата изведба и творба, е голема глупост и будалаштина, полоша од глупоста на софистите!