Translations:Onuncu Söz/335/mk
Додека го има моливот на предодреденоста, кој секоја пролет испишува сто илјади меѓусебно поврзани книги на сосема мала и тесна страница, без да допушти грешка, без напор и замор, како што станува јасно и видливо пред нашите очи... Сопственикот на моливот дал збор и ни ветил сто илјади пати дека „сигурно ќе создаде полесна книга за пролетта од напишаната пред вас, таа ќе биде вечна и во поголем обем, попространо и поубаво од ова зафрлено и нарушено место. Ќе биде книга која никогаш нема да исчезне и ќе се потрудиме да ја прочитате со вчудовиденост и восхит.“ Сеславниот ја споменува оваа книга во сите Свои писанија, односно дека, без сомнеж, основниот ѝ текст е напишан и преку Воскресението и Судниот ден треба да се завршат фуснотите, а во неа ќе бидат регистрирани и книгите за делата на сите.