Translations:Onuncu Söz/344/mk
Во посланието Совршен Знак, што е составен дел од Седми Одлесок, беше разјаснето и докажано со голема едногласност од триесет и три аргументи (од кои секој, врз основа на својата убеденост, е сличен на највисоката планина) дека вселената произлегува само од Раката на еден ист и единствен, и дека таа е посед само на еден ист и единствен. Така, преку овие аргументи и степени красноречиво беше откриено дека еднобожието е оската и столбот на Божјото совршенство, и беше востановено дека со посредство на единството и единственоста, целата вселена се претвора во армија од потчинети војници и покорни слуги на Еден ист и Единствен. Со настапувањето на задгробниот живот и со фактот на неговото постоење се реализираат совршенствата на Бог и се заштитуваат од деградација, Неговата апсолутна справедливост завладува и се ослободува од угнетувањето, Неговата универзална мудрост се пречистува и се оградува од обвинението дека наводно е лекомислена и неразумна, Неговото сеопфатно милосрдие си ги стекнува вистинските размери и се избавува од сомнежот дека допушта срамна тортура, Неговата апсолутна сила и моќ стануваат видливи и отпаѓа сомнежот за милосрдна беспомошност. Секој од атрибутите на Сеславниот се заситува со светост и се појавува како пречист и голем.