Translations:On Dokuzuncu Lem'a/11/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    12.11, 1 Aralık 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 188048 numaralı sürüm ("Семудриот Творец го создал човечкото тело по примерот на дворец со совршена градба и на град со примерен ред. Тој ги одредил сетилата за вкус што се наоѓаат во устата, да бидат како вратар, а нервите и крвните садови – како телефонски и телеграфски жиц..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Семудриот Творец го создал човечкото тело по примерот на дворец со совршена градба и на град со примерен ред. Тој ги одредил сетилата за вкус што се наоѓаат во устата, да бидат како вратар, а нервите и крвните садови – како телефонски и телеграфски жици преку кои се установува врската меѓу восприемање на вкусовите и стомакот, лоциран во средината на човечкиот организам. Овие сетила известуваат какви прехранбени производи стигнуваат во устата и со зборовите “Влезот е забранет!” го запираат пристапот на штетни материи до телото и стомакот од кои организмот нема потреба и ги исфрла надвор. Понекогаш дури веднаш плука сѐ, не само што е бескорисно за телото, туку и штетно и горчливо.