Translations:İktisad, Kanaat, İsraf Mevzuunda Bir Mektup/8/mk
Чудата, постигнати од современата цивили-зација во областа на науката, се Господарови благодати, коишто изискуваат од човекот да упати искрена благодарност бидејќи е удостоен со нив, и бараат да ги употребува на соодветен начин во полза и во интерес на сите луѓе. Но денес сме сведоци на обратната состојба, затоа што споменатите чуда водат дел од луѓето – оние што имаат огромно значење во животот, кон изворот на мрзеливоста и безделништвото. Научните достигнувања го разгоруваат оганот на душевните страсти и ги возбудуваат скриените склоности кон телесно сладострастие, и на тој начин го одвојуваат човекот од трудот и напорот, го одвлекуваат од желбата за работа и преку недостигот на задоволство и отсуството на штедливост го туркаат кон дрскост, преку-мерност, угнетување и извршување забранети дела.
На пример, како што е споменато во посланието Клуч за светлината.
Радиото е голем Божји благодат за чове-штвото. Со оглед на тоа, бара да сме благодарни за него преку неговата употреба во интерес на сите луѓе, гледаме четири петтини од неговите употреби да се одвојуваат за побудување на душевните страсти и за безначајни работи што никако не ги засегаат луѓето. Така се притискаат корените на желбата за работа и човек се впушта во мрзелување, се оддава на одмор и се насладува на слушањето радио, макар што си ја изоставува вистинската животна функција. Во време кога е неопходно дел од полезните чудотворни средства и методи да се насочат и применуваат за олеснување на реалните интереси на човештвото, за вложување напор и извршување работа за доброто на сите луѓе, за обезбедување на нивните реални потреби и за намалување на тегобите, сам согледувам дека од споменатите средства и методи, едно или две од десет се употребуваат за задоволување на насушните потреби, а останатите осум се применуваат за промискуитетност,разврат, побудување на страстите, нежност, бездел-ништво, мрзеливост и беспотребно трошење на времето.
Има илјадници случаи што ги потврдуваат горните два примера.