Altıncı Söz/mk: Revizyonlar arasındaki fark
("Ако сакаш да дознаеш колкава корисна зделка и достоинственост е да Му се продаде нефсот и имотот на Семилостивиот Праведник и да Му се служи и да се биде Негов војник, тогаш послушај ја оваа кратка поучна приказна:" içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("'''Петта загуба:''' Божествените благодати на Семилостивиот – како што се разумот, срцето, очите и јазикот, кои ти се дадени за да ги поставиш темелите за Вечниот Живот и за она што ти е потребно за вечна благосостојба и вечниот свет – ги претвори и ги..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
(Aynı kullanıcının aradaki diğer 7 değişikliği gösterilmiyor) | |||
32. satır: | 32. satır: | ||
'''Прашање:''' Што е тоа? | '''Прашање:''' Што е тоа? | ||
'''Одговор:''' Продажба на аманетот на неговиот вистински сопственик. | |||
''' | |||
Ете, во таа зделка, во самата добивка има петкратна добивка. | |||
'''Прва добивка:''' Минливиот имот станува вечен. Бидејќи минливиот живот што му се дава на Вечноживото Битие и се троши на Неговиот пат, се претвора во траен и вечен живот. Тогаш, минутите на животот привидно исчезнуваат и се распаѓаат како зрната и семките, но во светот на Вечниот живот процветуваат со блескави цвеќиња и раѓаат сочни плодови, и во Берзахот (премин меѓу двата света) стануваат пријатна и сјајна глетка. | |||
''' | |||
'''Втора добивка:''' Им се дава цена како што е Рајот. | |||
''' | |||
'''Трета добивка:''' Вредноста на секое сетило и орган расте за илјада пати. | |||
''' | |||
На пример, паметот е средство. Но, ако не Му го продадеш на Семилостивиот Праведник и ако го употребиш во име на нефсот, се претвора во непријатно, вознемирувачко и погубно средство, кое врз твојата кутра глава ќе натовари толку мачни болки од минатото и толку стравотни ситуации од иднината, што паметот ќе стане погубно бесплодно средство. Затоа лошиот човек најчес то прибегнува кон пијанство или забава, за да куртули од притисоците и неспокојот на умот. | |||
А да му го продадеше на Вистинскиот Сопственик и да го употребеше во Негово име, умот би станал магичен клуч кој би ги отворил бескрајните трезори на Божјите благодати и ризницата од мудростите на Господарот на оваа вселена. И на овој начин, разумот се искачува до степен на духовен водич (муршид) од Господарот, кој својот сопственик го подготвува за вечна среќа. | |||
На пример, окото е сетило, односно прозорец со кој душата го гледа овој свет. | |||
Ако не Му го продадеш на Семилостивиот Праведник, ако го употребиш во име на нефсот, окото со тоа што набљудува некои променливи минливи глетки и убавини, ќе стане подводич и слуга на барањата на нефсот и на телесните задоволства. | |||
Но, доколку му го продадеш на неговиот Севидлив Создател и ако го употребиш во Негово име и во границите на тоа што Тој го дозволил, тогаш тоа око ќе стане набљудувач и читател на Големата книга на вселената и сведок на натприродните чуда на Господарот во овој свет, и ќе достигне степен на благословена пчела во цвеќињата на Божествениот благодат во земската градина. | |||
Или на пример, сетилото за вкус, кое се наоѓа на твојот јазик, ако не Му го продадеш на Семудриот Создател, туку го употребуваш само за желудникот и за нефсот, тогаш тоа паѓа до степен на вратар во фабрика и коњушар на гастрономските штали. | |||
Ако Му го продадеш на Великодушниот Снабдувач, тогаш сетилото за вкус ќе достигне до степен на вешт надзорник на ризниците на Божествениот благодат и благороден контролор во кујната на Единствениот Семоќник. | |||
Еј, памету, внимавај! Каде се наоѓа едно погубно средство, а каде клучот на вселената? Еј, мое око, погледни убаво! Каде е тој прост подводич, а каде учениот набљудувач на Божјата библиотека? И еј, мој јазику, добро вкуси! Каде е оној вратар на фабриката и коњушарот во шталата, а каде оној надзорник на ризниците на Божествениот благодат? | |||
Ако ги споредиш и останатите органи и сетила, ќе сфатиш дека верникот навистина достигнува својства што се достојни за Рајот, а неверникот – за Пеколот. Оваа заслуга е доделена само затоа што верникот ја користи својата вера во аманет на својот Создател, во Негово име и во рамките на тоа што Тој го дозволил, додека неверникот го проневерува аманетот и го користи за да го задоволи својот нефс, кој е склон кон правење зло. | |||
'''Четврта добивка:''' Човекот е слаб, а неговите тешкотии се безброј... Сиромав е, потребите му се многубројни... Немоќен е, а и животните обврски му се претешки... Ако не се потпре на Севишниот Семоќник, и ако не Му верува и не Му се предаде, совеста ќе го мачи и вечно ќе страда. Ќе се гуши во бесмислени тегоби, болки и жалост. Ќе стане или пијаница, или свиреп човек. | |||
''' | |||
'''Петта добивка:''' Оние што тоа го почув ствувале духовно и оние што имале визија, и научниците и оние што можат да посведочат, се согласиле во ставот дека ибадетите (богослуже нијата) и тесбихатот (величењето на Аллах) на тој цел систем и телесните органи, и тие високи вредности ќе ти бидат дадени во најпотребниот миг како рајски плодови. | |||
''' | |||
Ете, ако не ја оствариш зделката што ти носи петкратна добивка, освен тоа што ќе останеш без овие благодати, ќе доживееш и петкратна загуба. | |||
'''Прва загуба:''' Имотот и потомството што толку многу ги сакаш, задоволствата и нефсот што ги обожаваш, младоста и животот во кои си маѓепсан, ќе ти пропаднат и ќе исчезнат. Ќе ти бидат лишени од дофат, но ќе ти ги остават гре вовите и маките натоварени на твоите раменици. | |||
''' | |||
'''Втора загуба:''' Ќе бидеш казнет за проневера на аманетот, бидејќи со трошењето на највред ните средства за најбезвредните работи, ти на твојот нефс му правиш невиден зулум. | |||
'''Трета загуба:''' Сите овие важни човечки сис теми ги сведе на ниво пониско и од животин ското, па со тоа ѝ направи зулум и клевета на Божествената Мудрост. | |||
'''Четврта загуба:''' Иако си слаб и сиромашен, врз твоите слаби раменици ќе го натовариш и онака тешкиот животен товар, и вечно ќе тагу ваш од ударите на разделбата и исчезнувањето. | |||
'''Петта загуба:''' Божествените благодати на Семилостивиот – како што се разумот, срцето, очите и јазикот, кои ти се дадени за да ги поставиш темелите за Вечниот Живот и за она што ти е потребно за вечна благосостојба и вечниот свет – ги претвори и ги изопачи во грди форми што ја отвораат вратата на Пеколот. | |||
А сега да се потрудиме да го продадеме! Зар тоа навистина е толку макотрпно, што многу мина ја избегнуваат? Не, никако и никогаш! Воопшто нема никаква тешкотија во тоа, би - дејќи дозволениот (алал) круг е широк, доволен за задоволство и нема потреба од стапнување во забранетото (арам). Наредбите (фарзовите) на Аллах се лесни и малубројни. | |||
Да Му се служи на Аллах и да се биде Негов војник, сама по себе е пријатна чест што не може да се опише. | |||
А должност е да бидеш војник што ќе ги започне работите и ќе дејствува во име на Аллах. И ќе земаш и даваш во име на Аллах. Ќе работиш и ќе најдеш мир и спокој во границите на Неговите дозволени закони. | |||
А ако згрешиш, ќе побараш прошка, велејќи: | |||
„О, Дарувачу на Благосостојба! Прости ни ги гревовите. Прими нè меѓу Твоите слуги. Направи нè верни во аманетот сè до денот кога ќе ни го одземеш. Треба да кажеме „Амин!“ и да Му се молиме. | |||
09.04, 16 Kasım 2024 itibarı ile sayfanın şu anki hâli
بِسْمِ اللّٰهِ الرَّحْمٰنِ الرَّحِيمِ
اِنَّ اللّٰهَ اشْتَرٰى مِنَ الْمُؤْمِن۪ينَ اَنْفُسَهُمْ وَاَمْوَالَهُمْ بِاَنَّ لَهُمُ الْجَنَّةَ
Ако сакаш да дознаеш колкава корисна зделка и достоинственост е да Му се продаде нефсот и имотот на Семилостивиот Праведник и да Му се служи и да се биде Негов војник, тогаш послушај ја оваа кратка поучна приказна:
Едно време, еден владетел на двајца свои поданици како аманет им поверил по еден чифлик, во кои ги имало сите неопходни работи, од типот на фабрики, машини, коњи, орудие. Меѓутоа, бидејќи тоа било време на жестока војна, ништо не останувало како што било. Или сè пропаѓало, или се менувало и станувало бескорисно. Во израз на милоста и добрината, владетелот на тие двајца војници им испратил еден од неговите блиски Соработници за да им го пренесе следниов великодушен ферман:
„Продајте ми го имотот кој јас ви го доверив, за да го сочувам за вас и за да не пропадне залудно. Кога ќе заврши војната, ќе ви го вратам во уште поубав облик. Ќе ви платам добра цена, исто како да е ваш имотот. А машините и ала тите во фабриките, ќе работат во мое име и во мои работилници, и нивната вредност и цена ќе се зголемат за илјада пати. Целата заработу вачка ќе ви ја дадам вам. Воедно, вие сте сиро машни и беспомошни. Не можете да ги сносите трошоците на тие големи работи. Јас ќе излезам во пресрет на сите трошоци и давачки. Целиот приход и сите придобивки ќе ви ги вратам вам. Сето тоа ќе остане во ваше раце сè до истекот на воениот рок. Во една зделка имате петкратна печалба.
Ако не ми го продадете мене, сето она што го поседувате, залудно ќе пропадне. И онака гледате дека никој не може да си го задржи имотот. А ќе останете и без високата цена. Скапите прецизни алати, чувствителните мерачи и квалитетните метали потполно ќе ја изгубат својата вредност, откако нема да бидат користени на најдобар можен начин. Вие самите ќе ја сносите одговорноста за управувањето и расходите, и ќе видите која ќе биде казната за штетата на вашиот доверен имот. Тоа се пет загуби во една зделка.
Згора на сè, купопродажбата подразбира дека оној што ќе ми го продаде мене, ќе биде слободен и мој личен војник кој дејствува во мое име, наместо да стане обичен затвореник и воен плен.“
Откако го ислушаа овој великодушен ферман и овие убави зборови, едниот од нив, кој бил разумен, рекол:
„Како ќе кажете вие, така нека биде. Со гордост ќе го продадам имотот и згора на тоа, илјада пати ќе се заблагодарам.“
А другиот, оној надмениот, со нефс како на фараонот, немарниот и себичниот, мислејќи дека вечно ќе остане на тој имот, не сфаќајќи ги стравотиите и земјотресите на овој свет, рекол:
„Не! Кој е тој владетел? Нема да го продадам мојот имот и нема да си го расипам расположението...“
По кратко време, првиот човек напреднал до толкав степен, што сите му завидувале. Ја придобил и благонаклоноста на Владетелот и среќно живеел во посебен дел во дворецот на царот. А другиот паднал во таква состојба што сите го сожалувале, а воедно и велеле: „Го заслужи тоа.“ Имотот и среќата ги загуби поради сопствената грешка, па затоа сега трпи казна и пати.
Еј, нефсу мој, што си наклонет кон минливи страсти! Низ двогледот на овој пример погледни го лицето на вистината! Што се однесува до Владетелот, тоа е Султанот од исконот до вечноста, односно твојот Господар Создател. Чифлиците, машините, алатите и орудијата се она што го поседуваш во текот на животот, а тоа се телото, душата, срцето и нивните сетила и чувства, како што се очите, јазикот, разумот и имагинацијата. А оној благороден гласник е нашиот Водач (Аллах да го благослови и со мир да го дари). Великодушниот ферман е Светиот Куран, кој со овој ајет ни ја објавува гореспоменатата голема зделка:
اِنَّ اللّٰهَ اشْتَرٰى مِنَ الْمُؤْمِن۪ينَ اَنْفُسَهُمْ وَاَمْوَالَهُمْ بِاَنَّ لَهُمُ الْجَنَّةَ
Разурнувачката војна е лицето на овој немирен свет кој постојано се менува, не застанува, се расипува и на секој човек му ја наметнува мислава: „Штом ништо не останува во нашите раце од тоа што го поседуваме, туку сè исчезнува и сè се губи – Зар нема некое чаре оваа минливост да се претвори во вечност?“ И додека човекот потонал во мисла, наеднаш се слушнал небесниот глас на Куранот, кој вели: „Да, има чаре. Згора на тоа, тоа е еден убав и мирен начин за стекнување петкратна добивка.“
Прашање: Што е тоа?
Одговор: Продажба на аманетот на неговиот вистински сопственик.
Ете, во таа зделка, во самата добивка има петкратна добивка.
Прва добивка: Минливиот имот станува вечен. Бидејќи минливиот живот што му се дава на Вечноживото Битие и се троши на Неговиот пат, се претвора во траен и вечен живот. Тогаш, минутите на животот привидно исчезнуваат и се распаѓаат како зрната и семките, но во светот на Вечниот живот процветуваат со блескави цвеќиња и раѓаат сочни плодови, и во Берзахот (премин меѓу двата света) стануваат пријатна и сјајна глетка.
Втора добивка: Им се дава цена како што е Рајот.
Трета добивка: Вредноста на секое сетило и орган расте за илјада пати.
На пример, паметот е средство. Но, ако не Му го продадеш на Семилостивиот Праведник и ако го употребиш во име на нефсот, се претвора во непријатно, вознемирувачко и погубно средство, кое врз твојата кутра глава ќе натовари толку мачни болки од минатото и толку стравотни ситуации од иднината, што паметот ќе стане погубно бесплодно средство. Затоа лошиот човек најчес то прибегнува кон пијанство или забава, за да куртули од притисоците и неспокојот на умот.
А да му го продадеше на Вистинскиот Сопственик и да го употребеше во Негово име, умот би станал магичен клуч кој би ги отворил бескрајните трезори на Божјите благодати и ризницата од мудростите на Господарот на оваа вселена. И на овој начин, разумот се искачува до степен на духовен водич (муршид) од Господарот, кој својот сопственик го подготвува за вечна среќа.
На пример, окото е сетило, односно прозорец со кој душата го гледа овој свет.
Ако не Му го продадеш на Семилостивиот Праведник, ако го употребиш во име на нефсот, окото со тоа што набљудува некои променливи минливи глетки и убавини, ќе стане подводич и слуга на барањата на нефсот и на телесните задоволства.
Но, доколку му го продадеш на неговиот Севидлив Создател и ако го употребиш во Негово име и во границите на тоа што Тој го дозволил, тогаш тоа око ќе стане набљудувач и читател на Големата книга на вселената и сведок на натприродните чуда на Господарот во овој свет, и ќе достигне степен на благословена пчела во цвеќињата на Божествениот благодат во земската градина.
Или на пример, сетилото за вкус, кое се наоѓа на твојот јазик, ако не Му го продадеш на Семудриот Создател, туку го употребуваш само за желудникот и за нефсот, тогаш тоа паѓа до степен на вратар во фабрика и коњушар на гастрономските штали.
Ако Му го продадеш на Великодушниот Снабдувач, тогаш сетилото за вкус ќе достигне до степен на вешт надзорник на ризниците на Божествениот благодат и благороден контролор во кујната на Единствениот Семоќник.
Еј, памету, внимавај! Каде се наоѓа едно погубно средство, а каде клучот на вселената? Еј, мое око, погледни убаво! Каде е тој прост подводич, а каде учениот набљудувач на Божјата библиотека? И еј, мој јазику, добро вкуси! Каде е оној вратар на фабриката и коњушарот во шталата, а каде оној надзорник на ризниците на Божествениот благодат?
Ако ги споредиш и останатите органи и сетила, ќе сфатиш дека верникот навистина достигнува својства што се достојни за Рајот, а неверникот – за Пеколот. Оваа заслуга е доделена само затоа што верникот ја користи својата вера во аманет на својот Создател, во Негово име и во рамките на тоа што Тој го дозволил, додека неверникот го проневерува аманетот и го користи за да го задоволи својот нефс, кој е склон кон правење зло.
Четврта добивка: Човекот е слаб, а неговите тешкотии се безброј... Сиромав е, потребите му се многубројни... Немоќен е, а и животните обврски му се претешки... Ако не се потпре на Севишниот Семоќник, и ако не Му верува и не Му се предаде, совеста ќе го мачи и вечно ќе страда. Ќе се гуши во бесмислени тегоби, болки и жалост. Ќе стане или пијаница, или свиреп човек.
Петта добивка: Оние што тоа го почув ствувале духовно и оние што имале визија, и научниците и оние што можат да посведочат, се согласиле во ставот дека ибадетите (богослуже нијата) и тесбихатот (величењето на Аллах) на тој цел систем и телесните органи, и тие високи вредности ќе ти бидат дадени во најпотребниот миг како рајски плодови.
Ете, ако не ја оствариш зделката што ти носи петкратна добивка, освен тоа што ќе останеш без овие благодати, ќе доживееш и петкратна загуба.
Прва загуба: Имотот и потомството што толку многу ги сакаш, задоволствата и нефсот што ги обожаваш, младоста и животот во кои си маѓепсан, ќе ти пропаднат и ќе исчезнат. Ќе ти бидат лишени од дофат, но ќе ти ги остават гре вовите и маките натоварени на твоите раменици.
Втора загуба: Ќе бидеш казнет за проневера на аманетот, бидејќи со трошењето на највред ните средства за најбезвредните работи, ти на твојот нефс му правиш невиден зулум.
Трета загуба: Сите овие важни човечки сис теми ги сведе на ниво пониско и од животин ското, па со тоа ѝ направи зулум и клевета на Божествената Мудрост.
Четврта загуба: Иако си слаб и сиромашен, врз твоите слаби раменици ќе го натовариш и онака тешкиот животен товар, и вечно ќе тагу ваш од ударите на разделбата и исчезнувањето.
Петта загуба: Божествените благодати на Семилостивиот – како што се разумот, срцето, очите и јазикот, кои ти се дадени за да ги поставиш темелите за Вечниот Живот и за она што ти е потребно за вечна благосостојба и вечниот свет – ги претвори и ги изопачи во грди форми што ја отвораат вратата на Пеколот.
А сега да се потрудиме да го продадеме! Зар тоа навистина е толку макотрпно, што многу мина ја избегнуваат? Не, никако и никогаш! Воопшто нема никаква тешкотија во тоа, би - дејќи дозволениот (алал) круг е широк, доволен за задоволство и нема потреба од стапнување во забранетото (арам). Наредбите (фарзовите) на Аллах се лесни и малубројни.
Да Му се служи на Аллах и да се биде Негов војник, сама по себе е пријатна чест што не може да се опише.
А должност е да бидеш војник што ќе ги започне работите и ќе дејствува во име на Аллах. И ќе земаш и даваш во име на Аллах. Ќе работиш и ќе најдеш мир и спокој во границите на Неговите дозволени закони.
А ако згрешиш, ќе побараш прошка, велејќи:
„О, Дарувачу на Благосостојба! Прости ни ги гревовите. Прими нè меѓу Твоите слуги. Направи нè верни во аманетот сè до денот кога ќе ни го одземеш. Треба да кажеме „Амин!“ и да Му се молиме.