ТРЕТО СЛОВО

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    08.30, 15 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 182570 numaralı sürüm ("Да, потребите на човекот се безброј, но неговиот капитал е незначителен. Иако е изложен на безброј тешкотии, неговата моќ исто така е незначителна. Обемот на неговиот капи тал и моќта му стигнува дотаму каде што му досегнува раката. Меѓутоа, желбите..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)

    بِسْمِ اللّهِ الرَّحْمنِ الرَّحِيمِ

    يَا اَيُّهَا النَّاسُ اعْبُدُوا

    Ако сакаш да разбереш колку голема среќа и трговија се вербата и богослужението, а колкав губиток и катастрофа се гревовите и развратот, тогаш послушај ја оваа поучна приказна.

    Еден ден, два војника добиле наредба да одат во еден далечен град. Заедно тргнале и стигнале до едно место каде што патот се раздвоил. Наишле на еден човек, кој им рекол: „На патот од десната страна, покрај тоа што нема никакви опасности, на девет од десет патника, кои одат по овој пат, им се загарантирани големи добивки, безбедност и удобност. А патот од левата страна, не само што не е корисен, туку и девет од десет патника, кои одат по него, претрпуваат штета. И двата пата се исти по должина, а се разликуваат само во една работа: оној што се насочил по левиот пат, на кој владее безредие и беззаконие, патува без оружје и без торба, и чувствува привидна леснотија и лажен спокој; а оној што тргнал по десниот пат, кој е потчинет на воена дисциплина, мора да носи торба полна со хранливи производи, која е тешка четири оки([1]) и државно оружје со тежина од две оки, со кое би можел да совлада и победи секаков непријател.“

    Откако двата војника го ислушале поучу вањето на овој човек, среќниот од нив тргнал по десниот пат. Се натоварил со тежина од еден батман([2]), но душата и срцето му се спасиле од товарот на стравот и од чувството на задол женост кај луѓето, кој е потежок и од илјадници батмани.

    А оној другиот, несреќниот војник, ја напуштил војската. Не сакал да му се покори на воениот ред и се насочил кон левиот пат. Иако телото му било ослободено од тежината на еден батман, неговото срце останало згмечено под товарот на илјадниците килограми чувство на задолженост кај луѓето, а душата му останала под товарот на безбројните стравови. Кон другите оставал впечаток на просјак кој се плаши од сè, сè додека не стигнал до саканата дестинација, а таму бил казнет поради непос лушност и дезертерство.

    Војникот што го сакал воениот ред, што тргнал по десниот пат и ги сочувал торбата и оружјето, патувал со спокојно срце и мирна совест, без да остане некому должен, без да се плаши од некого, сè додека не стигнал до сака ниот град. Таму ја добил заслужената награда затоа што својата должност ја извршил како што му доликува на еден достоинствен војник.

    Еј мој непокорен нефсу! Знај дека едниот од овие два патника ги претставува луѓето што се покорни на Божјите Закони, а другиот ги оли цетворува непокорните луѓе што ги следат своите страсти. Тој пат е животниот пат што почнува од Светот на Душите, поминува низ гробот и води до Задгробниот свет. А торбата и оружјето се богослужение и благочестие.

    Бого служението навидум причинува оптоварување, а всушност во него се содржат неопислива лесно тија и спокој. Затоа што Абидот (Побожникот) за време на намазот вели:

    اَش۟هَدُ اَن۟ لَٓا اِلٰهَ اِلَّا اللّٰهُ Односно: „Нема друг Создател и Снабдувач освен Него. Загубите и придобивките се во Негови раце. Тој е Семудар, ништо не прави залудно и е Милостив со сеопфатно милосрдие и добродетелства.“ Верникот верува во тоа што го изговара, а со тоа во сè наоѓа врати што се отворени за богатствата на Божествената ми

    Да, како што изворот на храброста и на сите вистински добри дела е верата и богослужението, така и изворот на стравот и на лошите дела е невербата и заблудата. Да, кога Земјината топка би се претворила во разурнувачка бомба и би експлодирала, веројатно не би го исплашил Божјиот раб чие срце е просветлено, туку напротив – таа зачудувачка Моќ на Создателот би ја набљудувал со восхит и задоволство. Но интелектуалецот, кој има мртво срце, дури и да е филозоф и се смета за човек со голем ум, ако види комета на небото, го обзема страв и трепери од ужас и избезумено се прашува: „Ќе се судри ли со нашата планета?“ (Едно време Американците се тресеа од страв поради кометата што се појави на небото, а некои дури ги напуштија и своите домови во текот на ноќта) лост, тропа на нив со молитва, и гледа дека сè што постои, му се потчинува на неговиот Господар и бара засолниште кај Него. Има доверба во Господарот, се потпира врз Него и наоѓа заштита против секоја неволја. Неговата вера му дава потполна безбедност.

    Да, потребите на човекот се безброј, но неговиот капитал е незначителен. Иако е изложен на безброј тешкотии, неговата моќ исто така е незначителна. Обемот на неговиот капи тал и моќта му стигнува дотаму каде што му досегнува раката. Меѓутоа, желбите и надежите, болките и несреќите му се распространуваат онолку колку што може да достигне видот и имагинацијата. Колкава потреба има слабата, беспомошна и зависна човечка душа од висти ните на богослужението и верата во Единстве ниот Аллах, во единството и потчинувањето, и колку голема придобивка, среќа и блаженство добива од тоа. Оној што не го изгубил својот вид во целост, го гледа тоа и го сфаќа.

    Malûmdur ki zararsız yol, zararlı yola –velev on ihtimalden bir ihtimal ile olsa– tercih edilir. Halbuki meselemiz olan ubudiyet yolu, zararsız olmakla beraber, ondan dokuz ihtimal ile bir saadet-i ebediye hazinesi vardır. Fısk ve sefahet yolu ise –hattâ fâsıkın itirafıyla dahi– menfaatsiz olduğu halde, ondan dokuz ihtimal ile şakavet-i ebediye helâketi bulunduğu, icma ve tevatür derecesinde hadsiz ehl-i ihtisasın ve müşahedenin şehadetiyle sabittir ve ehl-i zevkin ve keşfin ihbaratıyla muhakkaktır.

    Elhasıl: Âhiret gibi dünya saadeti dahi ibadette ve Allah’a asker olmaktadır. Öyle ise biz daima اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ عَلَى الطَّاعَةِ وَالتَّو۟فٖيقِ demeliyiz ve Müslüman olduğumuza şükretmeliyiz.

    1. Ока е мерка за тежина, еднаква на 1282 грама
    2. Еден батман е еднаков на шест оки.