Translations:On Dördüncü Söz/126/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    21.34, 20 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 183503 numaralı sürüm ("На пример, гледаш дека везената облека на растителните и животински видови е средена и украсена со исклучителен ред, сите се една врз друга и една во друга, навлечени преку земјината површина од врвот до дното, мудро украсени и опремени со одредена це..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    На пример, гледаш дека везената облека на растителните и животински видови е средена и украсена со исклучителен ред, сите се една врз друга и една во друга, навлечени преку земјината површина од врвот до дното, мудро украсени и опремени со одредена цел. И го гледаш светот, кој со многу возвишена цел, во совршена хармонија се врти во круг движејќи се како мевлана. Земјотресот, пак, личи на тресење на снагата на земјината топка, небаре тоа покажува незадоволство од бремето на духовниот товар, кое произлегува од Адамовите деца, особено од верниците меѓу луѓето. Тогаш како е можно оваа катаклизма, преполна со смрт, да е бесцелна и случајна како што беше објавено од еден неверник кој претпоставуваше дека тоа е чиста случајност и така правеше недозволива грешка и сите загуби на унесреќените – т.е. жртвите и имотите, ги претвораше во разнесена прашина фрлајќи ги во болен очај.([1]) Освен тоа што не е во право, тој прави голема грешка и голема неправда.

    1. Напишано по повод земјотресот во Измир.