Translations:On Yedinci Mektup/12/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    20.33, 21 Kasım 2024 tarihinde Said (mesaj | katkılar) tarafından oluşturulmuş 184239 numaralı sürüm ("Едно време некој се наоѓал во заробеништво. Му пратиле едно мило дете. Тој недолжен заробеник покрај тоа што ја поднесувал својата мака, бил загрижен што на сета своја мака, мора и на детето да му ги осигура сите потреби. Подоцна владетелот се зажалил и..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu)
    (fark) ← Önceki sürüm | Güncel sürüm (fark) | Sonraki sürüm → (fark)

    Едно време некој се наоѓал во заробеништво. Му пратиле едно мило дете. Тој недолжен заробеник покрај тоа што ја поднесувал својата мака, бил загрижен што на сета своја мака, мора и на детето да му ги осигура сите потреби. Подоцна владетелот се зажалил и испратил човек со порака:

    „Навистина, ова дете е твое чедо, меѓутоа тој е и мој државјанин, а со тоа е и мој народ. Јас ќе го земам и ќе го дадам да се воспитува во еден дворец.“

    Човекот плачејќи рекол: „Не го давам моето дете, кое ми е единствен извор на утеха!“

    На тоа пријателите му рекле: „Твоето огорчување е нелогично. Зарем ти е жал за детето што од овој непријатен, смрдлив и тегобен затвор ќе замине во многу убав двор каде што ќе биде среќно? Ако си загрижен заради својот нефс, и за него бараш полза и сакаш детето да остане овде, покрај тоа што тоа е една минлива и сомнителна корист, воедно со сите детски тегоби, постојат многу повеќе тешкотии и болки. Ако детето оди таму каде што го бараат, тогаш ти ќе имаш илјада добивки. Прво, ќе ја добиеш милоста на владетелот, кој и тебе ќе те заштитува. Владетелот сигурно на детето ќе му дозволи да се гледа со тебе. Сигурно е дека поради тоа нема да го прати во затвор. Можеби и тебе ќе те извади од затвор, ќе те прими во дворецот и ќе ви овозможи средба, сето тоа под услов да си сигурен и да имаш верба во владетелот...“